И дефинитивно македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, се суспендирани на две години.Оваа одлука ја донесе Ракометниот суд на ЕХФ пред неколку дена, за да денеска истата е потврдена и од страна на Апелациониот суд на ЕХФ. Оваа вест денеска ја лиферуваше и официјално ЕХФ: “Апелациониот суд на ЕХФ ја потврди одлуката на Ракометниот суд во случајот против македонскиот судиски пар Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Пред машкото ЕХФ ЕВРО ...

ПСЖ и дефинитивно, на дело, покажа дека е најдобриот тим во Европа. Лани во финалето во ЛШ го декласира Интер со 5:0, а на 31 мај во Будимпешта тимот на Луис Енрике има шанса против Арсенал да дојде до својата втора титула во низа. Сите се сложуваат дека за ова заслуга имаат играчите, ама најголема заслуга има тренерот Луис Енрике. Тој е без сомнение најдобриот тренер во светот. Она што Шпанецот го прави со ПСЖ е навистина неверојатно и тој ...

Селекторот на младинската репрезентација на Македонија, М20, Наум Танески го објави списокот на ракометари на кои ќе смета за претстојната ЕФХ недела. Како што е познато, нашите млади ракометари ги очекува двомеч со соодветната селекција на Србија, на 15 и 16 мај. Ова се мечеви кои ќе послужат како подготовка за ЕП во Романија ова лето, а ние сме во група со Данска, Норвешка и Хрватска. Собирот е закажан за 11 мај. Списокот на Танески: ...

Вечерва од 21 часот се играат реванш средбите од полуфиналните мечеви во Лигата на Европа и Лигата на Конфренции. Иако Астон Вила вечерва игра на свој терен,сепак и тоа како треба да се измачи за да дојде до финале ако се знае дека Нотингем Форест има предност од 0:1 од првиот меч. Инаку ова дуел меѓу два англиски тима кои некогаш биле и европски шампиони. Една од овие две екипи ќе игра во финалето на 20 мај во Истанбул на стадионот на ...

Ете, и тоа го има во Европа, во Франција. Наместо да го прослават пласманот на своите миленици во големото финале, трето во историјата и второ во низа, фановите на ПСЖ направија хаос по улиците на Париз. Имаше насилство, нереди, а секако дека откако полицијата реагираше, имаше судири и со неа. Најновите информации од претстолнината на Франција велат дека имало околу 150 хулигани приведено а околу 30 полицајци биле повредени. Секако малку ...

Македонскиот ракометен гигант РК Вардар 1961 вечерва е пред нов историски момент – освојување на шампионската титула и враќање на тронот во домашниот шампионат. Во СЦ Јане Сандански следува натпревар со огромен влог, дуел против вечниот ривал Пелистер, во најголемото македонско ракометно дерби. Како партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија верува во победничкиот дух на тимот и типува на нов триумф и ...

До крајот на сезоната во ВМФЛ остануваат уште само три кола. Познато е дека директно испаднаа Вардар (Н), Преспа, Слога (В), Победа и Г.Коњари. Тетекс и Саса сигурно играат бараж за опстанок а најверојатно и Кожув. Тоа е „архивирано“, но затоа битката за врвот е супер интересна. Имено само првиот влегува директно во елитата, додека вториот и третиот играат бараж за пласман во ПМФЛ со деветиот и осмиот од елитата. Веднаш да кажеме, во ...

Неверојатно, епска бламажа. Ако ова е најголемиот клуб во светот тогаш каде оди фудбалот. Ова го нема ни на Балканот. Ова е најголемата бламажа, брука која се случича во Реал Мадрид откако постои овој клуб. Замислете, родители на играчи на Реал му се јавувале на Флорентино Перез и го молеле за поголема минутажа за свиоте деца!!!! Ова е брука невидена. Медиумите во Шпанија наведуваат дека станува збор за двајца играчи, едниот играл за ...

ТФТ вечерва (20:30 часот) започнува нов поход за пласман во АБА-лига. Откако македонскиот тим не успеа против Широки во финалето на второлигашката конкуренција, сега на патот кон нов историски успех го има тимот на Борац Чачак. Боро Смилковски и неговите избраници првиот натпревар го играат на гостински терен, а место во јадранската елита ќе обезбеди тимот кој ќе стигне до две победи. „Не очекувам серијата плеј-ин со Борац да биде пеколна ...

ПСЖ се пласираше во финалето на Лигата на шампионите откако го победи Баерн Минхен со вкупен резултат 6-5. Парижаните го добија првиот натпревар со 5-4, а во вечерашниот реванш натпревар во Минхен тимовите завршија нерешено 1-1. Усман Дембеле постигна гол за Французите, а Хари Кејн за Германците. Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, го коментираше натпреварот. „Бевме подобри во одбраната отколку во нападот. Покажавме карактер против тим како Баерн. ...

Винсет Компани го изрази своето големо незадоволство од одлуките на судијата и толкувањето на правилата за ракомет по реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите, Баерн – ПСЖ (1:1). Баварците беа поразени со 5:4 во првиот натпревар, а реваншот заврши 1:1, што не беше доволно за пласман во финалето. Тренерот на Баерн истакна две ситуации. Во првиот натпревар против Баерн, беше досуден пенал откако топката на Дејвис прво го удри во бутот, ...

Вардар 1961 уште денеска може да стави печат на титулата во домашниот шампионат. На „црвено-црните“ им е потребен бод за да ја завршат задачата, а на патот до тој бод или победа им стои Пелистер. Вечното дерби се игра денеска (19 часот) во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 19 часот. Вардар 1961 пред оваа пресметка има 54 бода, додека пак битолчани се трети со 46 бодови, два помалку од ГРК Охрид. Пелистер во овој дуел влегува одморен, додека ...

Во финалето на Лигата на шампионите ќе ги гледаме ПСЖ и Арсенал, Парижаните успеаја да го победат Баерн Минхен во двомеч со вкупен резултат од 6:5, додека Арсенал беше подобар од Атлетико Мадрид со вкупни 2:1. Еден од играчите за кој сосема заслужено се зборува е грузискиот интернационалец Квича Кварацкелија. Момчето од Грузија го израмни рекордот од оваа сезона на Килијан Ембапе, кој има 16 асистенции+голови во сезоната на Лигата на ...

Сан Антонио ја декласираше Минесота Тимбервулвс и го израмни резултатот во плеј-оф серијата на 1:1, додека Њујорк Никс ги победија Филаделфија 76ерс во неизвесна завршница и поведоа со 2:0. Сан Антонио Спарс ѝ го нанесоа на Минесота најтешкиот пораз од плејофот во историјата на франшизата, победувајќи ги пред своите навивачи со 133-95 и израмнувајќи ја полуфиналната серија во Западната конференција на 1-1. Виктор Вембањама ги предводеше ...

Хаос на натпреварот Панатинаикос – Валенсија во салата ОАКА. Во третата четвртина од натпреварот, судијата Дамир Јавор од Словенија ги исклучи тренерите на двата тима, Ергин Атаман и Педро Мартинез, а потоа спречи нивната тепачка. (ВИДЕО) По прекршок на кошаркар на Панатинаикос, двајцата тренери „скокнаа“ врз Јавор, барајќи објаснување или промена на одлуката. Тие беа толку интензивни во нивната реакција што натпреварот мораше да биде ...

Денеска стандардно пред одигрување на ново коло во домашниот ПМФЛ шампионат, заседаваше Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија. На неа беа донесени одлуки по неколку отворени прашања, кои што произлегоа пак од изминатото 30. коло во ПМФЛ, како и од она одиграното во второлигашката конкуренција. Па така, дисциплинска постапка се поведува против тимот на ГФК Тиквеш, поради користење и фрлање на пиротехнички средства и ...

Екипата на Бадел 1862 приреди уште едно големо изненадување оваа сезона, на домашен терен го совлада фаворитот Крива Паланка со 71-69 и намали во финалната серија на 2-1. Вистинска драма се случуваше во последната четвртина, а домашната екипа на фантастична Ива Чолакоска која при 69-69 постигна два поени и ги постави конечните 71-69. Останаа две секунди за гостинките, но обидот на Груевска заврши надвор од обрачот. Херојот на Бадел 1862, ...

Фудбалерите на Пари Сент Жермен и оваа сезона ќе играат во големото финале на Лигата на шампионите. Вечерва во реванш полуфиналниот дуел со Баерн во Минхен, францускиот гигант се избори за реми 1:1 со што успеа да ја задржи предноста од првиот домашен меч и го потврди своето место во финалето во Будимпешта. Одличната игра на ПСЖ даде резултат уште во 3. минута на натпреварот откако Дембеле успеа да ја погоди мрежата на Нојер и да направи два ...

Мурињо и флорентино Перез разговарале околу еден час преку видео повик за евентуалното враќање на 63-годишниот португалски тренер на „Сантијаго Бернабеу“, објави „Есдиарио“. Долгогодишниот претставник на Мурињо, Жорге Мендеш, исто така бил присутен на состанокот, но само како набљудувач. Мурињо наводно поставил низа непреговарачки услови што Перез мора да ги исполни пред португалскиот тренер да се согласи да го води новиот проект во Реал. ...

Лејкерси сè уште очекуваат Лука Дончиќ да се врати по истегнувањето на тетивата од втор степен, кое го доби пред повеќе од еден месец против Оклахома Сити. Словенецот почна со тренинзи со трчање, што е чекор напред во неговиот процес на рехабилитација, но сè уште нема дозвола за целосен контактен тренинг. Играчот призна дека почетниот период на опоравување бил околу осум недели. „Правам сè што е потребно. Секој ден ги правам потребните ...

На 61-годишна возраст, по долго боледување, почина Сами Адеми, еден од доајените на спортското новинарство во Македонија и долгогодишен коментатор во Македонската радио-телевизија. Адеми беше синоним за спортската редакција на втората програма на МТВ. Неговиот глас со децении ги пренесуваше најважните моменти на македонската репрезентација, будејќи емоции кај гледачите и во моментите на големи победи и во деновите на тешки порази. Тој не ...

Огнен Чак Дојчиновски Новопечениот македонски фудбалски репрезентативец, колумбиецот со македонски пасош, Себастијан Херера годинава со својот Борац Бања Лука повторно е шампион на Босна. Левиот бек веќе се одомаќини во Бања Лука, каде што во Борац пронајде вистинска фудбалска средина во која го дава максимумот. Титулите се редат втора по ред на контото на Херара, кој што во тимот има друштво во голманот на нашиот национален тим Дамјан ...

И тоа каков шок за ФИФА. Имено Светското првенство, кое се игра ова лето во САД, Канада и Мексико, очигледно нема да се емитува низ ТВ преноси во двете најнаселени земји во светот. Поради застојот во преговорите за ТВ права во Индија, речиси е сигурно дека населението таму нема да може да ги гледа натпреварите од првенството. Во Индија, заедничката компанија „Рилианс“ и „Дизни“ понудија 20 милиони долари за правата за емитување на Светското ...

Напнатоста во Реал Мадрид го достигна својот врв во последниот дел од сезоната, а лошата атмосфера во соблекувалната кулминираше со жесток судир на денешниот тренинг. Како што дознава шпанскиот весник „Марка“, Федерико Валверде и Орелиен Чуамени речиси се степале по жестока расправија што откри длабоки поделби во составот на „Кралскиот клуб“, пишува „Марка“ . Сè започнало со прекршок за време на треингот, што довело до една од најнапнатите ...

Во Арсенал ништо не оставаат на случајот. Иако уште ништо не освоиле, раководството на клубот закажало шампионска парада низ улиците на Лондон и тоа на 31 мај, ден после финалето во ЛШ. Ова е во случај да се освојат пехарите во ЛШ и ПЛ, или пак барем еден од нив. Оваа вест попладнево ја лиферуваа медиумите на Островот. Големата прослава во Ислингтон (четврт во северен Лондон) е планирана за денот по европското финале во Будимпешта, каде што ...

Барселона планира да продаде играчи во вкупна вредност од 100 милиони евра, објави ЕСПН . За да го засилат својот состав, Каталонците ќе мора да се разделат со неколку играчи. Приходите ќе бидат искористени за купување централен дефанзивец и напаѓач, но можно е да се доведе уште еден крилен играч. Се очекува Марк Касадо и Ансу Фати (моментално на позајмица во Монако) да бидат продадени комплетно, но ќе бидат потребни и други продажби. ...

Нова драма околу учеството на селекцијата на Иран на претстојниот Мундијал. Имено претседателот на Иранската фудбалска федерација (ФФИ), Мехди Таи, ја повика ФИФА да даде гаранции дека нивната делегација нема да биде подложена на навреди на Светското првенство во САД, објави иранската новинска агенција ИРНА. „За да учествуваме на турнирот, бараме гаранции од ФИФА дека некои инциденти од минатото нема да се повторат“, изјави Таи за ...

Првата полуфинална пресметка меѓу МЗТ Скопје и Пелистер понуди неизвесна битка, победа му припадна на актуелниот првак кој славеше со 80-75 и се најде на триумф до финале. Првата четвртина мина во знакот на домашниот тим, кој во 7 минута водеше со двоцифрени 23-12. Во овој период МЗТ Скопје постигна пет тројки. Но, битолчани не дозволија ова прво полуфинале да биде брзо да биде решено. Со многу поцврста одбрана и поефикасен напад успеаја да ...

Во пресрет на претстојниот пријателски натпревар меѓу А репрезентациите на Македонија и Босна и Херцеговина кој на 29 мај ќе се одигра во Сараево , „Куќата на Фудбалот“ ФФМ ја посети Амбасадорот на Босна и Херцеговина Драган Јаќимовиќ. На средбата со Претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ стана збор и за пријателските односи на двете земји ,посебно во спортот. Исто така се разговараше и за големиот интерес кој владее за претстојниот натпревар ...

Женската репрезентација до 16 години триумфално го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица. Избраничките на селекторката Катерина Милеска ја совладаа репрезентацијата на Сан Марино со 5:0. Серијата погодоци на мечот што се одигра на теренот на Тренинг центарот Горан Панев ја отвори Христина Јорданова во 30. минута. Четири минути подоцна Јорданова повторно се запиша меѓу стрелците и зголеми на 2:0, а во ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
0.85
43%
1011
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
13.02
96%
1011
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
6.71
81%
1011
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
1.22
57%
1012
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
3.01
50%
1010
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 24ᴼ
3.65
68%
1009
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
3.58
63%
1014
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.07
61%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.8
59%
1014
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
4.47
46%
1009
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
4.02
50%
1010
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
1.31
59%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Алуминиум

3.54

Цинк

0.00

Бакар

13.01

Злато

135639.33

Паладиум

40767.15

Рутениум

48965.59

Родиум

257205.97

Калај

53.60

Иридиум

253540.09

Платина

55170.68

Сребро

2186.28

Кобалт

45.39