Соопштение за јавност на СДСМ: Додека граѓаните на Гостивар со недели пиеја загадена вода и илјадници луѓе се соочуваа со здравствени последици, Владата на Мицкоски преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра. Договорот, поради кризата, е склучен со директно договарање, без јавен оглас. Бизнис зделка од 100.000 евра без тендер. Според достапните информации, договорот е ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Ормутскиот теснец, кој е блокиран од иранските сили, ќе биде отворен „многу наскоро“ или Иран ќе биде погоден „многу силно“ во американски напад. „Теснецот ќе биде отворен многу наскоро, или Иран ќе биде погоден многу силно, а потоа теснецот ќе биде отворен“, рече Трамп во интервју за Фокс њуз од Јужна Калифорнија. Трамп присуствуваше на собирање средства на Републиканскиот национален ...

Во руски напад со балистички ракети и беспилотни летала врз Киев и околината загинаа 15 лица, а 51 се повредени. Во текот на ноќта, властите објавија дека избувнале пожари во украинскиот главен град и неговите предградија. Државната служба за вонредни ситуации (ДСНС) потврди дека 14 лица загинале во регионот на Киев, додека 27 се повредени. Спасувачките операции на терен сè уште се во тек. Според нивните податоци, штетата е предизвикана во ...

Осаменоста не влијае само врз менталното здравје, туку може значително да го наруши и квалитетот на сонот, покажува ново научно истражување објавено во Journal of Psychology. Истражувањето, спроведено од научници од Универзитетот Охајо Стејт, Универзитетот во Аризона, Универзитетот во Тампа и Универзитетот Витворт, открива дека луѓето кои се чувствуваат осамени почесто имаат кошмари и поинтензивни лоши соништа. Според водечкиот автор на ...

Многу домаќинства несвесно прават една вообичаена грешка при перењето алишта, која не само што може да ја оштети машината за перење, туку и да ја зголеми потрошувачката на електрична енергија. Според експертите, најчестата грешка е користењето поголема количина детергент од препорачаната. Иако многумина веруваат дека повеќе детергент значи почиста облека, реалноста е поинаква. Експертката за перење Мари Гаљарди објаснува дека прекумерната ...

Двајца државјани на Република Косово се лишени од слобода во Скопје под сомнение дека сториле кривично дело „фалсификување пари“, откако при полициска контрола во нивното возило биле пронајдени пари во различни валути со вкупна вредност од околу 230.000 евра. Како што информира МВР, на 3 август 2026 година полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле Ф.Р. (30) и Т.Т. (44), двајцата државјани на ...

Речиси секој четврти Јапонец верува дека напредната вештачка интелигенција во иднина би можела да ги замени пријателите и членовите на семејството, покажува истражување на агенцијата „Џиџи“. Според анкетата, 24,9 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е можно, додека 65,1 отсто не се согласуваат. Најизразено е ваквото мислење кај помладите, особено кај лицата на возраст од 18 до 29 години. Истражувањето покажува и дека 30,8 отсто од ...

Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Меси, кој долги години играше за Барселона, донираше 80.000 евра за обнова на подрачјето Сиера Оесте во регионот Мадрид, кое беше тешко погодено од неодамнешните големи шумски пожари, објавија вечерва регионални власти. Претседателката на регионот Мадрид, Исабел Дијаз Ајусо му се заблагодари на Меси преку социјалните мрежи, истакнувајќи оти локалното население со нетрпение очекува ...

Франција од почетокот на сезоната регистрирала околу 14.000 пожари, а безбедносните служби привеле повеќе од 400 лица поради намерно или ненамерно предизвикување пожари – соопшти денеска францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нуњез. Како што пренесе телевизијата БФМТВ (BFMTV), Нуњез посочи дека од почетокот на сезоната биле регистрирани 14.000 пожари, а безбедносните сили уапсиле 402 лица поради пожари кои биле намерно предизвикани ...

Македонската кошаркарска федерација (КФСМ) од четврток до 15 август ќе биде организатор на кадетското Европско првенство од Б дивизијата. Во изминатите години КФСМ беше домаќин на повеќе младински европски првенства, а со организацијата на претстојниот У16 Евробаскет, како што е соопштено, уште еднаш ја потврдува својата позиција на сигурен и доверлив партнер на европската кошаркарска федерација. Домаќини на шампионатот ќе бидат Скопје и ...

Амбасадата на САД во Тирана во објава дека е ратификуван договорот со Албанија за заем од 302 милиони американски долари. Амбасадата во објава на Фејсбук нагласува дека “овој договор ќе го поддржи напредокот на Албанија кон исполнување на Хашката обврска за одбрана”. Меѓу другото, овој заем ќе ги зголеми трошоците за одбрана на 5 проценти од бруто домашниот производ (БДП) до 2035 година. „Денеска, Соединетите Американски Држави со задоволство ...

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во второто коло на турнирот од серијата W75 во Лајпциг, откако попладнево со 2-1 во сетови (6-4, 4-6, 6-4) ја совлада Анастасија Фирман од Украина. Ѓорческа до стартната победа на турнирот во германскиот град дојде по 2 часа и 30 минути. Во второто коло македонската тенисерка ќе игра против чешката тенисерка Алена Ковачкова, која претходно денеска со 2-0 во сетови ја совлада Сохун Парк. ...

На 03.08.2026 во Скопје, од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, лишени се од слобода Ф.Р.(30) и Т.Т.(44), двајцата државјани на Република Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“ по член 268 од Кривичниот законик. Имено, при извршен преглед на возило “голф” во кое биле двете лица, пронајдени се пари во различни валути и апоени (евра, американски ...

Политиките за привлекување нови авиокомпании и отворање нови авиолинии веќе даваат конкретни резултати, а македонските аеродроми бележат историски рекорди по бројот на патници и реализирани летови. Ова го истакна во вечерашното гостување во “Вести Плус” заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, нагласувајќи дека растот на авио-сообраќајот е силен показател за развојот на туризмот, бизнисот и целокупната ...

Данската принцеза Изабела, која од неодамна е полнолетна, почна со служењето воен рок, станувајќи една од првите девојки кои се дел од новата продолжена задолжителна воена служба во земјата, објавува „Шпигел“. Данска воведе задолжителна воена служба за жени минатата година, а околу 1.600 млади луѓе, меѓу кои и принцезата Изабела, ја започнаа својата воена служба. Поради зголемената загриженост за безбедносната состојба во Европа, периодот на ...

Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ денеска изјави дека во неговата земја нема да се гради прифатен центар за илегални мигранти. – Црна Гора не преговарала за воспоставување на вакви центри на своја територија, а владата не добила официјална иницијатива за нивно отворање, а кога таа иницијатива ќе биде на маса, нашиот одговор ќе биде негативен, објави Спајиќ на платформата Икс. Тој додаде дека Црна Гора останува сигурен партнер на ...

Од увозната царина во висина од три евра за секој производ купен онлајн од трети земји што ја воведе Европската Унија на 1 јули годинава, според портпаролот на кипарската царинската управа Јоргос Константину во јули биле остварени приходи од речиси два милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина. Константину за кипарската новинска агенција ЦНА, објаснил дека овие приходи се од околу 650.000 артикли, кои биле дел од 160.000 пратки и ...

Цените на нафтата денеска на меѓународните берзи се спуштија под 80 долари за барел, поттикнати од навестувањето дека се преговара за деблокада на Ормуска Теснина. На берзата во Лондон барел нафта се тргуваше за 79,92 долари, што е за 3,85 поевтина од вчера. Додека на американската берза барел нафта се продаваше за 76,18 долари односно за 4,16 долари помалку во споредба со вчера. Цените на нафтата денеска на меѓународните берзи се ...

Во градот Газа денеска се одржа масовен погреб за 112 Палестинци, чии тела беа пронајдени речиси три години откако при израелски напад беше уништен станбен блок. Неколку стотици луѓе се собраа на церемонија каде што телата, завиткани во палестински знамиња, беа положени во редови во близина на уништените згради, а потоа беа однесени на блиските гробишта. При израелски напад на 22 ноември 2023 година врз населбата Сабра во градот Газа беа ...

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија. На средбата се разговараше за тековните инфраструктурни проекти, економската соработка и можностите за понатамошно продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји. Министерот Николоски истакна дека Владата е ...

На територијата на државава заклучно со 18 часот регистрирани се вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, четири се под контрола, а девет се изгаснати. Активен пожар има во Стопански Двор, Општина Ѓорче Петров каде гори сува трева и грмушки, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Под контрола се ставени пожарите во Општина Кавадарци кај селата Раец, Ќесендре и Дреново каде гореше нискостеблеста шума и ниска ...

Зголемен е бројот на повици во Итната медицинска помош (ИМП) поради топлото време. Дневно има повеќе од 200 повици кои се однесуваат на интервенции на јавни места поради колапси или во домашни услови поради влошување на здравствена состојба на некои граѓани. Ова денеска за МИА го изјави Даниел Георгиевски од ИМП. Тој посочи дека бројот на интервенции на јавни места кои се најчесто поради колапси дневно има повеќе во однос на другиот период од ...

Најдобриот тенисер во историјата, 24-кратниот Грен слем шампион, Новак Ѓоковиќ, предложи промена во форматот на тениските натпревари. Предлогот на 39-годишниот Србин ќе значи избегнување маратонски мечеви. – Треба да го промениме системот за бодување. Сетовите треба да се играат на четири гема наместо на шест и натпреварите да се одржуваат во рок од два часа. Тоа би било најдобро за сите, изјави Ѓоковиќ за „Tennis Up To Date“. Сличен систем ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера ги повика „Шеврон“ и другите големи нафтени компании во земјата да ги намалат малопродажните цени на горивата, истакнувајќи дека индустријата треба дел од своите профити да пренесе и на пазарот. Во објава на платформата „Truth Social“, Трамп ги поздрави остварените резултати на „Шеврон“, но ја повика компанијата и нафтената индустрија да ги намалат цените на бензинските пумпи. „Ова важи и за ...

Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ Охрид, во текот на јуни и јули оваа година, во водите на Охридското езеро изврши 44 акциски контроли поврзани со кривичното дело „незаконит риболов“ и откривање лица сторители, како и пронаоѓање мрежи и други предмети од извршено кривично дело. Притоа, при вршење на кривичното дело „незаконит риболов“, полициските службеници затекнаа две лица, едното од охридското село Пештани а другото ...

Мароко ја предупредило Шпанија за миграциските ризици што ги носи неодамнешната одлука на шпанскиот суд уште пред избувнувањето на кризата во Сеута, изјави денеска висок марокански претставник за Франс прес. Тврдењето подоцна беше демантирано од Мадрид, јави ДПА. Во последните денови околу 50.000 лица, претежно марокански државјани, пристигнале или се обиделе да пристигнат во шпанската полуенклава Сеута пеш или пливајќи од соседниот ...

Македонскиот женски клупски фудбал е збогатен со ново име, откако денеска официјално е објавен почеток на функционирањето на женскиот фудбалски клуб ЖФК Пелистер – Битола кој во претстојната сезона ќе настапува и во прволигашката конкуренција. „Со формирањето на ЖФК Пелистер, клубот отвора ново поглавје во својата историја и го проширува своето семејство со цел да придонесе кон развојот и афирмацијата на женскиот фудбал во Битола и ...

Најмалку пет лица загинаа во украински напади со дронови во Московската област, додека најмалку пет цивили ги загубија животите во руски воздушни напади врз Украина – соопштија денеска властите на двете земји Од почетокот на руската инвазија пред повеќе од четири години, Украина разви беспилотни летала со долг дострел, способни да погодуваат цели длабоко на руска територија. Во изминатата година тие извршија напади врз рафинерии, големи ...

Околу 5.000 затвореници во Англија и Велс ќе бидат предвремено ослободени во текот на следните 10 месеци, почнувајќи од октомври, откако британската Влада го промени својот план за намалување на пренатрупаноста во затворите, објавија властите денеска. Првично беше планирано околу 6.000 затвореници да бидат ослободени веќе од септември, но по интервенцијата на британскиот премиер Енди Бернам, околу 1.000 осуденици за силување, сериозни ...

Водата од водоводот во Гостивар сè уште не е за пиење, останува да се употребува исклучиво како техничка, изјави попладнево на прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по состанокот на Главниот штаб за кризи што тој го предводи. Како што рече, договорено било како ќе се одвиваат следните испитувања и дека тие ќе бидат почести, односно ќе се зголеми континуитетот на мерења на клвалитетот на водата од страна на повеќе ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
40%
1006
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
4.63
83%
1010
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
72%
1013
weather icon

Софија

19ᴼ / 15ᴼ
9.77
55%
1005
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
3.04
84%
1004
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 3ᴼ
1.54
96%
1013
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
6.26
77%
1015
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
5.66
52%
1008
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
3.6
88%
1007
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
6.69
62%
1002
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
6.17
71%
1011
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
7.2
94%
1013
Currency

61.733

Currency

55.672

Currency

73.896

Currency

37.974

Currency

39.108

Currency

66.809

Currency

8.3542

Currency

0.6726

Currency

0.34845

Currency

0.52431

Currency

1.1073

Currency

0.59244

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Иридиум

326330.08

Калај

46.87

Бакар

12.40

Паладиум

31893.54

Сребро

1611.91

Родиум

293375.56

Алуминиум

3.02

Злато

125211.08

Платина

48804.83

Рутениум

61086.42