Скопје
-3ᴼ /
-3ᴼ
Фудбалерот на Тотенхем, Мики Ван де Вен му се извини на Александар Исак за повредата што му ја нанесе. Напаѓачот на Ливерпул, кој на натпреварот со Тотенхем минатот викенд влезе како резерва веднаш по паузата, постигна гол по паузата, но во моментот на постигнувањето на голот, глуждот на Швеѓанецот заврши меѓу нозете на дефанзивецот на лондончани, кој направи старт. На Швеѓанецот му беше дијагностицирана повреда на глуждот, вклучувајќи ...
Пишува: Зоран Ѓоршоски Секогаш лошите, ужасните вести доаѓаат кога си неспремен, кога си неподготвен. Те „фаќаат“ во моменти на некои други мисли со кои се “расправаш“. Еве и доцна попладнево се потврди тоа кога некоја вест те ужаснува. Си ЗАМИНА Васе Рингов… На 70 години си замина една од најголемите наши фудбалски легенди. Си замина фудбалскиот шмекер, во чие друштво немаше човек или фудбалски фан да не се чуствува фудбалски голем, како ...
Пишува: Зоран Ѓоршоски За Васил Рингов, легендарниот фудбалер на Вардар, еден од нашите фудбалски гиганти, член на веројатно “најпеколниот тандем“ Рингов – Панчев што Македонија го имала, речиси се се знае. Играл за Беласица, Партизан, Тетекс, Вардар, Динамо Загреб, Ајнтрахт Брауншвајг, но ретко кој знае дека во јули 1983 година го носеше дресот на славниот Пари Сен Жермен. И тоа на стадионот “Паркот на Принцовите“ на еден меѓународен турнир ...
Ферари си има голем проблем. Во Ферари сега не знаат како да го откачат Луис Хамилтон, спасот е само тој самиот да посака да си оди. Луис Хамилтон ја заврши својата прва година во Ферари, но она што требаше да биде врска од соништата се претвори во голема криза. Кога седумкратниот шампион во Формула 1 пристигна во Италија, конкуренцијата беше предупредена. Најуспешниот возач во историјата се приклучи на најуспешниот тим. Се чинеше дека беа ...
Денеска во осмата деценија од животот во Скопје почина македонската фудбалска легенда Васил Рингов. Идолот на генерации скопјани, навивачи на Вардар кои што во него гледаа икона која што на фудбалскиот терен може ама буквално се. Македонската јавност ја пренесе информацијата, а медиумите низ поранешна Југославија исто така се простуваат со Рингов. Хрватските медиуми секако му оддаваат голема почит пред се поради фактот што Рингов мина ...
Тешка несреќа се случи на планината Дурмитор во Црна Гора во која животот го загуби германскиот фудбалер Себастиан Хертнер. Трагедијата се случи на жицницата на скијалиштето Савин Кук во која што корпата каде што се наоѓал Хернер нагло изгубила рамнотежа на една удолнина. Неговата сопруга била со него и таа е тешко повредена но е жива. Пренесена е на клиниката во Подгорица. Хертнер е инаку поранешен младински репрезентативец на Германија, а ...
Иако не е ден за вакви дебати, и „солење памет“ кој треба да биде селектор, и како истиот треба да се бира, во момент кога од овој свет си замина една од легендите на македонскиот фудбал Васил Рингов, поранешниот македонски селектор, Игор Ангеловски реши да го искоментира назначувањето на Гоце Седлоски како нов кормилар на македонскиот национален тим. Реши и погреши, според многумина. Не поради тоа што го напиша, тоа е негово право, туку ...
Ламине Јамал, мега – ѕвездата на Барселона иако има само 18 години тој е и мега планетарна ѕвезда. Секој негов потег, како на теренот така и надвор од него, а посебно во приватниот живот сега се гледа низ посебна призма. Се разбира и кога девојките се во прашање. Иако беше поврзуван со неколку припаднички од понжниот пол во последно време, тој си призна дека сега нема девојка, а малку на шега се “пожали“ дека има причина зошто не може да има ...
Ансу Фати со години не е тоа што требаше да биде како некогаш најголемиот светски талент.Од најголемиот талент во светот и „десетката“ на Барселона, тој дојде до точка каде што тимовите повеќе не го сакаат во својот состав. 23-годишниот офанзивен играч пристигна на позајмица од Барселона во Монако минатото лето. Не изгледаше лошо на теренот, постигнувајќи шест гола на 14 настапи, но клубот одлучи дека повеќе не го сака во своите редови. ...
Денеска во Скопје, на седумдесетгодишна возраст почина легендата на македонскиот фудбал, а воедно и на ФК Вардар, Васил Рингов. Една од најмаркантните личности на нашиот фудбал, човекот кој што повеќе од деценија го носеше дресот на нашиот најтрофеен клуб ќе остане во сеќавање на најголемиот број љубители на најубавата споредна работа на светот, како мајстор кому сите му се воодушевуваа. Ронгов покрај дресот на Вардар беше дел и од екипите ...
Согласно со системот за натпреварување во Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, почнувајќи од утревечер, ќе се играат првите елиминациски натпревари во двете конкуренции. За разлика од женскиот сегмент, каде се вклучени осумте екипи кои се дел од „Шпаркасе Лајф“ Првата лига, во машкиот, во првата елиминациска фаза ќе разигруваат екипите кои по 11. одиграни кола се со пласман од 5. до 12. место на табелата. Предвидени се четири елиминациски ...
Министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска официјално ги пуштија во употреба реконструираните спортски игралишта во Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. Министерството за спорт одговори на барањето на студентите и заедно со Општина Карпош ја реализира најавената инвестиција со која е извршена комплетна санација и реконструкција на просторот за спорт и рекреација во најголемиот ...
Нема мир во фудбалска Шпанија. Нема мир во Ла Лига, а посебно сега нема кога се води жестока полемика да не кажеме “војна“ на релација Барселона – Реал Мадрид. Секако дека “Кралевите“ ја водат полемиката преку својата клупска ТВ, ама знае и Флорентино Перез на еден свој говор од еден час, дури 55 минути да потроши на тоа како судиите и помагале на Барселона. И сега како капак на се ова во оваа полемика се вклучи и шефот на Ла Лига, Хавиер ...
И овој јануари ќе биде во знакот на ракометот. Се наближува стартот на ЕП 2026 на кое ќе учествува и Македонија. Во пресрет на ова европско првенство, медија – тимот на ЕХФ се одлучи на своите социјални мрежи да сподели видео во кое го претставува Марко Митев, еден од нашите најголеми адути во репрезентацијата. „Гарантиран шоутајм. Талентот што расте ја предводи Македонија на осмото ЕП во низа. Дали ќе можат да ја минат групата со Данска, ...
Европската ракометна федерација номинираше 18 судиски парови за претстојното машко ЕХФ ЕВРО 2026 во Данска, Шведска и Норвешка (15 јануари – 1 февруари). Поради неодамнешна повреда, чешкиот судиски пар Вацлав Хорачек и Јиржи Новотни ја повлекоа својата номинација. Нов судиски пар, српскиот дуо Марко Боричиќ и Дејан Марковиќ, се номинирани како замена. За постетување на ова натпреварување ќе имаме две судиски двојки: Димитар Митревски и ...
КФМ се одлучи да го одложи продолжението на првенството или сезоната за најмалку две недели. Ова е поради фактот дека и натаму сите во мак – кошарката си имаат проблем со ладните сали, односно со незатоплените сали. Ова значи дека сезоната во Супер – лигата ќе продолжи на 24/25 јануари, а требаше тоа да се случи две недели порано. Секако дека ова доаѓа откако најголем дел од клубовите се немоќни да ги затоплат салите во кои се игра, па затоа ...
Тренерот на Наполи и на македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, Антонио Конте, беше многу среќен по победата од 2-0 над Болоња во финалето на италијанскиот Суперкуп. „Им честитам на играчите за беспрекорниот турнир. Сакавме да си го подариме овој трофеј себеси и на нашите навивачи како подарок и да им посакаме среќен Божиќ. Убаво е да се прослави овој празник со трофеј. Го освоивме Скудетото, а сега и Суперкупот против многу силни ...
И дефинитивно Дарко Чурлинов се враќа во својата препознатлива форма. Имено македонскиот репрезентативен напаѓач попладнево во меч од 1.коло во Купот на Турција во групата Ц против Ерзумспор, уште во првото полувреме успеа да постигне два гола и на својот Кочаелиспор да му донесе водство од 2:0. Македонецот прво стрелаше во 18.минута по асистенцијата на Ривас, за да во 45.минута по асистенцијата погоди за 2:0. Со тој резултат се замина на ...
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, потврди дека Александар Исак ќе отсуствува долго време откако се здоби со сериозна повреда против Тотенхем. Шведскиот напаѓач има скршеница на левата нога и беше опериран во понеделникот. „Тоа ќе биде долготрајна повреда, неколку месеци“, потврди Слот на својата прес-конференција пред натпреварот со Вулверхемптон. „Тоа е големо, големо разочарување за него и за нас.“ Исак ја претрпе повредата по груб старт ...
Сестрата на Лионел Меси беше вклучена во сериозна сообраќајна несреќа. Марија Сол Меси се здоби со тешки повреди, вклучувајќи фрактура на ‘рбетот и изгореници. Аргентинскиот телевизиски новинар и водител Анхел де Брито рече дека мајката на фудбалската ѕвезда му рекла дека животот на Марија Сол не е во опасност, но дека сега ѝ е потребен долг период на рехабилитација. Сообраќајната несреќа се случила во Мајами, кога сестрата на Меси ја ...
Сега веќе е и официјално. Хоан Пењароја е новиот тренер на КК Партизан, официјално наследникот на Жељко Обрадовиќ. Пењароја синоќа пристигна во Белград синоќа, а денес сè беше објавено на официјалните сметки на КК Партизан. Клубот, исто така, издаде соопштение. „Хоан Пењароја е новиот тренер на Партизан. До неодамна, тренер на Барселона, тој синоќа пристигна во Белград, каде што денес ќе ја преземе функцијата шеф на тренерскиот штаб на ...
Што се однесува пак до договорот на новиот селектор Гоце Седлоски и неговиот ангажман во моментов како тренер на ФК Вардар, на јавноста повторно и се обрати претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. „Најдоброто решение во моментов за репрезентацијата на Македонија е Гоце Седлоски. Ние имаме визија што и како работите треба да ги водиме. Нема да одиме со шаблонски решенија затоа што некој мисли дека така треба, односно дека некој претходно носел ...
Конечно, што се однесува до самиот состав, и играчите на кои што ќе смета новиот селектор Гоце Седлоски, неминовно се поставува прашањето околу евентуалните новитети. Што се подразбира под тоа. Секако евентуални нови повици, или пак кам бек на старите ведети кои дадоа многу за овој национален тим, но не беа дел од составот на Благоја Милевски. „Секако дека се размислува во правец на новитетите. Ќе се следат сите сегашни, поранешни, ...
Новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација Гоце Седлоски и официјално седнува на новата функција. На денешнатра официјална негова промоција, тој ги пренесе своите импресии од новиот ангажман, секако заодоволството за дадената шанса, и конечно одговорноста која оваа фунцкија ја носи. Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ му додели дрес со бројот четири, заштитниот знак на некогашниот капитен на репрезентацијата, кој што со ...
Македонија има нов фудбалски селектор. Денеска на официјална прес конференција Македонската Фудбалска Репрезентација го промовираше Гоце Седлоски како нов кормилар на „Рисовите“. Некогашниот капитен токму на репрезентацијата на Македонија со стотина настапи доаѓа како наследник на Благоја Милевски кој беше на чело на нашиот национален тим повече од четири години. Седлоски секако ќе ја има првата задача, да ги одигра бараж дуелите за ...
Раководството на Барселона влегува во деликатна, но важна фаза на планирање за иднината, а една од најчувствителните теми се однесува на судбината на една од најискусните личности во клубот. Според информациите од „Спорт“, се очекува менаџерот Ханси Флик да одржи клучен разговор со Роберт Левандовски на почетокот на 2026 година. На состанокот ќе се разговара дали напаѓачот треба да остане во клубот по завршувањето на тековната сезона. Во ...
Со промена на генерација и младите ракометари, македонската ракометна репрезентација ја продолжи традицијата на учества на големи натпреварувања. Селекторот, Кирил Лазаров и неговите момци ќе бидат дел од Европското првенство 2026 година, а таму во групната фаза ќе имаат тешка задача бидејќи за противници ги имаат Данска, Португалија и Романија. За предводникот на нашиот национален тим најважна ќе биде поддршката од јавноста и на ова големо ...
Поранешниот македонски репрезентативец, Ванче Шиков ќе биде дел од сручниот штаб на новиот селектор, Гоце Седлоски, кој денеска и официјално во 11:30 часот ќе биде промовиран. Како што „СпортСпорт“ објави по одлуката за наследникот на Благоја Милевски станува јасно и кои тренери ќе бидат дел од неговиот тим. Ванче Шиков е од Кавадрџи има настапувано како дефанзивец во бројни европски екипи, а за македонската репрезентација има одиграно 35 ...
Голден Стејт изминатата вечер го совлада Орландо пред своите навивачи (120:97), но речиси ниту еден кошаркарски потег од НБА-натпреварот нема да остане во сеќавање. Причината е моментот кој засени сè – кога тренерот Стив Кер јавно му одржа „лекција“ на својот играч Дрејмонд Грин, по што кошаркарот замина кон соблекувалната. Се виде дека Кер и Грин влегоа во расправија околу нешто, која траеше речиси целиот тајм-аут. По тоа, Грин стана од ...
Натпреварот од Серија А помеѓу Милан и Комо, закажан за 8 февруари, и дефинитивно нема да се игра во Перт, Австралија, и покрај месеците преговори и дискусии. Серија А објави соопштение во кое потврдува дека плановите за одигрување на натпреварот во Австралија нема да се одржат. Натпреварот не може да се игра на „Сан Сиро“ бидејќи се совпаѓа со церемонијата на отворање на Зимските олимписки игри. Затоа лигата се обиде да го организира ...