Досегашната истрага за бегството на обвинетата Ива Михаилова од Кочани во Бугарија покажа дека таа во критичниот период не е евидентирана ниту при влез или излез од државата на македонските гранични премини, ниту на камерите на безбедносните системи, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за Сител. Тој посочи дека првичните информации кои се добиени и од бугарската гранична полиција се дека нема евиденција за влез ...
Министерот за внатрешни работи во вечерашното гостување на централниот Дневник на телевизија Сител рече дека безбедносните камери долж граничните премини и патните правци не ја регистрирале ниту неа, ниту нејзиниот адвокат во критичниот временски период — од моментот кога последен пат била забележана како се забавува во локал во Кочани, па сè до нејзиното појавување во бугарските медиуми Надворзувајќи се во одговорот, министерот рече дека ...

