Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Албанија нема да го послуша барањето на Русија, откако Москва побара дипломатите и странските државјани да го напуштат украинскиот главен град Киев. Такво барање Русија упатила и до Соединетите Американски Држави на 25 мај. Министерот за Европа и надворешни работи, Ферит Хоџа, ова известување од Русија го оцени како „целосно неприфатливо“ и порача дека Албанија нема да се повлече. „Албанија го смета известувањето на Русија, со кое се повикува ...
Утре (29.05.2026) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градски гробишта „Бутел“ ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатуваат по улицата „Бутелска“, потоа лево по улицата „Александар ...
На 27.05.2026 во 23:30 часот во СВР Скопје 51-годишна жена пријави дека на 26.05.2026 околу 00:30 часот во кругот на здравствена установа на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот партнер С.Р.. На 27.05.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје, 36-годишен маж пријави дека на 25.05.2026 околу 21:00 часот во домот на подрачјето на Центар со остар предмет бил нападнат од неговата сопруга С.С. со која биле во бракоразводна постапка. На ...
Израелскиот министер за одбрана изјави дека е посветен на масовна миграција на Палестинците од Газа како дел од долгорочните планови на Израел за територијата, што критичарите го оценуваат како етничко чистење. Израел Кац изјави дека владата ќе спроведе план за заминување на голем број Палестинци од Газа „во вистинско време и на вистински начин“, во соопштение објавено во средата по ликвидацијата на Мохамед Одех, последниот воен командант на ...
Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 01.06.2026 година (понеделник) и на 02.06.2026 година (вторник), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги ...
Во текот на вчерашниот ден, Секторот за внатрешни работи во Дебар уапси 40-годишна жена која претходно пријавила дека нејзиниот сопруг ја нападнал физички, при што подоцна било утврдено дека пријавата е лажна. Против неа ќе биде поднесена соодветна пријава. „На 27.05.2026 година во 22:10 часот, полициски службеници од СВР Дебар ја лишија од слобода 40-годишната С.Р. од едно село во дебарскиот регион, откако претходно во полициска станица ...
Регулаторите на Европската Унија во четврток ја казнија компанијата „Temu“ со глоба од 200 милиони евра, откако истрагата на блокот утврди дека кинескиот онлајн трговец на мало не направил доволно за да ги заштити потрошувачите од нелегални производи. Казната на ЕУ од 27 земји доаѓа по прелиминарните наоди од минатата година, според кои „Temu“ ги изложувал потрошувачите на висок ризик од производи што се продаваат на платформата, како бебешки ...
Во близина на северниот брег на Турција во Црното Море се пријавени напади со дронови врз три танкери, соопшти турската поморска агенција Трибека. Танкерот „Џејмс II“, кој плови под знамето на Палау, бил нападнат околу 80 километри северно од областа Туркели во Црното Море. Танкерите „Алтура“ и „Велора“, кои пловат под знамето на Сиера Леоне, биле нападнати во истата област за време на операции за префрлање на товар. Според Tribeca, турски ...
По повод Светскиот ден без тутун, Министерството за здравство, заедно со ИЈЗ и СЗО се приклучува на одбележувањето на глобалната кампања на СЗО на тема „Разоткривање на привлечноста – спротивставување на зависноста од никотин и тутун“. Министерот за здравство, Азир Алиу истакна дека во заедничка соработка со СЗО, Институтот за јавно здравје, како и Центрите за јавно здравје, локалната самоуправа и локалните здравствени домови, отпочнати се ...
Во нови меѓусебни политички обвинувања, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ повторно разменуваат остри ставови околу економските политики, европската интеграција и иднината на државата. Од СДСМ, преку изјава на портпаролката Богданка Кузеска, обвинуваат дека Владата предводена од Христијан Мицкоски нема финансиски средства за клучни државни и општествени потреби, вклучително и евентуален референдум за прашања од национален интерес. Според нив, државата, ...
Во 2025 година, вистинското работно време за вработените со полно и скратено работно време во Европската Унија, на возраст од 20 до 64 години, во просек изнесувало 35,9 часа неделно, што претставува намалување од еден час во споредба со 2015 година, соопшти Евростат. Во Македонија, пак, вистинското неделно работно време изнесувало 39,5 часа. Од земјите во нашиот регион, според достапните податоци на Евростат, подолги работни недели имаат ...
Потрошувачката кошничка е подготвена, доставена е до Економско-социјалниот совет и очекуваме позитивни сигнали од сите за да започне нејзиното пресметување, изјави денеска заменик-министерот за економија, Марјан Ристески. „Потрошувачката кошничка не е алтернатива на минималната синдикална кошничка, таа едноставно ќе се базира на релевантни индикатори, не само од Државниот завод за статистика, туку и од сите други институции во државата – од ...
Со воведни излагања на странките денеска во Кривичниот суд официјално започна судскиот процес против апелациониот судија Ѓоко Ристов, во врска со случајот со пронајдени 350.000 евра скриени во ѕид во семејната куќа во Неготино. Судијката Билјана Коцевска од Одделот за гонење организиран криминал го отвори рочиштето, по што обвинителството и одбраната ги изнесоа своите почетни аргументи. Обвинителката Искра Хаџи Василева во воведниот говор ...
Нестабилното време денеска веќе се чувствува во одредени региони од државата, при што во околината на Кочани се регистрирани интензивни атмосферски процеси со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираат дека, според радарската слика, во Кочанскиот регион има појава на поизразени врнежи и електрична активност, што укажува на локална нестабилност. Во текот на денот времето ќе биде променливо ...
Поранешниот шеф на „Ферари“, Лукa ди Монтецемоло, кој ја водеше компанијата од 1991 до 2014 година, упати остри критики кон првиот електричен модел на италијанскиот производител, предупредувајќи дека брендот ризикува да го доведе во прашање својот легендарен статус со воведувањето на електрични возила. Првиот целосно електричен модел на „Ферари“ предизвика силни реакции во јавноста и меѓу љубителите на автомобилскиот бренд, а меѓу најгласните ...
Жена го загуби животот откако пожар избувна доцна синоќа во куќа во скопската населба Пинтија. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита во Скопје, додека полициски екипи во текот на денот ќе извршат увид на местото на настанот. „На 28.05.2026 во 01:48 часот во СВР Скопје е пријавено дека во куќа, сопственост на С.К. (45), во која живеела и нејзината мајка М.В. (85), во населбата Пинтија во Скопје, избувнал пожар. Од повредите ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, значително ги заостри барањата за постигнување можен договор со кој би се ставил крај на конфликтот со Иран. На состанок на кабинетот во Белата куќа, Трамп јасно порача дека Вашингтон нема да прифати половични решенија и категорично ја исклучи можноста Русија или Кина, како најблиски партнери на Техеран, да станат гаранти за иранскиот нуклеарен материјал. „Без ураниум во рацете на ...
Шеснаесет ученици загинаа во пожар во интернатско училиште во Гилгил, околу 120 километри западно од кенискиот главен град Најроби, изјавил полицаец за новинарите на местото на настанот. Уште 74 ученици се хоспитализирани со повреди, додал тој. Пожарот во училиштето за девојчиња „Утумиши“ започнал во раните утрински часови во четврток, додека учениците спиеле, соопштија Кенискиот Црвен крст и полицијата. Полицијата наведува дека се ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.М.(60) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „предизвикување на општа опасност“. На 07.04.2026 на место викано „Тафрачко маало“ во с.Бигла, делчевско, пријавениот намерно предизвикал шумски пожар, во кој биле оштетени површини на девет сопственици на катастарски парцели во с.Бигла. Надворешната канцеларија за ...
Војската на Кувајт денеска соопшти дека нејзините системи за противвоздушна одбрана пресретнале ракети и „непријателски“ дронови, но без да прецизира од каде биле лансирани. Во соопштението се наведува дека силните експлозии што се слушнале низ целата земја биле последица од дејствувањето на противвоздушните системи, кои ги неутрализирале заканите. Властите упатија повик до граѓаните да ги почитуваат упатствата и безбедносните мерки издадени ...
Оркестарот на Филхармонија вечерва од 20:00 часот ќе го одржи концертот со наслов „Виенска фантазија“, на кој како солист ќе настапи албанскиот виолинист Шќељзен Доли, додека диригент ќе биде Михаил Маќашчик. На програмата се делата „Четирите годишни времиња“ од Антонио Вивалди и Симфонијата бр. 40 во ге-мол од Волфганг Амадеус Моцарт. Концертот се реализира во соработка со фестивалот „Сцена на албанската сериозна музика“. Оркестарот на ...
Новите воени судири меѓу САД и Иран повторно ги вознемирија светските финансиски пазари, предизвикувајќи раст на цените на нафтата и пад на берзанските индекси во Азија и Европа. Цената на европската сурова нафта „брент“ порасна за повеќе од 3 проценти и достигна речиси 98 долари за барел, додека американската нафта „Вест Тексас Интермедиет“ се искачи над 91 долар за барел. Истовремено, приносите на европските обврзници пораснаа поради ...
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети и претседателот на АА, Зијадин Села, во Приштина оствариле средба со американскиот конгресмен Кит Селф. Тие велат дека со претседателот на Поткомисијата за Европа во Американскиот конгрес разговарале за политичката состојба во Северна Македонија, правата на Албанците, службената употреба на албанскиот јазик, како и за функционирањето на Уставниот суд и Бадентеровиот принцип. „На ...
Англискиот тим Кристал Палас, е освојувач на Лигата на Конференции на УЕФА. Во финалето Англичаните ја совладаа екипата на Рајо Ваљекано од Шпанија со минимални 1-0, и со тоа го подигнаа првиот евроспки трофеј во историјата. По првиот дел немаше ниту шанси, ниту голови, а на стартот од второто полувреме подобрата игра Кристал Палас ја круниса со гол преку Матета. Потоа Палас имаше уште неколку добри шанси да дојде до втор гол, но не ги ...
Македонија е рангирана на 79-то место во светот според „Numbeo Health Care Index 2026“, компаративен индекс што ја мери перцепцијата на корисниците за квалитетот на здравствениот систем. Според податоците, земјата има индекс од 55,4 и висока вредност на перципираните трошоци за здравствена заштита, со 99,3 во категоријата трошоци. На рангирањето, Македонија е зад Украина и Грузија, а пред Босна и Херцеговина, Алжир и Унгарија. На врвот на ...
Речиси 500.000 руски војници се убиени откако започна целосната инвазија на Украина во 2022 година, тврди најголемата британска разузнавачка агенција. Броевите ги откри директорката на GCHQ, Ан Кист-Батлер, во нејзиниот инаугуративен јавен говор, кога ги изложи заканите со кои се соочува Велика Британија и мерките за кои смета дека треба да се преземат за да се спротивстават на нив. Шефот на разузнавањето предупреди дека Велика Британија е во ...
По вчерашните изјави на премиерот Мицкоски дека нема повеќе простор за идентитетски отстапки, и покрај цената во евроинтегративниот процес, лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, излезе со остри критики, барајќи референдум на кој, според него, граѓаните треба да одлучат дали сакаат да ја платат цената за политиките на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, кои, како што рече, ја држат државата надвор од ЕУ. „Затоа ова веќе не е политичко прашање. Ова е ...
Центарот за истражување и креирање политики, во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер, денес организираше настан посветен на конкурентноста, иновациите и дигиталната трансформација во земјите од Западен Балкан, на кој беше презентиран Индексот за конкурентност и иновации на Западен Балкан. Центарот за истражување и креирање политики е независен тинк-тенк кој работи на унапредување на јавните политики преку истражување, анализа и дијалог ...
Пет од седумте лица кои останаа заробени во пештера што беше поплавена во Лаос беа пронајдени живи од спасувачите во среда, во инцидент што потсетува на драматичното спасување на тинејџери фудбалери во Тајланд во 2018 година. Тие беа пронајдени од специјализирани нуркачи во пештерите и засега остануваат заглавени во подземна пештера во централната лаошка покраина Ксаисомбун, додека спасувачите продолжуваат да ги бараат преостанатите две лица. ...
Капитенот на македонската репрезентација, Енис Барди, поради повреда на коленото ќе ги пропушти претстојните контролни натпревари против БиХ и Турција. Барди се појави на собирот на националниот тим, но по извршените медицински прегледи беше утврдено дека не е во можност да му се стави на располагање на селекторот Гоце Седлоски за дуелите со Босна и Херцеговина на 29. мај во Сараево и Турција на 1. јуни во Истанбул. Предводникот на нашиот ...