Дали е ова најсмешниот автогол во историјата на фудбалот? Урнебесниот автогол ни доаѓа од Молдавија. На дуелот од втората лига помеѓу Реал Сирети и Огузспорт, домашниот тим победи со 5:2, а еден од седумте е за историја. Тоа беше претпоследниот гол на натпреварот, кој Огузспорт го намали на 4:2. Никита Чедиреан шутираше кон голот крајно непрецизно, но го погоди противничкиот играч кој лежеше повреден на страничната линија. Истовремено, ...

Како што информираат од страна на ГРК Охрид, Стефан Петриќ е успешно опериран на десното колено. Операцијата е извршена во Загреб и тој по истата добро се чувствува. Се разбира дека охриѓани едвај чекаат Петриќ да закрепне од повредата и операцијата и да повторно биде дел од тимот на стратегот Борис Ројевиќ. Познато е дека бекот Стефан Петриќ пред повредата беше еден од клучните играчи на финалистот во ЕХФ Европскиот Куп. Како што ...

Вообичаено кога игра Манчестер Јунајтед, а посебно на “Олд Трафорд“. Тоа е спектакл на задоволство на фудбалските гурмани.Во меч од 37.коло, Јунајтед славеше против Нотингем Форест со 3:2 во дуел на некогашните европски шампиони. Уште во 5.минута Шо погоди за 1:0 за домашните. Само што започна второто полувреме, Морато израмни на 1:1, за да Куња во 55.минута одново му носи водство на Јунајтед. Се играше 76.минута кога Мбеумо стрелаше за 3:1, ...

Македонскиот репрезентативен напаѓач Дани Мусовски, имаше голема непријатност на својот последен меч за Сиетл против ЛА Галакси. Имено Македонецот, кој беше стартер за Сиетл, по еден судир со противнички фудбалер со главите, остана без заб. Барем така се гледа од снимките и видеата од тој натпревар. Потоа тој ја напушти играта. 🦷 Seattle Sounders striker Danny Musovski lost a tooth after colliding with an LA Galaxy! YIKES! ...

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа во текот на следната недела ќе биде дел од квалификацискиот дел од женскиот турнир на Гренд слем турнирот Ролан Гарос во Париз. Таа во првата рунда од квалификациите ќе игра против Сузан Ламенс од Холандија. Нејзината прва ривалка Ламенс има 26 години и се наоѓа на 124.место на ВТА листата и е рангирана како 17.носителка на квалификацискиот турнир. Оваа година Лина Ѓорческа имаше настап и на првиот ГС ...

Продолжува доминацијата на ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров во женска конкуренција во ракометна Македонија. Денеска „Лавиците“ во меч од Суперлигата, славеа против Астибо со 46:24 и со тоа ставија печат на новата титула, веќе нема дилеми. Со оваа победа ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров имаат 47 бода, што е за седум повеќе од конкурнтот Чаир и натпревар помалку на три кола до крајот. Ова е петта титула во низа за овој клуб или вкупно 22 во ...

Денеска стартува финалната серија во плеј-офот. Актуелниот првак, МЗТ Скопје оваа сезона за титулата ќе го предизвика најголемото изненадување, дебитантот Маџари. Првата средба се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:30 часот. За уште едeн предизвик за Васко Атанасов, во уога на шеф на стручниот штаб на екипата од Аеродром, каде ќе се играат и првите два натпревари од финалето: „Финалето секогаш носи посебен предизвик, како круна на ...

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга е крајно разочаран од одлуката да не биде вклучен во составот на Франција за Светското првенство во 2026 година. Ова ја зајакна самодовербата на 23-годишникот во потребата од нови предизвици и најави заминување од Мадрид. Според информациите од Шпанија, Камавинга активно го истражува трансфер пазарот и преговара со клубови. Се нагласува дека минатата недела Манчестер Јунајтед и ...

Од 12 часот се одиграа пет натпревари од 37.коло во Серија А. Се разбира дека за нас најинтересно беше на мечот Пиза – Наполи 0:3, со оглед на тоа што кај гостите стартер беше нашиот Елиф Елмас. Дијамантот беше одличен, посебно во таа 27.минута кога прекрасно, од корнер, асистираше до Рахмани за 0:2. Претходно МекТоминеј погоди за 0:1 во 21.минута, конечните 0:3 беа дело на Хојлунд. Инаку Дијамантот во 38.минута имаше супер шанса за гол, но ...

Од 21 до 24 мај, рајот за коцкањето Лас Вегас, ќе биде домаќин на демонстрација на спортска моќ лишена од каква било спортска етика. Во атлетика, пливање и кревање тегови, 41 спортист ќе се натпреваруваат во девет дисциплини, бркајќи нови рекорди. Наградниот фонд од 500.000 долари се доделува по настан, со дополнителни 1 милион долари за секој светски рекорд. Ова чудно шоу го открива целиот обем на перверзноста, бидејќи таму ќе бидат ...

Од утринава нема веќе дилеми. Чаби Алонсо и официјално ја презема клупата на Челзи. Разочарувањето кај навивачите на Ливерпул е огромно. Можеби не толку од Алонсо, туку од раководството на клубот, кое одлучи да го задржи Арне Слот по разочарувачката сезона, а за ова свој коментар има поранешниот капитен на „црвените“ Стивен Џерард. Легендата на клубот од „Енфилд“ истакна дека разговарал со Алонсо пред да се согласи да дојде во Челзи, ...

И официјално. Распродадени се сите билети за вечерашниот спектакл меѓу Македонија и Словачка, во реваншот од баражот за пласман на СП 2027. Од РФМ портврдуваат дека нема веќе билети за продажба, па тоа значи дека трибините во Арената “Борис Трајковски“ во Скопје ќе бидат преполни и избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе имаат голема поддршка. Почетокот на овој меч е закажан за 19 часот, а да потсетиме дека Македонија има +7 голови ...

Хрватскиот боксер Филип Хрговиќ ја продолжи својата победничка серија и на доминантен начин стигна до нова голема победа во својата професионална кариера, откако го победи Дејвид Ален со технички нокаут во третата рунда во Донкастер, Англија. Британецот немаше одговор на жестоките напади на хрватскиот тешкаш, кој ја контролираше борбата од самиот почеток и целосно го совлада својот ривал пред домашната публика. За Хрговиќ ова беше јубилејна ...

Кристијано Роналдо ги изненади навивачите со тоа што не се појави на церемонијата на доделување на медалите откако загуби во финалето од Азиската Лига на шампиони 2. Тој синоќа го претрпе четвртиот последователен пораз во дресот на Ал-Наср во четирите финалиња во кои играше. Станува збор за понискиот ранг на Лигата на шампионите во Азија, а победник е Гамба Осака, која славеше со резултат од 1-0 во Ријад. По натпреварот, Роналдо беше снимен ...

Челзи го објави назначувањето на Чаби Алонсо за главен тренер на тимот. Шпанскиот тренер ќе ја преземе должноста на 1 јули. Алонсо потпиша четиригодишен договор. „Неговото назначување ја одразува довербата на клубот во неговото богато искуство, тренерски квалитети и играчки модел, лидерски квалитети, карактер и интегритет, кои беа клучни фактори во одлуката да го замолат да помогне во водењето на следната фаза од развојот на Челзи“, се вели ...

На повеќе од шест часа до почетокот на реванш натпреварот за пласман на Светското првенство во Германија следната година, меѓу Македонија и Словачка, селекторите ги потврдија тимовите со кои ќе го одиграат денешниот натпревар. Селекторот на нашата репрезентација Кире Лазаров се одлучи да направи две промени за разлика од првиот меч во Прешов. Во тимот вечерва ќе ги нема Јагуриновски и Карасманакис, а а нивно место се најдоа Николов и ...

Македонската ракометна репрезентација денеска (19 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ ја пречекува Словачка во реванш бараж мечот за пласман на Светското првенство 2027 година. Селекторот, Кирил Лазаров и неговите момци само треба да стават печат на билетот за Мундијалот, кој следната година ќе се одржи во Германија. Првата средба заврши со убедлив триумф на нашите момци, имаат позитива од седум гола (31-24), што пак е доволна најава дека ...

19-годишниот Луи Бен Фархат наводно бил избран за составот на Тунис за Светското првенство, но таткото на играчот не му дозволил да оди на СП, вели селекторот на Тунис, Сабри Ламуши. 19-годишниот Луи Бен Фархат, кој моментално игра за Карлсруе во Втората Бундеслига, требало да биде дел од тимот, но неговиот татко не сакал тој да си оди на Мундијалот, потврди селекторот на Тунис. „Добив повик од таткото на Луи Бен Фархат. Ми рече дека е ...

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија во Скопје продолжува со подготовките за стартот на европската лига. Под палката на селекторот Јошко Миленкоски, нашите одбојкари полека ја почнуваат и главната подготовка иако се уште се некомплетни. Сениориуте во наредниве неколку дена треба да се комплетираат со доаѓањето на уште двајца интернационалци, Александар Љафтов и Филип Савовски. Машката одбојкарска репрезентација на Македонија ...

Фудбалерите на Расинг Сантандер се вратија во Ла Лига по 14 години, откако го победија Ваљадолид со 4-1 (1-1) на домашен терен, со што стекнаа недостижна предност пред третопласираната Алмерија. Расинг е лидер на табелата во втората шпанска лига со 78 бода, Депортиво Ла Коруња е на второто место со 71 и натпревар помалку, додека Алмерија е на третото место со 71 бод, две кола пред крајот на првенството. Фудбалерите на Расинг Сантандер се ...

Екипата на Пелистер ќе игра во бараж дополнителниот дуел за опстанок во ПМФЛ конкуренцијата откако денеска во рамките од 32. коло од ПМФЛ шампионатот, битолчани на гостувањето кај Тиквеш во Кавадарци доиграа 2:2. Домаќинот на овој меч имаше двојно водство на полувреме откако Ацковски го отвори резултатот во 29. минута. Сила реализираше од пенал кој што го направи Ристески во 38. минута, за да во второто поувреме видиме сосема нов Пелистер на ...

Напаѓачот на белградска Црвена Звезда, Даглас Овусу, ќе направи трансфер во чешка Викторија Плзен. Како што објавија српските медиуми, Ц. Звезда за него ќе заработи 4,3 милиони евра. Вкупната вредност на трансферот ќе биде 4,3 мичлиони евра, од кои 3,3 милиони ќе бидат платени веднаш, а еден милион евра преку бонуси. Ова ќе биде најголемата сума пари што Плзен ќе ја потроши во својата историја за еден играч. Младиот напаѓач од Гана наводно ...

РК Алкалоид во финалето на завршниот Ф4-турнир за пионери кој се одржа во „Автокоманда“ беше подобар од ГРК Охрид со 28:20 и официјално стана пионерски шампион на Македонија. Најдобар стрелец во финалето беше Иван Великов со осум гола, а Петар Митев додаде шест гола. Најдобар голман на настанот беше Мартин Пандиловски, а МВП беше Петар Митев, двајцата од РК Алкалоид. Во „ол-стар“ тимот се најдоа Мартин Пандиловски (голман), Иван Великов ...

Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, ја заврши сезоната 2025/26 со 58 постигнати голови. Англичанецот постигна 36 гола во Бундеслигата, 14 во Лигата на шампионите, 7 во Купот на Германија и еден во Суперкупот на Германија. Денес напаѓачот постигна хет-трик во последното коло од Бундеслигата против Келн (5:1). Кејн го урна рекордот на Роберт Левандовски за најмногу голови во една сезона во Бундеслигата во сите натпреварувања. Поранешниот ...

Мануел Нојер ќе се врати во германската репрезентација како прв голман за претстојното Светско првенство, објави новинарот Флоријан Плетенберг. 40-годишниот голман на Баерн постигна договор со главниот тренер Јулијан Нагелсман и спортскиот директор на националниот тим Руди Фелер. Конечниот состав на германската репрезентација за Светското првенство ќе биде објавен на 21 мај. Нојер се пензионираше од репрезентативниот фудбал на 21 август 2024 ...

Попладнево со реакција на скандалозните скандирања на ФК Вардар за време на прославата на титулата, се јави и ФК Пелистер. Во дописот до јавноста се вели: „Најостро ги осудуваме навредливите и понижувачки пораки упатени кон жените од Битола за време на прославата на титулата на ФК Вардар, како и во т.н. извинување на нивниот прв човек. Фудбалот треба да обединува, да слави спортски дух и успех, а не да биде простор за ширење омраза, сексизам ...

На две кола пред крајот на шампионатот во домашната елита, екипата на Шкупи веќе ги започнува подготовките за следната сезона во Втората лига. Сепак, секој преостанат натпревар во фудбалското друштво на најдобрите е огромно и драгоцено искуство за младите фудбалери од Чаир. Еден од младите играчи кои оставија одличен впечаток со своите настапи во овој период е талентираниот голман Сефер Муслиу. Тој смета дека секој негов соиграч мора да го ...

Реал Мадрид и Жозе Мурињо постигнаа устен договор за соработка. Сите детали се финализирани, а Португалецот денес ќе го има својот последен натпревар како тренер на Бенфика. Лисабонскиот тим ќе игра на гостински терен против Есторил во последното коло од португалското првенство. На крајот од сезоната, Реал Мадрид ќе ѝ плати на Бенфика откупна клаузула од 3 милиони евра за својот тренер. Португалскиот клуб, пак, веќе го избра наследникот на ...

Роналдо загуби уште еден трофеј со Ал-Наср. Тимот на Саудиска Арабија вечерва беше поразен од јапонскиот тим Гамба Осака со 1:0 во финалето на Азиската лига на шампиони 2. За Роналдо кој се приклучи на Ал-Наср во зимата 2023 година, никако да дојде еден голем пехар во неговите раце. Тој не освои ниту еден официјален трофеј со клубот од Ријад. Вкупно, пропушти 14 шанси да освои кое било натпреварување. Единствениот успех на Кристијано е во ...

Возачот на Гресини, Алекс Маркез, е победник на денешната трка со спринт од Мото ГП, што се одржува во рамките на Големата награда на Каталонија. Маркез победи во Барселона и освои нови 12 поени за 20:02.250 минути. Второто место, кое носи девет поени, го освои Педро Акоста од тимот на КТМ, со заостанување од 0,041 секунди, додека третото место, со заостанување од 0,457 секунди, го освои Фабио ди Џанантонио од Перматина, кој со тој пласман ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
34%
1015
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
3.59
45%
1011
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.78
47%
1011
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.52
40%
1015
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.21
35%
1013
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
2.24
48%
1011
weather icon

Атина

28ᴼ / 27ᴼ
2.24
45%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.54
40%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.4
38%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 27ᴼ
3.58
46%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
48%
1011
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 22ᴼ
1.17
60%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Алуминиум

3.54

Бакар

13.01

Калај

53.60

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Родиум

257205.97

Паладиум

40767.15

Злато

135639.33

Сребро

2186.28

Кобалт

45.39

Платина

55170.68