На 05.08.2026 во периодот од 17:00 до 23:00 часот Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола на подрачјето на Тетово, за санкционирање на возачи на мопеди, мотоцикли и лесни електрични возила (тротинети) кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. За време на контролата изречени се 50 санкции, од кои девет за возачи на лесни електрични возила (тротинети), ...

Вкупно 20 пожари на отворен простор се регистрирани изминатото деноноќие до 07:30 часот изутринава, од кои еден е активен, еден е под контрола, а 18 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активен пожар има во општина Македонски Брод во село Грешница, м.в. Стојанова Населба, каде годи ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Под контрола е ставен пожарот во општина Делчево, кај депонијата Делчево. ЦУК информира дека се ...

Австрија регистрира температурен рекорд втор ден по ред. Во Бад Дојч-Алтенбург, населено место во близина на Виена, вчера попладне температурата достигна 41,2°C во 15:40 часот, соопшти „Геосфера Аустрија“ (GeoSphere Austria). Според податоците на „Геосфера“, во историјата на метеоролошките мерења во Австрија никогаш досега немало три последователни дена со температури од 40°C или повеќе. Во понеделникот на 3 август во Виена беа измерени ...

Прекин во восоднабдувањето денеска ќе имаат корисниците во делови од општините Кисела Вода и Центар. Како што иформира ЈП Водовод и канализација поради уличен дефект ф-100 мм на ул. „Драчевска“ бб, во близина на црквата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од с. Драчево. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот. Поради уличен дефект ф-80мм на „Рајко Жинзифов“ 32, прекинато ...

Дел од корисниците во Општина Бутел денеска ќе имаат прекин во снабдувањето со електрична енергија, информира ЕВН Македонија. Без струја во периодот од од 9:00 до 12:15 часот ќе бидат корисиците од с.Радишани 7, ул.56 во Радишани, Општина Бутел. Прекинот, како што информираат од ЕВН Македонија е поради извршување на замена на постоечкиот дрвен столб со ногара. Дел од корисниците во Општина Бутел денеска ќе имаат прекин во снабдувањето ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...

Брзата интервенција на пожарникарите од Виница спречи поголема катастрофа, откако при работа со брусилица избувнал пожар во сува трева, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Според него, лицето со брусилица сечело делови од возило, при што искрите ја запалиле околната сува вегетација. Огнот за кратко време почнал да се шири, но благодарение на навремената реакција на виничките пожарникари, пожарот ...

Денеска (05.08.2026) полициски службеници од Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи на МВР го лишија од слобода М.Ш.(39) од с.Челопек-Тетово, кој на 02.08.2026 околу 19:20 часот на автопат Скопје-Велес, со патничко возило „голф” со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивна насока, за што од страна на очевидци беа објавени и фотографии и на социјалните мрежи. По документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде поднесена ...

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при ОЈО ГОКК води кривична постапка против полициски службеник од Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување. Од досега прибавените докази ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Владата на Мицкоски го призна бизнисот со вода и тоа во време кога граѓаните на Гостивар се труеле. Бизнис зделка од 100.000 евра за вода во Гостивар без тендер, без јавен оглас. На грбот на народ во ваква ситуација. Компанијата со која терале бизнис чива е? На градоначалник од ВМРО и поранешен потпретседател. Со кого? Со Ивица Томовски од СОЗР, познат по тендерите на семејната фирма. Случајно? Откако Владата ...

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја ограничи употребата на критични минерали од Кина, Русија, Иран и Северна Кореја претставува уште еден сигнал дека суровините сè повеќе се третираат како прашање на национална безбедност и стратешка независност. Според новите правила, американската воена индустрија ќе може да користи само минерали со потекло од САД или од сојузнички земји, а потеклото на металите ќе се проверува за ...

На 05.08.2026 во 07:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека во хотел во Охрид била прпонајдена почината И.Т.(53) од Република Белорусија. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош од Охрид, а по насоки на јавен обвинител врз телото на починатата ќе се врши обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. На 05.08.2026 во 07:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека во хотел во Охрид била прпонајдена почината ...

Соопштение за јавност на ДУИ: За помалку од еден месец, цената на дизелот се зголеми од 82,5 на 99,5 денари за литар. Тоа се цели 17 денари повеќе, односно зголемување од 20,6%. Зголемувањето во Северна Македонија е приближно четири пати поголемо од просечното зголемување забележано во земјите на Европската Унија во истиот период. Ова поскапување граѓаните ќе го платат повеќекратно. Дизел од 99,5 денари значи поскап транспорт, поскапа храна, ...

Верижен судир се случил утрово на патот Прилеп – Битола во која се повредени осум лица меѓу нив и двајца државјани на Србија. Од СВР Битола посочија дека сообраќајната несреќа се случила на регионалниот патен правец Прилеп-Битола-Охрид, на три километри од влезот во Битола и притоа во незгодата се судриле четири моторни возила. Во интервенцијата за итна помош на повредените беа вклучени повеќе болнички возила, повредените се згрижени во ...

На 04.08.2026 во 07:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Јустинијан Први” во Скопје, мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(22), удрил во пешакот Ц.Н.(83), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Ц.Н., додека со телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во ЈЗУ „Св.Наум Охридски” Скопје и Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје. Извршен бил увид ...

На 05.08.2026 во 02:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишник од Скопје. При сообраќајна контрола на ул.„Горно Лисиче”, полициските службеници сопреле товарно возило „ивеко” со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека малолетникот го управувал товарното возило во присуство на неговиот родител, пред да се стекне со право за управување на возило. За настанот е известен јавен ...

Соопштение за јавност на СДСМ Министерството за надворешни работи денеска демантира „тајни преговори” за францускиот предлог. Ама Тимчо Муцунски самиот претходно рече дека има разговори „под радарот” и дека се тајни. Тајни за кого? За гласачите на ВМРО. Сега разговараат со Бугарите. Сега целта е полноправно членство. А Мицкоски претходно бараше членство заедно со Вучиќ – без право на глас. Идентитет? Јазик? Гордана Сиљановска веќе рече дека ...

Соопштение за јавност на Левица На 3 август 2026 година, автобус на „Дурмо Турс” се запали на автопатот Тетово–Гостивар. Патниците овојпат успеале да го напуштат возилото и била избегната нова трагедија. Но, безбедноста на луѓето не смее да зависи од среќата, брзината на евакуацијата или од тоа дали пламенот ќе се прошири неколку минути порано или подоцна. Кога гори автобус на превозник чие име е нераскинливо врзано со Ласкарци, државата нема ...

ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.М. (53) од струшкото село Мислодежда поради сомнение дека сторил кривични дела „пустошење шуми“ и „непреземање мерки за заштита при работа“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, на 20 април 2026 година, без претходно одобрение за сеча и спротивно на одредбите од Законот за шуми, на туѓ недвижен имот на локалитетот Лениште, во атарот на селото Мислодежда, пријавениот ...

Во текот на месецот јули, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 15 735 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје. Отстранети се и 2360 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад, како и органски отпад паднат на јавните и сообраќајните површини во сите скопски општини како резултат од невремето што на 21 јули го зафати градот Скопје. Најголемо количество отпад од јавни и ...

На 04/05.08.2026, постапувајќи по претходно добиени оперативни информации, од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на бул.„Партизански одреди“ во Скопје извршен е преглед на Ј.Б., С.В. и Д.П.. При тоа, кај Д.П. се пронајдени и одземени две тегли во кои имало вкупно 25 пакувања марихуана, како и дигитална вага со остатоци од марихуана. Д.П. е лишен од слобода и спроведен во Полициската станица ...

Соопштение за јавност на ДУИ Кога дури и Максим Димитриевски, политичар кој не успеа да изгради политичка тежина надвор од националистичката реторика, се осмелува јавно да ги дисциплинира највисоките претставници на ВЛЕН, тогаш проблемот повеќе не е кај Димитриевски. Проблемот е во немоќта и потчинетоста на ВЛЕН. Тие станаа толку слаби што секој во оваа Влада чувствува дека може да им зборува со јазик на ултиматуми, без воопшто да стравува ...

Катар во вторникот соопшти дека медијаторите постигнуваат напредок во напорите за завршување на војната меѓу САД и Иран, што ги намали цените на нафтата дури и кога Техеран ги негираше тврдењата на претседателот Доналд Трамп дека разговорите веќе се во тек. Цената на суровата нафта Брент падна за повеќе од 4 проценти по објавата на Катар, продолжувајќи ги загубите од понеделник со надеж дека наскоро би можел да се постигне договор за враќање ...

Во Фејсбук групата „Грчка Инфо“ е објавено предупредување до туристите кои престојуваат во Пефкохори, дека грчката полиција спроведува засилени контроли и изрекува казни, при што на дел од возилата им се одземаат и регистарските таблички. Според објавата, акцијата се спроведува на магистралниот пат кај кружниот тек во Пефкохори. „Полицајците на сите по ред им ги симнуваат табличките. Прво на едно грчко возило, потоа на џип со регистарски ...

Галичник, 4 август 2026 – Со свеченото доделување на наградите и проекцијата на македонскиот филм „Диџеј Ахмет ” на режисерот Георги М. Унковски, успешно заврши седмото издание на Галичник Филм Фестивал. Во текот на четирите фестивалски дена, Галичник беше домаќин на филмски автори, гости и љубители на филмот од земјата и странство, кои имаа можност да проследат богата селекција на краткометражни филмови, мастерклас, разговори со автори и ...

Царинската управа во јули оствари историски највисокa месечна наплата на приходи од 14,14 милијарди денари, што е за 1,5 милијарди денари или 11,8 проценти повеќе од јули минатата година. Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, вели дека ваквите податоци се доказ дека системот што се гради во изминатите две години ја зголемува способноста на државата да генерира повисоки приходи. „Најзначајниот аспект на фактот што по четврти пат во ...

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години покажа дека енергетската политика бара визија, одговорност и долгорочни решенија. Наместо краткорочни мерки, се реализираат проекти и реформи кои ја зацврстуваат енергетската стабилност и ја намалуваат зависноста на државата од надворешни влијанија. Еден од најзначајните резултати е повторното активирање на продуктоводот Солун-Скопје по пауза од 13 ...

Овие денови топлотниот бран ќе го достигне врвот во Македонија, со температури кои во наредните денови ќе достигнуваат и до 42 Целзиусови степени. Поради високата опасност од пожари, Владата прогласи 30-дневна кризна состојба на целата територија на државата, а здравствените власти предупредуваат дека топлотниот бран може да има сериозни последици врз здравјето на граѓаните. Според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи, ...

Соопштение за јавност на Левица: Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, во вчерашното гостување на Сител телевизија порача дека, иако беше пропуштен рокот од Реформската агенда, процесот за донесување нов Изборен законик не смее да запре, бидејќи Република Македонија има потреба од суштински изборни реформи кои ќе обезбедат поправеден и подемократски изборен модел. „Не заврши потребата да имаме избори кои ќе бидат според препораките на ...

Соопштение за јавност на ВЛЕН: ДУИ повторно се нафрли врз Охридскиот договор, како да е нивна лична тапија. Наводно го брани, а всушност го држи како заложник за своите партиски интереси. Партијата што некогаш се прогласи и за „зелена”, денес го попречува унапредувањето на едно од најважните начела на Охридскиот договор – правичната и соодветната застапеност. Цели 22 години ДУИ ги имаше и ножот и погачата. Имаше министри, пратеници и власт до ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
35%
1005
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
6.69
82%
1009
weather icon

Загреб

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
68%
1012
weather icon

Софија

19ᴼ / 16ᴼ
9.77
52%
1005
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
4.02
72%
1003
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
4.12
96%
1012
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
6.71
77%
1014
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
5.14
56%
1007
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
88%
1006
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
6.26
53%
1000
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 5ᴼ
7.2
72%
1009
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
9.26
93%
1012
Currency

61.745

Currency

55.672

Currency

73.909

Currency

37.985

Currency

39.11

Currency

66.834

Currency

8.3543

Currency

0.67238

Currency

0.34848

Currency

0.52431

Currency

1.1075

Currency

0.59256

Калај

46.87

Цинк

3.76

Родиум

293375.56

Злато

125211.08

Рутениум

61086.42

Сребро

1611.91

Кобалт

33.53

Паладиум

31893.54

Алуминиум

3.02

Иридиум

326330.08

Бакар

12.40

Платина

48804.83