Ако по утрото денот се познава, а во принцип е така, тогаш тимот на Башкими од Куманово ќе биде вистински херој ако до крај ја одигра тукушто започнатата ПМФЛ сезона. Ваков впечаток остави тимот од Куманово денеска на гостувањето кај Силекс во Кратово, каде што настапи со шест младинци, и каде што домаќинот обезбеди стартна победа во новото првенство од 6:0. Што да се напише за меч во кој што едниот од учесниците изгледаше како да е дел од ...

Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, заработува 400.000 фунти неделно, а шампионите на Премиер лигата се подготвени да му понудат уште подобри услови. Лондончани се подготвени на сè за да ги зголемат шансите за реализација на блокбастер трансферот, што би претставувал еден од најимпозантните трансфери на „топчиите“ во 21 век. Според „Телеграф“, парите не се проблем. Бразилецот има само уште една година од договорот со „кралскиот клуб“, ...

Ракометарите на Пелистер со работен состанок ги започнаа подготовките за сезоната 2026/27. Новиот тренер на екипата, Лино Червар, им се обрати на ракометарите, им го претстави планот на подготовки и им посака добро здравје и успешна сезона. Екипата денес ќе има заедничка вечера за почеток на сезоната, а во текот на првите два дена ќе бидат реализирани и медицинските тестови. Пелистерци првата недела ќе работат во Битола, а потоа ќе заминат ...

Ждрепката за новата сезона во Лигата на шампионите на УЕФА и официјално е закажана за четврток, 27 август. Истата ќе се одржи во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија. Англија и оваа сезона ќе биде најзастапената нација со шест клуба од Премиер лигата кои се квалификуваа за лигашката фаза. Шпанија ќе има пет преставика, додека Германија и Италија по четири. Во продолжение сите екипи кои обезбедија директно место во лигашката фаза: Ливерпул — ...

113-от Тур де Франс заврши вечерва со нова победа на 27-годишниот словенечки супершампион Тадеј Погачар. Тој денеска ја прослави со својата петта победа на најпрестижната велосипедска трка напланетата и се изедначи на врвот на вечната ранг-листа со Французите Жак Анкетил и Бернар Ино, Белгиецот Еди Меркс и Шпанецот Мигел Индураин. На патот до својата петта победа, тој прослави пет етапни победи на овогодинешната трка и сруши неколку рекорди, ...

Членот на Кошаркарската сала на славните и шампион во НБА лигата, Џулиус Ервинг, одговори на прашањето кој, според него, е подобар: Коби Брајант или Леброн Џејмс? „Мислам дека Леброн е единствен од ваков вид. Коби е уште еден имитатор на Мајкл Џордан. Знаете, имало многу имитатори на Мајкл, Коби, јас и други луѓе. Леброн е единствен од ваков вид. Затоа ќе му дадам предност“, вели легендарниот Ирвинг. За потсетување, 41-годишниот Џејмс ...

По 12 часа пат, фудбалерите на Вардар вечерва пристигнаа во Рига. Скопските „црвено-црни“ во вторник ќе го одиграат реванш натпреарот од 2. квалификациско коло во Конференциската лига. Летонскиот шампион од првиот меч во Скопје однесе предност од 3:2. Вардар ќе се обиде да приреди изненадување, нешто слично како и во Финска против КуПС, со тоа што овој пат мора да оди на победа која му носи пласман во следната рунда. По 12 часа пат, ...

Ѕвездата на Евролигата, Марио Хезоња, го напушта Реал Мадрид откако се согласи на едногодишен договор вреден 2,8 милиони долари со Кливленд Кавалирс. Марио Хезоња со тоа официјално се враќа во НБА. Хрватската ѕвезда се согласи на едногодишен договор со Кливленд Кавалирс, објави Шамс Чаранија. Откако се етаблираше како еден од најдобрите играчи во Европа, Хезоња ќе добие уште една можност во НБА. 31-годишникот претходно играше за Орландо ...

Уште едно извонредно голгетерско издание на македонскиот интернационалец Георг Стојановски. Младиот напаѓач во дресот на Спартак Варда, денеска стрелаше во победата на својот тим на гоствањето против Черно Море во „црноморското дерби“ во шампионатот на Бугарија. Тој го постигна вториот гол на мечот, што беше и втор гол во две досегашни кола во бугарскиот шампионат. Спартак Варна денеска славеше на гости со 3:0. Голот на Георг може да го ...

Стеф Кари би можел да ги напушти Голден Стејт Вориорс доколку клубот не успее да изгради тим способен да се бори за титулата, објави Маркус Томпсон од „Атлетик“. Според американскиот новинар, одлуката на Леброн Џејмс да потпише за Филаделфија дополнително влијаела врз незадоволството на Кари, бидејќи тој верува дека раководството на Вориорс не успеало да донесе доволно квалитетни засилувања. Кари влегува во последната година од договорот со ...

Чешкиот претседател Петр Павел привлече големо внимание за време на Големата награда на Унгарија, откако се појави на патеката со професионална опрема за фотографирање и официјална акредитација од ФИА и ги сликаше настаните од викендот во Формула 1 одблизу. Тој пристигна на Хунгароринг во саботата, кога се одржуваа тренинзите и квалификациите. Фотографирал во друштво на познатиот чешки фотограф на Формула 1, Јиржи Кренек, со кого ги следел ...

Според пишувањата на италијанските медиуми, Јувентус повторно се поврзува со потенцијален трансфер на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. „Фудбал Италија“ пишува дека поранешниот играч од средниот ред на Наполи и Торино, би можел да остане во Италија уште една сезона, ако Јувентус се договори со РБ Лајпциг. „Тутоспорт“, пак, тврди дека Јувентус се надева на договор за позајмица со опција за откуп за вкупна сума од околу 10 милиони евра. ...

Женската одбојкарска репрезентација на Турција го освои златото во Лигата на нации откако го победи Бразил со 3-1 (23-25, 25-23, 26-24 и 25-21). Ова е втора титула на Турција во Лигата на нации, а прва од 2023 година. Турскиот одбојкарски селектор Даниеле Сантарели успеа да го освои својот втор златен медал во Лигата на нации со турската репрезентација, откако го презеде тимот во 2023 година. Од друга страна, Бразилките стигнаа до финалето ...

Досегашниот играч на тимот на Ред Бул Лајпциг, Јан Диоманде е на пат за Мадрид, каде што ќе го комплетира траснерот од соништата во тимот на Реал. На стартот на викендов се појави информацијата дека „Кралевите“ планираат да го доведат како уште едно засилување летово, а веќе денеска речиси се е готово околу преселбата на Диоманде во Шпанија. Тој веќе ги договорил личните услови, како и трансфер цената која што од Мадрид ќе биде платена во ...

Денеска во рамките од Формула 1 шампионатот се возеше трката за Големата Награда на Унгарија на легендарниот Хунгароринг во која што за прв пат сезонава триумфираше Ландо Норис. Британецот суверено ја обезбеди првата позиција на табелата, која што беше одбележана со 15 секунди подобро време од второпласираниот на оваа трка Макс Верстапен. На третата позиција на пиедесталот се искачи Кими Антонели со 18.728 секунди заостанување. Во ...

Тимотна Струга Трим Лум на најдобар можен начин ја стартуваше новата ПМФЛ сезона со победа на домашен терен од високи и убедливи 3:0 против екипата на Шкендија Арачиново. „Задоволен сум од екипата и како изгледавме на терен. Знаев дека првиот натпревар ќе биде предизвикувачки, без оглед на резултатот, противникот беше добар, добро организиран тим. Нашите момци се обидоа да го дадат својот максимум, а тоа беше најважното нешто. Не сакам да ...

Македонската машка кадетска репрезентација за три дена го започнува својот настап на Европското првенство кое ќе се одржи во Белград од 29 јули до 9 август. Избраниците на селекторот, Горан Кузманоски на стартот ќе ги одмерат силите со Словенија, а во наша група се уште и Франција и Шведска. Ова ќе биде совршена можност за љубителите на ракометот да ги видат ѕвездите на иднината на спортот, а билетите за турнирот со 24 екипи во Белград се ...

Со стартот на подготовките на тимот на Е.Пелистер, денеска официјално започна и мисијата на искусниот Лино Червар како тренер на нашиот ракометен великан. Червар ја презема тренерската палка во насока на што подобар настап на битолчани во следната сезона, освојување на шампионската титула и нормално што подобар настап на интернационална сцена. Тој по официјалната прозивка даде опширна изјава за очекувањата, првите импресии од Битола, клубот ...

Легендарниот италијански фудбалер, а сега стратег, Андреа Пирло, кој што треба да биде следниот селектор на „Азурите“ одеднаш се соочува со проблем за кој што очигледно никој не сметаше дека воопшто ќе биде тема. Имено, пред самата промоција за нов селектор на Италија, Кориере Дело Спорт објавува информација дека Пирло можеби и не е најпогодниот за оваа позиција. Зошто? Затоа што веќе една година има спонзорски договор со голема руска ...

Дека големите европски клубови знаат да „намирисаат“ талент и квалитет, и да го претворат во супер звезда добро е познато. Но дека знаат и да направат тежок кикс, и скапо платено засилување да го претворат во огромно разочарување исто така е честа појава. Ете на пример, во случајот на Баерн Минхен летово, спортскиот директор Криштоф Фронд јавно објави дека клубот повеќе не смета на две огромни засилувања од прред само две лета. Саша Боје ...

Иако има уште доста што да даде на фудбалскиот терен, Кевин Де Брујне тоа ќе мора да го прави некаде подалеку од неговиот сегашен клуб Наполи. Според последните информации кои доаѓаат од Неапол, новиот тренер на тимот, Масимилиано Алегри не смета на 35 годишниот ветеран, со што му се дадени слободни раце да си оди. Де Брујне има уште една година договор со Наполи, но тоа во моментов малку му вреди освен од финансиска гледна точка, и ...

Македонската фудбалска јавност последните години доста дебатираше околу името на Никола Секулов. Дали во недостиг на информации, имиња и посериозен скаутинг од страна на надлежните, Македонија многу често го споменуваше неговото име во конотација на тоа дали тој требаше, можеше или сакаше или не сакаше да игра за Македонија. Своевремено, Никола Секулов важеше за еден од најголемите таленти во Италија. Пјаченца, Парма, па Јувентус беше ...

И Пелистер означи старт на подготовките за новата сезона. Искусниот стратег на клупата на битолскиот тим, Лично Червар денеска и официјално ја стартува својата ера во градот на Конзулите. Битолчани ќе играат во Европската лига и таму имаат група која ќе донесе нови возбудувања, европскиот шмек нема да изостане во овој град. Македонскиот претставникќе игра во групата Г против екипите на Гумерсбах, Ла Риоха и Гдањск. Стартот на подготовките од ...

Екипата на Башкими ќе ја започне новата сезона на гостински терен, каде што ќе се соочи со тимот на Силекс во Кратово. Кумановскиот тим се соочи со одредени потешкотии и доцна ги започна подготовките, но тоа не го намалува оптимизмот кај фудбалерите за уште една успешна сезона во домашната елита. „Ја започнуваме оваа шампионска сезона со голем ентузијазам. Иако се соочивме со одредени проблеми и ги започнавме подготовките со задоцнување, ...

Дефанзивецот Имран Фетаи го најави стартот на шампионатот, Шкендија со меч против дебитантот Скопје ја отвара новата сезона во ПМФЛ. Натпреварот од првото коло помеѓу Шкендија и Скопје се игра на комплексот на ФФМ во Скопја, со почеток во 19:00 часот. „Да, нормално, нова сезона, ново првенство. Нормалните амбиции се исти, да го поченеме првенството добро – како што треба. Ќе одиме да го дадеме својот максимум и да го добиеме натпреварот“, ...

Според информации од германски медиуми и извори кои го следат клубот од Гелзенкирхен, постигнат е целосен договор помеѓу Џеко и Шалке за продолжување на соработката. Како што е наведено, сè уште има неколку мали детали кои треба да се финализираат пред официјално да се склучи договорот. Според овие информации, Џеко е подготвен да ја продолжи кариерата во Бундеслигата и е многу мотивиран пред почетокот на новата сезона. Искусниот босански ...

Иако МЛС лигата во принцишп ги казнува играчите кои не настапуваат на ол стар натпреварот, момент кој што го „поседуваат“ сите американски спортови, Лионел Меси и неговиот соиграч Додриго Де Пол сепак немаат таква дубина. Менаџментот на лигата ги ослободи обајцата да ги ослободи од обврските за дуелот против најдобрите од мексиканската XL лига, и тоа поради оправдани причини. И обајцата според правилата на FIFPro, имаат право на задолжителен ...

Македонската јуниорска репрезентација го запиша третиот пораз на Европското првенство Б Дивизија. Денеска нашите кошаркари беа поразени од Унгарија со 86-63. На овој начин шансите за пласман во главната рунда која носи чекор поблиску до битката за елита. Македонија претходно беше поразена од Грузија и Босна. Последниот меч од групната фаза на 29 овој месец против Шведска, шанса за прва победа. Денеска нашите кошаркари беа инфериорни во однос ...

Германскиот гигант Баерн Минхен наскоро ќе започне преговори за продолжување на соработката со англискиот напаѓач Хари Кејн, објавува угледниот „Скај Спорт“. Според достапните информации, формалните разговори треба да започнат веднаш по враќањето на Кејн од летната пауза. Челниците на Баерн сакаат да го обезбедат останувањето на својот најдобар стрелец, кој стана еден од клучните играчи на тимот и еден од лидерите на проектот за наредните ...

Ентони Џошуа го победи Кристијан Пренга со прекин во втората рунда во неговата борба за враќање во Џеда, Саудиска Арабија. Победата дојде само по голема драма. Џошуа преживеа два нокаута во првата рунда, од кои првиот се случи по само 20 секунди, и беше блиску до пораз. Мечот не можеше да започне полошо за Џошуа. По само 20 секунди, десниот аперкат на Пренга го испрати Џошуа на подот и ја шокираше салата. Џошуа стана со насмевка, но ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
67%
1014
weather icon

Белград

17ᴼ / 15ᴼ
2.06
82%
1009
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
0.51
89%
1008
weather icon

Софија

12ᴼ / 10ᴼ
1.54
76%
1012
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
0.91
77%
1011
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
0.51
96%
1008
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
2.24
77%
1016
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
86%
1013
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
0.0
88%
1013
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
4.63
76%
1011
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
94%
1010
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 16ᴼ
5.66
94%
1015
Currency

61.573

Currency

54.967

Currency

73.668

Currency

37.895

Currency

38.863

Currency

66.867

Currency

8.247

Currency

0.66388

Currency

0.347

Currency

0.52358

Currency

1.0945

Currency

0.58574

Родиум

302217.02

Иридиум

321507.47

Цинк

3.75

Калај

46.57

Бакар

12.57

Сребро

1667.87

Рутениум

61086.42

Алуминиум

2.99

Платина

49640.75

Паладиум

32633.01

Кобалт

33.53

Злато

130085.14