Соопштение за јавност на СДСМ: Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ повторно се обидуваат да се вметнат во историјата каде што не припаѓаат. ВМРО-ДПМНЕ (денес ОКГ) нема никаква организациска, идејна ниту кадровска врска со АСНОМ. Напротив – историското ВМРО на Ванчо Михајлов соработувало со фашистичките сили и бугарскиот окупатор. Тоа е факт. СДСМ е политички наследник на АСНОМ и на антифашистичката борба. Тоа никој не може да го промени. Токму тоа ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, како дел од владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, присуствуваше на одбележувањето на 2 Август – Денот на Републиката, при што во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце беше положено свежо цвеќе во чест на илинденците и асномците, кои со својата борба ги поставија темелите на македонската државност. По оддавањето почит во Пелинце, владината делегација, заедно со ...

Делегација на СДСМ предводена од претседателот, д-р Венко Филипче и пратениците Бисера Костадиновска Стојчевска и Митко Трајчулески, денеска во Крушево, по повод празникот Илинден, положија свежо цвеќе на споменикот Слива, кој е симбол на саможртвата на македонските востаници во одбраната на Крушевската Република. Споменикот на месноста Слива е посветен на херојската жртва на македонските востаници кои во 1903 година храбро ја бранеле ...

Пожарот во населбата Лептокарија (Опш.Карпош) е изгаснат, информираат од Центарот за управување со кризи. Според информациите на ЦУК, горела скара во угостителскиот објект „Гиро Хоусе“. Во гаснењето на пожарот учествувала Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје со едно протипожарно возило и со три пожарникари. Пожарот во населбата Лептокарија (Опш.Карпош) е изгаснат, информираат од Центарот за управување со кризи. Според ...

Соопштение за јавност на Левица: По повод 82 години од Првото заседание на Антифашистичкото собрание за народно ослободување на Македонија, делегација на Левица, предводена од претседателот на Партијата и пратеник Димитар Апасиев, заедно со пратеникот Сашко Јанчев и членот на Централниот комитет Евгенија Станкоска, положи свежо цвеќе пред спомен-плочата во манастирот „Св. Прохор Пчински”, каде што на 2 август 1944 година беше одржано Првото ...

МВР денеска соопшти детали за тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа на автопатот „Мајка Тереза“, во непосредна близина на наплатната рампа Глумово, во правец кон Скопје. Според официјалниот полициски билтен, инцидентот бил пријавен на први август во дваесет часот и дваесет минути, при што во верижниот судир учествувале едно патничко возило и два мотоцикли. Според првичните сознанија, во сообраќајката учествувале автомобил марка ...

На 01.08.2026 во 12:25 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиja од слобода М.M.(42) од село Биљановце, кумановско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. На 01.08.2026 во 12:25 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиja од слобода ...

Соопштение за јавност на ЛДП: Од Илинденците мораме конечно да ја научиме најважната лекција: во историјата никогаш не постоел ‘идеален момент’, туку постоеле луѓе со храброст да донесат одлуки! Борбата и жртвите од 1903 година го запалија огнот, АСНОМ во 1944 година ја создаде македонската држава, а генерацијата од 1991 година ја запечати независноста. Ниту една од овие генерации не одлагаше, не калкулираше и не се криеше зад евтини ...

На 01.08.2026 во 12:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.Х. (21) од с.Идризово, скопско, по претходна пријава од И.Б.(44) дека на 31.07.2026 во 23:50 часот во с.Идризово В.Х. му нанел тешка телесна повреда на 15-годишниот син на пријавителот, а во врска со претходно нарушен јавен ред и мир. По целосно документирање на случајот, Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ќе поднесе кривина пријава за ...

Соопштение за јавност на ЛДП: Од Илинден 1903 до АСНОМ 1944 — пат поплочен со жртвата на генерации македонски синови и ќерки кои вечно веруваа во идејата за слободна Македонија. Нивниот стремеж стана наша реалност. Нивната жртва — наш вечен завет. Денес им оддаваме длабока почит на сите генерации кои го сонуваа, се бореа и го дадоа најскапото за слободна и самостојна држава. Оваа земја е нивниот завет, а наша е одговорноста да ја чуваме и ...

Македонија денеска го одбележува 2 Август – Илинден, еден од најзначајните датуми во македонската историја, кога се навршуваат 123 години од Илинденското востание и Крушевската Република, како и 82 години од Првото заседание на АСНОМ. Двата историски настани претставуваат темели на македонската државност и симбол на стремежот за слобода, независност и национален идентитет. Централната државна свеченост традиционално ќе се одржи во Крушево, ...

Интегрален текст од честитката на Али Ахмети, претседател на ДУИ: 2 Август нѐ потсетува на еден од најблагородните идеали на нашата заедничка историја – уверувањето дека слободата не се гради врз надмоќта на едните над другите, туку врз еднаквоста, почитта и соживотот. Духот на Крушево беше повик за држава во која Албанците, Македонците и сите заедници ќе ја споделуваат одговорноста и заедничката судбина. За жал, повеќе од еден век подоцна, ...

Сите три Илиндена не се само датуми, туку се сведоштво дека Македонија постоела и постои, и дека живее во срцата на своите чеда, а нашата слобода е плод на духовната зрелост и жртвата на нашите предци. Но, слободата не е нешто што ни е дадено еднаш и засекогаш, туку е подвиг којшто треба да се чува. Како македонски народ, Илинден нѐ повикува на покајание и на враќање кон светите вредности – кон: верата, правдата, честа и достоинството, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го одложил планираниот бран нови воени напади врз Иран поради напредокот кон постигнување дипломатски договор, пренесува ДПА. Во објава на платформата Truth Social во саботата, Трамп рече дека прекинот на нападите е условен од брзо постигнување договор. Тој изјави дека американските воени сили се подготвени да нападнат со полна сила, но дека Иран и другите земји во регионот побарале од ...

Изјава за медиуми на претседателот на СДСМ, Венко Филипче Почитувани граѓани, Денес во Крушево оддаваме почит на хероите на Илинден и на Крушевската Република – на оние кои пред повеќе од еден век се бореа за слободна и достоинствена Македонија. Нивната жртва не беше за изолација. Не беше за страв. Не беше за поделби. Тие се бореа за слобода, за правда и за правото на овој народ сам да ја одлучува својата судбина. Денес, повеќе од еден век ...

Назапамтените горештини во Европа предизвикаа пожари, голема суша по месеци недостаток на врнежи од дожд,и втор екстремен топлотен бран за само еден месец. Според проценките на експертите, економската штета од сушите и топлотните бранови во Европа би можела да достигне 126 милијарди евра годишно до 2029 година, пишува HRT . Помеѓу април и јуни, големи делови од континентот, од Португалија до јужна Финска, доживеаја подпросечни врнежи од дожд. ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Христијан Мицкоски вчера јавно изјави: „Верувам дека за првпат по многу години граѓаните ќе користат вода која е целосно бактериолошки исправна.” Со оваа реченица премиерот јавно призна: Повеќе од две години, додека ВМРО-ОКГ има апсолутна власт, водата во Гостивар не била бактериолошки исправна. Две години знаеле. Две години молчеле. Две години граѓаните пиеле загадена вода. А водата сѐ уште не е целосно ...

АМСМ информира дека утрово интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање на граничните премини е следно: ГП Табановце ГП Богородица На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно ...

Пишува: проф д-р Иван Анастасовски: Европската интеграција на Македонија претставува една од најдолготрајните и најсложените политички, институционални и општествени трансформации во современата историја на државата. Иако земјата доби статус на кандидат за членство уште во 2005 година, а пристапните преговори формално започнаа во 2022 година, процесот останува обременет со бројни внатрешни и надворешни предизвици. Би сакал да нагласам неколку ...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката: Драги сограѓани, За мене, 2 Август, Илинден, е најсветиот македонски ден, денот на којшто во 1903 година, македонската републиканска идеја се отелотвори во Крушевската Република и денот кога во 1944 година, на АСНОМ, по вековна борба, се реализира правото на македонскиот народ на национална држава, во којашто се гарантираат правата на малцинските ...

Европската Унија во вторник преку видеоконференција ќе одржи итен состанок на министрите за внатрешни работи на земјите членки посветен на масовните преминувања на мигранти во шпанската ексклава Сеута. Ирска, која претседава со ЕУ, денеска соопшти дека го свикала состанокот на Советот на ЕУ за правосудство и внатрешни работи, со кој ќе претседава ирскиот министер за правосудство, внатрешни работи и миграции, Џим О’Калахан. Рано денеска, 22 ...

Во случај на закана од војна, мнозинството Полјаци не би се пријавиле доброволно да ја бранат земјата, покажаа резултатите од анкетата спроведена од институтот Ибрис за потребите на радио Зет. Во исто време, висок процент од испитаниците рекле дека би останале во Полска во случај на војна, пренесува радио Зет. Институтот за истражување на пазарите и општествените феномени Ибрис објави како Полјаците одговориле на прашањето „Дали би се ...

Топлотниот бран продолжува ширум Италија, а бројот на градови за кои е издаден црвен метео-аларм е значително зголемен, соопшти денеска италијанското Министерство за здравство. Како што се наведува, црвеното предупредување денеска важи за 19 од вкупно 27 следени градови, вклучувајќи ги Фиренца, Болцано, Перуџа, Рим, Торино, Болоња, Бреша, Неапол, Венеција и Верона, пренесува „Кориере дела сера“. Температурите го достигнуваат својот пик од 37 ...

Сервисот на третиот „ер трактор“, што беше оштетен во невремето во Скопје, успешно е завршен, објави вечерва Дирекцијата за заштита и спасување. Во текот на денот е извршен е пробен лет, при што е утврдено дека авионот е функционален. „Ер тракторот“ се враќа во употреба во борба против пожарите, нагласија од ДЗС. Сервисот на третиот „ер трактор“, што беше оштетен во невремето во Скопје, успешно е завршен, објави вечерва Дирекцијата за ...

Денеска полициски службеници од СВР Тетово во врска со објавеното видео на социјалните мрежи за пукање на семејна веселба во Добридол, гостиварско, извршија претреси на повеќе локации, при што се приведени шест лица, а едно лице е повикано на службен разговор. При претресите се пронајдени и одземени оружје и муниција. Во 18:00 часот е извршен претрес кај И.С. (21) од село Добридол, а во 18:05 часот, кај А.И.(30) од с.Добридол, при што е ...

Иднината на Иран ќе ја обликува народот на Иран, објави денеска на својот профил на Х иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, нарекувајќи ги припадниците на иранскиот народ „херои“ затоа што, според него, се спротивставија на војната што САД и Израел ја водат против земјата. Пезешкијан рече дека конфликтот почнал на 31 јули 2024 година со убиството на политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија, за време на неговиот престој во Техеран на ...

Врската заснована исклучиво на меѓусебна привлечност можеби не е толку силна како што изгледа на прв поглед. Привлечноста и хемијата се важни, но успешната и долготрајна врска бара многу повеќе од тоа. Психологот д-р Марк Траверс истакнува во статија за Psychology Today дека секоја здрава врска се потпира на една клучна вештина – самоконтрола или воздржаност. „Обликот што е познат повеќе од две илјади години, под име што повеќето луѓе го ...

Австрија е зафатена од нов топлотен бран кој се очекува да трае уште неколку дена. Австриската агенција за здравје и безбедност на храната (АГЕС) за првпат уште во текот на летото објави проценка за вишокот стапка на смртност поврзана со високите температури. Според АГЕС, во јуни годинава околу 395 лица починале како последица на горештините. Ова е највисокиот регистриран број за месец јуни од почетокот на споредбените анализи во 2017 година, ...

Руските воени сили извршија воздушни удари врз објекти на транспортната инфраструктура во пристаништата во Одеса и Николаев во Украина, а кои наводно ги користат украинските вооружени сили, соопшти руското Министерство за одбрана. „Како резултат на нападот со високопрецизно воздушно оружје и беспилотни летала, во пристаништето Одеса се оштетени резервоари со гориво и мазива наменети за снабдување на украинските вооружени сили, додека во ...

Британскиот премиер Енди Барнам денеска телефонски разговараше со премиерот на Шпанија, Педро Санчез, и му понуди помош откако повеќе од 50.000 мигранти влегоа од Мароко во шпанската ексклава Сеута на мароканска територија, пренесува британски „Гардијан“. „Гардијан“ додава дека од Барнам денеска бил побаран коментар за кризата додека присуствувал на собир на Лабуристичката партија. – Во контакт сум со шпанскиот премиер и ја нудиме целата ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
45%
1006
weather icon

Белград

6ᴼ / 6ᴼ
5.66
82%
1011
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
4.63
73%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
59%
1006
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
5.02
88%
1005
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
97%
1014
weather icon

Атина

21ᴼ / 20ᴼ
6.26
79%
1014
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
6.69
52%
1008
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
3.09
94%
1006
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 15ᴼ
2.57
79%
1002
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
7.72
73%
1012
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
9.77
93%
1013
Currency

61.751

Currency

55.711

Currency

73.925

Currency

37.972

Currency

39.133

Currency

66.814

Currency

8.3594

Currency

0.6732

Currency

0.34864

Currency

0.52443

Currency

1.1078

Currency

0.59265

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Платина

48804.83

Алуминиум

3.02

Калај

46.87

Родиум

293375.56

Цинк

3.76

Сребро

1611.91

Паладиум

31893.54

Иридиум

326330.08

Бакар

12.40

Злато

125211.08