Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Реал Мадрид и Жозе Мурињо постигнаа устен договор за соработка. Сите детали се финализирани, а Португалецот денес ќе го има својот последен натпревар како тренер на Бенфика. Лисабонскиот тим ќе игра на гостински терен против Есторил во последното коло од португалското првенство. На крајот од сезоната, Реал Мадрид ќе ѝ плати на Бенфика откупна клаузула од 3 милиони евра за својот тренер. Португалскиот клуб, пак, веќе го избра наследникот на ...
Роналдо загуби уште еден трофеј со Ал-Наср. Тимот на Саудиска Арабија вечерва беше поразен од јапонскиот тим Гамба Осака со 1:0 во финалето на Азиската лига на шампиони 2. За Роналдо кој се приклучи на Ал-Наср во зимата 2023 година, никако да дојде еден голем пехар во неговите раце. Тој не освои ниту еден официјален трофеј со клубот од Ријад. Вкупно, пропушти 14 шанси да освои кое било натпреварување. Единствениот успех на Кристијано е во ...
Возачот на Гресини, Алекс Маркез, е победник на денешната трка со спринт од Мото ГП, што се одржува во рамките на Големата награда на Каталонија. Маркез победи во Барселона и освои нови 12 поени за 20:02.250 минути. Второто место, кое носи девет поени, го освои Педро Акоста од тимот на КТМ, со заостанување од 0,041 секунди, додека третото место, со заостанување од 0,457 секунди, го освои Фабио ди Џанантонио од Перматина, кој со тој пласман ...
Мајкл Олисе е прогласен за играч на сезоната во Бундеслигата. Крилниот напаѓач на Баерн победи на гласањето, во кое учествуваа навивачи, претставници на клубот и експерти. Тој ја доби наградата по денешниот натпревар против Келн (5-1). Минатата сезона, Олисе одигра 32 натпревари, постигна 15 гола и имаше 19 асистенции, станувајќи најдобар асистент во лигата. Мајкл Олисе е прогласен за играч на сезоната во Бундеслигата. Крилниот напаѓач на ...
Баерн Минхен го победи Келн со 5-1 (3-1) на „Алијанц Арена“ во последното, 34-то коло од Бундеслигата. Баварците веќе ја имаа обезбедено титулата пред овој натпревар, па натпреварот се одржа во славеничка атмосфера пред традиционалниот туш со пиво. Доминацијата на шампионите беше очигледна уште од самиот почеток, а прашањето за победникот беше решено веќе во првото полувреме, кое Баерн го доби со резултат од 3:1. Натпреварот имаше и емотивна ...
Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 14 години славеше победа против врсниците на Малта од 3:2. Головите за победа ги постигнаа Ангел Симоноски (2) и Ненад Јовановиќ. Македонија и Малта на 18. мај во 14:30 часот на тренинг центарот “Петар Милошевски” ќе го одиграат вториот контролен натпревар. Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 14 години славеше победа против врсниците на Малта од 3:2. ...
Машката младинска репрезентација на Македонија беше гостин во Србија каде што одигра два контролни натпревари со врсниците на нашиот северен сосед. На првиот натпревар, Македонија победи 33-31, а во вториот меч што се одигра денеска подобра беше домашната репрезентација со 32-27. Двата контролни натпревари беа важен дел од подготовките на нашата младинска селекција Машката младинска репрезентација на Македонија беше гостин во Србија каде ...
Се чини дека Брегалница следната сезона ќе ја гледаме во елитата. Имено денеска, во меч од претпоследното 29.коло во ВМФЛ, штипските “сини“ славеа убедлива победа на гости кај Осогово со 0:3. Стрелец на сите три гола беше Костадин Капсаров, во 19.минута, потоа од пенал во 42.минута и во 55.минута. Па така со овие три бода Брегалница има 68, исто колку и Скопје, но штипјани имаа подобар меѓусебен скор. Во последното коло кое се игра следниот ...
Вистински фудбалски спектакл со шест погодоци, пресврти, промашен пенал и драматични ВАР-одлуки одиграа екипите на Башкими и Македонија Ѓорче Петров. Иако кумановци (кои поради суспензија на својот терен овој меч го играа во Гостивар) пропуштија предност од два гола, на крајот освоениот бод значеше и официјално осигурување на опстанокот во Првата лига. Натпреварот започна со голема шанса за Башкими, кога Никел Ор се најде во опасната зона, ...
Манчестер Сити го освои ФА Купот по осмипат во историјата на клубот, победувајќи го Челзи со 1-0 во 145-то финале на најстарото фудбалско натпреварување во светот. Антоан Семењо го постигна решавачкиот гол на Вембли во 71-та минута од натпреварот. Тимот на Пеп Гвардиола го освои трофејот по голема и тактички напорна битка, во натпревар во кој Челзи создаде голем број ветувачки шанси, но не успеа да ги реализира. Голот на Антоан Семењо, на ...
Тимот на Вардар е освојувач на титулата во годинешниот ПМФЛ шампионат. „Црвено – црните“ ја освоија својата 12 титула во самостојна Македонија, а тринаесетта ако ја броиме и онаа освоена во некогашна Југославија. Вчера на гостувањето во Струга, Вардар и официјално ја освои титулата, која што за многумина е прва во кариерата. Вардар сезонава имаше колоритен состав. Од прекалени македонски интернационалци кои што се вратија во клубот, преку ...
Во дуел на екипите кои што следната сезона ќе настапуваат во второлигашката конкуренција, екипата на Работнички успеа во рамките од тековното 32. коло во ПМФЛ шампионатот да го совлада Шкупи, со високи и убедливи 7:0. Она што требаше тимот на Работнички да го прави многу порано сезонава, а тоа е да постигнува голови и да победува, сега ќе послужи само како индивидуална сатисфакција и статистика за играчите од кои огромен број повеќе нема да ...
Со извонредна атмосфера и силен натпреварувачки дух, во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје успешно се заокружија четвртите по ред Мини олимписки игри. Овој масовен спортски настан обедини вкупно 480 ученици и 40 наставници од четири скопски основни училишта, промовирајќи ги на дело вистинските олимписки вредности – почитта, пријателството и стремежот кон извонредност. Дел од овогодишното успешно издание беа учениците од следните ...
Легендарниот полски интернационалец, Роберт Левандовски објави дека нема да потпише нов договор со тимот на Барселона и по четири години минати во Каталонија, заминува летово како слободен играч. Еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња, од наесен ќе го гледаме во нов клуб, а тој се прости од навивачите на Барселона со обраќање преку социјалните мрежи. „По четири години, полни со предизвици и напорна работа, време е да продолжам понатаму. ...
Капитенот на Реал Мадрид, Дани Карвахал летово ќе го напушти клубот по 13 години минати во него. Според „Атлетик“ тој нема да потпише нов договор со клубот и на 34. годишна возраст ќе си замине од „Сантијаго Бернабе“. Иднината на Карвахал во Мадрид беше неизвесна во текот на целата сезона поради постојаните повреди и губењето на местото во стартниот состав од Трент Александар-Арнолд. Капитенот на Реал Мадрид, Дани Карвахал летово ќе го ...
Денеска на програмата се три натпревари од тековното 32. коло од ПМФЛ шампионатот, а во него се среќаваат екипите на Башкими и Македонија ЃП, Шкупи и Работнички, како и Тиквеш и Пелистет. Во Кавадарци домаќинот со головите на Ацковски и Сила има водство од 2:0. Башкими пак со убедливи 3:1 води против Македонија ЃП со 3:1, додека пак Работнички на дуелот со Шкупи од 16. до 44. минута постигна дури пет гола во противничката мрежа. Денеска ...
Сега веќе 43. годишниот голман Столе Димовски денеска и официјално ја завршува својата фудбалска кариера. Чуварот на мрежата на Тиквеш кој што е во Кавадарци веќе пет години денеска на дуелот од ПМФЛ колото против Пелистер на домашен терен ја завршува својата богата играчка кариера која што започна пред повеќе од две децении. Некогашниот голман на Маџари, Македонија ЃП, Хоризонт Турново… подолг период е дел од стручиот штаб на ГФК Тиквеш, но ...
Тимот на Селтик успеа да ја освои 14. титула во последните 15 години откако денеска во директната пресметка со тимот на Хартс, успеа да слави со конечни 3:1, и на тој начин да се закити со нов трофеј. Херој на домаќинот на овој меч е Дајзен Маеда кој што погоди во самиот финиш на мечот и ја донесе таа толку драгоцена предност. Хартс поведе преку Сенкленд, а Енгелс израмни од пенал. Маеда донесе 2:1, а во последните секунди Османд реализираше ...
На стадионот во Гостивар денес ќе се одигра натпреварот меѓу Башкими и Македонија Ѓорче Петров, во рамките на 32-рото, односно претпоследно коло од домашниот фудбалски шампионат. Иако кумановци веќе го осигураа опстанокот во елитата и го избегнаа баражот, тоа не значи дека нема да го дадат максимумот за да го зголемат бодовното салдо, особено против тимот на Македонија ЃП, кој веќе е сигурен патник во Втората лига. Адис Мурати смета дека ...
Фудбалската Федерација на Македонија предмалку со официјално соопштение ги осуди последните настани по повод прославата на титулата на ФК Вардар, и недоличното однесување на целокупниот екипаж. Содржината на социјалните мрежи преку кои целата јавност беше сведок на недоличното однесување и скандалозните пароли пренесени од ФК Вардар се за секаква осуда, на кои што секако се приклучува и Фудбалската Федерација на Македонија. Фудбалската ...
Пелистер со убедлива победа од 109:87, на гостински терен против ТФТ, се најде на чекор, до освојување на третото утешително место во Плеј офот на домашниот кошаркараски шампионат. Битолчани, влегоа мотивирано уште од самиот старт, и веќе по десетина минути имаа двоцифрена предност, од десет поени, 20:30. До полувреме, ТФТ, не успеа да најде начин како посериозно да му се закани на противникот, што пак беше доволен мотив на битолчани, ...
По реакциите Фудбалската Федерација на Македонија, и уште неколку засегнати институции по ова прашање, а во однос на скандалозното однесување на ФК Вардар за време на прославата на титулата, се огласи и Општина Битола, која што го осуди настанот, и во исто време застана во одбрана на вистинските вредности на спортот. Пред се затоа што спортот мора да обединува и да создава вистински и здрави примери за младите, особено преку шампионите. Оваа ...
Уругвајскиот дефанзивец Роналд Араухо размислува да ја напушти Барселона следното лето. Играчот не е целосно задоволен од улогата што му ја додели германскиот тренер Ханси Флик и се повеќе се стреми кон заминување од Камп Ноу, објави АС. Иако 27-годишникот го продолжи договорот до јуни 2031 година во јануари 2025 година, тој би можел да ја напушти Барселона на крајот од тековната сезона. Тој не е задоволен од моменталната ситуација и ги ...
Денеска од 16:30 часот се играат сите осум натпреври од 29.коло во ВМФЛ. Претпоследно коло сезонава во кое некои работи, во поглед на битката за врвот ќе бидат појасни. Токму затоа сите погледи попладнево ќе бидат свртени кон стадионот “Никола Мантов“ во Кочани каде домашниот Осогово кој оваа сезона игра одлично, ја пречекува Брегалница. Штипските “сини“ со победа речиси се прволигаши ако се знае дека во последното коло следниот викенд ...
Во претпоследното 32. коло од Првата македонска фудбалска лига, битолски Пелистер ќе му гостува на Тиквеш. Со оглед на тоа што „зелено-белите“ се во грчевита борба за опстанок, предноста од 6 бода во однос на директните ривали Македонија ЃП и Работнички во моментов само наговестуваат дека битолчаните нема да бидат меѓу трите екипи што директно ќе патуваат во Втора лига, туку ќе играат бараж со второпласираниот или третопласираниот тим. ...
Чаби Алонсо се враќа на тренерската работа. Шпанскиот стручњак ќе стане нов менаџер на Челзи од лето. По кратката и неуспешна епизода во Реал Мадрид, шпанскиот стручњак Чаби Алонсо се враќа на работа. Наскоро ќе стане нов менаџер на лондонски Челзи. Според англиските медиуми, Челзи и 44-годишникот постигнале голем напредок во преговорите и се очекува сè да биде завршено по денешниот натпревар од финалето на ФА Купот против Манчестер Сити. ...
Марија Ковачева Вардар наместо господски да ја прослави титулата, испрати една лоша порака, не само во Македонија, туку и надвор од нашата држава. Невкусната песна која ја пееше речиси целата експедиција на „црвено-црните“, а истата се однесуваше на поп-иконата КАРОЛИНА ГОЧЕВА, наиде на оправдани лоши реакции од целата јавност. Точно е дека помеѓу тимовите секогаш има превирања, но кога станува збор за еден клуб како Вардар, во ниту еден ...
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, не го криеше своето разочарување по поразот од 4-2 од Астон Вила. Тој е разочаран што неговиот тим повторно не беше на ниво на гостувањето. „Примивме многу голови оваа сезона за кои не можете да верувате освен ако не ги доживеете и тоа се случи денес. Вила беше подобар тим и мечот ни се лизна. Не е до мене или колку сум разочаран – разочарувачки е за сите вклучени во клубот: играчите, персоналот и најмногу ...
ФК Вардар после долго време се врати на фудбалскиот трон. Избраниците на Гоце Седлоски на едно коло пред крајот ставија печат на титулата после победата над Струга Т.Л на гостински терен од 0-1. Ова e е 12-та титула за „црвено-црните“, прва после сезоната 2019/20. За Гоце Седлоски, ова е четврта титула во неговата кариера како тренер, трета со нашиот најтрофеен клуб, а има и една со Шкупи. После звршувањето на вчерашниот меч одредена е ...
ТФТ и Пелистер не успеаја да стигнат до финалето. Тимот од Тафталиџе беше елиминиран од чудото Маџари со 2-0, додека пак битолчани беа блиску до посакуваната битка за титулата, но во „мајсторката“ беа убедливо поразени од МЗТ Скопје. Двата тима денеска ја почнуваат битката за третото место, а таа стартува денеска со почеток во 12 часот во салата во скопската населба Маџари. Серијата меѓу ТФТ и Пелистер се игра до две забележани победи, а ...