Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Компанијата ДПТУ Енерџи Лукс испрати демант до медиумите во врска со, како што наведуваат, неточни и тенденциозни информации поврзани со проектот за изградба на мала хидроцентрала кај селото Блатец. Од компанијата тврдат дека проектот се реализира врз основа на важечка концесија и соодветна документација издадена од надлежните институции на Република Северна Македонија, како и дека сите постапки се водат во рамки на законските процедури и ...
Дали ќе побарате одговорност од министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоиљковиќ затоа што избрка од работа седуммина вработени кои се од албанската заедница. Ова прашање упатено до вицепремиерот Беким Сали му го постави пратеничката на Европскиот фронт Рина Ајдари, која истакна дека овие седум лица потоа се повторно вратени на работа со што министерството ќе треба да плати отштета. -Бидејќи видовме дека министер за политички систем нема ...
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска на пленарна седница потврди дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование, иако опозициските пратеници побараа тоа. Јаневска истакна дека за законот сè уште се одвиваат јавни расправи на сите универзитети и дека нацрт-текстот е достапен на ЕНЕР за коментари од сите засегнати страни. „Нема да го повлечам законот. Ќе ви објаснам дека е за добробит на сите“, рече Јаневска ...
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска на собраниска седница оцени дека минималната плата во земјата е повеќе дневнополитичка тема отколку реално економско барање. Тој ги изнесе податоците за бројот на вработени и ги образложи економските параметри кои ја дефинираат платата. На прашањето на пратеникот од Левицата, Амар Мециновиќ, Дурмиши посочи дека во земјата има околу 700.000 вработени, од кои 100.000 во јавниот сектор и ...
Ф.Н. од Скопје освои СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТОТ, вреден 7.070.623 денари. Најпосакуваната ВЛТ добивка е освоена со играта „Флеминг Хот“, на видеолотариските терминали кај деловниот соработник „Моцарт“, на 15.02.2026 година, во Скопје. Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија од срце му честита на добитникот Ф.Н. и му посакува многу радост, исполнети соништа и незаборавни моменти. Во периодот од 09.02.2026 до 15.02.2026 година, Видеолотарија ...
Криминалот не се исплати, ве молам формализирајте го својот бизнис. Ваква порака испрати премиерот Мицкоски на годишната конференција „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“. Тој воедно најави системска борба со сивата економија, која го јаде државниот буџет. Земјава нема прецизни мерења, но според податоците на Светска банка сивата економија опфаќа околу 30 проценти од Бруто-домашниот производ. Најмногу ја има во ...
Внатрешни тензии го зафатија Движењето БЕСА, откако Централното собрание на партијата донесе одлука за целосно разрешување на претседателството, како формален чекор кон обединување на коалицијата ВЛЕН во еден политички субјект. Одлуката во јавноста беше толкувана како стратешки потег на претседателот Биљал Касами, додека во позадина беа спомнати и можни судири со потпретседателот Фатмир Лимани. Во меѓувреме, група локални функционери објавија ...
По предлог на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, вчера на две лица, кои претходно беа сослушани во својство на осомничени, судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје им определи мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа. „Како резултат на преземените дејствија и анализата на прибраните информации и докази, постојат основи на сомнение дека лицата преземале ...
Владата ќе се повлече од планот за купување нов државен авион, по серијата критики од СДСМ. Премиерот Мицкоски изјави дека иако на средбите со лидерот на СДСМ, Венко Филипче, било договорено да не се критикува одлуката за набавка на авион, тие сепак не го одржале зборот. Според него, владиниот авион е во возна состојба во моментов, а иницијативата за купување нов авион потекнала од лицата кои управуваат и оперираат со леталото. „Гледам дека ...
На 17.02.2026 во СВР Скопје е пријавено дека во 15:20 часот на локалниот пат с.Кучевиште – с.Кучевишка Бара се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(65) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.С.(57) од с.Кучевиште, скопско. На местото на несреќата починал возачот на патничкото возило „форд“ В.П., а лекар од Итната ...
На 18.02.2026 во 02:00 часот кај наплатна станица Демир Капија, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Р.С.(36) од САД. При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.С., кој дал на увид сообраќајна дозвола и возачка дозвола, но одбил да приложи документ за лична идентификација, по што физички ги нападнал полициските службеници кои вршеле ...
Расправа за предметот „Пулс“, што се води под К.бр.1872/25 и се однесува на пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, закажана за 19 февруари 2026 година, е одложена поради влошена здравствена состојба на еден од обвинетите. Од Основен кривичен суд Скопје информираат дека обвинетиот Г.М. се наоѓа на болничко лекување во Општата болница во Кочани и, според лекарските проценки, не е во состојба да присуствува на главната расправа. Во текот на ...
Поплавите кои повторно го зафатија Кичевскиот регион, како и области во Скопје и Гостивар, предизвикаа сериозни штети и зголемена загриженост кај населението. По обилните врнежи од дожд и излевањето на водотеците, голем број домаќинства се соочуваат со поплавени домови, оштетен имот и отежнато движење. Црвен крст на Република Северна Македонија веднаш излезе на терен и активно се вклучи во активностите за помош, во координација со надлежните ...
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска се обрати на конференцијата „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“, посветена на системските мерки и заедничките политики за намалување на сивата економија и јакнење на формалниот сектор. Во своето обраќање, министерот Дурмиши истакна дека неформалната економија е сложен и долгорочен предизвик кој ја нарушува конкуренцијата, ги оштетува работниците и го намалува ...
На 17.02.2026 во 09:45 часот во ОВР Неготино, 18-годишник од демиркаписко, пријави дека во октомври или ноември 2025, едно машко лице во Неготино му ја земало и фотографирало неговата лична карта со изговор дека е потребно во постапка за делење на пакети за црквата за што би добил паричен надомест, но до пријавување на настанот не бил повикан да дели пакети ниту добил пари и се сомнева дека личната карта му била злоупотребена за подигнување ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска кажа дека само со системски пристап може да се бориме против сивата економија, и дека државата треба да создаде правичности и еднакви правила за сите. „Бизнис-заедницата, меѓународните партнери, граѓанските организации, ми претставува особена чест да се обратам пред сите вас како клучни чинители во остварување на заедничката цел што нè обединува денес: формализирање на неформалната ...
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска на новинарско прашање рече дека Владата ќе се откаже од набавка на нов владин авион. Тој кажа дека по средбите со лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека тој му ветил дека нема да се критикува Владата поради набавка на нов авион, но тоа не се случило. „Воздухопловот е во возна состојба, и тие кои го управуваат иницираа да се создадат средства да се набави нов. Гледам од опозицијата реагираат, иако на ...
Бугарија ќе одржи нови предвремени парламентарни избори на 19 април, објави денес претседателката на земјата, Илијана Јотова. Минатата недела, Јотова го назначи Андреј Ѓуров, заменик-гувернер на Бугарската народна банка, за шеф на привремена влада задолжена за подготовка на нови парламентарни избори, осми во земјата-членка на ЕУ и НАТО за пет години, објави Ројтерс. Претходната влада поднесе оставка на 11 декември по неколку недели улични ...
Бурата во Грција предизвика поплави, лизгање на земјиштето и лизгање на земјиштето во Грција, а особено беа загрозени крајбрежните населби каде што беа пријавени големи материјални штети. Урагански ветрови, посилни i од 100 км/ч, го погодија подрачјето на Јонското Море, Крит и Егејското Море. Националната метеоролошка служба регистрираше налети на ветер од 110 км/ч на Крф – уништени се дрвја, а на неколку локации е регистрирана и помала штета ...
На 17.02.2026 во 21:55 часот во село Бучим, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишија од слобода Е.С.(36) од село Бучим и М.Р.(29) и Б.У.(24), двајцата од Радовиш. Лицата се затекнати во паркирано патничко возило „форд“ со радовишки регистарски ознаки во момент кога вршеле купопродажба на марихуана. Кога им пристапиле полициските службеници, Е.С. на подот од возилото фрлил повеќе пакувања со марихуана, кои се ...
Северна Македонија прави решителен чекор кон изградба на модерен, инклузивен и усогласен систем за управување со отпад во согласност со стандардите на ЕУ. ЕБОР организираше настан со националните и меѓународните партнери во Скопје, за да ја обликува агендата за новите вештини и работна сила за секторот. Работилница која беше одржана со претставници на високо ниво, под работен наслов „Патеки до вештините и инклузијата во секторот за отпад“, ја ...
Утре во текот на ноќта и во петок под влијание на нов влажен бран ќе има повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови (до 25 l/m²), а локално ќе има услови за појава на грмежи, велат од УХМР. Во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено со умерен до засилен северен ветер. Од понеделник ќе преовладува сончево време со пораст на ...
Масовна лавина го погоди подрачјето Вал Вени во близина на италијанскиот скијачки центар Курмајор, заробувајќи десетици скијачи во подножјето на планината. Драматичните моменти беа забележани во вторник кога огромна маса снег и мраз паѓаа по стрмна падина во близина на ски-лифтот Зерота, објавува Дејли меил. Снимките споделени на социјалните мрежи покажуваат скијачи како стојат покрај ски-лифтот, гледајќи кон планината со мешавина од страв и ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска имаше свое обраќање на меѓународната конференција „AI for Society & Smart Governance“, во организација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде што истакна дека вештачката интелигенција, освен што е технолошка тема, претставува и прашање на политики, институционален капацитет и одговорност кон граѓаните. „Во обраќањето нагласив дека клучното прашање не е дали ќе ја ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц го поддржа барањето за забрана на социјалните медиуми за лица под 14 години, како што побара неговиот коалициски партнер, Социјалдемократската партија на Германија (СПД), беше објавено денес. „Во ситуација кога 14-годишни деца поминуваат пет часа на ден пред екранот на мобилниот телефон и кога целосната социјализација се спроведува преку социјалните мрежи, не треба да бидеме изненадени кога истите овие деца ...
Ова е состојбата за поплави на територијата на државата до денеска (среда) 09:30 часот: Тетовски регион Во Тетово, патниот правец с. Тумчевиште – с. Чегране сè уште е затворен за сообраќај поради безбедносни причини. Нивото на реката Вардар е намалено во однос на претходните три дена и во моментов нема опасност од излевање. Во текот на ноќта, во селата Нераште и Глоѓи (Општина Теарце) паднати се две бандери од Телеком. Во с. Нераште бандерата ...
Преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава дека поради силен ветер летнала лимената конструкција од кровот на СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија. Според информациите, нема повредени лица. Побарана е интервенција од службени лица од МВР, како и од надлежните институции. За настанот се известени ТППЕ Гевгелија, ЕЛС Гевгелија и ПС Гевгелија, кои ќе преземат понатамошни мерки согласно своите надлежности. Во Ново Лисиче во ...
Попова Шапка утрово беше најстуденото место во Македонија. Во 8:30 часот утрово таму беа измерени -8 степени. После нив најстудени места беа Крушево и Маврово каде беа измерени -4 степени. Во Берово и Претор беа измерени -1 степен. МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (ВО оС) -8 Попова Шапка, -4 Kрушево, Mаврови Анови, -1 Берово, Претор, 0 Крива Паланка, Охрид, Битола, Прилеп, 2 Штип, Виница, 3 Тетово, Куманово, Струмица, 4 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, ...
Десет скијачи се водат како исчезнати, а најмалку шест други се заробени во обилните снегови и чекаат спасување, откако лавина погоди планински падини во планините Сиера Невада во Калифорнија, соопштија властите. Неколку часа по несреќата, која се случи доцна наутро кога се стемни и блискиот автопат беше затворен поради слаба видливост поради зимска бура, капетанот Расел Грин од канцеларијата на шерифот на округот Невада изјави дека ...
Аеродромот во Вилнус, Литванија повторно е загрозен од сомнителни балони, па воздушниот простор над него е ограничен, соопшти литванскиот Национален центар за управување со кризи. Како што е наведено, биле забележани навигациски ознаки карактеристични за балоните, а во согласност со протоколите за безбедност на цивилното воздухопловство, воздушниот простор над аеродромот во Вилнус бил ограничен од 20:30 до 21:30 часот по локално време, објави ...