Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е уверен дека ќе постигне поволен договор за прекин на војната со Иран, но рече дека не брза и дека нема да брза, особено не поради домашните политички притисоци. Трамп ги отфрли загриженостите за исходот од претстојните среднорочни избори, велејќи дека верува оти иранскиот режим е без сила и нема друг избор освен да се согласи на договор под американски услови. За време на состанокот на ...
Откако го клањаа бајрамскиот намаз во Шарената џамија во Тетово, верниците се вратија во своите домови за да го честитаат празникот, најпрво во потесното семејство, а потоа кај роднините и блиските. Љубовта во семејството и меѓу пријателите беше пораката на сите за овој Курбан Бајрам. – Пораката на празникот генерално би била да бидеме во хармонија, семејна радост, да го посетуваме роднинството и нормално да внимаваме додека се движиме по ...
Во џамијата „Мустафа Паша“ во Скопје, уште од раните утрински часови започна централната свеченост по повод Курбан Бајрам. За време на свечената програма беа прочитани ајети од Куранот, а беа изведени и илахии на неколку јазици, во празнична и духовна атмосфера. Во својата порака, поглаварот на ИВЗ, Реис-ул-улема Шаќир Фетаи, истакна дека Курбан Бајрам и аџилакот се израз на верата, посветеноста и единството на верниците, пренесувајќи ја ...
Пред неколку дена Министерството за финансии соопшти дека ѝ ја одзело лиценцата за работа на една од најголемите компании за брзи кредити, „ Креди Јес“. Имајќи предвид дека станува збор за голем број граѓани кои склучиле договори за кредит со оваа компанија, ТВ21 побара појаснување од Министерството во врска со нивниот понатамошен правен и финансиски статус. Дали постои можност за делумен или целосен отпис на долговите на граѓаните во вакви ...
Државниот врв им го честиташе празникот на верниците по повод Курбан Бајрам, испраќајќи пораки за мир, солидарност и соживот. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во својата честитка оцени дека во време на несигурности и предизвици, верските празници имаат посебна духовна сила и служат како мост за зајакнување на почитта и разбирањето меѓу граѓаните. „Токму во способноста да се зачува и изрази љубовта и грижата за ближниот, дури и во ...
Додека Македонија продолжува со внатрешните политички спорови околу евроинтегративниот пат, Албанија бележи значаен чекор напред во процесот на интеграција во Европската Унија, по завршувањето на 8. Меѓувладина конференција, на која беше оценет напредокот во клучните реформи во владеењето на правото и правосудството. Премиерот Еди Рама изјави дека соработката со европските институции во областа на владеењето на правото станува сè подлабока и ...
Министерството за одбрана го објави конкурсот за упис на студенти и питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, за академската 2026/2027 година. Министерството упатува повик до сите млади лица кои ги исполнуваат условите утврдени во конкурсот да аплицираат и да ја искористат оваа значајна можност за нивен професионален и личен развој. Според условите на конкурсот, кандидатите треба да бидат државјани на Македонија, да имаат ...
Повикот на Зијадин Села за заедничка тркалезна маса на албанските парламентарни партии е невозможна мисија за Арбен Таравари. Според него, кој и да го покани, другиот нема да ја прифати. „Би било одлично да го направиме тоа, но тоа е невозможна мисија. Кој не би го прифатил тоа? Ако го повикате ВЛЕН, ДУИ нема да го прифати. Ако го повикате АА, ВЛЕН нема да прифати“, рече Арбен Таравари на гостувањето во ТВ21 во емисијата „Клик Плус“ која ќе ...
Црна Гора очигледно се соочува со проблеми во евроинтегративниот процес. Тоа доаѓа откако Холандија соопшти дека не се исполнети сите потребни услови за привремено затворање на Поглавјето 2 во преговорите за членство на Црна Гора во Европската Унија. Според ставот на холандската дипломатија, едно од главните прашања е поврзано со пристапот до пазарот на труд. Хаг бара црногорските граѓани во ЕУ, како и граѓаните на земјите членки во Црна ...
Министерството за внатрешни работи со цел одржување на професионалниот стандард, дигнитетот на институцијата и меѓусебната почит, ја информира јавноста дека воведува Кодекс за облекување за сите вработени и странки кои ги посетуваат просториите на Одделот за граѓански работи при Министерството за внатрешни работи. Како институција која е постојан сервис на граѓаните, веруваме дека соодветното облекување придонесува кон подобра работна ...
Со огромно мнозинство, унгарските пратеници изгласаа земјата да остане членка на Меѓународниот кривичен суд, со што се поништи одлуката донесена од претходната влада на доскорашниот премиер Виктор Орбан. Гласањето во среда се случи неколку дена пред земјата да стане единствената земја-членка на ЕУ што не ја признава надлежноста на меѓународниот трибунал, чија цел е да ги гони обвинетите за воени злосторства, геноцид и злосторства против ...
Во екот на подготовките за одбележување на независноста на Македонија на 8. септември, Владата денеска обелодени дека како дел од прославата ќе биде и познатниот шпански терот Хозе Карерас. „Навистина како Влада се подготвуваме за сериозно одбележување, достоинствено одбележување на 35 независност на Република Македонија. По онаа најава за 8 септември, еве денеска можеме да најавиме навистина уште една интернационална музичка ѕвезда, но уште ...
Со стапување во сила измените на Законот за безбедност во сообраќајот, ицата кои поседуваат возачка дозвола со „Б“ категорија, од денеска може да управуваат мотоцикли со автоматски менувач со зафатнина на моторот од 125 кубици, и чија сила на моторот не е поголема од 11 KW. Движењето ЗНАМ ги поднесе новите законски измени, и беа изгласани на 8 април годинава од мнозинство во Собранието. Со тоа во Македонија возач кој поседува возачка дозвола ...
Прес-конференција одржа денеска Националното здружение за мултипла склероза, по повод одбележувањето на Светскиот ден на мултипла склероза. Исто така настанот послужи како еден вид платформа за обединување на пациентите, здравствените работници и соработниците на здружението со една цел: редефинирање на иднината на здравствената заштита, подобрување на квалитетот на живот и овозможување соодветна, современа и децентрализирана грижа за секој ...
Во рамки на кампањата „Донирањето органи му дава повисока смисла на човештвото!“, директорот на Клиниката за нефрологија, д-р Никола Ѓорѓиевски, повика на зголемување на свеста и поддршката за донирање органи како еден од најхуманите чинoви. Тој нагласи дека солидарноста и хуманоста можат да им помогнат на пациентите на кои им е потребна трансплантација, а воедно да го зајакнат и целото општество. „Донирањето органи е најхуманиот чин што им ...
Двајца косовски државјани се уапсени под сомнение за шверц на мигранти, откако полицијата откри седум египетски државјани во возило со косовски регистарски таблички во близина на наплатната рампа во Демир Капи. Според Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил вчера на автопатот Гевгелија-Неготино, кога биле запрени две возила – „Фолксваген транспортер“ и „Шкода октавија“ – управувани од А.Г. (42) и Г.Г. (39) од Косово, додека ...
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција побара власта да распише референдум за членство во ЕУ, и дека за тоа мора да одлучат сите граѓани. „Ова е прашање на сите нас, за секој еден граѓанин, за нашите семејства. Едноставно прашање за нашата иднина. Ова, почитувани граѓани, е референдумско прашање. Не може Христијан Тино Мицкоски да одлучува за нашите судбини“ , рече Филипче. Тој додаде дека последиците од погрешните ...
Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници дека крајниот рок за проверка и потврда на Годишната даночна пријава за 2025 година истекува на 31 мај 2026 година. Со оглед дека станува збор за неработен ден (недела), рокот за потврдување на годишната даночна пријава е 01 јуни 2026 година. Ова значи дека граѓаните кои оствариле приходи во 2025 година треба најдоцна до 01 јуни 2026 година да извршат увид во своите даночни пријави ...
Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е отворен првиот Центар за тироидна жлезда во земјава, кој нуди комплетна дијагностика, третман и следење на сите заболувања на тироидната жлезда кај возрасни и деца. Во рамки на Центарот функционира мултидисциплинарен тим специјалисти по нуклеарна медицина, торакална хирургија, радиологија, патологија, педијатрија и ендокринологија, кои на пациентите ќе им овозможат сеопфатна грижа за сите проблеми со ...
Во високото универзитетско образование, во високите стручни школи и факултетите, минатата година дипломирале 7.612 студенти, што претставува зголемување од 8,4 отсто во споредба со 2024 година, соопшти денеска Државниот завод за статистика. Од вкупниот број дипломирани во првиот циклус на студии минатата година, 27,3 отсто дипломирале во областите на бизнис, администрација и право. Од вкупниот број дипломирани, 5.677 или 74,6 отсто се редовни ...
Земјотрес ја погоди утрово централна Хрватска, во близина на градот Сисак, според податоците на Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Според првичните податоци на EMSC, земјотресот со јачина од 4,1 степени се случил во 09:51 часот по локално време, објави HRT. Епицентарот бил 56 километри југоисточно од Загреб и 10 километри јужно од Сисак, на длабочина од 9 километри. Граѓани пријавиле во EMSC дека потресот бил почувствуван на ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Шаќир еф. Фетаи, како и до сите верници од исламска вероисповед. „Дозволете ми Вам, лично, на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите верници од исламска вероисповед, да Ви упатам искрени честитки по повод големиот празник Курбан Бајрам, со желба да го поминете во мир, радост и семејна благосостојба“, се наведува во честитката на ...
Градот Скопје и Министерството за култура и туризам започнуваат нова фаза на институционална соработка со цел унапредување на културната и туристичката понуда на главниот град. Денес беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Град Скопје и министерот за култура и туризам Зоран Љутков, со кој, како што беше истакнато, се отвора ново поглавје во заедничките активности насочени кон развој на културата, туризмот и културно-туристичката понуда. Со ...
Најмалку 31 лице, меѓу кои и деца, го загубија животот по силен бран израелски воздушни напади во јужен и источен Либан. Додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети ескалација на воените операции против Хезболах, либанското Министерство за здравство соопшти дека десетици други лица се повредени во бомбардирањата, кои се сметаат за едни од најтешките од прекинот на огнот посредуван од САД во април, пренесува BBC. Израелската армија ...
Портпаролот за трговија на САД, Џејмисон Грир, синоќа изјави дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп планира воведување нови царини за партнерите од договорот за слободна трговија меѓу САД, Мексико и Канада (USMCA). Грир нагласи дека Вашингтон има сериозни нерешени прашања во трговските односи со Канада и дека воведувањето царини е неопходно поради големиот трговски дефицит. „Ќе мора да воведеме царини сè додека го имаме овој ...
Враќањето на поранешниот левичарски премиер Алексис Ципрас и појавата на нови помали партии се очекува да го преобликуваат и дополнително да го фрагментираат грчкиот политички пејзаж пред следните национални избори. Ципрас, кој ја водеше земјата за време на врвот на економската и должничката криза во 2015 година, спроведе процес на ребрендирање и се очекува да објави нова партија на 26 мај. Тој поднесе оставка од лидерската позиција во СИРИЗА ...
Бројот на потврдени случаи на инфекција со хантавирус, поврзани со првичната епидемија на крузерот „MV Hondius Luxury“, се зголеми на 13, соопшти денеска Светска здравствена организација (СЗО). Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на платформата „X“ објави дека Шпанија пријавила нов случај кај патник кој се наоѓа во изолација, со што вкупниот број на заразени достигнал 13. Тој додаде дека досега се регистрирани три смртни ...
Претседателот на Венко Филипче упати честитка до сите верници од исламска вероисповед по повод големиот празник Курбан Бајрам, посакувајќи им мир, здравје и благосостојба. Во честитката, Филипче истакнува дека Курбан Бајрам е симбол на човечноста, пожртвуваноста и грижата за сите, кој потсетува дека вистинските вредности се во солидарноста, подадената рака и подготвеноста за помош кон секого. Тој нагласува дека во духот на празникот треба да ...
Премиерот на Христијан Мицкоски упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед по повод големиот празник Курбан Бајрам, посакувајќи им добро здравје, мир, спокој и благосостојба во секој дом. Во честитката, премиерот истакнува дека Курбан Бајрам нè потсетува на вредностите на солидарноста, човечноста, меѓусебната почит и грижата за ближните. Тој нагласува дека во духот на празникот треба заеднички да се продолжи со градење општество на ...
Израел тврди дека го убил командантот на военото крило на Хамас, Мохамед Одех, во воздушен напад врз Газа во вторникот, неколку дена откако неговиот претходник загинал во сличен напад. Најмалку три Палестинци се убиени, а десетици се повредени во големиот напад во вторникот, кој погодил станбена зграда во една од најпрометните пазарни области во Газа Сити, соопштија локални медицински лица и сведоци. Израелската армија и безбедносната служба ...