Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Македонскиот репрезентативен голман, Мартин Томовски продолжи со добрите партии во дресот на својот тим. Битигхајм дојде до важна победа против Елбфлоренц со 31-27, прва во 2026 година. И овој пат Томовски беше клучен во оваа битка за врвот на табелата, во самиот финиш при 27-25 не му дозволи на противникот да се закани и да дојде до еден гол негатива. На крајот зад своето име запиша седум одбрани, односно 41% успешност. Битигхајм има 30 ...
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Јакимовски извојува уште една победа со тимот на Тренто во италијанското првенство. Денеска на домашен терен во една израмнета борба до крајот, Тренто славеше над Варезе со 84:78 и ја прокнижа деветтата сезонска победа. Јакимовски стандардно имаше одличен настап. Мечот денеск аго заврши со 9 поени, 7 скока и една асистенција. Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Јакимовски извојува ...
Македонскиот каратист Матеј Белистојаноски е европски шампион. Белистојаноски на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Лимасол, Кипар во финалето го совлада Гркот Георгиос Балиотис со 2-0 и стана европски шампион. Нашиот репрезентативец демонстрираше одлична форма, навестувајќи дека годинава може да очекуваме и сениорски успех. Пред него, Немања Младеновиќ освои сребрен медал, откако во финалето во категоријата над 70 кг за ...
Попладнево тројца наши репрезентативни нааѓачи беа стрелци за своите клубови. По Елмин Растодер (Тун) и Бојан Миовски (Ренџерс), и Милан Ристовски “тресеше“ и тоа за Бохемијанс во меч од 21.коло во елитната лига на Чешка. Ристовски на средбата против Пардубице влезе во игра во 76.минута, а во судиското продолжение погоди за 1:2, за ублажување на поразот на својт тим. Ова за Милан Ристовски е вториот гол сезонава за Бохемијанс. Овие голови и ...
Кристал Палас го победи Брајтон на гостински терен со резултат од 1:0 во 25-то коло од Премиер лигата. Единствениот стрелец на натпреварот беше Исмаила Сар во 61-та минута. Тој беше стрелец и во последното коло против Нотингем Форест, па продолжи со добри игри. По првите 45 минути немаше голови, иако Брајтон доминираше и имаше повеќе шанси. Најдобрата ја пропушти Де Кајпер во 31-та минута кога неговиот одличен удар беше блокиран од одбраната ...
Ѓорѓи Дошев (21) е нов член на Брера. “Детето“ на Вардар кое во изминатиот период го носеше дресот на Македонија ЃП, направи трансфер во таборот на струмичкиот прволигаш. Станува збор за младински репрезентативец на Македонија до 21 година, игра во средниот ред, а има настапувано и селекциите на Македонија до 17 и 18 години. Секако дека со овој трансфер, ростерот на тимот на стратегот на струмичкиот тим, Мартин Алаѓозовски ќе добие ...
Нов гол на Бојан Миовски за Глазгов Ренџерс, и тоа со шут со глава во 80.минута за 7:0 за Глазгов Ренџерс против Квинс Парк, и за пласман во 1/4 финалето од Купот на Шкотска. На овој осминафинален дуел Македонецот беше стартер, се очекуваше и тој да биде дел од очекуваната голеада на Ренџерс, но се до 80.минута не успеа да се запише во листата на стрелците, а неговиот тим само во првото полувреме водеше со 5:0. Сепак не може така добар ...
Денешниот ден е историски за битолската атлетика и АК Олимп. Клубот се ребрендира и ја доведе скоро цела македонската репрезентација во своите редови, јасно наметнувајќи ја улогата на лидер на атлетскиот спорт во земјата. АК Олимп е основан во 1960 година и претставува еден од најстарите и најтрофејни атлетски клубови во Македонија. Во текот на својата историја, особено во периодот на поранешна Југославија, клубот континуирано настапувал на ...
Реал Мадрид и тоа како го зголеми интересот за играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Родри, и е подготвен да направи сериозни потези за да го потпише, тврди TEAMtalk. „Кралевите“ беа загрижени поради недостатокот на силно лидерство во тимот во последните сезони. Реал го гледа 29-годишниот Шпанец како идеален кандидат за оваа улога – играч способен да го води тимот на теренот и да го зајакне во одбраната. Ситуацијата ја комплицира фактот ...
И дефинитивно Елмин Растодер е во одлична, голгетерска форма. Имено македонскиот репрезентативен напаѓач попладнево во меч од 23.коло во елитната Лига на Швајцарија, повторно беше стрелец за својот Тун па така помогна неговит тим да победи со 1:3 на гостувањето кај Сервет. Македонецот “стрелаше“ во 40.минута со што го отвори резултатот за 0:1, беше во игра се до 81.минута, а и немаше потреба да игра повеќе ако се знае дека во тој момент беше ...
Суперѕвездата на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо се приклучи на женскиот фудбалски клуб Челзи како ко-сопственик. 31-годишниот грчки кошаркар ја изрази својата гордост за можноста. „Историјата на Челзи зборува сама за себе и возбуден сум што ќе придонесам за иднината преку поддршка на континуираниот раст и влијание на женските спортови. Станува збор за амбиција, наследство и подигнување на играта на следното ниво. Напред Челзи!“, напиша ...
Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, презеде необична иницијатива пред натпреварот од Бундеслигата денеска против Хофенхајм. Белгискиот тренер организираше посебен семеен ден во тренинг центарот на клубот, дозволувајќи им на роднините на играчите да го гледаат последниот тренинг пред натпреварот. Тренингот, кој обично се одржува зад затворени врати, овој пат беше отворен за најблиските на играчите. Многу од сопругите и членовите на ...
Македонската дејвис куп репрезентација го претрпе и четвртиот пораз во мечот од Втората Светска зона во дуелот со Кипар. По денешниот прв меч во двојки Кипар ја обезбеди победата, па така селекторите направија помена во двата последни сингл мечеви. За Македонија свој нов настап имаше Кристијан Јанев, кој за ривал го имаше Николас Кембел. Првиот сет го доби Кембел со 6:2 во гемови, а во вториот сет Јанев имаше водство од 4:1 во гемови, но ...
Американската скијачка Линдзи Вон доживеа уште една несреќа, овој пат на Зимските олимписки игри во Кортина. Вон ја изгуби контролата во раните фази од спустот и падна, по што остана да лежи. Натпреварувањето беше прекинато, додека на легендарната Американка ѝ беше укажана помош. Се слушнаа крици на болка додека лекарите и спасувачките екипи ѝ помагаа на освојувачката на златниот медал од 2010 година од Ванкувер. Тие вклучија и хеликоптер во ...
Во меч од 15.коло во Суперлигата, Работнички како домаќин во салата во Маџари, успеа да го совлада составот на Кожув со 99:92. Ова е шеста победа на тимот од Градски Парк, некогашниот гигант во мак – кошарката. Па така сега Работнички со 21 се наоѓа во средината на табелата заедно со Маџари и Феникс, но тимот на Маџари има меч помалку. Работнички подобро го отвори овој меч, ја доби првата четвтртина со 27:21, гостите од Гевгелија вратија во ...
Михаил Маневски, левиот бек на Вардар е успешно опериран по повредата на препоните. По операцијата, Маневски добро се чуствува и се надева на што поскоро враќање на терените. Јасно е дека еден од најдобрите леви бекови во ПМФЛ, сепак ќе мора да паузира најмалку еден месец. Ова секако дека е проблем за неговиот тим, посебно за стратегот Гоце Седлоски, кој во првата фаза од пролетниот дел нема да може да смета на одлничниот Маневски. Кога сме ...
Победник на олимпискиот спуст во Кортина д’Ампецо беше Американката Бризи Џонсон, втора беше Германката Ема Ајхер, а трета Италијанката Софија Гоџа. Илка Штухец ја заврши трката на 15-то место. Трката беше обележана со незгоден пад на Линдзи Вон, која беше изнесена од патеката со хеликоптер, со што завршија нејзините олимписки соништа. Љубителите на алпското скијање беа почестени со многу интересен женски олимписки спуст, кој за жал имаше ...
Леонид Игњатов (24), досегашниот играч за врска на Арсими, својата кариера најверојатно ќе ја продолжи во БиХ, и тоа во тимот на Вележ од Мостар, еден од најпознатите и најголеми клубови во оваа земја. Како што дознаваме, преговорите се во завршна фаза, остануваат само деталите и секако промоцијата. Инаку Игњатов веќе две – три недели не е во Арсими, од таму потврдуваат дека си заминал, ама не знаат каде. Леонид Игњатов е “дете“ на Вардар, ...
Иако претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, е заинтересиран да го ангажира Јирген Клоп, Германецот сепак нема да биде новиот тренер на кралскиот клуб. Тој е задоволен од својата улога како шеф на фудбалскиот сектор во Ред Бул и нема намера да се врати на клупата. „Сега сум во проект што навистина го сакам, сакам да го правам она што го правам во моментов. Сè друго е само шпекулација“, се зборовите на Клоп. Затоа, Клоп е речиси ...
Линдзи Вон со тешка повреда на лигаментите на коленото сепак реши да настапи на Зимските олимписки игри. 41-годишната скијачка ја направи грешката на животот. Денешниот спуст донесе молк. Американката падна, а по патеката одекнуваа крици. Веднаш завладеа целосен шок. Вон остана да лежи, трката беше прекината и ѝ беше укажана помош. Иако имаше тешка повреда, легендарната скијачка реши да настапи. На крајот, тоа не ѝ донесе ништо добро. SKI ...
Денвер ја прекина серијата од три порази и победи во Чикаго (136:120). Натпреварот го одбележа Никола Јокиќ, кој забележа трипл-дабл (22, 17 поени, 14 скока) и со тоа го надмина легендарниот Оскар Робертсон на вечната листа. Тој го освои второто место и сега е пред него само Расел Вестбрук. По натпреварот, тренерот на Нагетсите, Дејвид Аделман, зборуваше за сè. „Топката се движеше одлично, баравме отворен играч, нашите двајца најдобри играчи ...
Лионел Меси постигна гол против Барселона. Сепак, легендарниот Аргентинец не постигна гол против тимот со кој постигна сè, туку против еквадорскиот тим од Гвајакил во пријателски натпревар кој заврши 2:2, кој исто така се вика Барселона. Во 31-та минута, Лео Меси прими од Иан Фреј, потоа го направи својот типичен индивидуален напад низ средината на теренот, елиминирајќи ја целата противничка одбрана, и со дијагонален удар во левиот агол ...
Ламине Јамал постави уште еден рекорд. Младиот играч на Барселона се запиша во листата на стрелци на дуелот против Мајорка на кој неговиот тим славеше со 3-0. После оваа средба тој има 24 гола во 92 настапи во Ла Лига, што го прави најдобар стрелец за играч под 19 години во петте најдобри европски лиги во 21 век. Јамал од синоќа го надмина Килијан Мбапе, кој постигна 23 гола на иста возраст. 𝗟𝗔𝗠𝗜𝗡𝗘 𝗬𝗔𝗠𝗔𝗟 𝗕𝗘𝗖𝗢𝗠𝗘𝗦 𝗧𝗛𝗘 ...
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, го нарече денешното мега – дерби против Манчестер Сити, како совршен барометар за мерење на напредокот и моменталната состојба на неговиот тим. Слот е нетрпелив да види како неговите играчи ќе се справат со предизвикот да се соочат со еден од најдобрите тимови во светот во однос на поседувањето на топката. Холанѓанецот нагласи дека овој натпревар ќе го покаже вистинскиот развој во играта на “Редси“. „Затоа ...
Македонската Дејвис репрезентација не успеа да дојде до победа против Кипар. После негатива од 0:2 по првиот ден од двата сингл меча во Втората Светска група од Дејвис купот, домаќинот дојде до триумф во двојки. Нашите тенисери Стефан Мицов и Амар Хусеиновиќ беа поразени од Мелиос Ефстатиу и Елефтериос Неос со 2-0. Противникот првиот сет го доби со 6-2, додека во вториот беше подобар со 7-5. Кипар води со 3-0 во пресметките со Македонија, по ...
Хјустон Рокетс го победи актуелниот шампион Оклахома Сити со 112:106 на гостински терен, нанесувајќи им го 13-тиот пораз во сезоната. Ветеранот на гостинскиот тим Кевин Дурант беше исвиркан затоа што навивачите на Оклахома Сити не му простуваат што отиде во Голден Стејт и таму освојуваше титули. Сепак, тоа не го загрижи премногу, постигна 20 поени во натпревар во кој „Бебето Јокиќ“, турскиот центар Алперен Шенгун, постигна трипл-дабл за ...
Србија не може без својот најдобар тенисер Новак Ѓоковиќ. Загуби во првото коло од квалификациите за Светската група во Дејвис купот од Чиле. Пораз што значи дека оваа земја се соочува борба за опстанок. Поточно, чекаат ждрепката за Светската група и натпреварите во септември за враќање во квалификациите за Светската група и нова можност за Ф8 следната сезона. Србија беше ослабена во Чиле бидејќи Ѓоковиќ бидејќи играше во финалето на ...
Никола Јокиќ забележа уште еден трипл-дабл во НБА-лигата, овој пат го надмина легендарниот Оскар Робертсон на вечната листа. Во победата на Денвер против Чикаго (136:120), тој го забележа својот 182-ри трипл-дабл во кариерата – 22 поени, 17 асистенции и 14 скока. Нереални бројки од најдобриот играч на планетата кој по којзнае кој пат покажа зошто е над сите и зошто е еден од главните фаворити повторно да ја земе наградата за МВП. На крилјата ...
Дури и ако не го носите дресот на Ливерпул, а сте играч на овој клуб во актуелната сезона, очигледно немате многу среќа со избегнувањето на повреди. Конор Бредли и Џовани Леони се потешко повредени, а Џереми Фримпонг исто така се мачи да фати континуитет и во моментов е надвор од строј. Тука се и ситните повреди кои ги оддалечуваат играчите од терен по еден или два натпревари… Многу пехови ги следат „црвените“, а последниот во низата нема ...
Кристијано Роналдо е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Она што беше бајка за него во С. Арабија, во Ал Наср веројатно престанува да биде по најновите случувања, па така тој би можел наскоро да си замине од тој клуб од кој зема 200 милиони евра годишно и има договор до 2027 година. Според информациите што доаѓаат од Саудиска Арабија, односите меѓу португалската ѕвезда и клубот се сериозно нарушени и затоа се поставува прашањето ...