Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Македонскиот второлигаш Македонија ЃП ќе мора да најде нов тренер. Боби Божиновски од денеска не е повеќе предводник на ѓорчепетровци. „Точно е дека повеќе не сум тренер на Македонија ЃП. Не успеавме да најдеме заеднички јазик со управата и решивме дека е најдобро да ја завршиме соработката. Им посакувам на сите во клубот с енајдобро и упешно преставување во второлигашката конкуреција“, изјави за „СпортСпорт“, Божиновски. Божиновски беше на ...
Англискиот репрезентативец Морган Роџерс го комплетираше трансферот во Челзи. 23-годишниот играч од средниот ред ги помина медицинските прегледи пред неговиот трансфер од Астон Вила во лондонскиот клуб, пишува новинарот Бен Џејкобс. Претходно беше објавено дека Лондончани ќе платат 117 милиони фунти за фудбалерот и ќе потпишат договор со него според шемата 6+1. Англискиот репрезентативец Морган Роџерс го комплетираше трансферот во Челзи. ...
Феран Торес влезе во историјата како човекот кој ѝ ја донесе на Шпанија втората титула на Светското првенство. Напаѓачот на Барселона влезе како замена во финалето против Аргентина и го постигна победничкиот гол во продолжението. „Многу тешко финале. Вакви натпревари никогаш не се лесни. Направивме сè што можевме и успеавме да победиме“, рече Феран Торес неколку минути по триумфот. „Сè зависеше од нас. Играњето против Меси беше неверојатно. ...
На подготовките во Турција, екипата на Тиквеш, доживеа уште еден пораз. Овојпат од екипата на Духок, со конечни 2:0. Претходно кавадарчани одиграа два дуела со екипата на Балтика во кои беа поразени. Следуваше дуелот со Анталијаспор во кој што Тиквеш исто така загуби со 2:1, а еве седоживеан е нов пораз од екипата кој што е дел од шампионатот на Ирак. На подготовките во Турција, екипата на Тиквеш, доживеа уште еден пораз. Овојпат од ...
Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија, преку проектот „Играј одговорно”, продолжува со иницијатива за превенција и психо-социјална поддршка на лица со проблематично играње игри на среќа. Во мрежата која е дел од оваа иницијатива, вклучени се советувалиштата во Скопје, Куманово, Прилеп, како и советувалиштето во Радовиш кое започна да функционира од април годинава. Советувалиштата функционираат во рамки на проектот „Играј ...
Екипата на КК Маџари беше еден од трите тима кои КФСМ ги објави дека не ги подмириле своите обврски кон федерацијата. Од таборот на минатогодишниот дебитант кој стигна до финалето излегоа со соопштение во кое се вели дека во целост ги подмириле своите обврски и дека доцнењето е поради технички причини. Во продолжение во целост ви го приложуваме соопштението: „Во врска со денешната објава на КФСМ, во која КК Маџари е наведен меѓу клубовите ...
Фудбалската Федерација на Белгија потврди дека Руди Гарсија повеќе не е селектор на репрезентацијата. Белгија ги заврши борбите на тукушто завршениот Мундијал во САД, Мексико и Канада, во четвртфиналето, и со тоа мандатот и на Гарсија очигледно заврши. ЈАвноста во Белгија настапот на Мундијалот го оценува како неуспешен, и критиките не недостасуваа. Особено поради начинот на кој што се испадна, со замената на голманите и грешката на Леменс ...
Репрезентацијата на Шпанија е новиот светски првак во фудбал. „Фуријата“ вчера во големото финале одиграно во Њу Џерски, САД, ја совладаа Аргентина довчерашниот шампион со 1:0, и на тој начин ја презедоа титулата во следните четири години. Тимот на Луис де ла Фуенте ќе биде пречекан од шпанското кралско семејство и премиерот Педро Санчез, а потоа во отворен автобус ќе прошетаат низ Мадрид, за да ги поздрават стотиците илјади фанови. Секако, ...
Во рамките на процесот на лиценцирање за натпреварувачката сезона 2026/2027, Кошаркарската федерација на Македонија за првпат воведе систем на лиценцирање кој, покрај организациските и техничките критериуми, предвидува и задолжително исполнување на критериумите за финансиска дисциплина. Сите клубови беа навремено и писмено информирани за условите, роковите и обврските кои произлегуваат од Правилникот за лиценцирање. Дополнително, ...
Она што беше најавено од СпортСпорт пред два дена, попладнево е официјално. Никола Василевски повторно е во сино – белото јато. Поранешниот младински репрезентативец е нов кошаркар на МЗТ Скопје и се враќа во добро позната средина, во која веќе настапуваше во минатото. Станува збор за 23-годишен бек, висок 190 сантиметри, кој зад себе веќе има и настапи за сениорската репрезентација на Македонија. Минатата сезона ги бранеше боите на Кожув, а ...
Со финалниот дуел помеѓу Шпанија и Аргентина, во кој шпанците со победата од 1:0 ја обезбедија светската титула, заврши Мундијалот во САД, Мексико и Канада. Во сиот овој изминат период, СпортСпорт ви обезбеди стручна анализа од неколку искусни македонски фудбалски стратези, а честа и одговорноста да го прокоментира финалниот дуел му припадна на Горазд Михаилов. Тој е убеден дека Шпанија е сосема легитимен освојувач на титулата, затоа што ...
Ја знаете онаа позната фотографија од 2007 година каде што Меси го бања бебето Јамал? Тоа момче порасна, стигна до финалето на Светското првенство и му ја зеде титулата пред носот. А потоа му се приближи на тревата за да го прегрне. Ќе признаете, тешко дека има подобар и полудо сценарио од фудбалот. По последниот свиреж на судијата, Меси остана да лежи на тревникот, видливо депресивен… Додека Шпанија славеше, Јамал беше меѓу првите играчи ...
Тринаесетгодишно дете смртно страдаше во градот Сиудад Родриго во покраината Саламанка. Жителите на ова мало гратче на западот од Шпанија ја славеа титулата светски шампион кај фонтаната на кружниот тек Глориета дел Арбол Гордо. Горниот дел од конструкцијата на фонтаната се урна и падна врз неколку луѓе кои беа под неа. Две лица беа згрижени во болница, а едно 13-годишно момче почина. Градскиот совет прогласи тридневна жалост. Ова не е прв ...
По се изгледа дека ништо од трансферот на “Фараонот“ во Турција. Пред два дена се појави информација дека најдобриот египетски фудбалер, Мохамед Салах, би можел да ја продолжи кариерата во Бешикташ, и сè одеше кон реализација на договорот, сè додека не се појави агентот на играчот, барајќи лична провизија од дури 35% од трансферот. Оваа информација ја сподели првиот човек на Бешикташ, Сердал Адали, нагласувајќи дека оваа бројка е ...
По завршување на финалето дел од Аргентинците се нафрлија врз Шпанците и почнаа да ги удираат, што секако наиден на осуда во фудбалскит свет. Сепак се чини дека еден репрезентатвец на довчерашниот светски првак направи потег за паметење, потег со кој го воодушеви целиот нормален свет. Аргентинскиот репрезентативец Кристијан Ромеро се најде во центарот на вниманието поради сцената со Доналд Трамп што ја обиколи светот. Финалето на Светското ...
Македонскиот шампион Вардар, го има пред себе предизвикот наречен Рига од Летонија. Тоа е противникот на „црвено – црните“ во второто квалификациско коло од Лигата на Конференциите. Првиот дуел е закажан за в среда на Арената Тодор Проески во Скопје од 20:00 часот, а реваншот е една недела подоцна на гости. Ждрепката пак која што денеска се одржа во УЕФА вели следново. Дека доколку Вардар го мине овој ривал, односно ја победи Рига во ...
Екипата на РК Вардар го закажа стартот на подготовките во новата сезона во која ќе настапува во Лигата на шампиони. Предводникот на „црвено-црните“ прозивката ја закажа на 27 јули во салата „Расадник“ која ќе биде новиот дом на актуелниот првак. Во агедната на Вардар се подготовки во Маврово, меѓународниот турнир во Струга, охридски турнир и два меча од регионална лига. Вардар во Лигата на шампиони доби силна група: Мелсунген, Висла и Нант. ...
Тимот на Шкендија пак, покрај Вардар, исто така го доби својот потенцијален противник во третото квалификациско коло од Лигата на Конференции. Тетовци се на мегдан против словенечки Браво во второто квалификациско коло, за да со евентуална елиминација на овој противник имаат интересен распоред. Шкендија го мине ли тимот на Браво, ќе се сретне со противникот од дуелот помеѓу косовскиот состав на Малишева, односно шкотскиот претставник ...
РК Бутел има ново име во своите редови. Имено Кристијан Стаменковиќ во наредните две сезони ќе го носи дресот на членот на ракометната Суперлига на Македонија. Стаменковиќ доаѓа од редовите на шампионот Вардар каде мина две сезони по трансферот од Голден Арт, каде беше меѓу најдобрите стрелци. 21-годишниот десен бек настапуваше за кадетската и младинската репрезентација на Македонија. Од Вардар во РК Бутел доаѓа со освоена двојна круна и ...
Познато е колку заработи Шпанија со освојувањето на СП, познати се и премиите на играчите на новиот светски првак. Па така новите светски шампиони, Шпанија, се враќаат дома со рекордна заработка од Светското првенство од 51 милион долари. Синоќа победија со 1:0 против Аргентина во финалето на Светското првенство. Голот на Феран Торес во 106-тата минута ѝ ја обезбеди на Шпанија втората титула на Светското првенство, а Аргентинците не успеаја ...
Аргентинците не само што не одиграа ништо во финалето, туку веднаш по завршување на мечот на “МетЛајв“ со своето однесување и тоа како се “покажаа“. Имено дивјачкото однесување на аргентинските играчи и тренери го обележа моментот по крајот на финалето на Светското првенство. Шпанија победи со 1-0 по продолженијата со голот на Феран Торес, но заслужената прослава на новите светски шампиони беше засенета од жестоки вербални и физички напади ...
Секако дека малку смеа и хумор не е на одмет, иако на Аргентинците не им е до смеење. Шпанија ја победи Аргентина со 1-0 во финалето на Светското првенство и со тоа стана светски шампион по втор пат. Во натпревар во кој доминираше „Фуријата“, немаше голови по 90 минути, а клучниот момент се случи во 106-тата минута. Нико Вилијамс со глава ја врати топката до Феран Торес, кој ја затресе мрежата од блиску. Аргентина беше целосно немоќна до ...
Едноставно најдобри, едноставно непобедливи под водство на Луис де ла Фунете. Шпанската репрезентација, заедно со финалето на Мундијалот е непоразена во 38 официјални натпревари по ред. Со победата од 1:0 над Аргентина во финалето на Светското првенство, одлучена со голот на Феран Торес во продолжението, тие го надминаа рекордот на Италија од 37 натпревари без пораз. Серијата на Шпанија трае од март 2024 година, кога загуби со 0:1 од ...
Како што и беше најавено, Доналд Трамп, со помош на Џани Инфантино, му го предаде пехарот на капитенот на шпанската репрезентација, Родриго. Сепак, тој не успеа да биде учесник во прославата и буквално беше ставен на втор план. Имено американскиот претседател се обиде да остане со Шпанците на сцената. Остана во близина, но беше ставен во сосема втор план и не успеа да биде во центарот на вниманието. Погледнете ги овие неверојатни сцени. ...
Сега веќе и дефинитивно е јасно кој е најдобар во светот на фудбалот. Така, Шпанија ги спои титулите европски и светски шампиони по втор пат во својата историја. Шпанија стана европски шампион пред две години со победа од 2-1 против Англија во финалето на Европското првенство во Берлин. Тие беа европски шампиони во 2008 и 2012 година, а светски шампиони во 2010 година. Тие го освоија и Европското првенство во 1964 година. Почетокот на ...
Аргентина не успеа да ја одбрани титулата, ама реално и не заслужија. По разочарувачката, за многумина срамна игра, Аргентинците беа принудени да им ја предадат светската титула на Шпанците. И иако самите се свесни дека не заслужија повеќе од почесен пораз, поразот тешко им падна. Знаејќи колку е емотивен, тренерот на довчерашниот светски шампион, Лионел Скалони, веројатно повеќе од другите, што не го криеше ниту по завршувањето на ...
Селекторот на Шпанија не ги криеше своите емоции откако го водеше својот тим до Светското првенство. Во финалето, „Фуријата“ доминираше против Аргентина, но победи само со 1-0, по продолженијата. „Многу сум горд на оваа генерација фудбалери кои пораснаа со оваа филозофија, останаа верни на идејата и ја подобрија, поставија пример за заедништво и семејство. Тие се неверојатни играчи со огромен талент. Исклучително сум горд“, беа првите ...
Денеска во Нион во 14 часот ќе се одржи ждрепката за третата квалификациска рунда во Лигата на Конференции. По елиминацијата на Силекс на стартот од Динамо Минск, Македонија остана со два претставника и тоа Вардар и Шкендија. Инаку УЕФА вообичаено утринава на денот на ждрепката го скрати списокот. Вардар е во „шампионскиот пат“ и ако ја мине Рига во 2.квалификациско коло, тогаш во третата рунда може да се падне со следните ривали… На ...
Шпанија – Аргентина 1:0 и “Фуријата“ сега е светски првак, покрај тоа што е и европски првак. Феран Торес во 106.минута со гол во второто продолжение ја донесе титулата. Во финале кое брзо ќе се заборави, Шпанија беше подобра на “МетЛајв“ стадионот во Њу Џерси, имаше неколку шанси, два поништени гола. Апсолутно заслужено. Аргентина просто разочара, Меси не се ни виде на теренот, па така “Гаучосите“ и ја предадоа титулата на страшната ...
Вардар во среда во Скопје игра „поправен“ испит во Европа и тоа во третото по ранг натпреварување на УЕФА откако минатата недела „црвено-црните“ беа елиминирани од финскиот КуПС во Лигата на шампионите. Елиминација која значи неуспех, неостварена мисија на скапиот и фален тим кој не ја мина уште на првата препрека. И кога се случува таков неуспех и кога пред себе имаш „поправен“ и тоа сериозен со Рига од Летонија, најчесто се стегаат ...