Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Ако имаше дилеми, повеќе не треба да има. Премиерлигата е најдобра во светот, што се одразува во фактот дека втора година по ред ќе има дури девет претставници во Европа. Кристал Палас ја освои Конференциската лига со победа над Рајо Ваљекано (1:0) и си “чекираше“ нова, трета сезона на европската сцена, овој пат во Лигата на Европа како победник на третото најсилно натпреварување. Со тоа, тој им се придружи на Борнмут и Сандерленд, Брајтон ...
Се чини дека Бојан Миовски ова лето би можел да ја промени средината. Имено јасно е дека во Глазгов Ренцерс не успеа да ја добие потребната минутажа, а во следната веројатно ќе биде уште потешко ако се знае дека Ренџер успеа да го ангажира капитенот на Хартс, Лоренс Шекленд. Па така сега во тамошните медиуми, почнаа шпекуалциите дека Македонецот би можел да оди во спротивен правец и тоа како позајмен играч на Ренгерс. Јасно е дека за ова се ...
Нашиот У21 национален состав овој репрезентативец прозорец ќе го искористи за дуел против соседот Бугарија на 30 мај во Софија на стадионот во Бистрица. Селекторот Горан Станиќ направи комбинација од повикани фудбалери, кои што се дел од тековната генерација која што ги игра актуелните квалификации, како и на фудбалери кои што имаат право на настап и во следниот циклус. Што се однесува пак до противникот, селекторот на Бугарија, Тодор Анчев ...
РК Вардар стави победнички печат на сезоната во која се врати на врвот после пауза од три години. „Црвено-црните“ дојдоа до 16-тата титула во својата историја. Иако овој натпревар требаше да се одигра на теренот на Бутел Скопје, сепак во договор на двата тима, истиот беше закажан во СЦ „Јане Сандански“ се со цел, Вардар пред своите навивачи да го подигнат пехарот. Во последниот меч од плеј-офот на домашен терен го совладаа тимот на Бутел ...
Веројатно најголемата фудбалска ѕвезда во Бразил, Нејмар, пристигна во тренинг-кампот на националниот тим во Терезополис со приватен хеликоптер. 34-годишникот пристигна на собирот со повреда, па веднаш ќе биде подложен на лекарски прегледи за да се утврди вистинската сериозност на повредата и да се процени кога може да очекува враќање на теренот. Патем, Нејмар е единствениот играч кој долета на тренинг. Националната репрезентација ќе остане ...
Агентот на Леброн Џејмс очекува појаснување за плановите на Лејкерси за составот на тимот за следната сезона, пред да донесат одлука за иднината на една од најголемите ѕвезди во историјата на кошарката. Се очекува Леброн Џејмс наскоро да влезе во некоја фаза од преговорите со Лејкерси, тврди инсајдерот Брајан Виндхорст. Според него, Леброн сè уште е наклонет кон останување во Лос Анџелес. Сепак, неговиот тим се надева на понатамошно ...
Во своето прво европско финале, екипата на Кристал Палас дојде до првиот голем трофеј во клупските витрини. Вечерва во финалето на Конференциската лига во Лајпциг, момците на Оливер Гласнер славеа со минимални 1:0 на дуелот со шпански Рајо Ваљекано и успеаја да испишат уште една нова страница од клупската историја. Одлуката за новиот освојувач на третото по ранг европско натпреварување стигна на почетокот на второто полувреме, кога Жан Филип ...
Вториот натпревар од финалето на српското ракометно првенство меѓу Војводина и Партизан беше прекинат во Нови Сад. Гостинските навивачи двапати употребија пиротехника, по што беше одлучено тимовите да се повлечат во соблекувалната. Во еден момент, по постојаните навреди од трибините, „гробарите“ почнаа да фрлаат топовски бомби, а една од нив падна во близина на голот на Партизан. Двете екипи го напуштија теренот и чекаат одлука од судијата. ...
Сега веќе поранешниот тренер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, како своја следна работа најверојатно ќе има селекторска улога во некоја репрезентација. Каталонскиот тренер го напушти Сити по 10 години во клубот, во кои освои 20 трофеи. Гвардиола ќе стане амбасадор на Сити Фудбал Груп, во која се вклучени Сити и уште 10 клуба. Според „talkSPORT“, Пеп сонува еден ден да ја води репрезентацијата на Англија. Во меѓувреме, Фудбалската федерација ...
Американката Лоло Џонс со години беше една од најпознатите атлетичарки во светот, но нејзината спортска кариера честопати беше засенета од нејзиниот приватен живот и признание што ја шокираше јавноста. Оваа сега 43-годишна Американка отворено зборуваше за фактот дека е сè уште девица и дека одлучила да ги зачува интимните врски за бракот. Џонс тврди дека оваа одлука била потешка за неа од сè што поминала за време на нејзината професионална ...
РК Вардар и официјално повторно е на врвот на македонскиот ракомет. „Црвено-црните“ ја освоија 16. шампионска титула во својата историја, после три години повторно се искачија на тронот. Крунисувањето се случи денеска после завршување на последниот меч од плеј-офот против Бутел Скопје. Вардарци сезонава покажаа шампионски карактер, квалитет и победнички менталитет, а круна на сите настапи беше враќањето на титулата во своите витрини. Тимот ...
Селекторот на Холандија, Роналд Куман, го објави конечниот список од 26 играчи за претстојното Светско првенство што ќе се одржи во Канада, Мексико и САД, а меѓу најважните вести е враќањето на најдобриот стрелец во историјата на националниот тим, Мемфис Депај. Бразилскиот напаѓач на Коринтијанс успеа да се опорави од повредата на тетивата и ќе биде достапен за Холанѓаните на Светското првенство. Добри вести за Холанѓаните се повиците за ...
Како што јавува „Марка“ во денешното издание, тимот на Барселона има начелен договор со звездата на тимот на Њукасл, Ентони Гордон. Тој пак според информациите на Ноу Камп би требало да се пресели за сума помеѓу 70 оносно 80 милиони евра, што е секако сериозен проект. Спортскиот директор на Барса, Деко, отпатувал лично во Англија за да се разговара за заинтересирсните страни, односно клуб, и играч. Тој но и првиот човек на Барса, Жоан ...
Кошаркарската федерацција на Македонија ќе биде организатор на завршниот турнир во М16 лигата. откако ниту еден од четирите клубови-финалисти не се пријави на лицитацијата за стекнување со правoтo да биде домаќин на финалниот турнир од ова натпреварување од „Адастра“ младинските лиги. Утврден е и распоредот на натпреварите кои ќе бидат реализирани во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје. Полуфиналните натпревари на кои ќе се сретнат: ...
Горан Кузманоски денеска го имаше последниот меч како тренер на Бутел Скопје. Селекторот на кадетската репрезентација следната сезона се сели во Кипар во екипата на Строволу, а на негово место доаѓа Стојанче Стоилов. Кузманоски и неговите момци во последното коло во плеј-офот ги одмерија силите со новиот првак, Вардар 1961, а стратегот на „бутелци“ може да биде задоволен од она што го постигнаа. Па токму затоа пред крајот на самиот меч тој ...
Лацио го објави заминувањето на Маурицио Сари. Римскиот клуб објави дека 67-годишниот специјалист поднесе оставка од функцијата главен тренер во меѓусебен договор со клубот. Сари беше на чело на Лацио од јуни 2025 година. Претходно го водеше тимот од 2021 до 2024 година. Минатата сезона, „Орлите“ завршија на 9-то место на табелата во Серија А, со 54 бода, и стигнаа до финалето на Купот на Италија, каде што загубија со 2-0 од Интер. Претходно ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Французинот Валентин Ројар во второто коло на Ролан Гарос со 3:1 (6:3, 6:2, 6:7, 6:3) и се пласираше во третиот круг од натпреварите на вториот Грен Слем оваа година. По првите два добиени сета, во третиот видовме драма која Французинот ја реши во своја полза во тај-брејкот. Дури и во тај-брејкот беше неизвесно до самиот крај, каде што Ѓоковиќ имаше предност од 3:0, но на крајот Ројар победи со 9:7. ...
Официјално првенствата 2025/26 завршија во ПМФЛ и ВМФЛ, а сега пред нас се баражите за пополнување во двете лиги за следната, 2026/27 сезона. Од другата сезона во ПМФЛ ќе се натпреваруваат 10 клубови, имињата на осум од нив се познати, остануваат само уште две празни места, а тие ќе се знаат по одигрувањето на двата баражи Пелистер – Шкендија Арачиново и Брера – Скопје. Победниците од овие два меча следната сезона ќе бидат дел од елитата. И ...
Пред почетокот на денешниот последен натпревар од оваа сезона во Суперлигата, ракометарите на Вардар беа пречекани со шпалир од страна на противникот, екипата на Бутел во салата „Јане Сандански“. Денеска „вардарци“ и официјално ќе го добијат шампионскиот пехар од РФМ за шампионската сезона во домашниот шампионат. Пред почетокот на денешниот последен натпревар од оваа сезона во Суперлигата, ракометарите на Вардар беа пречекани со шпалир од ...
Македонскиот национален тим до 21. година денеска и официјално ги стартуваше подготовките за претстојниот пријателски дуел против соодветната селекција на Бугарија на гостински терен. Истиот се игра во Софија, на 30 мај на стадионот Бистрица во 18:00 часот, а нашиот национален тим денеска имаше прозивка во хотелот Холидеј Ин во Скопје. Попладнево пак, одржан е и првиот тренинг на стадионот во Автокоманда. Младите ќе тренираат во Скопје во ...
Поради повреда на коленото, капитенот на репрезентацијата на Македонија, Енис Барди нема да биде дел од дуелите кој нашиот национален состав ги игра против Босна односно Турција. Барди пристигна повреден во репрезентативниот кампус и не тренираше. За да по прегледите од докторскиот тим сепак биде констатирано дека не е во можност да помогне за овие два пријателски мечеви. Во текот на денешниот ден, најдоцна утре ќе се знае и дали селекторот ...
Вечерва со почеток од 21:00 часот во Лајпциг, Германија, екипите на Кристал Палас и Рајо Ваљекано ќе го одиграат финалето во Лигата на Конференции. Како што тоа речиси секогаш бива кога се во прашање англиските екипи и нивните навивачи, во пресрет на финалето и на само неколку часа од стартот на истото се случи инцидент. Поточно тепачка помеѓу двете навивачки групи во центарот на градот односно во фан зоната на англичаните. При што, како што ...
Велес е шестиот град во кој ќе се одржи „Денот на спортот“ во рамките на Плазма Спортските игри за млади. Главната цел на СИМ е бесплатен спорт за секое дете, како и поттикнување на здрав, активен и динамичен животен стил, промоција на инклузијата, развој на здрави навики, негување на фер-плејот, создавање искрени пријателства и градење на вистински вредности. Овој голем спортски настан за првпат оваа година се одржува во Македонија, а ...
Секако дека е повеќе од заслужено. Шпанскиот тренер на Арсенал, Микел Артета, е прогласен за менаџер на годината во Премиер лигата за сезоната 2025/26. Тој ги победи Пеп Гвардиола, Андони Ираола, Кит Ендрус, Реџис Ле Бри и Мајкл Карик во трката за наградата. Под водство на Артета, „топџиите“ ја освоија англиската титула. Тие собраа 85 бода од 38 кола од шампионатот, 7 бода пред нивниот најблизок конкурент Манчестер Сити. Ова е прва титула за ...
Нуњо Еспирито Санто останува во Вест Хем и покрај испаѓањето во Чемпионшип. Денес пристигна веста дека раководството на Вест Хем одлучило да го задржи и да го поддржи Санто, со цел што побрзо да се врати во Премиер лигата. Од Вест Хем пристигна само кратка потврда дека по состанокот е одлучено дека португалскиот играч ќе добие целосна поддршка пред новата сезона. Нуњо пристигна во Вест Хем кон крајот на септември 2025 година наместо Греам ...
Само што заврши сезоната во Премиер лигата, и фудбалскиот свет ќе се префрли преку Атлантикот за да го следи Мундијалот во САД, Мексико и Канада, а веќе екипите во Англија го подготвуваат ростерот за следната сезона. Сериосни фудбалски гиганти како Манчестер Јунајтед одамна ги имаат пикирано имињата кои ги посакуваат како засилувања, па летово само е финишот на трансферите на истите. Па така, Едерсон од Аталанта, играчот кој импресионираше ...
И официјално Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески ставија крај на судиската кариера. По цели 27 години делење на правдата во ракометна Македонија, судиски стаж и повеќе од 900 отсудени натпреари, тие одлучија да стават крај на една долга и успешна кариера. Тоа се бројки кои говорат за исклучителна кариера со труд и интегритет, се разбира и љубов кон спортот и посебно ракометот. По повод крајот на судиската кариера, со посебно соопштение се ...
Раководните структури на тимот на Вест Хем кој што и официјално испадна од Премиер лигата сезонава, одлучи дека најдобро за тимот следната сезона е да го води истиот менаџер како и досега. Нуно Еспирито Санто ќе остане кормилар на Вест Хем и покрај релегацијата. Менаџментот одлучи дека сепак тој е најдоброто решение за брзо враќање во највисок ранг. Весте Хем под водство на Еспирито Санто, освои 22 бода од 13 натпревари и беше близу до ...
Ѕвездата на Барселона и шпанската репрезентација, Ламине Јамал, ја откри својата нова, модерна фризура, која ќе ја носи на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Фудбалерот ја покажа промената пред своите импресивни 42,9 милиони следбеници на Инстаграм, а зад ножиците стои никој друг освен Вагнер Тенорио – фризерот на некои од најголемите имиња во светскиот фудбал. Вагнер Тенорио детално го опиша концептот зад новиот изглед на Јамал. ...
Уште една успешна спортска приказна е реализирана во рамките на Плазма Спортските игри за млади, кои за првпат оваа година се одржуваат во Македонија. Струмица е петтиот град-домаќин на „Денот на спортот“. На градскиот плоштад, околу 700 дечиња уживаа во уникатно и големо натпреварување. Поттикнување на спортскиот начин на живот, инклузија, толеранција и другарство меѓу децата и младите е главната мисија на најголемиот спортско-аматерски ...