Со убедлива победа од 3:0, Вардар вечерва на Националната Арена ја круниса титулата во домашниот фудбалски шампионат. Веднаш по завршувањето на мечот, првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, на „црвено-црните“ им ги врачи медалите и заслужениот шампионски пехар, по што почна и големата прослава на титулата. 1 Со убедлива победа од 3:0, Вардар вечерва на Националната Арена ја круниса титулата во ...

Многу полемики, критики, и мислења во јавноста на Островот, предизвика конечниот список на селекторот Томас Тухел што се однесува до Мундијалот и репрезентацијата на Англија. На него покрај на пример, Фил Фоден односно Хери Мегваер, го нема Трент Александер Арнолд играчот на Реал Мадрид, податок кој што буквално го покираше светот. Тухел смета дека тој во моментов не е репрезенаттивен капацитет и го изостави. Тоа пак предизвика бура од ...

На коло пред крајот на актуелната сезона, ракометарите на Алкалоид ја прокнижија 20-тата сезонска победа, откако денеска во мечот до 9. коло против Бутел славеа во Автокоманда со убедливи 37:21. Натпреварот практично беше решен уште во првите 15-тина минути, кога Алкалоид со стабилна игра почна да ја зголемува разликата. До 20 минута домашните веќе имаа предност од 7 голови (14:7), а на полувреме заминаа со предност од 19:11. Ништо не се ...

Готово е, и официјално Брегалница е прволигаш откако попладнево во меч од последното 30.коло во ВМФЛ дома рутински славеше против Победа со 7:0.Брегалница заврши со 71 бод, исто како и Скопје, но има подобар меѓусебен скор и затоа на крајот е шампион за тековната сезона 2025/26 во ВМФЛ. По мечот славје на стадионот под Исарот, ова е голем успех на штипските “сини“ предводени од стратегот Влатко Костов. И дефинитивно фудбалски Штип и ...

Тројца ракометари од екипата на Алкалоид, денеска пред натпреварот со Бутел се поздравија со навивачите и следната сезона веќе нема да бидат дел од играчкиот ростер на првиот тим од Автокоманда. Никола Маркоски, Мартин Ивановски и Кристијан Симоноски нема да бидат дел од Алкалоид следната сезона. Тие денеска добија благодарници од клубот и се поздравија со домашната публика и соиграчите. Тројца ракометари од екипата на Алкалоид, денеска ...

Иако изминатата сезона за тимот на Радомље од Словенија и македонскиот тренер Југослав Тренчовски беа и повеќе од успешни, сепак, искусниот стратег си заминува од овој клуб. И официјално предмалку, НК Радомље се збогува со Тренчовски, напоменувајќи дека под негово водство, клубот ја забележа една од најуспешните сезони. Дали е во прашање преселба на Тренчовски во уште поголем клуб останува да видиме. Тој пак досега собрано сериозно искуство ...

Последното коло од овогодинешниот ПМФЛ шампионат, секако дека го носи и најубавиот меч кој што треба да биде одбележан како што треба. Вардар ја слави титулата на домашен терен, односно во големото дерби против Шкендија. Атмосферата на Арената Тодор Проески е прекрасна, Вардар на полувреме води со 2:0. Домашните поведоа по дваесет минути откако Нуман Ајетовиќ си постигна ефектен автогол. Во 36. минута, Закариќ со одлична реакција по десна ...

Екипата на Хал Сити обезбеди пласман во Премиер лигата откако денес на стадионот „Вембли“ го победи Мидлсброу со 1-0 во финалето на плејофот. Хал се врати во елитната конкуренција на англискиот фудбал по девет години пауза. Првото полувреме не донесе многу возбудувања сè до последната минута пред паузата кога Мекберни ја погоди пречката од голот на Мидлсброу. Второто полувреме започна со одлична шанса за Мидлсброу во 48-та минута кога Фрај ...

Ужасни сцени во домот на Ален Прост. Легендарниот Ф1 возач и светски шампион, бил ограбен во својата куќа и повреден со удар во главата. Сè се случило во вилата на Прост во Нион, на брегот на Женевското езеро. Банда разбојници провалиле во куќата на поранешниот француски возач, четирикратен светски шампион во Формула 1, минатиот вторник, објавува „Газета дело Спорт“. Напаѓачите провалиле во 8:30 часот наутро, го нападнале Прост, на кого му ...

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ и неговиот тим Баерн (М) експресно обезбедија полуфинале во германското првенство. Денеска во третиот меч од четвртфиналната серија, Баерн (М) славеше и третпат против екипата на Трир, овој пат како гостин со убедливи 62:99. Димитријевиќ повторно беше еден од носителите на играта на гостите. Нашиот плеј постигна 12 поени и беше трет поентер во победничкиот состав. Покрај 12-те поени, зад името на ...

Еуфоријата на навивачите на Спартак (Варна) по натпреварот против Локомотив (Софија) беше навистина неопислива. Многумина избувнаа во дива радост по последниот свиреж, откако се дозна дека клубот го задржа своето место во ефбет лигата. Интересен транспарент доби и еден од главните ликови на вечерта – тренерот Ѓоко Хаџиевски, кој дефинитивно зрачеше од среќа по експресивната и заслужена победа. Навивачите посакаа македонскиот тренер да го ...

Џанлуиџи Буфон ја остави вратата отворена за враќање во Парма како директор. Легендарниот поранешен голман призна дека е отворен за можности што навистина го возбудуваат. Сепак, тој не потврди дали има конкретни разговори со клубот каде што ја започна својата професионална кариера. „Отворен сум за работи што можат да ме возбудат и што имаат смисла“, рече Буфон. „Во луѓето и понудите што ги добивам, мора да има нешто што ме допира. Не сум ...

ГРК Охрид утре ја почнува битката за пехарот во ЕХФ Европскиот Куп, кој минатата сезона го освои Алкалиод. На патот на македонскиот тим до врвот стои Татабања, првиот меч се игра на теренот на унгарскиот тим. Борис Ројевиќ, тренерот на ГРК Охрид во интервју за ЕХФ истакна дека заслужено се во финалето. „Заслужуваме да бидеме во финалето бидејќи бевме подобри од нашите противници. Бевме многу опуштени во првите рунди против РК Баки, МРК Слога ...

Кошаркарскиот тим на Пелистер е третопласиран во овогодинешниот домашен шампионат. Битолчани денеска во дуелот против ТФТ, кој што воедно беше, трет, одлучувачки во серијата го совладаа домаќинот во салата во населбата Маџари со минимални 86:90, и на тој начин ја финишираа сезоната како трет тим во лигата. „Малото финале“ мораше да биде одлучено во трет меч затоа што Пелистер токму во оваа сала против ТФТ поведе со 0:1, но потоа на свој ...

Македонската репрезентација до 21. година на 30 мај ќе одигра пријателски дуел против селекцијата на Бугарија на гостински терен. Мечот е закажан за 16:00 часот по македонско време, а ќе се игра на стадионот Бистрица во Софија. Најновите информации од нашиот табор се дека се чека официјална потврда за доаѓањето на Матеј Гаштаров односно Димитар Трајков, кои што се интернационалци. За нив се чека дефинитивната потврда ид клубовите за ...

Арсими – Струга ТЛ 0:0 по првите 45.минути од првиот меч од последното 33.коло во сезоната во ПМФЛ. Во меч кој резултатски е сосема неважен, се игра за престиж. Нема голови, а нема ни некој посбен ритам овој меч, барем во првиот дел. Гостите се заканија преку Малески во 8.минута и 39.минута, се обиде и Зенделовски да донесе водство. Кај домашните Велија а потоа и Гафури можеа да донесат водство. Но прво гостинскиот голман спаси, а потоа тоа ...

Капитенот на Манчестер Јунајтед, португалскиот интернационалец, Бруно Фернандеш е прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата. Тој ја заслужи оваа награда со импресивната статистика од осум постигнати гола и дури дваесет асистенции. Доколку пак во последното коло додаде за погодок, тој ќе стане најдобриот асистент во една сезона во Премиер лигата на сите времиња. Засега е изедначен со Тиери Анри и Кевин Де Брујне кој што застанаа на ...

Еден од домаќините на претстојниот Мундијал, кој што стартува за околу три недели, репрезенатцијата на Мексико, имаше добар тест дуел против селекцијата на Гана. Мечот одигран во градот Пуебла кој што нема да биде домаќин на ниту еден меч од турнирот, заврши со конечни 2:0, со головите на Гутиерез и Мартинез. Гана пак со својот нов селектор Карлос Квеирош имаше неколку ситуации најпрво да израмни, а потоа и да ја намали негативата но сепак ...

Полека се ближи крајот на сезоната во плеј-офот. Денеска се игра уште еден натпревар од претпоследното коло, а Алкалоид ќе го пречека Бутел Скопје во последниот меч на домашен терен. Тренерот Кирил Лазаров и неговите момци сезоната ќе ја завршат на четвртото место на табелата, пред оваа средба имаат 42 бода, осум помалку од Пелистер и Охрид, кои имаат натпревар повеќе. Бутел Скопје е петти во плеј-офот, има 24 бода исто колку и ГРК Тиквеш, ...

Пелистер почна да го гради тимот за следната сезона, битолскиот клуб го потпиша и петтото засилување. Станува збор за 20-годишниот лев бек Малик Татар. „Со карактеристики кои го привлекоа вниманието на повеќе европски клубови, нашиот нов лев бек со право беше во бележниците на многу ракометни познавачи. Наше е задоволството да го потврдиме неговиот трансфер. 20-годишниот лев бек Малик Татар е нов член на Еурофарм Пелистер. Се работи за ...

Грчкиот гигант Панатинаикос официјално објави дека се разделува од главниот тренер Рафаел Бенитез. Шпанскиот специјалист го презеде тимот во октомври 2025 година. „Ви благодариме за сè, господине. Ви посакуваме се најдобро во иднина“, се вели во пораката објавена на профилот на Панатинаикос на социјалната мрежа „X“. Под водство на Бенитез, ПАО заврши на четвртото место во грчкото првенство, собрајќи 52 бода. „Детелинците“ беа 20 бода зад ...

Фудбалерот на Арсими, Суби Мустафа изрази задоволство по обезбедувањето на опстанокот во Првата фудбалска лига, потенцирајќи дека тоа била главната цел на тимот оваа сезона. За затворање на сезоната Арсими го пречекува поранешниот шампион Струга Трим Лум. “Многу сме среќни што математички го обезбедивме опстанокот. Тоа беше нашата главна цел и верувам дека сосема заслужено го остваривме со работа, жртва и единство во текот на целата сезона”, ...

ЕХФ се наврати на четвртфиналните натпреври во Европската лига, а таму издвои еден посебен момент. Вардар 1961 не се пласираше на фајнл-фор завршницата, бидејќи имаше негатива од десет гола на првиот меч против Монпеље, но одигра одличен меч на домашен терен и победнички се одјави од европската сцена. Токму на оваа средба вардарци демонстрираа од се по нешто, а во центарот се најде Милан Лазаревски и неговиот „колут назад“. Уживајте во ова ...

Попладнево од 16:30 часот се играат сите осум средби од последното 30.коло во ВМФЛ. Фудбалски Штип се спрема за славје, за фешта, за официјализирање на првото место и директен пласман во елитата. Ривал е очајната Победа и јасно е дека ни во сон никој не помислува на некој друг резултат освен победа на тимот на Влатко Костов. Во фудбалот чудата се можни, но попладнево нема да има никаквбо чудо, само прашање е со колкава гол – разлика ќе слави ...

Кошаркарите на ТФТ и Пелистер денеска со почеток во 12 часот го играат својот последен овосезонски натпревар, во салата во скопско Маџари ќе ги одмерат силите во мајсторката од „малото финале“ за освојување на третото место во плејофот. „Пелистерци“ минатиот викенд како гости го совладаа ТФТ во истата сала, но потоа ја пропуштија можноста на домашен терен да слават со 2-0 во оваа серија и да се закитат со бронзата. Тој триумф на ТФТ во ...

Кошаркарите од клупата на Оклахома Сити одиграа историски натпревар и со дури 76 постигнати поени му донесоа на својот тим победа од 108:123 над Сан Антонио за водство од 2:1 во финалето на Западната конференција. Тандер направија пресврт откако губеа со 15:0 на почетокот. Резервите на Тандер беа клучни и во првите два натпревари, постигнувајќи 50 и 57 поени. Додека Шаи Гилџус-Александар го водеше тимот, играчите од клупата се причината ...

Шампионот на Саудиска Арабија, Ал-Наср, е заинтересиран за Пеп Гвардиола. Ова го призна агентот на каталонскиот специјалист, Хозе Марија Оробитг. „Пред месец и половина имаше контакти, но тоа беа само разговори, без никакви обврски или писмена понуда“, рече Оробитг. Според различни публикации, на Гвардиола му биле понудени околу 130 милиони евра годишно од саудискиот клуб, каде што игра Кристијано Роналдо. „Сумата не беше толку голема“, ...

Денеска се игра еден од двата први меча од последното 33.коло во тековната сезона во ПМФЛ. Јасно е дека сите погледи ќе бидат свртени кон Арената “Тодор Проески“ во Скопје, каде од 18 часот се игра дербито Вардар – Шкендија. За првпат во историјата на двата клуба, ова ќе биде резултатски неважен меч, со оглед на тоа дека Вардар уште минатиот викенд ја официјализираше 12. титулата, а вечерва ќе биде крунисан. Нашиот најтрофеен клуб ќе го ...

По се она што се случи за време на финалето од Купот на Македонија, во кое Силекс славеше со 1:0 и ја остави Шкендија без трофеј да ја заврши сезоната, и тоа како се “прославија“ најверните фанови на тетовскиот клуб. Како прво седејќи ја исвиркуваа државната химна, потоа во неколку наврати со навреди скандираа против раководството на ФФМ, да не говориме за грозните транспаренти. За ова Шкендија секако дека ќе биде казнета, а како и Шкендија ...

И официјално австрискиот дефанзивец Давид Алаба ќе го напушти Реал Мадрид на крајот од тековната сезона. По пет години, 131 натпревар и 11 освоени трофеи, клубот и играчот ја прекинуваат соработката, објави Реал. Алаба и Реал Мадрид ќе тргнат по свои различни патишта. Клубот издаде посебно соопштение во кое му изрази благодарност на Алаба за неговата посветеност и професионализам низ годините. Привлечен како слободен агент, Австриецот брзо ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.89
59%
1019
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
4.02
70%
1015
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
0.9
72%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.02
51%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
4.3
64%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.76
76%
1015
weather icon

Атина

24ᴼ / 23ᴼ
1.79
53%
1016
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.05
52%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.7
52%
1018
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
1.34
72%
1014
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
1.79
68%
1013
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.66
62%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Кобалт

45.39

Платина

55170.68

Алуминиум

3.54

Сребро

2186.28

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Злато

135639.33

Паладиум

40767.15

Бакар

13.01

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Калај

53.60