Овен Денот ви носи зголемена енергија и желба за нови почетоци. На работното место ќе имате можност да покажете иницијатива и лидерски способности. Во љубовта, искрен разговор може да реши недоразбирање што ве оптоварувало подолго време. Бик Фокусот е ставен на финансиските прашања и планирањето на идните трошоци. Избегнувајте импулсивни одлуки. На емотивен план ве очекува мирна атмосфера и поддршка од саканата личност. Близнаци Вашата ...

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 24 до 33 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен ...

Пари Сен Жермен успеа да ја одбрани титулата во Лигата на шампионите, откако во драматичното финале на Пушкаш Арена го победи Арсенал по изведување пенали со 4-3. По 120 минути игра резултатот беше 1-1. Арсенал поведе уште во шестата минута преку Каи Хаверц, додека ПСЖ израмни во 65. минута со голот на Усман Дембеле од пенал. Во пенал-рулетот, францускиот тим беше посмирен и попрецизен. Решавачкиот момент се случи во петтата серија кога Лукас ...

Според податоците од системите за следење на поморскиот сообраќај, како и според иранските државни медиуми, во изминатите 24 часа успешно низ Ормутскиот Теснец поминале во просек од 20 до 30 трговски бродови и нафтени танкери. Движењето на бродовите се одвива под строги услови и со задолжително одобрување. Бродовите мора да добијат дозвола и да ја координираат својата пловидба со Морнарицата на Корпусот на Исламската револуционерна гарда на ...

На денот на Задушница, семејствата и блиските на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани повторно излегоа на улиците, испраќајќи јасна порака дека споменот на 63-те загинати не смее да избледи и дека правдата мора да биде обезбедена преку институциите. Во 19:05 часот од спортското игралиште во селото Ратавица започна 44-тиот „Марш за ангелите“, во организација на Здружението „16-ти Март“, именувано по датумот на трагичниот ...

Мечка утрово нападнала стадо овци во атарот на битолското село Крклино, при што една овца угинала, информираше градоначалникот на Битола, Тони Коњановски. Според неговите информации, настанот бил пријавен околу 9:30 часот и се случил под манастирот во близина на каналот на хидросистемот „Стрежево“. Сопственикот на стадото случајот го пријавил во СВР Битола. Коњановски соопшти дека веднаш стапил во контакт и со сточарот и со полицијата, од ...

Финалето на Лигата на шампионите меѓу Арсенал и Пари Сен Жермен ќе го добие победникот по продолженијата, откако регуларниот дел од натпреварот заврши нерешено 1:1. Лондонскиот тим поведе уште во шестата минута преку Каи Хаверц. Акцијата започна по грешка на капитенот на ПСЖ, Маркињос, во средината на теренот. Арсенал ја пресече топката, а Хаверц продре од левата страна во шеснаесетникот и со прецизен удар под пречката го совлада ...

САМО неколку часа откако ја напушти клупата на Ливерпул, холандскиот тренер Арне Слот стана главен фаворит за преземање на Милан. Се очекува да му се придружи Шпанецот Рамон Планес како спортски директор, а преговорите веќе се во тек, според новинарот Саша Таволиери. Голема чистка на Сан Сиро Се чини дека раководството на Милан брзо почна да бара нови решенија по големите промени во понеделникот. Поради неуспехот да се квалификува за Лигата ...

Кандидатот за нов претседател на Реал Мадрид Енрике Рикелме донесе четири автобуси со логоа на Реал Мадрид во Будимпешта пред финалето на Лигата на шампионите. Арсенал ќе игра против ПСЖ на Пушкаш Арената, додека Реал Мадрид беше елиминиран во четвртфиналето од Баерн. Рикелме напиша на автобусите „Уживајте вечерва, ќе се вратиме“. Потенцијалниот нов претседател на Реал е противтежа на Флорентино Перез, долгогодишниот владетел на Кралскиот ...

Топлите бранови, кои со себе носат и таканаречени тропски ноќи, можат сериозно да го нарушат квалитетот на сонот. Во такви услови, температурата, според метеоролозите, не паѓа под 20 степени Целзиусови, поради што многу луѓе тешко заспиваат, се будат почесто и се потат повеќе. Една студија покажа дека топлината генерално негативно влијае на сонот, но топлотните бранови можат да го скратат значително повеќе од другите топли периоди, пишува ...

Дејвид Бекам (51) со децении се смета за еден од најзгодните мажи во светот, а се чини дека неговите синови ги наследиле добрите гени. Најновите фотографии објавени од неговата сопруга Викторија (52) ги прикажуваат Дејвид и нивниот 23-годишен син Ромео како уживаат на одмор, а многу луѓе го забележале нивниот сличен стил, вклучувајќи ги и бројните тетоважи што ги красат двајцата. Семејството Бекам моментално одмара на Медитеранот, а Викторија ...

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека народот кој ги негува своите корени, јазик и култура никогаш не може да се изгуби, обраќајќи се на свечената академија по повод „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“, што се одржа во Нови Сад. Во своето обраќање, Мицкоски истакна дека зачувувањето на идентитетот не е случаен процес, туку резултат на посветеноста на генерации луѓе кои го пренесуваат јазикот, традицијата и културното ...

Намалување на цената на дизел горивото од 6 до 6,5 денари по литар, а цената на бензините да остане иста или да се зголеми за половина денар. Ова се очекувањата на премиерот Мицкоски базирани врз пресметките на Владата. Регулаторната комисија за енергетика, одлуката ќе ја донесе во понеделник. А Владата утре на седница ќе продолжи дел од мерките чија важност истекува во понеделник. Планот е ДДВ-то кај бензините да се врати на 18%, а да остане ...

Законот за заштита од пушење во вторник оди на владина седница, а ќе стапи на сила веднаш откако ќе го изгласаат пратениците. Сепак, оставен е рок од една година на угостителите да ги прилагодат објектите. Премиерот, министерот за здравство и еснафските здруженија задоволни бидејќи преку консултации изработиле најдобро решение за сите, на кое целта е заштита на јавното здравје. Премиерот Мицкоски најави ригорозни инспекциски контроли на ...

Одбележувањето на јубилејот „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“ претставува значаен историски и културен настан, порача министерот за култура и туризам Зоран Љутков на свечената академија што се одржа во Нови Сад. Љутков, кој е дел од македонската владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, истакна дека јубилејот е потврда за придонесот што Македонците во Србија го даваат во развојот на мултикултурното ...

Украина соопшти дека нејзините сили извршиле голема операција со беспилотни летала во текот на ноќта, при што биле цел на напад воени и инфраструктурни објекти во Русија, како и на териториите под руска окупација. Во објава на Телеграм на 30 мај, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е погоден уште еден објект од рускиот нафтен сектор во градот Армавир, кој се наоѓа на околу 500 километри од украинската граница. „Сосема е ...

Руските власти во саботата соопштија дека го повлекле својот амбасадор во Ерменија на консултации, во знак на протест поради сè поблиските односи на земјата со Европската Унија. Кавкаската држава со околу три милиони жители, која формално е сојузник на Русија, во последните години ги продлабочи врските со Западот, и покрај нејзината економска зависност од Москва. „Амбасадорот на Руската Федерација во Република Ерменија, Сергеј Копиркин, е ...

Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода осум лица кај кои била пронајдена дрога. На 28.05.2026 во 23:50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Н.М.(23) од Струмица. При преглед кај него била пронајдена марихуана. На 29.05.2026 година, врз основа на судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени две најлонски ...

Утре, во недела, крилото на Алијанса за Албанците предводено од Зијадин Села во Тетово ќе го одржи партискиот конгрес. Бидејќи не успеа да ги добие партиските печати, Села ќе ја официјализира новата политичка партија под името Албански сојуз. Арбен Таравари, кој во моментов располага со партиските печати, му посака „среќа и здравје“ на својот поранешен сопартиец. Села и Таравари ги разделија политичките патишта во 2024 година, кога едниот ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека Владата нема да направи никакви отстапки во однос на уставните измени сè додека не види конкретни чекори од бугарска страна во насока на исполнување на преземените обврски и почитување на европските вредности. Неговата изјава доаѓа откако бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова, оцени дека Македонија треба да бара решенија наместо проблеми и повтори дека Софија нема да ...

Англискиот фудбалер Ентони Гордон го коментираше неговиот трансфер во шпанскиот клуб од Њукасл. Напаѓачот потпиша петгодишен договор. – Сакав да играм за Барселона уште од мои три години. Зборувам шпански затоа што верував дека ќе играм за Барса. Имав физиотерапевт во Њукасл кој беше Шпанец и зборувавме шпански секој ден, изјави Гордон на официјалната веб-страница на каталонскиот клуб. Во сезоната 2025/26, Гордон одигра 46 натпревари за ...

Тројца планинари од Летонија го загубија животот откако паднаа во близина на опасен превој на планината МекКинли во Алјаска, додека четвртиот член на експедицијата е спасен, соопштија американски претставници. Летонска планинарска група соопшти дека тројца членови на експедицијата загинале откако паднале додека се искачувале во близина на превојот Денали до највисокиот врв во Северна Америка, додека четвртиот член на тимот е спасен и пренесен ...

Во Демократска Република Конго, бројот на лица за кои има сомневање дека се заразени со ебола изнесува 1.028, споредено со 906 претходниот ден, изјави министерот за здравство Самуел Роџер Камба. Тој рече дека има 225 потврдени случаи со оваа инфекција. Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека од прогласувањето на епидемијата на 15 мај во Конго се регистрирани десет потврдени и 223 сомнителни смртни случаи од ебола, ...

Полемиките околу евроинтегративниот процес и можните уставни измени продолжуваат, откако СДСМ повторно побара распишување референдум на кој граѓаните би се изјасниле за иднината на државата и нејзиниот пат кон Европската Унија, додека од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека уставни измени без јасни гаранции од ЕУ нема да има. Од СДСМ обвинија дека премиерот Христијан Мицкоски нема право сам да одлучува за иднината на граѓаните и побараа Владата да не бега ...

Се појавија информации дека Дуа Липа и Калум Тарнер планираат да стапат во брак следната недела. Албанската пејачка и актерот ја објавија својата свршувачка минатата година, а иако првично планирале интимна свадбена церемонија, според медиумските извештаи сега подготвуваат луксузна тридневна прослава во Италија. „Првичниот план беше за интимна свадба, но сега настанот ќе биде голема и луксузна прослава што ќе трае три дена. Тие изнајмиле ...

Четворица мажи кои десет дена беа заглавени во поплавена пештера во централен Лаос денеска беа успешно евакуирани, соопштија тајландските спасувачи. Операцијата за спасување е успешно завршена еден ден откако беше евакуиран првиот од петте заробени мажи. Петмината спасени се дел од групата од седум жители на Лаос кои влегоа во пештерата во покраината Ксаисомбун минатата среда во потрага по злато, но нивниот излез беше блокиран од пороен дожд, ...

Аеродромот во Минхен повеќе од еден час изутрината беше целосно затворен поради нарушувања кои пилоти ги пријавија за време на лет, а за кои имало сомневање дека биле предизвикани од дрон, пренесуваат германските медиуми. Аеродромот беше целосно надвор од функција од 9 часот, пренесува „Билд“. Како што потврди федералната полиција, сообраќајот беше прекинат на двете писти за полетување и слетување. Портпаролот на федералната полиција, Стефан ...

Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи е резултат на широк институционален процес, чија цел е да се обезбеди современо, јасно и спроведливо законско решение во интерес на здравјето на граѓаните, рече министерот за здравство, Азир Алиу, денеска во Владата, на состанок со претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, претставници на тутунската индустрија и претставници на угостителскиот ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека новото законско решение кое ги регулира производството, дистрибуцијата и употребата на тутунските производи е резултат на широк консултативен процес со сите засегнати страни и следната недела ќе биде разгледувано на владина седница. На средба со претставници на здруженија, производители, дистрибутери и угостителскиот сектор, Мицкоски истакна дека законот не бил донесен по принцип на ...

На 29.05.2026 во 08:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Л.Н.(62) постапувајќи по пријава дека физички ја нападнал и ѝ се заканувал на неговата малолетна ќерка и физички ја нападнал неговата 56-годишна сопруга. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека тој бил по дејство на алкохол, односно измерени му биле 0,70 промили алкохол во крвта и бил задржан во полициска станица. Известени биле ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.34
74%
1019
weather icon

Белград

16ᴼ / 16ᴼ
2.68
78%
1015
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
1.16
79%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.47
79%
1018
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.29
78%
1016
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
1.0
88%
1015
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
0.89
62%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.82
66%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.64
62%
1018
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 15ᴼ
1.34
89%
1014
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
0.89
76%
1012
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
1.39
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Паладиум

40767.15

Платина

55170.68

Калај

53.60

Цинк

0.00

Сребро

2186.28

Алуминиум

3.54

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Бакар

13.01

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Злато

135639.33