Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Шпанскиот клуб Барселона на својата официјална веб-страница објави дека напаѓачот Карим Адејеми од германскиот клуб Борусија Дортмунд се пресели на „Камп Ноу“. Барселона и Борусија Дортмунд постигнаа договор за трансфер на напаѓачот кој потпиша договор со Каталонците до 2031 година. Адејеми, роден во Минхен носи возбудлив и разновиден напаѓачки потенцијал во Барселона. Во сезоната 2025/2026 во Бундеслигата, 24-годишниот Адејеми одигра 28 ...
Лука Модриќ и Милан го продолжија договорот. „Росонерите“ објавија дека играчот од средниот ред ќе помине уште една година со тимот и ќе продолжи да го носи дресот со број 14. Хрватскиот капитен одигра 37 натпревари за Милан во сите натпреварувања, постигнувајќи два гола. Модриќ во септември ќе наполни 41 година, но и натаму е сериозен фактор во светскиот фудбал. Лука Модриќ и Милан го продолжија договорот. „Росонерите“ објавија дека ...
Екс играчот на Манчестер Јунајтед, а и на Челзи, Алехандро Гарначо и официјално е нов играч на екипата на Реал Мадрид. Аргентинецот е позајмен на една година, а потоа Вила ќе има опција да го откупи под одредени услови секако. Гарначо ќе го носи дресот со број 17 во Астон Вила, дресот што го носеше за време на неговиот престој во Манчестер Јунајтед и на неговите осум настапи за Аргентина. Екс играчот на Манчестер Јунајтед, а и на Челзи, ...
Уште едно големо признание за македонската кошарка пристигнува во пресрет на Европското првенство за играчи „Под 18“ години од Дивизија „Б“, кое од 25 јули до 3 август ќе се одржи во Ријека и Опатија, Хрватска. ФИБА Европа го вклучи македонскиот репрезентативец Дамјан Данев во изборот на 10 кошаркари на кои треба да се обрне посебно внимание за време на шампионатот, издвојувајќи го како еден од најинтересните млади таленти што ќе настапат на ...
Долгото европско лето кога станува збор за екипата на Шкендија од Тетово, е стандардизирано. Едноставно тетовци годиниве и тоа како знаеја да направат серија на добри мечеви на интернационална сцена и за се стават на европската фудбалска мапа. Така беше минатата сезона кога тоа долго европско лето се претвори во најголемиот клупски успех и пласманот во групната фаза од Лигата на Конференции, а потоа и обезбедениот пласман во елиминациите од ...
Кошаркарскиот клуб Работнички предмалку објави дека за нов извршен директор на клубот е поставен Бранко Радевски. Покрај Радевски, направени се и промени во самата организациска поставеност на клубот, односно во одборот на директори. А таму, покрај Радевски, сега членуваат и Димитар Трајчевски, Миле Илиевски, Јорго Костов и Александар Стојкоски. Со ова се создава една сосема нова управувачка структура на клубот, а истата се надеваме дека ќе ...
Македонскиот репрезентативец до 17 години, Аеда Илјазовски е нов играч на екипата на Брондби. Момчето родено во Данска, и кое што досега настапуваше за екипата на Б.93 преминува во еден од најголемите клубови во оваа земја. Илјазовски нормално, со оглед на неговата 16. годишна возраст, засега ќе биде дел од У19 тимот, секако со намера да напредува и за брзо да се приклучи и на сериорскиот состав. Илјазовски е инаку играч за врска и е еден од ...
Македонскиот тенисер Калин Ивановски во вториот сет од мечот од второто коло со Словенецот Бор Артнак го предаде мечот поради повреда. Тенисерите минаа околу 70 минути на теренот до моментот кога Ивановски се повлече. Првиот сет му припадна на Артнак со 6:4 во гемови, откако успеа да направи брејк во третиот гем и да поведе со 2:1 во гемови. Ивановски во деветтиот гем успеа да спаси сет топка. Во вториот сет Артнак веднаш направи брејк и ...
Вториот тим на Пелистер стартуваше со подготовките за новата сезона во која ќе биде предводен од Бранислав Ангеловски. Екипата ќе се подготвува во Битола, а ќе одигра и контролни натпревари пред официјалниот старт. „Едноставната работа може да биде сложена доколку се експериментира. Ќе дадам сè од себе оваа екипа да го даде својот максимум на тренинзите, а со тоа и на натпреварите. Во ситуација сме на спој на младост и искуство, но ...
Македонскиот младински репрезентативец Давид Стојаноски, вечерва ќе се најде во составот на својот тим Браво кој што ќе излезе на мегдан против тимот на Шкендија во рамките од второто коло од квалификациите за Лигата на Конференции. Стојаноски кој што инаку е дете на тимот на Браво, како што е добро познато игра на левата бековска позиција и периодов се бори за минутажа во исклучително силниот состав. Тој беше дел од младинските селекции на ...
Матиц Сухолежник, 31 годишниот пивот е едно од трите нови засилувања во редовите на Алкалоид. Тој доаѓа од екипата на РД Слован, а во својата кариера има настапувано и за екипите на РК Целје, Данкерк и Саран од Франција, Бенфика од Португалија и за хрватскиот првак РК Загреб. „Впечатоците за Алкалоид се добри, ми се допаѓа и клубот и Скопје како град. Пред нас е многу работа, да бидеме спремни на почетокот на сезоната. Се надевам и верувам ...
КК Кожув додаде уште едно име во својот состав за новата сезона. Гевгеличани се диговорија со Дамјан Крстевски! Македонскиот бек-шутер, висок 193 см, зад себе има богато прволигашко искуство, настапувајќи за Работнички, Вардар, ТФТ и Пелистер. “Со својата борбеност, квалитет, сигурен шут и победнички менталитет, Дамјан ќе претставува големо засилување за нашиот тим во претстојната сезона. Му посакуваме многу здравје, успешна сезона и многу ...
Нејц Цехте е десен бек кој минатата сезона ја заврши кај финалистот на Лигата на шампионите, екипата на Фуксе Берлин од Германија, a во новата сезона ќе биде дел од тимот на Алкалоид. Своето големо искустви ќе се обиде да го пренесе во редовите на тимот од Автокоманда, македонскиот шампионат му е добро познат, останува во текот на подготовките да се прилагоди на системот на работа на тренерот Кирил Лазаров. „Пристигнав пред неколку дена и ги ...
Македонскиот фудбалски репрезенаттивец, Милан Ристовски и официјално е нов играч на тимот на Бајангкара од Индонезија. Долго очекуваниот трансфер на искусниот напаѓач конечно се случи и тој од вчера и официјално е претставен како новитет во овој тим. За Ристовски ова е прв ваков интернационален трансфер во егзотична земја, а досега веше дел од тимот на чешки Бохемианс. Секако беше дел од тимот на Ријека, а одработи позајмици во Нитро, Кршко, ...
Двајцата млади играчи на Брегалница, Лука Бојаџиев и Даријан Тасев и натаму ќе биде дел од тимот од Штип. Предмалку од клубот ја потврдија оваа информација, која што секако делува охрабрувачки за претстојната ПМФЛ сезоната. Бојаџиев и Тасев секако дека се важен дел од клубот и се опција за У21 местото за претстојниот шампионат. Двајцата млади играчи на Брегалница, Лука Бојаџиев и Даријан Тасев и натаму ќе биде дел од тимот од Штип. ...
На Вардар му се случи уште еден европски шок на домашен терен. Овојпат првакот на Македонија е поразен од првакот на Летонија во пресметката на „лузерите“ од Лигата на шампионите. Рига во Скопје слави со 2:3 во интересен дуел на кој гостинот ја демонстрираше квалитет, дисциплина и сила, иако за нас, за Вардар, за јавноста битно е тоа дека летонските фудбалери се хулигани и кршеле по соблекувалните, но не и тоа дека најдобриот клуб во земјава ...
Некогашниот македонски младински репрезентативец Нехар Садики е нов играч на екипата на Бајангкара од Индонезија. Дефанзивецот заминува на Исток по епизодата во Босна и тимот на Игман. Претходно својата интернационална кариера ја градеше и во Русија, како и во Албанија. Во домашниот шампионат играше за екипите на Работнички, Ренова, Еуромилк….За младинските селекции на Македонија одигра петнаесетина мечеви. Некогашниот македонски младински ...
Интер Мајами го обезбеди доаѓањето на Касемиро како слободен агент, но Американската фудбалска лига (МЛС) веднаш започна официјална истрага за трансферот. Лигата ги истражува наводите за нелегални преговори направени од ЛА Галакси, клубот кој имаше ексклузивни права да го доведе бразилскиот играч од средниот ред. Целиот случај го означи доаѓањето на поранешниот играч на Манчестер Јунајтед во САД. Интер Мајами го потпиша Касемиро откако тој ...
Луис Суарез го одбележа својот јубилејен 100-ти настап за Интер Мајами со два гола и го расипа дебито на Роберт Левандовски во дресот на Чикаго Фајер. Тимот од Флорида победи со 3:2, иако играше без Лионел Меси. Интер Мајами оствари важна победа во МЛС благодарение на расположениот Луис Суарез, кој постигна два гола во триумфот над Чикаго Фајер (3:2). Лионел Меси не беше дел од тимот од Мајами, бидејќи сè уште е во родниот Росарио, каде што ...
Петицијата која бара трајно исфрлање на аргентинската фудбалска репрезентација од светските првенства се прошири на Интернет за време на Светското првенство во 2026 година. Организаторите на кампањата, наречена Argentina Out, тврдеа дека 23.316.108 луѓе од приближно 170 земји ја поддржале за помалку од една недела. Петицијата е покрената поради незадоволството на дел од навивачите од судењето на аргентинските натпревари и верувањето дека ...
Шкендија вечерва (20:45 часот) му гостува на тимот на Браво во рамките на второто квалификациско коло во Конференциската лига. Тетовските „црвено-црни“ во пресметката со тимот од Словенија влегуваат со две победи, откако претходно ја елиминираа Европа. Во составот на тренерот, Артим Положани ќе бидат и двете најнови заасилувања, Марко Ѓорѓиевски и Јован Манев. А фановите на македонскиот тим дуелот кој се игра на Арена „Стожице“ ќе можат да ...
Две години поминаа откако Чави Хернандез ја напушти клупата на Барселона, а шпанскиот тренер сè уште не се нафатил на нова работа. Неговата долга пауза покрена прашања во фудбалските кругови за насоката во која ќе се развива неговата кариера. Чави го водеше првиот тим на Барселона од ноември 2021 до јуни 2024 година, кога клубот го раскина договорот со него и го ангажираше германскиот стручњак Ханси Флик. Иако неговиот мандат, обележан со ...
Вардар не успеа на домашен терен да дојде до победа во првиот меч од второто квалификациско коло против Рига во рамките на Конференциската лига. Македонскиот првак беше совладан со 2-3 на денот кога прославуваше голем јубулеј. Денеска од таборот на Вардар се пожалија дека гостинската екипа оставила хаос во соблекувалната, дел инвентарот е искршен, има и неколку шкафчиња исто така искршени. Реваншот помеѓу Вардар и Рига се игра за седум дена, ...
Поранешниот македонски репрезентативец Стефан Ристовски се огласи на социјалните мрежи по повод вчерашниот натпревар на Вардар против Рига во квалификациите за Конференциската лига. На Националната арена „Тодор Проески“ вчера требаше да биде вистински празник на фудбалот, бидејќи Вардар одбележа 79 години од своето постоење. Но, наместо тоа, трибините останаа полупразни, а токму тоа беше повод Ристовски да се огласи преку „Инстаграм“. „79 ...
Иднината на Расел Вестбрук во НБА лигата е под голем знак прашалник. Речиси е крајот на јули, а легендарниот плејмејкер сè уште нема клуб. Вестбрук има 37 години и нема многу избор. Засега најчудно е што ниту еден клуб не го ни посака во своите редови. Минатата сезона играше во Сакраменто Кингс, но франшизата од главниот град на Калифорнија не го сака назад. Како што објави аналитичарот Џејк Фишер, Вашингтон Визардс, за кои играше во ...
Интернационалецот од Луксембург во редовите на Вардар, Герсон Родригес очигледно е сериозно „колоритен“ лик. Ајде што откако пристигна во Скопје, со таа негова контроверзна биографија, портфолио и полициско досие, ајде што е активен ан социјалните мрежи секојдневно со скопските локали и ресторани каде што пробува најразлична храна и се навикнува на македонскиот стил на живот, очигледно дека има и специфичен начин на подготовка за мечевите. ...
✍ Марија Ковачева Македонската кадетска репрезентација одбројува до стартот на Европското првенство, кое од 29 јули до 9 август ќе се одржи во Белград. Предводникот на овој национален тим, Горан Кузманоски, и неговите момци ги прават последните подготовки пред заминувањето во Србија. Македонија ќе има тешка задача, бидејќи во групата ќе игра против Словенија, Франција и Шведска. Покрај подготовките во Австрија, нашите кадети во Скопје ...
Враќањето на навивачите на аргентинскиот клуб Тигре од натпреварот во Копа Судамерикана во Уругвај беше одбележано со вооружен напад врз нивниот автобус, при што беше ранет 57-годишен маж. Инцидентот се случил кратко откако тие го напуштиле стадионот во Монтевидео. Иако првичните информации говореа за двајца повредени, клубот и аргентинските медиуми потврдија дека е повредено само едно лице. Мажот бил погоден во раката и дланката, но ...
Македонскиот шампион, тимот на Вардар вечерва на Арената во Скопје, доживеа пораз од летонскиот тим на Рига со конечни 2:3, во првиот од двата дуела во рамките од второто коло од квалифиакциите за Лигата на Конференции. Вардар по втор пат летово во Европа губи на домашен терен. Од КуПС во квалификациите за ЛШ со 0:2, а еве сега и Рига си замина победнички од Арената. „Измешани чувста. Радосен сум поради она како одигравме, тажен поради ...
МЗТ Скопје го доби првиот распоред за новата сезона во АБА2 лигата, каде што повторно ќе се игра по систем со четири групи. Првопласираните екипи директно ќе обезбедат место во плејофот, додека второ- и третопласираните ќе мора да минат низ плејин-фазата. Ждрепката донесе ривали од Словенија, Србија и Црна Гора, а авантурата во регионалното натпреварување ја почнува на крајот од септември. „Во периодот што следува ги очекуваме и распоредите ...