Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Обилните дождови во Труција предизвикаа поплави, лизгање на земјиштето, евакуации и земјоделски штети бидејќи реките се излејаа, а акумулациите се приближија до нивниот капацитет. Властите извршија контролирано испуштање вода од браните, додека тимовите за итни случаи работеа на евакуација на жителите и повторно отворање на блокираните патишта. Невремето ги погоди Анталија, Мугла, Ајдин, Измир, Хатај, Адана и Мерсин, каде што зголемените ...
Студентите протестираат во Крагуевац на Денот на српската државност, кога во тој град во централна Србија во 1835 година беше прогласен Сретински устав – првиот современ српски устав. Во исто време, во Орашац, се одржува централна државна церемонија по повод Денот на државноста, предводена од српскиот премиер Ѓуро Мацут. Протестниот митинг кој е организиран од студентите започна со собир во Крагуевац. Лепеничкиот булевар беше блокиран за ...
31 – годишен маж од Скопје е осномничен за кривичните дела ,,телесна повреда” и ,,вонбрачен живот со дете”. ОВР Струга поднесе кривична пријава против него. – Тој, на 14 февруари 2026 година, околу 18:00 часот во Струга со нож нападнал 17-годишна девојка со која живеел во вонбрачна заедница. Таа била пренесена во Општа болница во Струга каде ѝ биле констатирани телесни повреди. Напаѓачот е лишен од слобода и по извршено алкотестирање кај ...
Зголемен е водостојот на повеќе реки во западна Македонија. Се вбројуваат и Вардар, Трска и Црна река. УХМР предупредува на можни локални излевања во Полошко, Пелагонија, Охридско и Струшко. Врнежите во изминатите 24 часа предизвикаа значително зголемување на водостоите во западниот дел од земјата, информира Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според нивните податоци, зголемен е водостојот на сите реки во западна Македонија, а кај дел ...
Во општина Сарај има поплавени куќи, по обилните врнежи од дожд. Центарот за управување со кризи соопшти дека се активирани надлежните служби и дека е воспоставена целосна координација на терен. Според информацијата, директорот на ЦУК, Мухамед Али, заедно со градоначалникот Мухамед Елмази и претставници од Владата и институциите, е на терен кај селата Буковиќ и Семениште, каде што ја следат состојбата и ја координираат институционалната ...
Физички напади биле пријавени од страна на две лице изминатите два дена во СВР Скопје. Полицијата презема мерки за расчистување на случаите. На 14 февруари 2026 година во 20:10 часот, во СВР Скопје, З.А. (60) од Скопје пријавила дека на 12 февруари околу 06:50 часот, на автобуска постојка на подрачјето на Центар, била физички нападната од едно женско лице. Во вториот случај, на 14 февруари 2026 година во 14:10 часот, З.Ш. (72) од Скопје ...
Епидемија на мали сипаници е регистрирана во северен Лондон, каде што се заразени повеќе од 60 деца, соопштија здравствените служби, повикувајќи на итна вакцинација. Веста денеска ја пренесоа британските медиуми. Според објавата на The Sunday Times, вирусот за кратко време се проширил во седум училишта и една градинка во северниот дел на градот, а дел од децата поради компликации биле задржани на болничко лекување. UK Health Security Agency ...
Oбилните врнежи од дожд во текот на ноќта предизвикаа излевање на Зајашка река на улица „Прилепска“ во Кичево, каде што се зафатени повеќе куќи. Извршена е евакуација на околу 180 лица, кои се згрижени во спортската сала „Христо Узунов“. Регистрирано е и заезерување на улица „29 Ноември“ во населбата Подварош, при што се поплавени подрумски простории во повеќе објекти. Поплавени се и објекти на болницата во Кичево. На терен интервенираат ...
Општина Кичево велат дека се преземени сите максимални мерки и сите расположливи капацитети се целосно ставени во функција на терен поради настанатата кризна состојба предизвикана од поплавите. -Во насока на побрзо и поефикасно справување со состојбата, побарана е дополнителна помош од Министерството за одбрана и Министерството за животна средина. Ангажирани се сите приватни компании кои располагаат со тешка механизација, со цел да се ...
Лишени од слобода биле десет возачи во текот на вчерашниот ден. Осум од нив возеле без дозвола, двајца возеле иако имале забрана за управување со моторно возило од Б категорија, и еден возел под дејство на алкохол Од МВР информираат дека двајца возачи се лишени од слобода во Тетово, а по еден во Куманово, Битола, Свети Николе, Штип и Кочани поради управување возило без возачка дозвола. По еден возач во Велес и Свети Николе управувале возила ...
Обилните врнежи предизвикаа нагло полнење на речните корита во последните 24 часа. УХМР издаде предупредување за значително зголемување на водостојот на реките во западните делови од државата. Состојбата може дополнително да се влоши во текот на денот. Од Секторот за хидрологија информираат дека во Полошкиот регион, особено во горниот дел од сливот на реката Вардар, е регистриран висок водостој. Постои опасност од заезерување во одделни ...
Меѓународните претставници упатија нови повици до политичките партии во Албанија да ја активираат ад хок комисијата за изборни реформи и да започнат суштински дијалог за надминување на законските слабости во изборната рамка, во согласност со препораките на ОБСЕ и ОДИХР. Шефот на мисијата на ОБСЕ во Тирана, Мишел Таран, изјавил дека ја охрабрува работата на ад хок комисијата и изразил очекување дека таа наскоро ќе ги продолжи активностите. ...
Законот за заштита од пушење најверојатно нема да стапи на сила од 1 март. Неговата имплементација ќе биде во фази, почнувајќи со едукација и опомени, а казните ќе следуваат подоцна. Ова го потврди државниот советник во Министерството за здравство, Никола Грпчевски, во емисијата Бизнис 21, додавајќи дека се уште траат разговорите со сите засегнати страни. „Не би го нарекол ретерирање, туку фазна имплементација во дијалог со јавноста и бизнис ...
53 дена, речиси два месеци, толку време поминаа досега а нема ниту една институционална реакција на скандалите и криминалните тендери кои ги објави Антикорупцискиот тим на СДСМ. 53 дена, сите молчат. Нема пари за поголеми плати, се кратат субвенциите на земјоделците за 40 милиони евра, а зад грбот на народот, едни исти фирми добиваат милионски тендери со милионски суми. Обвинителството молчи, ДКСК молчи, Финансиска полиција молчи. Власта си ...
Со измените на Законот за електронски комуникации, кои се објавени на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР), државата започнува процес на усогласување со европските регулативи, што треба да овозможи приклучување кон иницијативата на Европската Унија „Роаминг како дома“. Целта е граѓаните и компаниите од земјава да можат да користат мобилни услуги во земјите членки на ЕУ без дополнителни трошоци за роаминг, односно под исти услови ...
Сообраќајот на патниот правец Кичево – Гостивар целосно е нормализиран претпладне во 10:30 часот. Екипи на ЈП „Македонијапат“ го отстраниле одронот кај село Колари што го блокираше патот од 5.40 часот изутрината. Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. На патниот правец село Лисец – Попова Шапка, каде во 05:45 часот изутрината поради врнежи од снег беше воведена забрана за тешки товарни возила ...
53 дена, речиси два месеци, толку време поминаа досега а нема ниту една институционална реакција на скандалите и криминалните тендери кои ги објави Антикорупцискиот тим на СДСМ. 53 дена, сите молчат. Нема пари за поголеми плати, се кратат субвенциите на земјоделците за 40 милиони евра, а зад грбот на народот, едни исти фирми добиваат милионски тендери со милионски суми. Обвинителството молчи, ДКСК молчи, Финансиска полиција молчи. Власта си ...
Граѓаните ќе можат да одат на редовни средби во Уставниот суд со претседателот Дарко Костадиновски секој прв четврток во месецот. Уставниот суд ги повика граѓаните по повод 62-годишнината од првата седница одржана на 15 февруари 1964 година. Прес-службата на Уставниот денеска соопшти дека целта на средбите е да се приближи работењето на овој суд до граѓаните, да се подигне свеста за уставно загарантираните права и да се објасни начинот на ...
Денот на државноста на Република Србија, потпретседателот во Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ, упати искрени честитки до граѓаните на Р Србија, со желби за натамошен континуиран стопански и општествен развој, стабилност и просперитет на државата. „Убеден сум дека односите меѓу нашите две земји се темелат на традиција на искрено пријателство, културна и духовна блискост, кои низ годините се ...
Тимчо Муцунски во изјава за медиумите од Михенската Безбедосна конференција, истакна дека во претходните дваесет месеци државата донесе неколку одлуки и склучи договори со исклучително значење за нејзиното стратешко позиционирање, истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија. „Во последните дваесет месеци во делот на надворешната политика имаме неколку одлуки и договори кои имаат огромно значење за стратешкото позиционирање ...
Иако многумина ја избираат оваа положба како најудобна, експертите предупредуваат дека спиењето на стомак може да има низа негативни последици врз телото. Според Арон М. Фурман, основач и директор на компанијата Слипплеј, промената на оваа навика може значително да го подобри квалитетот на сонот и целокупната здравствена состојба. Потешкотии со дишењето Еден од клучните проблеми е ограниченото дишење. Кога лицето е свртено надолу, се создава ...
Повеќе здруженија на производители на млеко, зеленчук, овошје и житни култури, кои ја блокираат Ибарската магистрала кај Чачак, денес соопштија дека никој нема овластување да преговара во нивно име. Тие исто така објавија нови барања, кои се надополнуваат со оние што ги доставиле до Владата на Србија пред почетокот на блокадата. „Очекуваме и веќе добиваме информации дека некои режимски здруженија и претставници на власт ќе се обидат да ...
СДСМ го осудува навредливото однесување на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на маргините на Минхенската безбедносна конференција 2026 година. „Познат по тоа што ги навредува сите оние кои не ги делат неговите ставови или му пречат, овој пат негова цел беше Радмила Шекеринска, заменик-генерален секретар на НАТО. Вучиќ малициозно нагласи дека „оваа жена и луѓето кои доведоа до сецесија“ (нагласувајќи го нејзиниот пол на понижувачки ...
Метео анализа на Славчо Попоски: На ден недела 15 февруари 2026 поради влијанието на длабокиот циклонски систем со центар над Џеновскиот залив целата територија на Македонија ќе биде во жолта предупредувачка фаза поради очекуваните обилни и поројни врнежи од дожд, локални грмежи, и силен јужен и југоисточен ветер кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час. На планините над 1400/1500 метри надморска височина во западните и ...
Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објавува нова бомба, нов скандал. Бомба #9. Проследете ја денешната прес-конференција на СДСМ, во 11:30 часот, во седиштето на партијата, на која ќе се обрати Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ. АКТ продолжува со работа. Работата не е завршена! Центар за комуникации, СДСМ Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објавува нова бомба, нов скандал. Бомба #9. Проследете ја денешната ...
По се што Филипче и СДС, се обидуваат да и сервираат на јавноста околу темата за канабис, редно е да дадат и објаснување за фотографијата со Тони Котев, сопственикот на фирмата „ЦБД Медплант“, поврзана со илегална марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение испратено до медиумите. Филипче и Заев како најпознато криминално дуо кое некогаш постоело во земјава имаат оставено црн печат секаде, во секој сектор, во секоја институција, ...
Поради врнежи од снег од 07:45 часот на патниот правец Тетово – Попова Шапка воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси, соопшти Автомотосојузот на Македонија. Претходно АМСМ информираше дека во 5.45 часот изутрина воведена е забрана за камиони и автобуси на патот село Лисец-Попова Шапка. По целосниот прекин на патот Кичево – Гостивар предизвикан од одрон во 5.40 часот изутрината, екипа од Македонија пат ја исчисти ...
За денеска се најавува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 20 литри на метар квадратен). Претежно во источните региони ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 километри на час). Попладне на планините во северните делови врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а попладне од северен правец. ...
Украина изврши интензивен ноќен напад со беспилотни летала врз рускиот Краснодарски регион на брегот на Црното Море, при што е предизвикана материјална штета врз инфраструктурата на пристаништето Таман и врз резервоари со гориво, објави Украинска правда. Според регионалниот гувернер Венијамин Кондратјев, системите за противвоздушна одбрана дејствувале во текот на целата ноќ во обид да ги пресретнат украинските дронови. Тој рано утрово преку ...
Во Чиле денеска имаше земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала,. Според информациите, епицентарот бил на длабочина од 116 километри, на околу 89 километри од градот Калама. Засега нема податоци за повредени лица ниту за евентуална материјална штета. Чиле се наоѓа во таканаречениот „Огнен прстен на Пацификот“, еден од најсеизмички активните региони во светот, каде земјотресите се честа појава поради судирот на тектонските ...