Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Секако дека вчерашниот ден на ЗОИ во Милано и Кортина д’Ампецо во Италија, го одбележа американската скијачка Линдзи Вон која доживеа тежок пад и скршеница на левата нога. Поради ова, таа беше пренесена во болница на нејзиниот петти настап на Олимписките игри, и многу брзо беше утврдено дека мора да се подложи на операција и сега е на одделот за интензивна нега. Во моменти на драма, Линдзи Вон била свесна, дури и додека ја транспортираа со ...
Во чеврток (12 февруари) во Брисел од 18 часот ќе се одржи ждрепката за најновото издание во Лигата на Нации. Како што е познато, нашата најдобра фудбалска репрезентација, за првпат, ќе игра во сегментот Б, значи против многу посилни селекции за разлика од порано. Македонија во тој сегмент, во пресрет на ждрепката, се наоѓа во последниот, четврти шешир заедно со Шведска, Косово и С. Ирска. Што значи дека не можеме да се паднеме со ниту една ...
Вардар 1961 ги извести своите фанови дека од денеска ги пушти во продажба блок билетите за следните два домашни натпревари од главната фаза во ракометната Лига Европа за дуелите со Мелсунген и со Бенфика. Една недела ќе трае продажбата на блок билетите по оваа цена, а потоа ќе продолжи продажба, но на поединечни билети кои ќе имаат повисока цена. Со блок билетите го резервирате вашето седиште за двете средби на Вардар во Лига Европа. ...
Сиетл Сихокс го освоија Супербоулот. Во последниот натпревар од сезоната на американски фудбал, на стадионот „Левис“ во Санта Клара, Калифорнија, ги победија „Њу Ингланд Патриотс“ со 29:13. Ова беше 60-то издание на Супербоулот и реприза на финалето од 2015 година, кога „Патриотс“ славеа во драмата. Огромни суми пари се поврзани со Супербоулот. Според колективниот договор за преговарање од 2020 година помеѓу лигата и играчите, секој член на ...
Олимписките медали од Игрите сè почесто предизвикуваат незадоволство кај спортистите поради квалитетот на изработката. По проблемите што го одбележаа Париз 2024, првите потешкотии се појавија и на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, каде што некои медали почнаа да се оштетуваат уште за време на самите церемонии на доделување. Американската скијачка Бриџи Џонсон освои злато во спуст, но на прес-конференцијата не ја носеше медалјата ...
Ако машката селекција на Македонија е 15-та сила во Европа, тогаш женската ракометна селекција е 19-та на Стариот континент. Ова го покажува најновиот ранкинг на ЕХФ кај дамите за последните четири години. Сепак периодот е од 2022 до 2025 година за рангирањето кај жените, за разлика од кај мажите за кои периодот беше од 2023 до 2026. Па така Македонија се наоѓа на 19-то место со 23 бодови, исто како и минатата година, значи нема поместување. ...
Скок од четири места за нашата национална ракометна репрезентација. Имено денеска ЕХФ го објави ранкингот на националните тимови, а таму четата на селекторот Кирил Лазаров се наоѓа на 15.место. По завршувањето на ЕП 2026, ЕХФ ги сумираше резултатите на сите селекции и Македонија со 48 бодови, освоени во 2026, е 15-та ракометна сила во Европа со вкупен ранкинг од 31,25 бодови. Ранкингот се пресметува со бодови освоени на последните четири ...
Американската скијачка легенда Линдзи Вон беше оперирана по сериозен пад на олимпискиот спуст во Кортина д’Ампецо. Вон беше оперирана на левата нога и моментално е во болница во Тревизо. Иако е на интензивна нега, нејзиниот живот не е во опасност. Според германскиот „Билд“, повикувајќи се на „Ројтерс“, ова е вообичаена процедура за спортисти од нејзиниот статус со цел да се обезбеди нејзината целосна приватност. Италијанските организатори ...
Милан Лазаревски после долга пауза се врати на терените. Македонскиот репрезентативен пикер мораше да направи операција на десното рамо, повреда која бараше големо трпение и упорност, нешто што Лазаревски го поседува. Тој се врати пред стартот на вториот дел од шампионатот, според она што го напиша на социјалните мрежи патот до кам-бекот воопшто не бил лесен, но тој е максимално подготвен за предизвиците што следуваат. Лазаревски последен ...
Македонскиот олимписки комитет го претстави официјалниот календар на натпревари за нашите олимпијци на Зимските Олимписки Игри. Во наредните денови, нашите репрезентативци ќе ги бранат боите на Македонија на најголемата светска спортска сцена. „Македонските олимпијци се подготвени за достоинствено претставување на нашата држава. Да им ја пружиме потребната поддршка во нивниот пат кон олимпискиот успех“, порачаа од МОК. За потсетување за ...
Најдобрата македонската тенисерка, Лина Ѓорческа и овој понедлник оствари голем напредок на ВТА-листата. Македонската тенисерка иако го предаде полуфиналниот меч на ИТФ турнирот Порто 50 против Американката Флона Кроули од САД во вториот сет, сепак таа скокна 12 места на светската листа. Ѓорческа се наоѓа на 182 место, додека нејзиниот најдобар пласман е 170 позиција на ВТА-листата. Следен настап по двата ИТФ турнира во Порто, за ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ реши да дојде во Италија со своето семејство по настапот на Австралија Опен, каде што ги следи Зимските олимписки игри, а она што апсолутно не сакаше да го пропушти беше финалето во уметничко лизгање. Претходната вечер се одржа екипното натпреварување во оваа категорија и Соединетите Американски Држави го освоија златниот медал, а потценување е да се каже дека Ѓоковиќ и неговото семејство беа „воодушевени“ од ...
Сиетл Сихокс се шампиони на НФЛ оваа година откако ги победија Њу Ингланд Патриотс со 29:13 (9:0). Тие ја оправдаа улогата на Сихокс како фаворити во финалето годинава што се играше во Сан Франциско, но ако некој речеше на почетокот на сезоната дека ќе бидат шампиони – ќе помислевте дека се луди. Во последните две сезони, Сихокс не успеаја да „стигнат“ до плејофот, а потоа решија да го доведат Сем Дарнолд како квотербек, кој не успеа да ја ...
Многу најави, многу очекувања, сепак реално кога во детали ќе се анализира зимскиот преоден рок, може да се заклучи дека е разочарување. Како ретко кога во последните години, и без квалитет и без квантитет. Ова е генерлната оценка, но има и ретки исклучоци. Пред се тука мислиме на Вардар. Тим кој остана без најдобриот, без Роџерс Мато, но и тим кој се засили со петтмина квалитетни играчи, се разбира во преден план се Бобан Николов и Дарко ...
Муса Гуел (26) ќе биде најголемото засилување за Тиквеш оваа зима, Станува збор за напаѓач кој е роден во БСК, но има француски пасош. Гуел пред неколку дена дојде во Кавадарци, тој веќе тренира со останатите играчи на Тиквеш, но сеуште се чекаат документите за да се стави официјално потписот и секако промоцијата. Гуел е некогашен фудбалер на Самсунспор, Лориен, Валенисијен и други клубови во Франција. Според од она каде досега играл Муса ...
Легендарниот Христо Стоичков изрази целосна поддршка за работата на Ханси Флик во Барселона, пофалувајќи го офанзивниот стил, дисциплината и менталитетот што ги наметнува германскиот тренер и изрази увереност дека Каталонците се на почетокот на нов успешен циклус, способни да донесат многу трофеи. Тој даде интервју во емисијата „Què t’hi jugues!“. „Не би променил ништо во врска со моето време. Уживав во секој момент, а сега го правам тоа ...
Денеска на вториот ден од Зимските олимписки игри во Милано и Кортина беа донделени осум комплети медали. Меѓу најатрактивните дисциплини издвојуваме: Австриецот Бенџамин Карл стана олимписки шампион во паралел-велеслалом во сноуборд, вторпат по ред, победувајќи го Јужнокореецот Ким Сангкјум во големото финале. Денеска голема радост и за бугарските олимпијци, затоа што сноубордерот Тервел Замфиров го освои бронзениот медал на трката во ...
Реал Мадрид запиша нова, многу важна победа во Ла Лига, откако вечерва ја совлада екипата на Валенсија со 0:2. Нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски го одигра целиот натпревар, но не успеа да ги одбие нападите на „кралскиот клуб“. Реал го започна натпреварот со неколку промени во почетниот состав. Отсуствуваа повредените Белингем и Родриго, како и Винисиус кој доби суспензија на предходниот натпревар. „Местаља“ како и секогаш ...
Фудбалерите на Јувентус и Лацио одиграа супер интересен дуел кој заврши со резултат 2:2 во рамките на италијанската Серија А. Гостите од Рим беа многу поконкретни, но не успеаја да го издржат големиот притисок и во последните секунди од натпреварот примија гол за нерешен исход. Копмајнерс го отвори резултатот во 26-тата минута, но тој гол беше поништен поради офсајд. Во 47-та минута искусниот Педро донесе водство за гостите и со тој резултат ...
Одбојкарите на Сушево одиграа извонреден меч со Струмица и успеаја да гостувањето да освојат два сета против фаворитот и со тоа да освојат еден голем бод од дуелот од третото коло во плеј-оф делот во домашниот одбојкарски шампионат. Екипатана Горец прокнижи нова победа над Универзитет во Тетово, додека дербито меѓу екипите на Работнички и Штип е закажано за утревечер во Скопје. Во плеј-аутот Шкендија и Лирија не дозволија изненадувања, а ...
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот смета дека Марк Гуеи требало да добие црвен картон на дербито меѓу Ливерпул и Манчестер Сити (1:2). „Уште еден одличен натпревар меѓу Ливерпул и Манчестер Сити, но резултатот беше многу разочарувачки. Во првото полувреме, противниците беа поудобни од нас, но не создадоа многу шанси – освен шансата на Халанд во првата минута. Во второто полувреме беше сосема спротивното. Очекував да постигнеме гол, а кога го ...
Одбојкарките на Наковски Волеј продолжија со победничката низа во домашниот шамоионат. Во мечот од 12 коло, струмичанки како „фурија“ минаа и низ Битола совладувајќи ја екипата на Пелистер Волеј со максимален резултат. Од фаворитите во ова коло победи прокнижија и шампионот Јанта Волеј, но и екипите на Младост УГД и Работнички. ПРВА ЛИГА (Ж) – 12. КОЛО Јанта волеј – Ускана 3:0 (25:12, 25:17, 25:15) Пелистер волеј – Наковски волеј 0:3 (17:25, ...
Американската скијачка Линдзи Вон е подложена на операција за стабилизирање на фрактура на левата нога, соопштија од италијанска болница. Денес, таа доживеа тежок пад за време на олимписката трка по спуст во Кортина д’Ампецо, Италија. Четириесет и едногодишната Вон излета од патеката во горниот дел и не можеше да ја заврши трката, а се стравува дека ова би можело да биде крај на нејзината кариера. За потсетување, Вон пристигна на Зимските ...
Тениската репрезентација на Македонија е поразена во дуелот со Кипар со 5:0 што се одигра во Никозија во рамки на Втората Светска зона. Денешните три мечеви ги добија домашните тенисери, кои остварија прво победа во двојки, а потоа и во двата сингл меча. Во последниот меч младиот македонски тенисер (15 години) Марко Алексовски загуби од Константинос Мегалемос со 2-0 во сетови (76(8) и 61). Во првиот сет се водеше голема борба, а Алексовски ...
„Њу Ингланд Патриотс“ и „Сиетл Сихокс“ се борат за највредниот трофеј во американскиот спорт, трофејот „Винс Ломбарди“, во натпревар од сите натпревари вечерва (00:30 часот) во Санта Клара, Калифорнија. Судирот меѓу квотербековите Дрејк Меј и Сем Дарнолд. Пред почетокот на шампионатот во НФЛ, шансите Сиетл да биде шампион беа околу 60, а „Њу Ингланд“ околу 80. Во ерата на Супербоул, не се случи таква ситуација аутсајдерите да ја измерат ...
Македонските олимпијци таеквондисти, Дејан Георгиевски и Мила Рељиќ се враќаат со две бронзени медали од силниот Австрија Опен Г1 турнир во Инсбрук. Дејан Георгиевски во сениорска конкуренција во категорија + 87 кг. Освои бронзен медал откако обезбеди победи над Трајковиќ и Дивковиќ од Словенија во првите две борби, а во полуфиналето беше поразен од Аболфазл Абасипоуја. Нашат Мила Рељиќ исто така трна со победи, но во првите три средби пред ...
ТФТ продолжи во ист ритам. Тимот од Тафаталиџе дојде до осмата победа во низа во Супер-лигата, откако на гостувањето кај Маџари славеше со 90-111 во меч од 15. коло. Избраниците на Боро Смилевски немаат пораз во домашниот шампионат од почетокот од ноември кога беа совладани од МЗТ Скопје, оттогаш се минати речиси три месеци. 1 Дебитантот во прволигашкото друштво имаше сили само за едно полувреме, водеше со 52-47 после 20. минути ...
Во 24-то коло од италијанската Серија А, Интер го декласираше Сасуоло како гостин со 5:0 и не дозволи никакви изненадувања во битката за врвот на табелата. Бисек постигна гол во 11-тата минута од натпреварот за водство, а за 0:2 Турам беше стрелец во 28-мата минута. Во 50-тата минута, Лаутаро Мартинез постигна гол за 0:3, а Аканџи постигна гол за 0:4 во 54-тата минута од натпреварот. Конечниот резултат го постави Луис Енрике во 89-тата ...
Шампионот Баерн (М) ја запре неверојатната серија на Хофенхајм од пет последователни победи со триумф на денешниот меч во Бундеслигата од 5:1. Баерн поведе со голот на Кејн од пенал, но Хофенхајм дури и со десет играчи поради еден црвен картон, успеа да израмни благодарение на најдобриот стрелец Андреј Крамариќ. Сепак, на крајот од полувремето, нов пенал за Баерн и нов гол на Хари Кејн. Гостите беа прегазени од Дијаз, кој постигна три гола ...
Во големото дерби на „Енфилд“, Манчестер Сити со пресврт славеше со 1:2 над екипата на Ливерпул. Ливерпул и Манчестер Сити одиграа жесток дуел и до самиот финиш не се знаеше разврската на мечот. Почетокот на второто полувреме донесе вистински пеок, откако во првиот дел висовме по една добра шанса на двете страни. Во 74-тата минута Доминик Собослај изведе ремек-дело и постигна нереален гол од слободен удар за водство на „црвените“ од 1-0. ...