Дефанзивецот на Наполи, Алесандро Бонџорно ќе паузира околу три месеци, откако му беше направена операцијата на лигаментот на десното колено. Тоа значи дека тој ќе ги пропушти првите десетина мечеви од шампионатот како и оние од Лигата на Шампионите. Ова е уште една повреда во серијата на пехови кои што му се случија на дефанзивецот откако се пресели во Наполи во 2024 година. Дефанзивецот на Наполи, Алесандро Бонџорно ќе паузира околу три ...

Марк Кукуреља, левото крило на шпанската репрезентација, е херојот на освојувањето на светската титула. Борбениот Кукуреља и неговата препознатлива долга виткана коса станаа заштитен знак на „Фуријата“, која, по освојувањето на Европското првенство, ја освои и светската титула. Симпатичниот Кукуреља беше ѕвездата на пречекот во Шпанија, кој донесе околу два милиони фанови на улиците на Мадрид. Тој го зеде микрофонот на сцената и, со помош на ...

Во пресрет на почетокот на новата ПМФЛ сезона, се дефинираат термините и саатниците на мечевите кои што се дел од првото коло. Шампионот Вардар, ќе ја стартува новата сезона на домашен терен в сабота на Арената Тодор Проески и дуелот со Брегалница кој што е закажан за 17:00 часот. Во истиот термин во Струга, Трим Лум ќе го пречека новитетот во ПМФЛ, тимот на Шкендија Арачиново. Од друга страна пак, тимот на Шкендија како домаќин во првото ...

ФИФА се соочува со логистички кошмар, бидејќи Светското првенство во 2034 година претставува сериозен предизвик. Како што се случи со Катар 2022, се очекува турнирот да биде поместен во зима поради неподносливата жештина на летото на Блискиот Исток. Сепак, извештај од американскиот медиум „Политико“ откри неколку големи конфликти во распоредот. Катарското издание се одржа од 20 ноември до 18 декември, што ќе се совпадне со Рамазан во 2034 ...

Ерлинг Халанд им кажал на своите претставници засега да ги стават на чекање сите разговори за можен трансфер. Норвешкиот напаѓач не сака да го напушти Манчестер Сити ова лето и планира да остане на „Етихад“. Халанд има 26 години, а неговиот договор со англискиот клуб важи до летото 2034 година. Според „Трансфермаркт“, неговата пазарна вредност е 200 милиони евра. Сепак, тој наводно ја гледа 2027 година како важен момент за преиспитување на ...

Европската ракометна федерација ја потврди распределбата на местата за машките клупски натпреварувања за сезоната 2027/28. Распределбата се базира на резултатите на клубовите од секоја национална федерација во текот на изминатите три сезони, од 2023/24 до 2025/26. Шпанија се искачи за едно место и е на врвот на листата во Лигата на шампионите на ЕХФ, Германија е рангирана највисоко во Европската лига, додека Босна и Херцеговина на табелата ...

Репрезентативецот Андреј Маслинко (29 год, 208 см) и во следната сезона ќе го носи дресот на МЗТ Скопје, откако ја продолжи соработката со македонскиот шампион за уште една година. За крилниот центар ова ќе биде седма сезона во тимот од Аеродром, каде што првпат пристигна во 2017 година. Во сино-белиот дрес досега освои три шампионски титули (2019, 2025 и 2026), како и три трофеи во Купот на Македонија (2018, 2025 и 2026), додека во својата ...

Манчестер Јунајтед се чини е многу блиску до ангажман и на францускиот репрезентативец Ману Коне. Според „Л’Екип“, Јунајтед моментално е пред Арсенал во трката за играчот од средниот ред на Рома, кој наводно сонува за преселба во Премиер лигата. 25-годишниот Французин беше клучен играч за Рома во последните две сезони, но по Светското првенство наводно е подготвен да го направи следниот чекор во кариерата. „Л’Екип“ пишува дека Манчестер ...

МЗТ Скопје Аеродром по 25 години повторно ќе настапува во европско натпреварување под капата на ФИБА, а освојувањето на домашните трофеи останува приоритет. Во клубот се убедени дека е дојдено време да се направи исчекор и да се врати европскиот сјај кој некогаш беше заштитен знак на „сино-белите“. За амбициите, формирањето на тимот, младинската школа и иднината на клубот, интервју за клупскиот веб-сајт даде извршниот директор, Филип ...

Еден од најтрофејните и највлијателни европски кошаркарски стручњаци, Светислав Пешиќ, доаѓа во Скопје на покана на Кошаркарската федерација на Македонија во рамките на годинашната задолжителна тренерска клиника која ќе се одржи на 24 и 25 август во Скопје. Пешиќ ќе биде главен предавач, како тренер чија кариера повеќе од четири децении претставува синоним за врвни резултати, лидерство и кошаркарско знаење. Член на Куќата на славните на ...

Капитенот на репрезентацијата на светскиот вицешампион Аргентина, Лионел Меси, беше играчот врз кого беа направени најмногу прекршоци за време на Светското првенство. 39-годишниот напаѓач мина со 20 прекршоци од противничките играчи за 8 натпревари на турнирот. Веднаш зад него со 18 прекршоци кои врз него ги направија противничките фудбалери беше Жереми Доку од Белгија, па еден помалку имаше врз ѕвездата на Англија, Џуд Белингем. Капитенот ...

Лука Модриќ ќе продолжи во дресот на Милан и следната сезона. Искусниот хрватски играч од средниот ред постигнал договор со италијанскиот гигант за продолжување на соработката, па ќе остане на стадионот „Џузепе Меаца“ и по истекот на неговиот претходен договор. Како што објави „Скај Спорт Италија“, челниците на Милан ги финализираат последните детали од преговорите, а Модриќ наскоро треба да потпише нов договор кој ќе важи до 30 јуни 2027 ...

Не е наивна повредата на Дарко Велковски кој е под посебен режим по дуелот со КуПС во Финска каде искусниот стопер се здобил со истегнување на мускулот на десната нога. Репрезентативниот дефабзивец нема да игра на утрешниот меч со Рига во Скопје во второто квалификациско коло од Конференциската лига. Искусниот стопер во овие моменти му е повеќе од потребен на тренерот Кристиан Фабиани кој по елиминацијата во Лигата на шампионите сега има ...

Македонскиот одбојкарски репрезентативец, Александар Љафтов во новата сезона ќе го носи дресот на македонскиот шампион Штип УГД. Клубот вчера го најави неговото доаѓање, а денеска и официјално го потврди трансферот на еден од најдобрите македонски одбојкари. Љафтов е еден од носителите на македонската одбојкарска репрезентација повеќе од 15 години. Минатата сезона ја помина во дресот на Бурган од Кувајт, а потоа ја заврши во Унгарија во ...

Младиот македонски кајакар Кристијан Смилев имаше одличен настап на Европскиот јуниорски куп во Чешке Буѓевице кој се одржа вчера. Во рамките на 14. рунда од натпреварувањето, нашиот најдобар јуниор убедливо го освои првото место, оставајќи го зад себе второпласираниот кајакар со заостанување од дури 5,64 секунди. Смилев сега продолжува на нови две трки од 15. и 16. рунда на Европскиот јуниорски куп во Руднице над Лабем, кои треба да бидат ...

Научниците регистрирале мерлива сеизмичка активност по постигнувањето на победничкиот гол на Феран Торес во продолжението од финалето на Светското првенство, но и веднаш по последниот свиреж на судијата, кога Шпанија ја освои својата втора светска титула. Истражувачите од Геонаучниот центар во Барселона анализирале податоци од Националниот географски институт на Шпанија (IGN) и Картографскиот и геолошки институт на Каталонија (ICGC), а ...

Шпанската фудбалска репрезентација синоќа допатува во Мадрид, каде што со своите навивачи ја прослави победата над Аргентина во финалето на Светското првенство. Тимот го водеше тренерот Луис де ла Фуенте, а по пристигнувањето ги чекаше автобус со пораката „Честитки, шампиони“. Репрезентацијата прво беше пречекана од шпанското кралско семејство во палатата Зарзуела, а потоа се сретна со премиерот Педро Санчез во палатата Монклоа. Централниот ...

Македонскиот фудбалски шампион Вардар ќе подели премија од 100.000 евра, доколку тимот успее да ја мине екипата на Рига во 2. коло од Конференциската лига на УЕФА. Ова е дополнителна мотивација за играчите и стручниот штаб, во очекување на двомечот со летонскиот шампион. Македонскиот првак утре на домашен терен го пречекува тимот на Рига во првиот меч од оваа фаза, а реваншот за една недела ќе се одигра во Летонија. Македонскиот фудбалски ...

Раководството на Кошаркарската федерација на Македонија денеска испрати уште една важна порака – дека во иднина нема да има простор за импровизации во овој спорт. Ако сите чинители во кошарката се обединети со една цел – заеднички да се подигне нивото и конечно да се фати курс кој ќе вроди со плод, тогаш ќе мора да се исполнат основните услови за секој клуб со право да може да се нарече професионален. КФСМ остана на ставот дека клубовите кои ...

Ждрепката одржана на Собранието на АБА лигата ги одреди составите на групите за сезоната 2026/27, во која регионалното натпреварување за првпат ќе има 20 учесници. Новата сезона ќе се игра според модифициран систем, со две групи од по десет клуба. По првата фаза, ќе следи втора групна фаза, по што ќе се игра плеј-оф. Дубаи ќе ја брани титулата освоена минатата сезона. ГРУПА А: Црвена звезда, Будуќност, Цедевита Олимпија, Цибона, Игокеа, ФМП, ...

Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, не се врати во Буенос Аирес со остатокот од националниот тим по финалето на Светското првенство, туку патуваше по друга рута, пишува аргетинскиот весник „Оле“. „Некои играчи ќе патуваат директно на други дестинации за да се приклучат на своите клубови или да го започнат својот одмор. Дел од делегацијата, составена од играчи, тренерски персонал и друг персонал, се враќа во Аргентина“, објавија од ...

Трите македонски клуба кои же бидат дел од новата сезона во АБА 2 лигата, денескаги добија своите противници во групната фаза на новиот формат на натпреварувањето. Екипата на ТФТ која минатата сезона стигна до финалето во борбата за влез во АБА лигата, новата сезона во АБА 2 ќе ја започне во групата Б каде ќе се сретне со екипите на Слобода Тузла, Шенчур, Херцеговац и Подгорица. Македонскиот шампион МЗТ Скопје А. ќе биде сместен во групата Ц ...

Претседателот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ), Алехандро Домингез, изјави дека Светското првенство во 2030 година сигурно ќе се одржи со учество на 64 репрезентации. „Следниот турнир ќе се одржи на домашен терен! Светското првенство во фудбал во 2030 година ќе се одржи во Уругвај, Аргентина и Парагвај. Ова е прекрасна можност фудбалот да ја прослави 100-годишнината од турнирот, со учество на 64 репрезентации“, напиша ...

Италијанската фудбалска федерација отворила преговори со Пеп Гвардиола за негов селекторски ангажман на клупата на „аѕурите“. Според новинарот на „Скај Спорт“, Пепе Ди Стефано, техничкиот директор на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), Паоло Малдини, и советникот Леонардо, минатата недела одржале неколку состаноци со поранешниот тренер на Манчестер Сити во Барселона. Шпанецот ја искажал својата намера да земе пауза од најмалку една ...

Аргентинскиот играч од средниот ред, Леандро Паредес, ги одиграл последните три натпревари на Светското првенство со скршено ребро. Како што објави новинарот Мартин Аревало, играчот играл со оваа повреда повеќе од една недела, и тоа на натпреварите против Швајцарија, Англија и Шпанија, додека се борел со силни болки. Имало денови кога болката дури и му го отежнувала дишењето. Тренерскиот штаб и медицинскиот тим на аргентинската ...

ФК Шкупи денеска објави дека в среда ги почнува подготовките за новата сезона. Во соопштението се вели дека по долг период на работа на стабилизација на клубот и решавање на проблемите, конечно е завршен процесот на сопственост. Клубот веќе има сопственик со 100% од акциите, во името на Беким Бафтјари. „Знаеме дека долго време чекавте на добри вести, но ова беше процес кој траеше време и требаше да се заврши во документарниот аспект. ...

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да го мине првото коло на Челинџерот во Палермо. Во првиот дуел денеска, тетовчанката во два сета беше поразена од Русинката Андреева со 6:2, 6:0. 215. светска тенисерка очигледно подобро се снајде во првиот меч на турнирот и не и дозволи на квалификантката од Вимблдон да дојде до второто коло. Ѓорческа минатата недела во Рим исто такауште на стартот беше поразена. Најдобрата ...

Англиските медиуми пренесуваат дека денеска, по извесен период борба со карцином, почина фудбалската легенда Кевин Киген. Некогашниот фудбалер, а потоа и менаџер на многу клубови, а и селектор на Англија, почина во 76. година од животот. „Со длабока тага ја објавуваме смртта на Кевин Киган. Поранешниот англиски фудбалер и менаџер се бореше со рак, а во последните мигови беше опкружен со сопругата и ќерките. Кевин, кој двапати ја освои ...

Светските медиуми пренесуваат дека извори од ФИФА потврдуваат дека во следниот период ќе има темелна дисциплинска истрага околу инцидентите по завршувањето на финалето од Мундијалот синоќа во кое Шпанија со 1:0 ја победи Аргентина и ја освои светската титула. Според изворот, неколку моменти ќе бидат детално пофатени, прегледани, а потоа и процесуирани. Во прв ред тоа е Леандро Парседес и црвениот картон кој што го доби за предизвикување ...

Охриѓанецот Џеди Осман е нов кошаркар на солунски ПАОК. Тој денеска само што пристигна во Солун беше топло пречекан од навивачите на ПАОК на аеродромот. 31-годишниот кошаркар ја прифати понудата на ПАОК за тригодишен договор вреден 9 милиони евра. Во пролетта 2025 година, Осман потпиша продолжување на договорот со Панатинаикос за уште две сезони, но неговиот престој во Атина заврши порано. Минатата сезона, напаѓачот одигра 39 натпревари во ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
94%
1006
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
7.2
59%
996
weather icon

Загреб

14ᴼ / 13ᴼ
2.57
93%
991
weather icon

Софија

19ᴼ / 13ᴼ
10.29
62%
1006
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
3.92
76%
1003
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
2.06
98%
990
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
5.81
88%
1016
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
5.66
40%
1006
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
7.72
72%
1005
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 12ᴼ
1.54
86%
1004
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
98%
995
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 17ᴼ
7.2
95%
1013
Currency

61.676

Currency

55.489

Currency

73.852

Currency

38.005

Currency

39.028

Currency

66.834

Currency

8.3272

Currency

0.66995

Currency

0.34797

Currency

0.52464

Currency

1.1042

Currency

0.59194

Иридиум

324722.54

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.01

Родиум

294983.10

Цинк

3.79

Сребро

1620.38

Паладиум

31700.64

Бакар

12.41

Рутениум

61086.42

Злато

124908.87

Платина

48836.98

Калај

47.40