Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Братислава оствари тет-а-тет средба со претседателот на Националниот совет на Република Словачка, Рихард Раши. Обајцата ја потврдија заедничката определба за интензивирање на парламентарната соработка меѓу двете земји. Во парламентарната дипломатија препознаваат суштински механизам за размена на искуства, градење доверба и зајакнување на демократските институции. Укажувајќи на нејзиното ...

Со концерти на музичари од Мали и Јужна Африка, утре во Националната опера и балет во Скопје ќе биде отворено 25. издание на ОФФест, еден од најзначајните фестивали на светска музика во регионот. Фестивалот започнува во 20 часот со настапот на триото Guitari Baro од Мали, а два часа подоцна на сцената ќе се појави јужноафриканската група BCUC, позната по својата експлозивна енергија и моќни сценски настапи. Guitari Baro, што во превод значи ...

Денес, на 178-та седница на Владата, помина Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи. Ова на социјалните мрежи го објави министерот за здравство Азир Алиу. Како што вели, ова е важен чекор за јавното здравје и за заштита на децата, непушачите, работниците и граѓаните. „Постојниот закон датира од 1995 година. По речиси три децении, реалноста е променета: денес имаме електронски цигари, нови никотински ...

Во текот на денешниот ден, овластени службени лица од Управата за финансиска полиција, постапувајќи по наредби издадени од судија на претходна постапка во координација и под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведуваат претреси на домови, деловни простории и лица на повеќе локации. Акцијата произлегува од предистражна постапка насочена кон откривање и ...

Нема да има потреба да се чека да се постават прашања, туку од самиот почеток постапката и одлуките на обвинителството ќе им бидат објаснети на граѓаните преку медиумите, најави јавниот обвинител Ненад Савески, зборувајќи за стратегиите на оваа институција за транспарентност кон граѓаните. Тој нагласи дека постои разлика помеѓу она што јавноста очекува да го чуе од обвинителството и она што законот не го дозволува. -За таа цел, планирам ...

Со доаѓањето на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во Скопје, Владата нема да го промени својот став за евроинтегративниот процес без јасни гаранции за негово завршување – изјави премиерот Христијан Мицкоски. Тој нагласи дека државата има капацитет и волја брзо да го заврши процесот на интеграција во Европската Унија, но додаде дека нема да поддржи, како што рече, „авантури без јасен крај“. Во врска со можноста за започнување ...

Министерството за економија и Агенцијата за вработување го претставија Оперативниот план за вработување 2026 година. Според надлежните, реформската агенда има за цел намалување на бројот на невработени за 20 проценти. Министерот Бесар Дурмиши изјави дека околу 90 илјади лица се регистрирани како невработени и примаат социјална помош, додека дел од нив работат на црно, практика која, според него, ќе биде прекината. „Во таа работна група треба ...

Западен Балкан може да стане центар за производство, складирање и споделување на чиста енергија со останатиот дел од Европа, но потребно е регионално поврзување и проекти. Енергетската ефикасност и справувањето со климатските промени се клучни за регионот. Силни пораки од домашните, европските и регионалните креатори на климатски и енергетски политики на Вториот ден од Македонскиот енергетски форум кој што се одржува во Скопје. –Регионалната ...

Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески уште еднаш побара поголема финансиска поддршка за Јавното обвинителство, оценувајќи дека институција со ограничени ресурси тешко може успешно да се справи со сериозниот и организиран криминал. На конференцијата посветена на новата стратегија за комуникација на Јавното обвинителство со јавноста, Савески порача дека обвинителите вложуваат максимални напори, но дека без соодветни буџетски средства ...

Мозамбик соопшти дека пет негови државјани биле убиени во „ксенофобични напади“ во Јужна Африка за време на викендот, а властите во вторникот работеа на репатријација на стотици други лица. Сепак, јужноафриканската полиција тврди дека во насилствата во крајбрежниот град Мосел Беј загинале само двајца државјани на Мозамбик. Ова се првите убиства кои официјално се поврзуваат со бранот антимигрантски протести што се шират низ оваа земја. Според ...

Бенјамин Нетанјаху се соочува со критики во Израел откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Израел ќе ги запре плановите за напад врз либанската група Хезболах во Бејрут, со што расте притисокот со кој се соочува израелскиот лидер во пресрет на изборите, за кои анкетите покажуваат дека може да ги загуби. Трамп вчера изјави дека Израел и Хезболах се согласиле да ги прекинат меѓусебните напади, само неколку часа откако ...

Иран разгледува предложен договор со САД за запирање на војната, објавија иранските медиуми во вторникот, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговорите за постигнување договор продолжуваат. Повеќе од три месеци откако САД и Израел започнаа напади врз Иран, конфликтот влезе во ќор-сокак, додека обидите за постигнување привремен договор засега не донеле конечен резултат, оставајќи го Ормускиот Теснец во голема мера ...

Централната изборна комисија денеска ја одржа својата редовна седница. На почетокот на седницата, ЦИК донесе одлука за акредитација на втората група од 15.782 набљудувачи за следење на предвремените избори за Собранието на Република Косово, кои ќе се одржат на 7 јуни. Акредитираните набљудувачи претставуваат 15 политички субјекти, 8 домашни невладини организации, 3 меѓународни организации, 26 домашни медиуми, 16 меѓународни медиуми и 4 ...

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, вели дека цените на основните прехранбени производи се стабилни и дека во моментов нема потреба од дополнителни мерки. Сепак, доколку кризата продолжи и се регистрира значително зголемување на цените, ќе бидат преземени мерки за заштита на граѓаните. „Од 55-те најпродавани производи, зголемувањето на цените е минимално и изнесува само 0,43 проценти, што значи дека цените се стабилни. Ако ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од Братислава порача дека сите земји кандидати за членство во Европската Унија треба да бидат третирани подеднакво и оценувани според европските критериуми, а не според билатерални прашања. Пораката беше испратена на заедничката прес-конференција со словачкиот претседател Петер Пелегрини, во рамки на нејзината официјална посета на Словачка. Сиљановска-Давкова истакна дека Македонија и Словачка ги ...

Владата е на вистинскиот пат и постапува правилно во евроинтегративниот процес, испраќајќи јасни сигнали до Европската Унија дека ги исполнуваме обврските кои ни припаѓаат. Ова го изјави Орхан Муртезани, советник на премиерот за Реформската агенда, неколку часа пред средбата со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Муртезани рече дека на средбата со Кошта ќе се разговара за Планот за раст, Реформската агенда и придонесот што ...

Со цел да се зголеми безбедноста на капачите и да се заштитат човечките животи, Владата донесе Одлука за ограничување на пловидбата на пловни објекти на трите природни езера во земјава. Одлуката е донесена на предлог на Министерството за транспорт и предвидува строги временски рестрикции за движење на скутери и чамци во текот на претстојната сезона. Според новите правила, пловидбата на скутери ќе биде целосно забранета во периодот од 1 јули ...

Руски ракетен и беспилотен напад во текот на ноќта однесе најмалку 18 животи низ Украина, меѓу кои и две деца, во еден од најголемите напади на Москва во последните неколку месеци. Според регионалните власти, во градот Днипро загинале 12 лица, меѓу кои осумгодишно момче и жена чии тела биле извлечени од урнатините на станбена зграда. Во главниот град Киев загинале шест лица. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека низ целата ...

Лидерот на Партијата на слободата и поранешен претседател на Албанија, Иљир Мета, пристигна во селото Чепан во областа Скрапар за да присуствува на погребната церемонија на својот татко, кој почина еден ден претходно. Лидерот на Партијата на слободата се сретна со жителите кои се собраа за да му оддадат последна почит на Реџеп Мета. На церемонијата присуствуваат генералниот секретар на Партијата на слободата, Теди Блуши, поранешниот пратеник ...

Белата куќа соопшти дека за Босна и Херцеговина е номиниран Роналд Џонсон од сојузната држава Масачусетс за функцијата вонреден и ополномоштен амбасадор на САД. Џонсон е пензиониран бригаден генерал од Корпусот на маринците на САД. За Србија е номиниран Мајкл Јанг од државата Ута. За Црна Гора е номиниран Питер Мекој од Јужна Каролина. Мекој во текот на својата правна кариера служел како државен обвинител за округот Јужна Каролина од 2020 до ...

На 01.06.2026 околу 11:40 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во хотел на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат З.Ј.(74) од Тетово, кој бил гостин во хотелот. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција. На 01.06.2026 околу 11:40 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во хотел на ...

Во јавноста денеска нова размена соопштенија меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, во кои двете партии ги изнесуваат своите ставови за актуелните политички и економски прашања во државата, со фокус на уставните измени и барањата за референдум, европските интеграции и реформите, како и економската состојба. Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека Македонија, како што наведуваат, повеќе нема да прифаќа нови отстапки без јасни и обврзувачки гаранции од Европската Унија ...

– Во втората половина на јуни седнуваме со партнерите од коалицијата за да разговараме како понатаму, така што мислам дека ќе имаме формат во втората половина од јуни, изјави премиерот Христијан Мицкоски во врска со најавите за реконструкција на Владата, пренесува ТВ21. Мицкоски рече дека во моментов е фокусиран на внатрепартиските промени во ВМРО-ДПМНЕ. Премиерот истакна дека не гледа причина за отстранување на ЗНАМ од владината коалиција, ...

Денеска остварив средба со вршителот на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнес, напиша на својот Фејсбук профил министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски. „На средбата изразивме задоволство од развојот на билатералните односи и стратешкото партнерство меѓу двете држави, како и подготвеност за натамошно продлабочување на соработката во повеќе области од заемен интерес. Разменивме мислења за актуелните ...

Изградбата на автопатот Требеништа–Ќафасан не е доведена во прашање. Во соработка со УНЕСКО ќе биде утврдена неговата конечна траса, изјави министерот за транспорт Александар Николоски. Според него, УНЕСКО ја смета за проблематична предложената траса, но конечниот став се очекува да биде познат кон крајот на јуни или почетокот на јули. Од Министерството за транспорт информираат дека Николоски нагласил оти ќе бидат вложени сите напори за да се ...

„Ние сме единствената држава која, во време на глобална криза во авијацијата, отвора нови воздушни дестинации. Во наредните недели ќе бидат отворени пет нови линии“, соопшти министерот за транспорт, Александар Николоски. „Austrian Airlines ќе започне со редовни летови од Виена до Охрид, што ќе биде многу важно за конекциски летови преку Виена. Додека Wizz Air ќе започне летови од Полска, односно од Вроцлав и Краков кон Охрид, што позитивно ќе ...

Американскиот претседател Доналд Трамп имал жестока вербална расправија со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на телефонски разговор одржан во понеделникот, во врска со ескалацијата на израелските воени операции во Либан. Според извештај на Axios, кој се повикува на двајца американски функционери, Трамп го нарекол Нетанјаху „луд“ и го обвинил за недостиг на благодарност, истовремено спротивставувајќи се на плановите на Израел за ...

Претседателот на Европски совет, Антонио Кошта, денеска попладне ќе престојува во посета на земјава, каде што ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски. Од владината прес-служба информираат дека Мицкоски ќе одржи тет-а-тет средба со Кошта, по што ќе следува состанок меѓу владината делегација и делегацијата предводена од претседателот на Европскиот совет. Потоа, Мицкоски и Кошта ќе одржат заедничка прес-конференција во Владата. ...

Во пресрет на денешната посета на претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта на Скопје, премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата нема да отстапи од својот став во однос на уставните измени без јасни гаранции дека земјата нема да се соочи со нови условувања на патот кон Европската Унија. Одговарајќи на новинарски прашања за очекувањата од средбата со Кошта и можноста за промена на владините позиции, Мицкоски нагласи дека останува ...

Бројот на потврдени случаи на ебола во Демократска Република Конго надмина 300, додека од последиците на заразата досега починале 48 лица, соопшти Министерството за здравство на оваа земја. Епидемијата и натаму се шири и сега опфаќа 23 здравствени зони во покраините Итури, Северен Киву и Јужен Киву. Најтешка е состојбата во покраината Итури, која со години се соочува со безбедносни проблеми. Таму се потврдени повеќе од 260 случаи на зараза. ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.13
71%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 14ᴼ
3.13
74%
1017
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.95
85%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.15
77%
1019
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
3.26
76%
1017
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.14
82%
1017
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
56%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.86
68%
1018
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
3.42
62%
1019
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
0.45
77%
1015
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
1.79
75%
1014
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 15ᴼ
1.66
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Паладиум

40767.15

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Цинк

0.00

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Сребро

2186.28

Рутениум

48965.59

Бакар

13.01