Украински беспилотни летала нападнаа неколку локации во Русија, вклучувајќи ја и рафинеријата за нафта Илски во Краснодарскиот крај, каде што избувна пожар од големи размери. Локалните жители пријавија повеќе од десет експлозии, а руските медиуми тврдат дека воздушната одбрана соборила повеќе од 20 беспилотни летала, пишува „Украинска правда“ . Нападот врз рафинеријата е потврден Оперативниот штаб на Краснодарската област го потврди нападот ...

Метео анализа на Славчо Попоски: Под влијание на нов длабок циклонски систем со центар над Џеновскиот залив и негово проширување кон Јонското море со својата долина ќе пристигне и во Македонија и ќе ни донесе нова голема промена на времето. 17 Февруари 2026 вторник ни носи нови обилни врнежи кои поради наглото заладување и продорот на ладен воздух од север проследен со засилен до силен ветер од северен правец (над 70 км/час)ќе преминуваат во ...

Релацијата Скопје – Будимпешта е најчесто користена дестинација на владиниот авион во периодот од јуни 2024 до декември 2025 година, односно откако ВМРО-ДПМНЕ ја формираше Владата, објави телевизија Телма. Според документите обезбедени од Службата за општи и заеднички работи при Владата, во наведениот период дури седум пати се летало кон главниот град на Унгарија. Меѓу министрите, најчесто во владниот авион се возел министерот за транспорт и ...

Се санираат последиците од поплавите во Кичево по излевањето на Зајаска Река, предизвикано од обилните врнежи од дожд. Над 60 семејства по вторпат овој месец останаа без покрив над глава, откако нивните домови повторно беа зафатени од водата. Околу 250 лица, односно 63 домаќинства, привремено се сместени во спортската сала во градот, откако вчерашното невреме предизвика сериозни штети. Сепак, условите таму се ограничени, а граѓаните во ...

Омраза кон блиските – оваа тема е генерално одбивна за многумина, но е клучна за разбирање на меѓучовечките односи. Лутината кон родителите, децата или партнерот е чувство што им е општо позната на луѓето. Имено, љубовта и омразата често се јавуваат заедно, особено во блиските односи. Иако понекогаш е тешко да се признае тоа, омразата кон личност која ни е блиска е природен и чест феномен. И Доналд Виникот – светски познат психоаналитичар од ...

Таканаречените „досиеја на Епстин“, кои неодамна ги објави американското Министерство за правда, содржат вознемирувачки и веродостојни докази за систематско и обемно сексуално злоставување, трговија со луѓе и експлоатација на жени и девојчиња, кои можат да бидат карактеризирани како злосторства против човештвото, соопштија денеска експерти на ОН. Како што наведуваат, овие дела би можеле да се сметаат за сексуално ропство, репродуктивно ...

Црногорската полиција денеска ја уапси поранешната министерка за образование, наука и култура, Весна Братиќ, поради сомнение за злоупотреба на службената положба. Братиќ ја извршуваше функцијата министерка во владата на Здравко Кривокапиќ во периодот од 2020 до 2023 година, првата влада формирана по смената на долгогодишната власт на ДПС предводена од Мило Ѓукановиќ, објавија црногорските медиуми. Според информациите, таа била повикана на ...

Американскиот актер Роберт Дувал, добитник на наградата Оскар за улогата во филмот „Нежни милости“ (Tender Mercies) и добитник на две награди Еми, почина на 94-годишна возраст, соопшти неговата сопруга Лусијана Педраза Дувал во објава на Фејсбук. Дувал, пишува „Варајети“ (Variety), остана запаметен по воздржаниот, суров натурализам кој ја одбележа генерацијата актери меѓу кои беа Роберт де Ниро, Дастин Хофман и Џин Хекман. Иако никогаш не ...

Вицепремиерот Николовски велеше не се секирајте проблемот на транспортерите е решен, разговаравме Европската Унија, нема да има проблем, но еве не е решен, укажа претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на средбата со Општинската организација на СДСМ во Гевгелија. Филипче посочи дека дел од компаниите веќе се селат во Бугарија и во Хрватска. „Гледате како излажа вицепремиерот Николовски за транспортерите. Што велеше, не се секирајте, завршен ...

СВР Охрид ја известува јавноста дека, утре (17.02.2026 година) од 04 до 09 часот, на крајбрежјето и во водите на Охридското Езеро кај караулата во струшкото село Радожда, воена вежба ќе реализираат припадниците на македонската и белгиската армијата. При извршување на вежбовните активности, ќе биде употребена маневарска муниција поради што, апелираме до месното население на адаптирање на своите обврски и внимателност при нивното извршување ...

Европскиот парламент (ЕП) ги оневозможи функциите на вештачка интелигенција (ВИ) на таблетите што им ги доделува на пратениците, поради безбедност и заштита на податоците, се наведува во имејл испратен денеска до европратениците, дознава Еурактив. Според имејлот, одлуката за блокирање на ВИ алатките, вклучително и помошниците за пишување и виртуелните асистенти, е донесена врз основа на препораките на тимовите на ЕП за кибер безбедност и ...

Министерството за одбрана наскоро ќе објави конкурс за прием на 300 нови војници во Армијата, најави министерот за одбрана Владо Мисајловски. Во гостување на Тема на денот на Сител телевизија, тој информираше дека се очекува огласот да биде објавен по добивањето на потребната документација од Министерството за финансии, со цел приемот да започне веќе во пролетниот рок. – Кога ќе стигнат од финансиите сите потребни документи, ќе ги објавиме ...

„Гледаме како се луксузирал премиерот, како го користел владиниот авион да оди на одмор без никаков срам. Треба да одговори на прашањето кој бил со него во авионот? Треба да одговори на прашањето зошто најавуваат купување на нов владин авион, за повторно да го користи во приватни цели за приватни патувања?”, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на попладневната средба со партиското членство од општинската организација на СДСМ Гевгелија, ...

Соопштение на СДСМ: Социјалдемократскиот сојуз на Македонија остро ги отфрла срамните и лажни обвинувања на Ана Брнабиќ на сметка на нашата реакција на изјавите на претседателот на Србија. Наместо нам да ни држи лекции за „срам”, госпоѓа Брнабиќ најпрво нека се сослуша себеси, а потоа и изјавата на нејзиниот претседател. Таа и Александар Вучиќ се навикнати да ги извртуваат фактите како што им одговара и да навредуваат секого што мисли поинаку ...

Во присуство на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, Грција ги потпишаа договорите со американската „Шеврон“ и грчката „Хеленик енерџи“ за доделување ексклузивни права за истражување и експлоатација на јаглеводороди во морските подрачја јужно од Крит и јужно од Пелопонез, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис посочи дека четирите блока, каде што ќе дејствуваат двете компании, опфаќаат огромна површина, денес програмата за истражување ...

Роднини и пријатели на социјалните мрежи се збогуваат од Виктор Илиоски (39) од Прилеп, кој последен пат бил виден во саботата попладне. „Син ми почина“, напиша мајката Роза во еден од коментарите на Фејсбук објавени во текот на вчерашниот ден, пренесувајќи ја големата болка и тага на семејството, објави 4news.mk Виктор Илиоски последен пат бил виден на 14 февруари околу 14 часот, облечен во тегет јакна (вентијага), црни тренерки и сиви ...

Меѓународната секретарка на СНС, Ана Брнабиќ, денес изјави дека соопштението на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) за српскиот претседател Александар Вучиќ е срамно и истакна дека Вучиќ не кажал ниту еден лош или несоодветен збор за заменичката генерална секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, пренесуваат српските медиуми. Според написите, по повод обвинувањата од најголемата опозициска партија во Северна Македонија, ...

Од есен наставната програма „Вештачка интелигенција: од концепт до примена“ ќе се спроведува во сите класови на средните училишта во Хрватска, со што Министерството за наука, образование и млади ја проширува програмата што веќе опфаќа 5.455 ученици во основното и средното образование. Според податоците на Министерството, наставата за вештачка интелигенција моментално се реализира во 147 основни и 93 средни училишта. Во основните училишта ...

Еврокомесарката за Медитеранот, Дубравка Шуица, ќе отпатува во Вашингтон за да присуствува како набљудувач на состанокот на Одборот за мир, формиран од американскиот претседател Доналд Трамп. Европската комисија нема да стане членка на тоа тело, изјави денеска портпаролот на Европската комисија, Гијом Мерсие. – Европската комисија нема да стане членка на Одборот за мир, но ние учествуваме на овој состанок како дел од нашата долгорочна ...

Со денешниот триумф на патеката во Бормио, Швајцарецот Лоик Мејар ѝ го донесе на својата земја првиот златен олимписки медал во слалом по пауза од 78 години. Швајцарија чекаше на олимписко злато во слалом од Игрите во Сент Мориц во 1948 година, кога во оваа дисциплина триумфираше Еди Рајналтер. Осум децении подоцна, неговиот сонародник Мејар го повтори успехот на Зимските олимписки игри 2026, триумфирајќи денеска пред Фабио Гштрајн од ...

По повод големиот јубилеј 60 години постоење и дејност на Факултетот за музичка уметност, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими деканката проф. м-р Дарија Андовска, продеканката за настава и наука, проф. д-р Соња Здравкова-Џепаровска и продеканката за концертна дејност, вонр. проф. м-р Марија Вршкова. За деканката Андовска успехот на факултетот е резултат на големото музичко знаење, љубов, креативност, труд и посветеност на ...

Во двата денешни натпревари во рамки на 18. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Македонија ЃП извојува домашна победа над Шкупи со 3-0, додека АП Брера триумфираше на гостински терен против Арсими со 2-0. Фудбалерите на Македонија ЃП очекувано дојдоа до лесен триумф над последнопласираниот Шкупи со головите на Малик (11 минута), Гереро (20) и Софијаноски (29). На дуелот меѓу Арсими и АП Брера, прволигашот од Струмица дојде во ...

Во Париз денеска се во тек претреси како дел од прелиминарната истрага против поранешниот министер за култура, а потоа и за образование, социјалистот Жак Ланг, и неговата ќерка Каролина Ланг за перење пари и даночни измами во врска со аферата на покојниот американски финансиер и макро на жени и малолетници Џефри Епстин, објави државното финансиско обвинителство. Истражителите на Националната канцеларија за борба против измами спроведуваат ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...

Претставниците на црногорската туристичка индустрија сметаат дека Црна Гора треба да ја поедностави постапката за вработување странски работници по примерот на Хрватска. Црногорската влада минатата недела го објави предлог-законот за постојани сезонски работни места, што не го решава клучниот проблем – бргу и лесно вработување странски сезонски работници, од кои зависи локалната сезона, сметаат претставниците на туристичката индустрија. Со ...

Швеѓанец ја принудувал својата сопруга на сексуални односи со најмалку 120 мажи, јави денеска новинската агенција НТБ додавајќи дека се верува дека прекршоците се случувале во текот на неколку години, како преку физички средби, така и преку интернет. Како што пренесе ДПА, случајот е обелоденет пред извесно време, а мажот е во притвор од октомври под сомнение за тежок облик на подведување. Претходно се говореше за околу 30 мажи. Жената самата ...

Мозокот може да задржи одредено ниво на свест и часови откако лекарите ќе го прогласат пациентот за мртов, според податоците претставени на научна конференција во американската држава Аризона, објави денеска „Тајмс“ (The Times). По проучувањето на искуствата близу до смртта на оние кои се опоравиле од срцев удар, дипломираната студентка на Државниот универзитет во Аризона, Ана Фаулер повика на повторна проценка на „реверзибилноста на смртта“, ...

Младенци предизвикаа бурни реакции на социјалните мрежи откако во поканите за својата свадба побарале од гостите да платат по 75 долари за оброк на приемот. Случајот стана вирален откако еден корисник на Редит го сподели своето изненадување од, како што наведе, барањето на „близок“ пријател. Во објавата тој напиша дека во поканата стоела напомена: „За полесно да ги покриеме трошоците, љубезно ги молиме гостите да платат 75 долари по лице за ...

Дијалогот е клучен за решение на проблемот со минималната плата, истакна претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, кој денеска беше во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, каде што ќе се отвара Инвестициски центар. Азески прашан за зголемување на минималната плата и протестите на Сојузот на синдикатите на Македонија рече дека со протести нема да се најде решение за зголемување на платите на работниците и затоа ...

Полскиот премиер Доналд Туск денеска им порача на политичарите кои мислат дека е време за сила и политика заснована на логиката на комерцијалните трансакции, дека „во свет каде што секој може да се купи, исто така секого може и да го продадат“. -Од време на време слушам мислења дека е време за политика заснована на трансакции и за договор на големите сили. Оние кои мислат дека можат да купат секого, нека поведат сметка дека според оваа ...

Мвр билтен

27 минути - МИА
weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
3.09
58%
1026
weather icon

Загреб

11ᴼ / 6ᴼ
0.51
59%
1026
weather icon

Софија

8ᴼ / 4ᴼ
4.12
59%
1028
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
2.8
70%
1028
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 5ᴼ
0.74
66%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.13
69%
1026
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
71%
1027
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
67%
1029
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 2ᴼ
0.51
54%
1027
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
5.14
69%
1029
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Родиум

372948.66

Кобалт

66.14

Платина

68963.35

Рутениум

47358.05

Иридиум

231355.22

Сребро

2711.59

Алуминиум

3.42

Бакар

11.73

Калај

50.64

Злато

166253.76

Паладиум

51794.85

Цинк

3.24