Утрово најстудено во Лазарополе каде се измерени 4 степени. Следуваат Берово и Попова Шапка со 5 степени, Маврови Анови, Крива Паланка со 6 степени. 9 степени Битола, Kрушево, 10 Тетово, Демир Капија, 11 Претор, Струмица, Прилеп, Охрид, 12 Виница, Куманово, Штип, Кавадарци, 14 Скопје-Зајчев Рид, Велес, 18 Гевгелија. Најмногу дожд изминатите 24 часа имало во Крушево, каде се измерени 34 литри на метар квадратен. 8 литри на метар квадратен ...

Идната сабота почнува полагањето на екстерните испити од државната матура за повеќе од 14.500 матуранти во учебната 2025/2026 година. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), пријавени се вкупно 14.587 ученици, од кои 12.184 за државна матура, 2.276 за државна стручна матура и 127 за државна уметничка матура. Првиот екстерен испит ќе се полага на 6 јуни од 9 часот, а учениците ќе избираат меѓу странски јазик, математика или ...

Овен Петок носи наплив на креативна енергија што треба правилно да ја насочите. Наместо да брзате со нови проекти, завршете го она што сте го започнале. Бидете внимателни со трошоците за забава навечер и избегнувајте импулсивни купувања. На лично ниво, ве очекува пријатно изненадување од сакана личност, што ќе ги промени вашите планови за викендот. Бик Денес бара од вас да бидете дипломатски во разговорите со колегите. Можеби ќе се ...

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степен. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 28 степени. Во сабота ќе се задржи ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја заврши повеќедневната посета на Кина, за време на која беа потпишани инвестициски договори вредни 953 милиони евра и најавени нови проекти во областа на технологијата, инфраструктурата и вештачката интелигенција. Вучиќ изјави дека се очекуваат нови кинески инвестиции во Србија, особено во јужниот дел на земјата, со потенцијални проекти во Врање, Лесковац и регионот на Пчиња. Тој нагласи дека ...

Вршителката на должноста во американската амбасада во Косово, Ану Пратипати, соопшти дека учествувала на промоцијата на документот за политики за течен природен гас (LNG), организирана од Американската стопанска комора во Косово, соопшти амбасадата. Од амбасадата наведоа дека таа истакнала како американскиот течен природен гас, кој е „изобилен и сигурен“, може да помогне во зајакнувањето на енергетската безбедност на Косово. „Соединетите ...

Свечената церемонија на доделување на престижната фудбалска награда „Златна топка“ (Ballon d’Or“), која од 1956 година ја доделува „Франс фудбал“, прв пат во историјата оваа година ќе се одржи во Лондон. Британската престолнина ќе биде домаќин на церемонија на 26 октомври, по повод 70-годишнината од воведувањето на наградата чиј прв добитник беше англискиот репрезентативец Стенли Метјуз. Ова не е прв пат церемонијата да се одржува надвор од ...

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека неговата влада ги донела „вистинските политички одлуки“ со оглед на состојбата што ја наследила, откако поранешниот лабуристички премиер Тони Блер ја обвини владата дека нема „јасен и кохерентен план“. Во обемен и остро интониран есеј, Блер оцени дека мерките како зголемувањето на придонесите за национално осигурување за работодавците, новите закони за работнички права и постепеното укинување на ...

Министерство за финансии на САД соопшти дека ќе отстрани 76 физички и правни лица од американската листа на санкции, при што најголем дел од нив се починати лица или компании кои веќе не постојат. Од Министерството наведуваат дека целта е да се намали административниот товар и вниманието да се насочи кон високоризични поединци и организации. Од Списокот на специјално означени граѓани и блокирани лица ќе бидат избришани 39 починати лица и 13 ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека е неопходно да се уреди централното градско подрачје, посочувајќи дека Градски трговски центар и недовршените фасади во центарот ја нарушуваат сликата на градот. Во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, Ѓорѓиевски рече дека Град Скопје има ограничени надлежности во ГТЦ, каде, како што наведе, функционираат само пункт за плаќање сметки и градското кино. „Останатото не е наша надлежност таму. Но, ...

Шведска потврди дека ќе ѝ пренесе на Украина 16 борбени авиони „ЈАС 39 Ц/Д Грипен“, во рамки на воената поддршка за Киев во војната против Русија. Според официјалните информации, испораката на авионите се очекува да започне на почетокот на следната година. Истовремено, најавени се и преговори за продажба на дополнителен број понапредни авиони „ЈАС 39Е“, кои се сметаат за модернизирана верзија на флотата „Грипен“ со подобрени борбени ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека превработеноста, високите трошоци за електрична енергија и застарената механизација се главните причини за финансиските проблеми во јавните претпријатија. Во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, Ѓорѓиевски рече дека е потребен системски пристап за стабилизација на состојбата и намалување на долговите. „Има неколку компоненти кои влијаат во целиот процес. Од една страна е превработеноста и ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека бил изненаден од одлуката за поништување на постапката за набавка на нови автобуси, додавајќи дека се надева оти третата постапка ќе биде успешна. Во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, Ѓорѓиевски посочи дека целиот процес не го води Град Скопје, туку Министерството за транспорт и врски преку Владата. „Искрено и за мене беше изненадувачки. Јас целиот изминат период кога зборувам на оваа тема ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека Град Скопје во изминатиот период добива силна и конкретна поддршка од Владата, особено во делот на комуналната инфраструктура и јавниот превоз. Во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, Ѓорѓиевски рече дека со премиерот разговарале за повеќе важни проекти, меѓу кои пречистителната станица и набавката на автобуси. „Имаме силна поддршка од страна на Владата во изминатиот период. Не е само ...

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, следната недела ќе престојува во турнеја низ земјите од Западен Балкан, каде ќе се сретне со лидерите од регионот и ќе биде ко-претседавач на Самитот ЕУ–Западен Балкан што ќе се одржи на 5 јуни во Тиват, Црна Гора. Како што соопшти Европскиот совет, посетата ќе трае од 1 до 5 јуни, а главни теми на разговорите ќе бидат проширувањето на Европската унија, постепената интеграција на регионот, ...

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека „динамиката на војната се менува во корист на Украина“. „Русија е во дефанзива – воено, економски, но и дипломатски. Но, како што покажаа последните напади врз Киев, Русија сè уште не покажува вистински интерес за мир, што беше и јасниот став на министрите денес“, изјави Калас. Таа посочи дека министрите имале „многу темелна дискусија“ за тоа што Европа ...

Во пресрет на „Молитвениот појадок во Југоисточна Европа“ во Тирана, ко-претседателот на ВЛЕН, Билал Касами, оствари средба со Јорида Табаку и со европратеничката и секретарка на Европската народна партија, Долорс Монсерат, на која се разговараше за политичките случувања во регионот, европската соработка и процесот на зачленување на ВРЕДИ во ЕНП, при што беше нагласено значењето на дијалогот и партнерството на патот кон европските вредности. ...

Матичните лекари ќе може да препишуваат фластери и мастики со никотин, како лекарства за прекинување на пушењето. За ова ќе започнат координирани активности на сите институции што можат да придонесат за граѓаните да се откажат од пушење. „Конкретно, се работи за трансмедални фластери, со мастики со никотин што може да ги користат граѓаните за да се откажат од тутунот. Целта, како што нагласив е да се обезбеди нивно присуство на пазарот, а ...

Опозициската СДСМ ја обвини Владата дека ги држи граѓаните во заложништво со политики против европската интеграција, под изговор дека Европа го загрозува македонскиот идентитет. Власта вели дека нема пари за референдум, но има за криминални тендери, изјави портпаролката на социјалдемократите, повторувајќи го барањето за референдум на кој граѓаните самите ќе одлучат за иднината на државата. „Граѓаните самите треба да одлучат дали се подготвени ...

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека Владата ќе инвестира 40 милиони евра за изградба на нов Универзитетски кампус на Универзитет „Мајка Тереза“. Според него, станува збор за капитален проект во областа на високото образование, кој претходно, како што наведе, бил „мисловна именка“ за претходните власти. „Оваа влада вложува 40 милиони евра за изградба на нов Универзитетски кампус на Универзитетот ‘Мајка Тереза’. Нешто што за владата во ...

Прашањето за „процентите“ денес кулминираше во дебатата меѓу пратеникот на Европскиот фронт, Скендер Реџепи- Зејд и премиерот Христијан Мицкоски. Реџепи, потсетувајќи го премиерот Мицкоски на неговите изјави за поддршка додека бил во опозиција, побара да се изгласаат уставните измени со кои би се отстранила формулацијата „20%“ што се однесува на албанскиот јазик во Уставот. „Во Уставот на Северна Македонија постои одредба според која ...

Арбен Таравари синоќа изјави дека Зијадин Села и Мендух Тачи не делуваат целосно како опозиција, бидејќи според него, во одредени ситуации соработуваат и се координираат со власта. Таравари како пример ги посочи случувањата во Тетово, каде што, според него, двајца советници од Алијансата за Албанците на Села излегле од советничката група на денот кога во Советот на Општина Тетово се гласало за зголемување на цената на отпадот и водата. ...

Задолжувањата, јавниот долг, ребалансот и буџетскиот дефицит беа дел од темите за жестока дебата на денешните пратенички прашања. Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи праша колку власта планира да ја задолжи државата и дали со ребалансот на буџетот ќе се продлабочи дефицитот во државната каса на 6 проценти како што предупреди и Гувернерот на Народната банка Трајко Славески. „10,8 милијарди евра постоечки јавен долг, плус 260 милиони нов заем, ...

Францускиот парламент едногласно го укина законот од 17 век што ги класифицираше луѓето како имот. Ропството официјално беше укинато во Франција пред два века, но законот, кој датира од времето на кралот Луј XIV, не е целосно формално отстранет од правниот систем, иако не се спроведува долго време. Законот од колонијалната ера, наречен „Закон на црнците“, ги третираше луѓето како движен имот и дозволуваше да бидат тепани, продадени, силувани ...

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп споделил нацрт-договор за мир поврзан со конфликтот со Иран со повеќе сојузници, меѓу кои и Израел, во обид да се спречат нови прекршувања на прекинот на огнот и ескалација на тензиите во регионот. Според дипломатски извори, двете страни се обидуваат да ги стабилизираат разговорите и да избегнат нови судири кои би можеле целосно да ги загрозат мировните напори. Во меѓувреме, пакистанскиот ...

Претседателот на ВЛЕН, за време на престојот во Тирана, соопшти дека се сретнал и со претседателот на ПД, Сали Бериша, кого, како што рече, „го поздравив за повторниот избор на чело на партијата и му посакав успех“, пренесува ТВ21. Како што изјави Касами, во фокусот на разговорите била потребата од подобрување на меѓуалбанската соработка, додавајќи дека „ќе ја продолжиме комуникацијата со цел подобра политичка соработка меѓу албанскиот фактор ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на врховна командантка на вооружените сили, заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска во Штип присуствуваше на презентацијата на воената опрема, како и на демонстрацијата на војничките вештини од различен вид. Настанот беше организиран по повод успешно реализираната вежба „Блесок 26“, во чии рамки, Лесната пешадиска баталјонска група доби ...

ОВР Неготино поднесе кривична пријава против правно лице од Скопје, В.М. од Австрија, одговорно лице во правното лице и Р.М.(52) од Гевгелија, раководител на подружница на правното лице во Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ по член 244 од Кривичниот законик. На 13.05.2026, полициски службеници од Надворешна канцеларија за криминалистички работи при ОВР Неготино, а подоцна и градежен ...

Маж е уапсен откако три лица беа повредени во напад со нож на железничка станица во Швајцарија, соопшти полицијата. Тие навеле дека трите жртви – швајцарски државјани на возраст од 28, 43 и 52 години – биле хоспитализирани по нападот на железничката станица во Винтертур. Осомничениот, 31-годишен Швајцарец, користел остар предмет, а мотивот за нападот сè уште се истражува, додала полицијата. Очевидец кој работи во канцелариска зграда во ...

Денеска во Брисел, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, се сретна со премиерот на Бугарија, Румен Радев, за да разговараат за подготовките за претстојниот самит на НАТО во Анкара. Г-дин Руте ѝ се заблагодари на Бугарија за нејзиниот придонес во обезбедувањето на источниот фланг, вклучително и „Црното Море, кое е од клучно значење за НАТО Алијансата“. Генералниот секретар истакна дека Бугарија е домаќин на НАТО напредните копнени сили во ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.89
59%
1019
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
4.02
70%
1015
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
0.9
72%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.02
51%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
4.3
64%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.76
76%
1015
weather icon

Атина

24ᴼ / 23ᴼ
1.79
53%
1016
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.05
52%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.7
52%
1018
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
1.34
72%
1014
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
1.79
68%
1013
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.66
62%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Злато

135639.33

Кобалт

45.39

Бакар

13.01

Паладиум

40767.15

Калај

53.60

Платина

55170.68

Алуминиум

3.54

Сребро

2186.28

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00