Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
АП Брера има мисија да се обиде да го избегне баражот во последните две кола од Првата фудбалска лига. Во моментов, има три бода помалку од Арсими и четири од Башкими, и јасно е дека ќе може тоа да го стори само доколку успее да стигне до позитивен резултат на денешното гостување кај Шкендија во Тетово. По ремито против Работнички во минатото коло, задачата на Брера е отежната, но шанси сѐ уште постојат. „Одиме во Тетово со цел да одиграме ...
Ракомет, добра атмосфера и Chery Auto – совршена комбинација за недела исполнета со спорт, дружење и забава. На 17 мај од 14:00 часот, во СЦ „Борис Трајковски“, Гранд Ауто како официјален партнер на Ракометната федерација на Македонија ќе биде дел од „Денот на ракометот“ со своја изложбена зона и актуелни Chery модели. Посетителите ќе имаат можност одблиску да ги разгледаат возилата на Chery Auto, да се запознаат со новитетите на брендот и ...
Сезоната за Лос Анџелес Лејкерс заврши, а дискусиите за иднината на Лука Дончиќ и Леброн Џејмс не се смируваат во американските медиуми. Откако Лејкерс, без повредената словенечка суперѕвезда, загубија со 4:0 во второто коло од плејофот на Западната конференција од бранителот на титулата Оклахома Сити Тандер, се покренаа прашања за насоката во која ќе се движи франшизата. Главна тема во медиумите е судбината на Леброн Џејмс. Договорот на ...
Арсими денеска ќе гостува во Кратово со јасна цел, да обезбеди победа против Силекс и да го избегне баражот, со што би го потврдил опстанокот во Првата лига на Македонија. Оваа пресметка се смета за една од најважните за клубот оваа сезона, бидејќи директно ќе одлучува за судбината на тимот. Во пресрет на натпреварот, фудбалерот на Арсими, Ремзифаик Селмани, изрази оптимизам и верба во екипата, нагласувајќи дека подготовките поминале во ...
Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, ја коментираше изјавата на Килијан Мбапе дека неговиот тренер го сместил на четвртото место меѓу напаѓачите во тимот. „Навистина би сакал да имам четири напаѓачи. Сепак, немам толку многу и никогаш не сум му рекол нешто такво на Мбапе. Можеби не ме разбрал правилно. Дури и не знам што да кажам. Никогаш не би му рекол дека е четвртиот напаѓач“, објасни Арбелоа. „Јасно е дека не може да игра ако не го ...
И дефинитивно Челзи и Чаби Алонсо се поблиску до договор. Еден од порелевантните англиски весници – „Гардијан“, објави дека играчите на Челзи се возбудени околу идејата да соработуваат со Чаби Алонсо и дека се едногласни околу неговото назначување. Од многуте кандидати поврзани со Челзи во последните недели, соблекувалната верува дека Шпанецот е најдоброто решение, но тоа не е сè. Сигурни извори пишуваат дека преговорите одат во вистинската ...
Барселона тргна во офанзива и го сака Жоао Педро како замена за Роберто Левандовски. Доверливи извори од Каталонија и Бразил денес објавија дека спортскиот директор Деко ја започнал операцијата „Жоао Педро“, бидејќи е сигурно дека Роберт Левандовски ќе го напушти клубот на крајот од сезоната како слободен агент. Хулијан Алварез беше најголемата желба на Хоан Лапорта, но Барселона е свесна дека Аргентинецот е речиси невозможна мисија. Прво, ...
И тоа како се вжештува битката за титулата во ПЛ. Арсенал е многу блиску до освојување на титулата по 22 години. „Топџиите“ имаат сè во свои раце и сè што треба да направат е да остварат две победи во преостанатите две кола. Прво ќе го пречекаат Барнли на 18 мај, а потоа ќе гостуваат кај Кристал Палас на 24 мај. Барнли веќе е испаднат од лигата, додека Палас нема амбиции ниту во однос на резултатите, што е олеснителна околност за „Топџиите“. ...
Вистински хаос се случуваше пред почетокот на мечот Реал – Овиедо, како и во воведните минути. Веднаш беше јасно дека „Сантијаго Бернабеу“ е многу празен пред почетокот на вечерашниот натпревар. Сепак, навивачите што дојдоа решија да го искажат своето мислење. Некои вербално го нападнаа Флорентино Перез, кој се скара со нив. После тоа, се појави транспарент на кој пишуваше дека навивачите сакаат Флорентино Перез да си замине. „Флорентино, ...
Македонија е на чекор до нов пласман на едно големо натпреварување. Вечерва во Прешов во рамките на првиот натпревар од бараж двомечот со Словачка, нашите ракометари славеа убедлива победа со 24:31. Одлична Македонија, разиграна Македонија, иако искрено можеше да славиме уште поубедливо. Сепак селекторот Кирил Лазаров е задоволен и јавно им честиташе на своите избраници на победата по мечот: “Честитки за ангжманот на играчите. Не очекував ...
Дали вечерва Килијан Мбапе заврши со Реал Мадрид? Се разбира дека ова е големо и значајно прашање, ама кога мега – ѕвездата влезе во игра на мечот со Овиедо, цел “Бернабеу“ со невидени свирежи го “поздрави“ Французинот во таа 70.минута. Такви свирежи кон еден свој играч одамна не се видени, поточно слушнати на култниот стадион во Мадрид. Ова доаѓа по “одморот“ на Мбапе во време додека беше повреден и за се она што се “врзуваше“ со него во ...
Селектор на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешамп, објави список од 26 имиња на кои смета за претстојното Светско првенство. Франција се смета за еден од најголемите фаворити за освојување на натпреварувањето и повторно доаѓа со импозантни сили, но без неколку извонредни имиња како што се Уго Екитике, Естебан Лепол, Кефрен Тирам, Матео Гендузи, Пјер Калулу, Лени Јоро, Корентано Толисо, Едуардо Камавинга… Отсуството на играчот од ...
Македонскиот репрезентативец Александар Љафтов и неговиот клуб Елоре, како вицешампиони на Унгарија ја затвораат сезоната 2025/2026. Во финалето на плејофот, тие го претрпеа и третиот пораз од 0:3 (19:25, 13:25, 20:25) од Фино Капошвар и со 1-3 во серијата останаа без шампионскиот пехар. Љафтов и неговите соиграчи се бореа за продолжување на серијата и за „мајсторка“, но противникот беше решен пред својата публика да ја прослави титулата. ...
Екипата на Интер е освојувач на двојната круна во италијанскиот шампионат сезонава. Покрај титулата која што беше веќе освоена, синоќа е освоен и Купот на Италија. Среде Рим на Олимпико, Интер со 2:0 го совлада тимот на Лацио, а потоа во соблекувалната следуваше фешта. И тоа каква. Се славеше колективно, а индивидуално се покажуваа „денс“ способности. Убедливо најдобар Барела, кој што изведе перформанс достоен да го види целиот свет. Barella ...
Бразилската фудбалска асоцијација денес потврди дека Карло Анчелоти потпиша нов договор до лето 2030 година. Во кратко соопштение, ЦБФ нагласи дека Бразил ќе продолжи да биде под команда на еден од најдобрите тренери во историјата, истакнувајќи дека имаат апсолутна доверба во него дека ќе ја направи „Селесао“ моќна како што беше некогаш. Анчелоти го презеде Бразил минатото лето откако го напушти Реал Мадрид по четири години. Светското ...
Интернационалецот Лука Костиќ и техничарот на Штип УГД, Давид Стојанов беа дел од репрезентативците кои во Крушево ја одработија првата фаза од подготовките за Европската лига 2026. Двајцата, по ден одмор, одново се ставаат на располагање на селекторот Јошко Миленкоски, сега во Скопје, каде продолжува темпирањето на формата.„Одработивме квалитетно во Крушево со помладите, а од денеска продолжуваме со интернационалците во Скопје да ја ...
Покрај мечот во Прешов, на кој Македонија славеше убедливо со 24:31, се одиграа уште неколку бараж средби за пласман на СП 2027. Селекцијата на Србија предводена од Раул Гонзалес, успеа да победи на првиот меч вечерва против Унгарија со 31:29. Секако дека овој резултат не гарантира ништо ако се знае дека реваншот се игра во Унгарија. Се чини дека Србите можеа да извлечат подобар резултат ако се знае дека на полувреметот беше 18:12. Словенија ...
Словачка – Македонија 24:31 е исходот од првиот натпревар од бараж двомечот за пласман на СП 2027. Квалитетно издание на четата на селекторот Кирил Лазаров. Едноставно Македонија го искажа својот квалитет, иако реално оваа предност можеше да биде уште поубедлива. Но и вака е добро, ако се знае дека реваншот се игра во недела во Скопје, каде треба да ставиме заверка на пласманот на Мундијалот. Не смее да биде поинаку, зошто вечерва покажавме ...
Македонскиот голман Столе Димитриевски, со својата Валенсија, сепак не успеа да слави победа на домашен терен против некогашниот клуб Рајо Ваљекано. На крај резултаот беше 1:1, а Димитриевски одново имаше забележителна партија на голот на Валенсија. Ова беше меч од 36.коло во Ла Лига, а со овој бод тимот од “Местаља“ сега има 43 бода и уште го нема официјално обезбедено опстанокот во елитната лига на Шпанија. Гостите поведоа со голот на ...
За загарантирана годишна минимална инвестиција од 600.000 евра, германскиот фудбалски инвеститор Франк Саломон ќе го превземе менаџирањето на ФК Брегалница Штип. Понуда за која со месеци се зборуваше низ фудбалските кулоари низ земјава и понуда која стана реалност во текот на денов кога Општина Штип и официјално ја започна постапката за оттуѓување на 51% од акциите на фудбалскиот клуб. Кој е Франк Соломон!? Бизнисмен од Германија кој веќе со ...
Попладнево ФФМ ги објави судиите кои утре ќе ја делат правдата на мечевите во Струга и Тетово, кои се најважни во ова 32.коло. Па така Стојанче Стојанов е одреден за главен судија на средбата во Струга меѓу Струга ТЛ и Вардар. Меч по кој можеби ќе го добиеме и новиот шампион на Македонија. Познато е дека ако Вардар освои најмалку бод, тогаш и официјално ќе ја освои титулата. Под Шара во Тетово играат домашната Шкендија и Брера. Овој меч ќе ...
Словачка – Македонија 13:18 по првото полувреме од првиот меч од баражот за пласман на СП 2027, кој се игра вечерва во Прешов. Добра, квалитетна Македонија во првиот дел, иако треба да се каже дека промашивме најмалку три зицери, а и гаѓавме стативи. Сепак о зваршницата од првиот дел четата на селекторот Кирил Лазаров одигра навистина квалитетно и успеа да си “набилда“ разлика од +5 што секако дека е одличен резултат посебно ако се знае дека ...
Игор Ангеловски – Мрме, денеска ја имаше својата прва прес -конференција како селектор на А- репрезентацијата на Таџикистан. Тој одговоараше на прашања на новинарите а притоа ги промовираше и своите први соработници. Тоа се Милан Илиевски и Иван Јовановски – Карас, познати имиња во мак – фудбалот и долгогодишни соработници на Ангеловски од времето кога беше селектор на Македонија. Тој кажа дека со нив работи долго време, дека станува збор ...
Неверојатен меч се одигра попладнево во елитната лига на Швајцарија. Имено Елмин Растодер, кој со својот Тун е шампион на таа земја, попладнево во меч од претпоследното коло против Јанг Бојс постигна два гола, но неговиот тим на свој терен беше поразен со 3:8. Јасно е дека амбициите спласнаа кај играчите на Тун по освојувањето на титулата, ама сепак ретко кој очекуваше шампионот да доживее дебакл на свој терен. Инаку македонскиот ...
Со цел обезбедување на регуларност на натпреварувањето, еднаквост на условите за сите учесници одредени се и термините за одигрување на финалната фаза од „МТЕЛ“ Супер лигата, Финалната серија на плеј-офот ќе се игра според принципот „подобар во пет натпревари“ (2-2-1), со предност на домашен терен за екипата која има подобар ранкинг (место на табелата во регуларниот дел од сезоната). Натпреварите од финалната серија помеѓу екипите на „МЗТ ...
Денеска стандардно пред започнување на ново коло во ПМФЛ односно ВМФЛ шампионатот, заседаваше Дисциплинската комисија при Фудбалската Федерација на Македонија. На оваа седница се донесени одлуки со кои што се поведува постапка против тимот на Вардар поради употреба на пиротехника на неговите навивачи на натпреварот против Силекс, додека пак против Шкендија поради недолично навивање на неговите навивачи на дуелот против Струга Трим Лум. Од ...
Со високи убедливи и заслужени 5:0, тимот на Тиверија Брера е освојувач на Купот на Македонија во Женска конкуренција. Струмичанки попладнево во финалето одиграно на стадионот во Ѓорче Петров, суверено и во супериорна игра беа подобри од противникот кој мораше да признае сепак, заслужен пораз. Во следните десетина дена ќе ги дознаеме понедниците во Купот на Македонија во сите конкуренции, а секако во големото финале во машка конкуренција се ...
Во моментов тенисерот број еден на светот, сигурно чекори кон уште едно финале во кариерата. Синер обезбеди денеска полуфинале на мастерсот во Рим победувајќи го русинот Андреј Рубљов со 6:4, 6:2 и на тој начин доаѓајќи до 32 последователна победа на големи натпреварувања. Со тоа Синер, го сруши рекордот на неприкосновениот Новак Ѓоковиќ кој што имаше серија од 31 последователна победа. За оваа победа на Синер му беа потребни само час и ...
Еден од најпопуларните фудбалски клубови на светот, Манчестер Јунајтед го промовираше новиот дрес кој што играчите ќе го носат во следната 2026/27 сезона. Со Адидас како генерален спонзор за опремата, Манчестер Јунајтед со години е во врвиот на продажба на дресови ширум светот, заедно со Реал Мадрид, и лутиот ривал Луверпул. Новитет е овојпат што се враќа дизајнот со јака. Manchester United have revealed their new home kit for the 2026/27 ...
Во рамки на настаните поврзани со Генералното собрание на ФИБА Европа, утре во хотелот „Рејкјавик Гранд“ во Рејкјавик ќе се одржи годишниот состанок на генералните секретари на европските национални федерации. На состанокот, кој во ваков формат се организира веќе трета година по ред, претставува важна платформа за размена на искуства, идеи и зајакнување на соработката меѓу националните федерации ширум Европа. ќе бидат присутни генералниот ...