Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Владата и Министерството за транспорт продолжуваат да работат на изнаоѓање решенија за проблемите со кои се соочуваат македонските транспортери поради имплементацијата на „EES“ (Систем за влез/излез) во Европската Унија, изјави денес вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Во врска со предупредувањата од некои транспортери за можни протести доколку не се најде решение до 1 септември, Николоски рече дека Владата е во ...
Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, вечерва спроведува трета вонредна акција за дезинсекција. Третманот ќе го опфати подрачјето на населбата и селото Драчево, со цел заштита на граѓаните и спречување на масовно размножување на комарците.Прскањето ќе се реализира во периодот од 22:00 до 24:00 часот, при што со специјализирано возило ќе се дејствува против возрасните комарци. Оваа трета вонредна интервенција се ...
Вкупно пет македонски семејства досега побарале помош или асистенција при евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција, информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Според информациите од дипломатско-конзуларното претставништво во Солун, македонските семејства, во координација со надлежните грчки власти, биле упатени кон најблиските евакуациски точки, каде што биле згрижени заедно со останатите туристи. ...
Центарот за управување со кризи информираше за пожарите на отворен простор во земјава до 07:30 часот. Како што соопштија од ЦУК, регистрирани се вкупно 40 пожари на отворен простор, од кои активни се 6 пожари, под контрола се 3 пожари, а изгаснати се 31 пожар. 6-те активни пожари се во Општина Студеничани: над с. Моране, Вртекица и Рамни Габер (мешана шума); Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол (ниска вегетација, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша нова мерка со која се воведуваат царини до 100 отсто за увоз на одредени видови дронови, образложувајќи ја одлуката со загриженоста за националната безбедност и зависноста на САД од странски производители. Царината од 100 отсто ќе се применува за дронови со димензии или способности кои се сметаат за особено чувствителни од аспект на националната безбедност. Во оваа категорија, меѓу другото, ...
Вкупно 36 лица побарале медицинска помош во Клиничкиот центар во Сплит поради повреди здобиени во синоќешниот пожар во близина на Омиш, односно во населеното место Локва Рогозница, пренесува ТВ21. По укажаната медицинска помош, 14 пациенти се задржани во болница, додека останатите се пуштени на домашно лекување, соопшти болницата. Седум пациенти се на интензивна нега и се во животна опасност. Уште тројца пациенти се сместени на одделението за ...
♈ Овен – Денот носи енергија за нови почетоци. На работа бидете директни, но избегнувајте импулсивни реакции. Во љубовта, искрен разговор може да расчисти недоразбирање. ♉ Бик – Финансиските прашања бараат повеќе внимание. Не брзајте со поголеми трошоци. Во љубовта ве очекува мирна и стабилна атмосфера. ♊ Близнаци – Ќе имате многу обврски, но и можност да завршите нешто што долго го одложувате. Добар ден за комуникација, состаноци и нови ...
Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој повремено ќе засилува. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до ...
Унгарија брзо се движи кон преградување на Дунав, кој нагло опадна поради суша, за да се одржи ладењето во нуклеарната централа Пакш, изјави денес премиерот Петер Маѓар. „Почнавме со изградба на ниска брана што ќе придонесе за трајно зголемување на Дунав“, изјави Маѓар пред новинарите во Пакш, 100 километри јужно од главниот град Будимпешта. Само две од осумте турбини во единствената нуклеарна централа во земјата сè уште работат среде ...
Вторите светски игри на хуманоидни роботи ќе бидат отворени на 22 август во Националната овална палата за брзо лизгање во Пекинг, позната и како „Ледената лента“. Игрите се организираат заеднички од Градот Пекинг, Кинеската медиумска групација и други организации. На овогодишните игри ќе учествуваат 666 екипи и 2.056 роботи од 16 земји од шест континенти. Во споредба со минатата година, бројот на екипите е зголемен за 138 проценти, додека ...
По повод 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор, министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, изјави дека станува збор за договор кој продолжува да живее во животот на луѓето, како што додаде, „не затоа што беше совршен или ги реши сите проблеми, туку затоа што им даде на земјата и на народите можност да ја изберат својата иднина“. Ферати рече дека денес се навраќаме во минатото за да се потсетиме што ги одржувало народите ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со внимание ја следи актуелната состојба со пожарите во Грција, преку своето дипломатско-конзуларно претставништво во Солун и во комуникација со надлежните грчки институции. Апелираме до нашите државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса ...
TESLA започна со повлекување на одредени модели на Model 3 и Model Y бидејќи нивните кратки светла го надминуваат максималниот дозволен интензитет во Соединетите Американски Држави. Претерано силните светла можат да ги заслепат возачите што доаѓаат од спротивната насока и да ја намалат видливоста, зголемувајќи го ризикот од несреќа. Повлекувањето се однесува на Model 3 произведени помеѓу 2017 и 2023 година и Model Y произведени помеѓу 2020 и ...
Американскиот кошаркар Џа Морант повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат не со своите движења на теренот, туку со екстремно скап накит. Новиот играч на Портланд Треил Блејзерс го прослави својот 27-ми роденден со купување дијамантска навлака за заби која наводно чинела 250 илјади долари, или околу 215 илјади евра. Станува збор за луксузен декор, таканаречен „грилз“, кој се става врз природните заби и може да се отстрани. ...
Здружението на производители и трговци на какао во Гана го повика претседателот Џон Драмани Махама да не потпишува нов закон со кој се наметнуваат строги казни за пренамена на земјиште под плантажи, предупредувајќи дека тоа го загрозува нивниот егзистенција. Парламентот на Гана кон крајот на јули донесе закон со кој на плантажите со какао им се дава статус на заштитено земјиште. Секоја пренамена мора да биде одобрена од регулаторот за какао ...
Селото Лознани во Битолско беше во голема опасност од пожар, но благодарение на брзата интервенција на битолските пожарникари и помошта од локалните жители е спречена поголема катастрофа, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Ангелов посочи дека опасноста сè уште не е целосно отстранета, бидејќи пожарот продолжува да се движи од другата страна на ридот. „Пред голема опасност беше селото Лозани, ...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, во врска со ширењето на лажните информации на социјалните мрежи за наводно загадување на водата за пиење во Скопје, до сега повика 13 лица на информативен разговор. Со лицата е извршен службен разговор, при што сите се изјасниле дека информациите ги објавиле или споделиле откако претходно виделе слична објава на ...
Грчката Цивилна заштита издаде предупредување за екстремна опасност поради шумски пожар во областа Касандра, во регионалната единица Халкидики. Предупредувањето е испратено денеска во 14:40 часот, со апел до граѓаните и туристите да бидат особено внимателни, да останат информирани и да ги следат инструкциите на надлежните служби. Од властите се упатува и апел за почитување на мерките за самозаштита поради опасноста од брзо ширење на огнот. ...
Во шумата над селото Габер пожарот е проширен, но ситуацијата кон населените места во селото Габер е под контрола и во моментов не претставува опасност за жителите. Поради тоа што пожарот се наоѓа во планински и непристапен терен, каде што интервенцијата од земја е отежната, во овој момент ќе интервенираат три авиони „Ер Трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување, како и еден авион на Министерството за внатрешни работи. Пожарот се движи ...
Голем пожар избувна попладнево во Сивири, на првиот крак на Халкидики, а поради брзото ширење се евакуираат туристи и жители. Неофицијално, повеќе од 250 лица се евакуираат по морски пат со чамци и бродови на крајбрежната и противпожарната служба, како и со приватни пловила. Пожарот се шири од Касандрија кон Сивири, а евакуација е наредена и во Фурка. Во гаснењето се ангажирани 148 пожарникари со 54 возила, девет авиони и три хеликоптери. ...
Одобрени се 145 нови имиња на улици во Општина Тетово, додека остануваат уште околу 100 за да се комплетира целосната листа. Процесот се очекува да заврши во текот на овој месец, а во септември листата со предлози официјално ќе биде доставена пред советниците на Општинскиот совет. „Ја одобривме и втората фаза на потврдување на имињата кои ќе бидат додадени на конечната листа на предлози, која ќе биде доставена до Општинскиот совет, а потоа ќе ...
Пример за соживот и почитување на етничките разлики, тоа е Струга – рече претседателката на државата Силјановска-Давкова за време на посетата на градот покрај езерото, на денот кога се одбележуваат 25 години од потпишувањето на Охридскиот договор. „Струга е град кој ги почитува и уважува сите етникуми и религии, град кој може да биде пример за соживот, а јас сакав да дојдам кај градоначалникот бидејќи тој беше избран како независен кандидат и ...
По повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, порача дека договорот претставува темел на мирот, соживотот и демократската иднина на државата. Филипче истакна дека Македонија е заеднички дом на сите граѓани, а различностите треба да се негуваат како сила на општеството, а не да се користат за политички поделби и ширење омраза. Тој потсети дека со Охридскиот рамковен договор ...
Со Охридскиот договор Македонија избра да ја гради стабилноста преку партнерство меѓу заедниците, истакна првиот вицепремиер Беким Сали на свечената седница на Владата по повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор. Како што истакна, со тоа беше воспоставен политички стандард според кој демократијата не се мери само преку слободни избори, туку и преку способноста на институциите да гарантираат вклученост, правична застапеност, ...
За 25 годишнината од Охридскиот договор со реакции и свои видувања се јавија државните функционери, но и партиите од албанскиот блок. Според претседателот на Собранието, овој договор останува важен столб на уставната архиктектура на нашата држава. „Дваесет и пет години подоцна, неговата важност мора да се гледа подалеку од политичките разлики и секојдневните толкувања. Охридскиот договор останува важен столб на уставната и институционалната ...
Ваквите објави на социјалните мрежи и пораките во затворените групи на апликациите за комуникација беа причина полицијата да преземе мерки. Пишувањата за контаминираната вода од скопскиот водовод предизвика паника во главниот град и поради тоа Министерството за внатрешни работи ги третира како дезинформации. „Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи презема соодветни мерки и активности, профилите на лицата се ...
Поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, излегува од притвор со гаранција во имот вреден 508 илјади евра. Судот, по позитивно мислење од Обвинителството, му определил мерки на претпазливост, јавување во суд и одземање на патната исправа. Притворот е укинат и за Томислав Младеновски и Ѓуро Чубриновски, со гаранции од 206 илјади, односно 1,6 милиони евра. Инаку, во истрагата се опфатени 18 лица, кои се сомничат за проневера на повеќе од ...
Лирим Хајредини, оперативен директор на телевизијата Алсат-М, бил пронајден без знаци на живот во утринските часови. По настанот, на местото излегле полициски екипи и истражители, а телото на починатиот е предадено на обдукција со цел да се утврдат околностите за смртта. Хајредини беше дел од Алсат-М 16 години, каде што беше ценет поради неговата посветеност и професионализам. Погребот ќе се одржи во петок во Тетово. Во овие болни моменти, ...
Демократската унија за интеграција реагираше на обвинението на Обвинителството против осум лица, меѓу кои и поранешниот вицепремиер Артан Груби, оценувајќи го како политичко и селективно обвинение. Од партијата велат дека по две години истрага, јавноста треба да знае врз кои конкретни докази и аргументи е подигнато обвинението, а бараат целосна транспарентност на процесот и меѓународен надзор над случајот. ДУИ нагласува дека ја почитува ...
Пожарот во шумата над селото Габер се проширил на планински и непристапен терен. Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), ситуацијата во близина на населените места е под контрола и во моментов не претставува опасност за жителите. За гаснење на пожарот ќе бидат ангажирани три авиони „Air Tractor“ и еден авион на Министерството за внатрешни работи. Пожарот се движи во правец на селото Вржале, а екипите на терен ја следат ситуацијата. „Во ...