Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Поранешната српска тенисерка Татјана Јечменица на 47 години го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила на обиколницата Белград. Несреќата се случила кога се судриле патничко возило и камион. Пожарникарите од Кошутњак, Железник и Раковица пристигнале на местото на настанот во 21:16 часот, каде што пронашле две лица заробени во патничкото возило. Јечменица некогаш била 72-рангирана тенисерка во светот, а подоцна станала главен ...
Кристијано Роналдо е во центарот на вниманието во последните недели. Штрајкот, во форма на протест против наводното фаворизирање на трансфери од страна на ривалите Ал-Хилал од Саудиската лига и Јавниот инвестициски фонд, го спречи португалскиот напаѓач да игра на последните два натпревари на Ал-Наср и веројатно ќе го натера да го напушти клубот и земјата. Незадоволството на Роналдо веднаш предизвика гласини за можно враќање во Манчестер ...
Тиквеш во првото пролетно коло имаше лесна задача, доминираше и убедливо го совлада Шкупи со 0-6, играјќи во Кавадарци иако формално како гостин. Веќе следниот ривал е многу, многу посериозен, актуелниот шампион Шкендија гостува кај составот на Борче Христов. Искусниот дефанзивец Даниел Мојсов вели дека тој и соиграчите имаат максимален респект за Шкендија, но ќе сторат сѐ да ги освојат бодовите. „Бодови мора да освојуваме против секого. На ...
Лука Модриќ повторно беше херој на Милан. Хрватскиот капитен им донесе победа на „росонерите“ со гол во 85-тата минута на гостувањето против Пиза во 25-то коло од италијанската Серија А. Натпреварот заврши 2:1 за Милан, а голот на Модриќ обезбеди важни три бода за неговиот тим. Модриќ го постигна овој гол на 40 години, пет месеци и четири дена, што го прави третиот најстар стрелец во историјата на Серија А. Тоа беше вториот гол на хрватскиот ...
Одличниот старт на пролетниот дел со победата над Струга ТЛ, донесе добра атмосфера во таборот на Шкендија пред продолжение на прволигашките натпревари. Веќе денеска тетовските „црвено-црни“ гостуваат во Кавадарци, на тимот на Тиквеш, кој беше убедлив на првиот меч од вториот дел од сезоната против последнопласираниот Шкупи. Шампионот се надева дека ќе дојде до нова победа, и ќе ја продолжи битката за одбрана на титулата во Првата македонска ...
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, беше незадоволен од играта на својот тим во поразот од 3-1 од Рен во Лига 1. Тој ги критикуваше своите играчи дека не пристапиле правилно кон играта и дека не биле 100% фокусирани. Тој исто така рече дека неговиот тим не може да си дозволи повторно да дозволи работите да се изгубат така ако не сакаат да ја изгубат трката за титулата. Дембеле и Луис Енрике беа во центарот на вниманието поради она што ...
Вчера заврши 17.коло а веќе утре со мечот во Кавадарци меѓу Тиквеш и Шкендија стартува 18.коло. Познати се и официјалните лица за сите шест средби кои се играат од сабота до вторник. Дербито е во Струга каде Струга ТЛ го дочекува Силекс, а главен судија на овој меч ќе биде Стојанче Трпчевски од Скопје. “Соседското“ дерби меѓу Работнички и Вардар се игра во недела на ФФМ, а таму главен судија ќе биде Игор Стојчевски од Скопје. ОФИЦИЈАЛНИ ЛИЦА ...
Словенечкиот тренер Игор Медвед, кој на Олимписките игри во Милано/Кортина пристигна како селектор на Финска во скијачки скокови, беше отстранет од Игрите поради скандал со алкохолизам. Како што објавија финските медиуми, Медвед ги прекршил правилата на тимот за консумирање алкохол надвор од работното време. Тимот го отстранил од Милано вчера. Инцидентот наводно се случил надвор од работното време, но сепак претставува прекршување на ...
И дефинитовно Лука Булатовиќ, офанзивецот на Пелистер е централна фигура во ова 17.коло или прво пролетно од тековната сезона 2025/26. Србинот не само што му даде три гола на Работнички, туку и одигра маестрален меч, кој беше екстра значаен за неговиот тим. Лука едноставно блескаше и затоа според „СпортСпорт“ е играч на колото. Во тимот на колото се и Јашар (Башкими), Цветковски, Николов, Цветковиќ и Омерагиќ (Вардар),Пецов (Македонија ЃП), ...
Игор Тудор е на чекор до именување за привремен менаџер на Тотенхем до крајот на сезоната. Тотенхем постигнал договор со 47-годишниот Хрват, а краткорочниот договор го одржува во живот потенцијалното враќање на Маурисио Покетино во текот на летото. Поранешниот шеф на Јувентус и Олимпик Марсеј, се смета за некој што може да има непосредно краткорочно влијание додека Спарси се обидуваат да се справат со опасноста од испаѓање. Тотенхем сака ...
Куманово е последниот патник во полуфиналето во Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“, откако славеше против Пелистер со 66-75. За место во финалето ќе игра против ТФТ. Луковиќ со 20 поени беше прв стрелец кај победникот, на другата страна Малешевиќ запиша 22 поени. На оваа средба имаше од се по нешто. Од инцидент, прекин и на крајот драма. Неславен почеток на последната четвртфинална пресметка меѓу Пелистер и Куманово, после ...
Девет месеци откако заврши сезоната 2024/25 во Лигата на Шампионите, УЕФА го овбјави својот извештај за тоа на кого и колку пари им се прераспределини на клубовите за нивниот настап во ЛШ. Логично, ПСЖ како победник доби најмногу или точно 144.400.000 евра, на второто место е Интер со 136.625.000 евра, додека на трето место е Арсенал со 116.998.000 евра. Од клубовите од регионот најмногу добил Динамо Загреб и тоа 39.710.000 евра а Ц. Звезда ...
Скоро без никакви проблеми и со доминантна партија и во двете полувремиња, ракометарите на Алкалоид ја остварија и 16-тата победа во тековната сезона од домашната Суперлига. Вечерва на гостувањето против Струга, Алкалоид славеше со високи 20:41. Во првото полувреме Алкалоид не препушти ништо на случајноста, па направи комотна разлика со која си обезбеди прилично мирно второ полувреме. Стружани беа запреи на само 9 гола, додека Алкалоид ...
Фудбалерите на Милан ја продолжија својата фантастична серија без пораз, откако вечерва на гостувањето кај Пиза славеа со 2:1. Стрелец на победничкиот гол во 85-тата минута беше хрватскиот ветеран Лука Модриќ. Со својот втор гол во првенството, тој донесе победа за својот тим. Со оваа победа, Милан запиша важни бодови во борбата за титулата во Серија А, и со тоа остана пет бода зад Интер. Ова беше натпревар во кој Милан се мачеше во текот на ...
Челзи без големи проблеми се пласираше во осминафиналето на ФА Купот откако вечерва како гостин славеше кај Хал Сити со 4:0. „Сините“ успеаја да поведат со голот на Педро Нето на пет минути пред крајот на првото полувреме, а веќе во вториот дел комплетно го разбија противникот. Со својот втор гол во 50-тата минута, Педро Нето зголеми на 2:0, а потоа следуваа и погодоците на Естевао и третиот гол на Нето за конечни 4:0. Пласман во ...
Фудбалерите на Рен го победија Пари Сен Жермен на „Роасон Парк“ со 3:1 во натпреварот од 22-то коло од Лига 1 и направија вистинска мешаница на врвот на табелата. Без Жереми Жак и Пжемислав Франковски, Рен го пречека шампионот на Франција и Европа и покажа колку вреди. Без преценување на ривалот, домашните успеаја комплетно да го надиграат ѕвездениот гостински состав. Тамари во 34-тата минута го отвори резултатот за 1:0 за домашните, а во ...
Ветеранот и еден од најдобрите плејмејкери во историјата на НБА лигата, Крис Пол, одлучи да ја заврши својата славна кариера. Искусниот 40-годишен Пол ја донесе оваа одлука по неочекуваните потези на тимовите во последниот период од сезоната и првично се очекуваше да ја заврши кариерата во Лос Анџелес Клиперс, но турбулентниот крај на сезоната 2025-26 доведе до негово разделување од тимот. Потоа беше продаден на Торонто Репторс, но на ...
Фудбалските натпревари често се играат не само на теренот, туку и во салите за прес-конференции, каде што зборовите стануваат оружје. Изјавите, индиректните напади и острите забелешки се составен дел од големото соперништво, а најновата размена на такви дојде од тренерите на Барселона и Реал Мадрид. Сè започна пред натпреварот од Купот на кралот помеѓу Атлетико Мадрид и Барселона. За време на прес-конференцијата, каталонскиот тренер Флик ...
Последниот четвртфинален натпревар помеѓу Пелистер и Куманово во рамките на Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“ се игра пред полни трибини, но без фановите на битолчани. На стартот на дуелот дојде до инцидент на влезот каде што требаше да влезат „Чкембари“, по што полицијата одлучи да не ги пушти во сала. Одлуката не се промени ниту после полувремето, а фановите на Пелистер се огласија преку социјалните мрежи порачувајќи дека ...
Тиквеш денеска промовираше три засилувања. Се разбира дека со нив кавадарчани ќе бидат поквалитетни. Фоде Камара има 23 години, доаѓа од ES Mostaganem и е подготвен да ја зацврсти средината на теренот. Со него во тимот, гледаме кон нови победи и успешна сезона.Исто така тој е член и на Фудбалската репрезентација на Гвинеја! Муса Гуел е роден во 1999 година, искусен напаѓач кој доаѓа со богато интернационално искуство од Франција и Турција, ...
Норвешката ѕвезда во крос-кантри скијање Јоханес Клаебо денес додаде уште една победа во трката на 10 км слободен стил кон своите олимписки победи во скијатлон и спринт, изедначувајќи го рекордот за најмногу златни медали на Зимските олимписки игри – осум. Французинот Матис Деслож беше втор, а сонародникот на Клаебо, Ејнар Хедегарт, трет. Со денешниот осми златен олимписки медал, 15-кратниот светски шампион се израмни со сонародниците Марит ...
Кожув и Маџари одиграа интересен четвртфинален меч во рамките на Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“. Победникот од оваа пресметка е гевгелискиот тим, кој славеше против дебитантот со 84-80 и во полуфиналето ќе се сретне со МЗТ Скопје. Симиќ со дабл-дабл од 21 поен и 14 скока беше лидер кај победникот, на друга страна Луис имаше 19 поени. Гевгеличани подобро влегоа во мечот, отворија со 17-5 после пет минути игра, период во ...
Очекувано, секако и заслужено. Матиас Гидсел е прогласен и избран за најдобар ракометар во светот за 2025 година, и тоа по третпат едноподруго. Ова е според ИХФ. П повеќе од три недели гласање, Меѓународната ракометна федерација (IHF) ги објави добитниците на четири награди за најдобри ракометари и ракометарки во светот во 2025 година. Данскиот репрезентативец Матијас Гидсел и Норвежанката Хени Рајстад ги одбранија своите титули како ...
Лидерот во домашната Суперлига, екипата на Вардар, го прегази Т. Пролет во последниот вечерашен дуел од 21. коло. Во „јане Сандански“, „црвено-црните“ славеа со 38:22 и ја запишаа 20-тата победа со која остануваат убедливо на врвот на табелата во домашниот шампионат. Пролет иако имаше желба за докажување, тешко се справуваше со квалитетот на протицвникот. Вардар доминираше и на крајот и со помладите сили дојде до убедлива победа. Да Силва со ...
Само после пет и пол минути игра во последниот четвртфинален дуел меѓу Пелистер и Куманово при резултат 6-8 дојде до прекин на мечот. Прво настана инцидент на трибините, каде можеше да се види пресметка меѓу лицата за обезбедување и навивачи на Пелистер, на кои не им беше да дозволено да влезат во салата. Кратко потоа, Пелистер се повлече во соблекувална. Причината поради која битолчани се одлучија за ваков потег, неофицијално е некореткното ...
Ракометарите на Е. Пелистер вечерва многу потешко од очекуваното дојдоа до победа против Прилеп во мечот од новото 21-во коло во домашниот шампионат. Битолчани славеа со 32:27, но вреди да се напомене дека прилепчани го држеа мечот во егал се до последните седум минути, кога на семафорот стоеше 25:24. Откако видоа дека во финишот се може да се случи, домаќините додадоа „гас“ и успеаја да дојдат до комотна предност која на крајот изненасуваше ...
Откако Фудбалската федерација на Македонија, на чело со претседателот Масар Омерагиќ донираше нови клупи и боксови за Градскиот стадион во Кавадарци, раководството на ОФС Кавадарци јавно се заблагодари. Се разбира дека ова е потег за поздравување на ФФМ, ако се знае досега какви беа клупите покрај теренот на стадионот во овој град. “Голема благодарност од ОФС Кавадарци за ФУДБАЛСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА и Претседателот Г-дин Масар ...
МЗТ Скопје е вториот полуфиналист во Купот на Македонија “Благоја Георгиевски – Бууштур“. “Металците“ славеа убедлива победа во вечното дерби против Работнички во вториот четвртфинален меч денеска во Куманово, со 100:69. Некогаш ова беше “вечно“ дерби, а сега ни Д од дерби. Па така во полуфиналето актуелниот шампион во полуфиналето ќе ги одмери силите против подобриот од дуелот меѓу Маџари и Кожув. Работнички колку и да се трудеше, а се ...
Кога ќе се победи во едно големо дерби, кога ќе се победи и надигра тим кој што ти е директен ривал во битката за титулата, тогаш јасно е дека тренер на колото е стратегот на тој тим. А тренер на 17.коло според “СпортСпорт“ е Јетон Беќири. Секоја чест за Гоце Седлоски и Милан Стојановски, ама победата на Шкендија против Струга со 2:0 има посебна тежина. Шкендија на супер дербито со стружани едноставно покажа зошто е шампион. Факт е дека ...
“Бомба“ на Островот. Хрватот Игор Тудор ќе стане нов менаџер на Тотенхем. Сите најдоверливи експерти за трансфери, вклучувајќи ги Фабрицио Романо, Давид Орнштајн и Џанлука Ди Марци, потврдија дека Тудор ја прифатил понудата на Тотенхем да стане нов менаџер до крајот на сезоната. Романо објави дека планот на Тотенхем е да го вработи Тудор како привремен менаџер до крајот на сезоната и да доведе нов менаџер на лето, а Роберто Де Зерби и ...