Арсенал ја загуби вербата дека може да се реализира трансфер „бомбата“ ова лето. Имено, „топчиите“ тргнаа силно во обидот да го донесат Бразилецот од Реал (М), Винисиус Жуниор, но плановите полека губат сила и надеж. Според „Марка“, повикувајќи се на извори од Арсенал, лондончани веруваат дека имаат мали шанси да го завршат договорот. Тие дознале дека Бразилецот сепак ќе потпише нов договор со мадридскиот клуб. Минатата сезона, Винисиус ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино им нуди на земјите-членки на ФИФА дел од приходите од продажбата на нивниот дел од правата за Светското првенство, идеја која ја крена на нозе фудбалска Европа. Откако вчера беше објавено дека претседателот на ФИФА сака да продаде дел од правата за турнирот на надворешни инвеститори, УЕФА и сите европски земји членки излегоа со сериозни критики на однесувањето на првиот човек на светскиот фудбал, кој од ...

Кадетската репрезентација на Македонија иако ја имаше победата во рака по блескавото прво полувреме во Белград каде водевме против Словенија со 18:12, дозволи се да расипе во вториот дел и за 15 минути да прокоцка огромна предност. На крајот го загубивме натпреварот со 33:30. Избраниците на слекеторот Кузманоски одиграа извонредно прво полувреме во кое се функционираше беспрекорно и успеавме да ги неутрализираме словенечките ракометари и да ...

КК Пелистер го доведе третото ново име во ростерот за сезоната 2026/27. Нов член на битолскиот тим е Коста Кириловски, кој важи за еден од најперспективните млади играчи во Македонија. Се работи за високо крило, кое потекнува од школата на Водно Санс, а предходните две сезони беше член на Игокеа и Кожув. Член е на младинските репрезентации на нашата земја, а веќе се наоѓа и на поширокиот список на сениорската селекција. Претходно потпишаа ...

Искусниот 32. годишен англиски репрезентативец, Џон Стоунс доаѓа во Италија и станува член на тимот на Интер. Тој навистина е на пат за Милано, каде што денеска ќе ги одработи медицинските прегледи и ќе потпише за Интер. Стоперот си замина од Манчестер Сити, и се сложи на двегодишна соработка со тимот на Џузепе Меаца. Иднината на Стоунс беше неизвесна откако го напушти Сити, и имаше доста опции. Ја одбра онаа со која дефинитивно и натаму ќе ...

Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија, по три последователни неуспеси, конечно забележа победа на тековниот Европски шампионат Б дивизија. Нашите млади кошаркари беа поуспешни од селекцијата на Шведска со 69:60, со што е обезбеден дуел за пласман од деветтото до 16. место. Првиот дел од мечот беше изедначен, но во второто полувреме Македонија одигра на потребното ниво и забележа добар триумф. Македонија го имаше клучниот ...

И тоа во второлигашката конкуренција, за тимот на НД Биље. Искусниот играч за врска се сели во Словенија, во нова интернационална авантура, откако изминатиот период играше во Романија. Јанакиевски во минатото во домашниот шампионат беше дел од екипите на Скопје, Силекс, Работнички, Тетекс, Тиквеш, Љубанци…. Во второлигашката конкуренција во Словенија, дозволен е настап на странци, нешто што најверојатно ќе се случи и во Македонија за ...

Екипата на МЗТ Скопјњ Аеродром има ново американско засилување во името на Ноа Фарахан. Се работи за 25. годишен на плејмејкерската позиција кој што има доста големо искуство во Европа, а има играно во НЦАА лигата на Универзитетот Источна Каролина. Мора да се напомене дека минатото лето одигра четири мечеви за тимот на Сан Антонио Спарс во летната НБА лига но не беше потпишан со перманентен дил од страна на овој клуб. Екипата на МЗТ ...

Македонската машка кадетска репрезентација денеска (12 часот) го играат првиот натпревар на Европско првенство кое се одржува во Белград. Прв противник е селекцијата на Словенија, која пред две години заврши на деветото место. Избраниците на селекторот, Горан Кузманоски имаат тешка група, ќе играат уште против Франција и Шведска. СпортСпорт пред седум дена разговараше со Кузманоски, ви пренесуваме дел од неговата изјава. „Групата е ...

Штетата е направена многу порано откога истата се случи! Вардар експресно е елиминиран од Европа во оваа натпреварувачка сезона на УЕФА која речиси и сеуште не е почната во буквална смисла на зборот. Не го дочекаа ниту август… А шансата беше на прагот, шанса која ретко се добива и можност која „црвено-црните“ како прваци на Македонија ја имаа за подолг престој на евро сцената (на пример како Шкендија лани). Елиминација во квалификациите од ...

Светот станува сериозно небезбедносно место. Кој би рекол дека ќе дојде време среде Брисел, белгиската престолнина во сред бел ден, професионален фудбалер во случајов на тимот на Ројал Унион да биде извлечен од неговото возило, нападнат, и ограбен од страна на неколку криминалци. Ете тоа му се случи на Мохамед Фусеини, кој што при нападот останал без вредни предмети како Ролекс часовник вреден помеѓу 8000 и 14.000 евра. Според првите ...

Екипата на Вардар синоќа е елиминирана во второто коло од квцалификациите за Лигата на Конференции. На возвратниот дуел во Летонија, против тимот на Рига, Вардар загуби до 5:2, по продолженијата и на тој начин ги заврши борбите во Европа летово. Нашиот шампион го делеа само три минути од пласман понатаму. Имаше 0:2 до 87. минута откако реализираа Бабунски и Омерагиќ. Но, играчот помалку речиси цел натпревар, црвениот карон на Филип Најдовски ...

Искусниот македонски интернационалец, Влатко Дробаров се сели на Малта. Откако дефинитивно си замина од тимот на Черно Море во Бугарија, каде што остави сериозен впечаток, Дробаров се одлучи за малку поинаква варијанта. Замина за Малта каде што во следната сезона ќе игра за тимот на Слиема. Се работи за амбициозен фудбалски колектив кој што во периодот кој што следи ќе биде еден од оние кои што ќе се борат за највисок пласман во тамошниот ...

Уште една европска вечер на македонскиот шампион Вардар која што неговите навивачи нема да ја помнат по добро. Актуелниот македонски шампион вечерва во Рига, Летонија, во рамките од второто коло од квалификациите за Лигата на Конференции, загуби од домаќинот Рига со конечни 5:2, и е елиминиран од понатамошното натпреварување. Откако во Скопје, Вардар загуби со 2:3, во Рига имаше историска шанса за пласман понатаму затоа што имаше водство од ...

Поранешниот претседател на ФИФА Јозеф Блатер, кој долги години беше на претседателското столче во Светската куќа на фудбалот, се јави со коментар по шокантните најави дека ФИФА има план да продадва удели во Светското првенство на приватни инвеститори. „Блискиот однос меѓу претседателот на ФИФА и претседателот на САД отидоа во непосакувана насока. Тие почнаа да го гледаат фудбалот од финансиска страна, што предизвикува сериозна штета на ...

Фудбалерите на Динамо Загреб го обезбедија своето место во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите откако го победија швајцарски Тун со 3:2 по продолженијата во спектакуларен и драматичен реванш натпревар во Максимир. Тун тргна со голема предност од 0:2 по првите 45. минути, па откако остана со играч помалку во 64. Минута, швајцарскиот шампион не издржа пред налетите на „модрите“. Динамо дојде до 2:2 и по продолженијата со ...

МРК Куманово денеска и официјално ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона под водство на шефот на стручниот штаб Саша Радосављевиќ. Раководството на клубот во пресрет на новата сезона го засили играчкиот кадар со шест нови ракометари. Нови членови на МРК Куманово се Филип Мечкаровски од Струга, Марко Трајковски од Пролет, Матеј Новаковски од Бутел, Бојан Гичевски од Пелистер 2, Хамза Мамадох Ибрахим од Египет и Наум Костов ...

Вардар не успеа да ја продолжи европската авантура. Иако македонскиот тим имаше шанса да се пласира во следната рунда во Конференциската лига и водеше со 0-2 против Рига, сепак не издржа. Прими гол во 87. минута, што значеше продолженија, а таму целосно се распадна. „Три минути не делеа од посакуваниот резултат. На терен стоевме перфектно, екипата доста беше координирана и имаше ред во играта. Тактички ги затворивме сите приоди на ...

Сите денешни пишувања во Англија откриваат дека првата понуда на Ливерпул за напаѓачот на ПСЖ, Бредли Баркола, е на пат, и дека таа ќе го сруши клупскиот рекорд. Баркола е неоспорна главна цел на Ливерпул да ја замени клупската легенда Мохамед Салах, а новиот менаџер на „црвените“ Андони Ираола ја гледа француската ѕвезда како вистински играч од светска класа. ПСЖ го цени напаѓачот на неверојатни 170 милиони евра (145 милиони фунти) по ...

На состанокот на водечките судии одржан заедно со претставници на Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (IFAB), било оценето дека претерано долгите и детални проверки на ВАР се знак дека технологијата го надминала опсегот за кој првично беше воведена. УЕФА во соопштението нагласи дека ВАР не смее „да суди“, туку да го поддржува главниот судија, кој мора да остане клучна фигура во донесувањето одлуки. „ВАР треба да интервенира само кога ...

Досегашната ѕвезда на екиопата на ТФТ, Дарин Говенс, следната сезона ќе го носи дресот на Работнички. Од клубот го потврдија трансферот на Американецот, кој ќе биде едно од најголемите засилувања за сезоната 2026/27. Говенс зад себе има богата интернационална кариера, настапувајќи во првенствата на Исланд, Израел, Грција, Унгарија, Белорусија, Русија, Франција и Македонија, а во Работнички пристигнува од редовите на ТФТ Скопје. Во минатата ...

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ сè уште ја разгледува понудата на Бешикташ, но се надева дека ќе се пресели во Барселона. 26-годишниот напаѓач е слободен агент откако го напушти Јувентус. Според „Марка“, турскиот клуб му нуди договор со плата од нешто помалку од 10 милиони евра по сезона и бонус за потпишување од 5 милиони евра. Иако играчот веќе отпатува за Истанбул, тој сè уште не одговорил на понудата на „црно-белите“. Клубот постепено го ...

Џејмс Харден е блиску до потпишување на нов договор со Кливленд Кавалирс, објави инсајдерот Џејк Фишер. Двете страни продолжуваат со преговорите, а новиот договор најверојатно ќе биде за максимум две загарантирани сезони. Финансиските детали од договорот остануваат нејасни. Според изворот, Кливленд сè уште разгледува опции за засилување на својот состав, вклучувајќи го и потенцијалното потпишување на Џонатан Куминга, па се обидува да остане ...

Македонскиот шампион, тимот на Вардар во моментов го игра реванш дуелот од второто коло од квалификациите за Лигата на Конференции против тимот на Рига на гостински терен. По првите 45. минути Вардар води со 0:1, со што вкупниот резултат ако се земе и мечот во Скопје е 3:3. Стрелец на единствениот гол досега е Давид Бабунски, но мора да се напомене дека Вардар има и половина час играч помалку по исклучувањето на Филип Најдовски. Домаќинот ...

Македонскиот шампион тимот на Вардар во моментов го игра вториот дуел од двомечот од второто квалификациско коло од Лигата на Конференции на гостински терен против тимит на Рига. По регуларните деведесет минути води со 1:2, а со оглед на поразот од Скопје со 2:3, овој меч оди во продолженија. Вардар имаше пласман во следната фаза се до 87. минута но Таиво реализираше за 1:2, и го одведе дуелот во продолженија. Македонскиот шампион тимот ...

Искусниот Благоја Спиркоски е најновото засилување за второлигашот Пелистер. Како што објавија од клубот, 30-годишниот дефанзивен играч за врска ќе биде ново име во составот на тренерот Христов. Прилепчанецот минатата сезона ја заврши во екипата на Охрид, откако во првиот дел од сезоната го носеше дресот на Кожуф. Во дресот на Пелистер беше во сезоната 2020/21. Искусниот Благоја Спиркоски е најновото засилување за второлигашот Пелистер. ...

Во очекување на стартот на новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, екипата на Работнички запиша уште една победа на пријателски натпревар. Денеска дебармаалци одиграа контролен меч со екипата на Еуромилк ГЛ и остварија победа од 2:1. Момците на Баже Јанакиевски двата гола ги постигнаа во првиот дел од натпреварот. Во 39. минута погоди Кудијан, а смао три минути подоцна гол постигна и Исмаили. Попладнево тест-натпревар одиграа и ...

Женската сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија ги започна подготовките за настапот на Медитеранските игри во Таранто. Селекторот Гавриловиќ излезе со свои оценки на составот и очекувањата од претстојните натпревари. „По кратка пауза повторно се собравме на подготовките за Медитеранските игри. Составот е малку сменет, не се сите девојки кои беа со нас и во првиот дел. Помладите ќе настапуваат за селекцијата до 20 години. На ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, наводно планира да продаде акции од Светското првенство на приватни инвеститори. Тоа значи дека ќе биде основана компанија која ќе ги стекне комерцијалните права за главните натпреварувања на ФИФА: Светското првенство за мажи и жени и Светското клупско првенство. Ова е според „Тајмс“ носи нов договор од повеќе милијарди долари за ФИФА? Извештајот сугерира дека таков договор би можел да го зголеми ...

Во само неколку часа, беше донесена одлуката, а потоа и потврдена од страна на Фудбалската Федерација на Италија, дека следниот селектор на „Азурите“ е искусниот Роберто Манчини. Челните луѓе на Федерацијата по огромните проблеми кои што се создадоа со Андреа Прило, несудениот нов селектор, решија веднаш да реагираат и да постават проверено име за наследник на Џенаро Гатузо. Манчини како што е добро познато, веќе ја обавуваше оваа функција, ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
82%
1016
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
2.57
87%
1010
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
89%
1010
weather icon

Софија

11ᴼ / 9ᴼ
1.54
73%
1013
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
0.86
77%
1013
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
1.03
97%
1010
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
2.24
85%
1017
weather icon

Тирана

20ᴼ / 19ᴼ
3.09
88%
1014
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
94%
1014
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
4.63
75%
1012
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 4ᴼ
3.09
93%
1012
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 15ᴼ
6.69
95%
1016
Currency

61.626

Currency

54.994

Currency

73.744

Currency

37.935

Currency

38.913

Currency

66.963

Currency

8.2512

Currency

0.66444

Currency

0.34733

Currency

0.5242

Currency

1.0952

Currency

0.58592

Родиум

302217.02

Цинк

3.75

Платина

49640.75

Иридиум

321507.47

Калај

46.57

Рутениум

61086.42

Сребро

1667.87

Злато

130085.14

Паладиум

32633.01

Бакар

12.57

Кобалт

33.53

Алуминиум

2.99