Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Македонскиот репрезентативен голман, Мартин Томовски уште еднаш е причината за што неговиот тим остана непоразен. Битигхајм на домашен терен одигра реми (29-29) против екс-тимот на Томовски, Постдам. Нашиот репрезентативец беше на ниво на задачата. Зад своето име запиша 12 одбрани, две од седум метри. Добро е познато дека Битигхајм е новиот Бундес-лигаш, историјата и официјално ќе биде испишана во следното коло. Македонскиот ...
Утре во 20 часот во салата „Билјанини Извори“ во Охрид, ќе се одигра реваншот од финалето во ЕХФ Европскиот Куп помеѓу ГРК Охрид и Татабања. Нашиот претставник има златна шанса да го повтори успехот од лани на Алкалоид и да дојде до прв европски трофеј во својата клупска историја. Се е подготвено за реваншот, се знае дека салата ќе биде преполна, одамна нема билети, атмосферата во граддот е зовриена посебно ако се знае дека раваншот Охрид ќе ...
ПСЖ ја освои Лигата на шампионите по изведување на пенали вечерва во Будимпешта. Финалето заврши со резултат 1:1 по регуларното време, а во продолжението од половина час не беа постигнати голови. Каи Хаверц постигна гол во 6-тата минута за Арсенал, додека Усман Дембеле постигна гол од пенал за ПСЖ во 65-тата минута. Експертскиот панел на УЕФА го прогласи најдобриот играч на натпреварот по финалето. Витиња, португалскиот играч за врска на ...
Во финалето на Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Арсенал, екипата на Микел Артета поведе со голот на Каи Хаверц, а во второто полувреме, Усман Дембеле израмни од пенал и со тоа го крена осумгодишното проклетство. Конечно, за прв пат од 2018 година, и дуелот помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул, кој заврши со резултат 3:1 во корист на „кралскиот клуб“, го гледавме финалето на Лигата на шампионите во кое двата тима успеаја да постигнат гол, со што ...
Фудбалскиот шампионат на Македонија викендов ја има својата завршница со бараж мечевите за опстанок односно влез во ПМФЛ шампионатот. Дуелите Пелистер – Шкендија Арачиново, односно Брера – Скопје ќе ги дадат прволигашите за следната сезона, а во Битола атмосферата и тоа како се подгрева за дуелот кој инаку се игра утре во Кавадарци со почеток од 16:30 часот. Во еуфоријата по повод овој меч, се вклучи и ракометниот клуб Е.Пелистер, кој што ...
Долго се најавуваше како спектакл, и беше спектакл синоќа на “Кошево“ пред околу 30.000 гледачи. БиХ која се “загреваше“ за претстојниот Мундијал и Македонија која се “загреваше“ за она што ќе се случува од септември па натаму. И веднаш откако го видовме составот на домашната селекција, кој го изведе нивниот селектор Сергеј Барбарез, имаше разочарување кај сите, а посебно кај нас, или барем тие што повеќе се разбираат во фудбал. А тоа е дека ...
ПСЖ – Арсенал 1:1 или вкупно 5:4 по изведување на пенал – серијата, тоа значии дека ПСЖ ја одбрани титулата, ПСЖ и натаму е најдобар во Европа. Ова е исходот од финалето кое вечерва се одигра во Будимпешта. Трагедија за Арсенал, но Езе и Габриел очајно изведуваа пенали, па така по една драма, по 120 минути и пенал – серија, 71. финале му припадна на ПСЖ. Ова е второ загубено финале за Арсенал, по она пред 20 години од Барселона. Инаку ...
Македонскиот фудбалски национален тим синоќа го одигра својот пријателски натпревар против Босна во Сараево. Дуелот заврши 0:0, а мина во прекрасна атмосфера создадена од домашната многубројна публика. Истата е во тотална еуфорија со оглед на фактот што Босна за неколку дена заминува во САД да биде дел од претстојниот Мундијал, а вчера создаде атмосфера за почит. Меѓудругото, срдечно го поздрави и нашиот репрезентативец Агон Елези кој што е ...
Кошаркарската федерација на Македонија излезе со соопштение во кое ја информира јавноста дека на денешната седница на Управниот одбор, едногласно беше усвоен Предлог правилникот за лиценцирање на кошаркарски клубови за натпреварувачката сезона 2026/2027, како дел од реформските процеси насочени кон создавање поквалитетен, поорганизиран и финансиски постабилен кошаркарски систем. Особено значаен сегмент од новиот правилник се финансиските ...
Македонскиот репрезентативец и член на АК Работнички, Андреас Трајковски, го освои златниот медал во скок во далечина на Европското првенство во атлетика за мали земји (European Challenger Championships), кое денес се одржа на легендарниот стадион Stade Louis II во Монако. Андреас уште во втората серија го постави победничкиот резултат од 7.62 метри. По првиот скок од 7.43 метри, тој значително го подобри резултатот и изби на првата ...
ПСЖ – Арсенал 1:1 е исходот од финалето во ЛШ, кое вечерва се игра во Будимпешта. Нема победник, па затоа ќе се играат продолженија, а можеби ќе мора да се шутираат пенали за да го добиеме шампионот на Европа. Арсенал поведе со голот на Хаверц во 6.минута, за да во второто полувреме актуелниот европски првак израмни со голот на Дембеле од пенал во 65.минута. И двете екипи имаа шанси за победа во регуларниот дел, но сепак ќе има продолженија ...
Утрешниот бараж дуел за пласман, односно опстанок во ПМФЛ конкуренцијата, помеѓу екипите на Пелистер односно Шкендија Арачиново, домаќинот, Кавадарци, односно ГФК Тиквеш предмалку излезе со важна информација. Дека бројот на билети кои што ќе биде достапен за домашните навивачи, оние од Кавадарци ќе биде лимитиран, и дека истите навреме ќе треба да бидат набавени. Мечот стартува од 16:30. Утрешниот бараж дуел за пласман, односно опстанок ...
Струмица дишеше во ритамот на младоста, спортот и искрените детски насмевки. Градот уште еднаш покажа дека кога се спојуваат енергијата, желбата за натпреварување и другарството, се создава атмосфера која долго се памети. 1 Во рамките на Плазма Спортските игри за млади, „Денот на спортот“ во Струмица донесе вистински празник на терените. Над 700 деца исполнети со ентузијазам и спортски дух се натпреваруваа, покажаа дека победата е ...
Женската репрезентација на Македонија со 3:1 (25:21, 20:25, 25:20, 25:18) загуби од Косово и на вториот пријателски натпревар во пресрет на учеството во Европската лига 2026. Како и на првиот натпревар така и денеска стручниот штаб комбинираше со поставата и им даде шанса на сите репрезентативки во составот. За нашите одбојкарки ова беше последна проверка на силата во подготвителниот период. Женската репрезентација на Македонија со 3:1 ...
ПСЖ – Арсенал 0:1 е резултатот од првото полувреме од финалето во ЛШ кое се игра на „Пушкаш Арената“ во Будимпешта.Стрелец на тој гол за шампионот на ПЛ беше Каи Хаверц во 6.минута кога прво продре по левата страна за да потоа со силен удар просто ја “скина“ мрежата на Сафонов. Да потсетиме дека Хаверц беше стрелец за Челзи во финалето 2021 кога тимот од Лондон славеше против Манчестер Сити со 1:0. ПСЖ во првото полувреме не можеше да ја ...
Екипите на Кожув, Еуромилк и Камјани следната сезона ќе играат во ВМФЛ откако попладнево во трите баражи за пополнување на втората лига славеа победа против своите противници. Во Кратово составот на Еуромилк славеше со 2:1 против Саса, иако губеше со 0:1 а победничкиот гол го даде во 89.минута за големо славење на своите фанови. Во Кочани немаше никакви дилеми. Кожув и тоа како беше убедлив против Борец и победи со 4:0, па така и следната ...
Македонскиот национален тим до 21. година, денеска го игра закажаниот пријателски дуел против соодветната селекција на Бугарија во Софија, на стадионот Бистрица. Дуелот се игра во 16:00 часот по македонско време, а нашиот национален тим замина за Бугарија релативно ослабен. Со неколку откажувања во името на Трајков, играчите на Шкендија Мелиќи, односно Јакуповиќ, како и играчот на Струга, Хамза Меметриза. Оваа генерација има уште два дуела ...
Уште една одлична партија на нашиот најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ во дресот на Баерн Минхен. Попладнево во првиот меч од полуфиналето во плеј – офот во првенството на Германија, Баерн како домаќин славеше со 83:78 и поведе во серијата со 1:0. Кога сме кај Македонецот, Нено запиша дабл – дабл, односно запиша 10 поени, имаше и 14 асистенции и два скока. Навистина импресивен настап на Димитријевиќ посебно кога станува збор за ...
Досегашниот играч на Аталанта, и младински репрезентативец на Италија, Марко Палестра е првата трансферна цел на тимот на Интер во овој преоден рок. Младиот играч е приоритет за актуелниот шампион во Серија А, но секако неговата цена не е ни малку ниска на трансфер пазарот. Причината што Палестра е приоритет на позиција каде што во моментов игра Дензел Дамфриз е фактот што крилото има опција во договорот за заминување од Интер за сум од 25 ...
Македонската репрезентација до 21. година доживеа пораз од соодветната селекција на Бугарија, откако денеска во Софија, на стадионот Бистртица загуби со минимални 1:0. Стрелец на единствениот гол на овој меч беше во педесеттата минута од мечот. Нашиот состав не ги искористи своите шанси за разлика од домаќинот кој што погоди кога најмногу требаше, на стартот на второто полувреме. Оваа генерација која што ги игра и актуелните квалификации ...
Роберто Гарсија Парондо и Мелсунген се вториот финалист на фајнл-фор завршницата во ЕХФ Европската лига. Шпанскиот стратег и неговите момци го добија бундеслигашкото дерби, го победија Фленсбург со 37-30. Тимот на Роберто Пародно низ текот на целиот меч знаеше што сака, и со добра стретегија стигнаа до она што го посакуваа. Даинис Кристопанс со 9 гола и Небојша Симиќ со 15 успешни одбрани го предводеа Мелсунген до финалето. Во битката за ...
На нешто повеќе од еден час до стартот на големото финале во Лигата на Шампионите меѓу ПСЖ и Арсенал, познати се и стартните состави. Луис Енрике и Микел Артета ги објавија своите состави со кои ќе се обидат да дојдат до пехарот во ЛШ. Ова се стартните состави: ПСЖ: Сафонов, Хакими, Маркињос, Пачо, Нуно Мендеш, Витиња, Жоао Невес, Фабијан Руиз, Дуе, Дембеле и Кварацкелија. АРСЕНАЛ: Раја, Москера, Салиба, Габриел, Хинкапија, Рајс, Одегард, ...
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике го најави денешното финалето против Арсенал. Натпреварот ќе се одржи на Пушкаш Арената во Будимпешта, со почеток во 18:00 часот. „Арсенал беше најдобриот тим во Премиер-лигата оваа година, тие заслужија да ја освојат титулата. Двата тима се повеќе од две различни идеи, тие се две слични идеи, но со различни патеки. Ние имаме најдобар напад, а тие имаат најсилна одбрана. Но, тие се исто така тим кој ...
Утре македонската фудбалска сезона и официјално го има својот крај, со бараж дуелите за опстанок односно пласман во ПМФЛ конкуренцијата. Пелистер како што е добро познато оди на дуел со тимот на Шкендија од Арачиново, а истиот се игра во Кавадарци со почеток од 16:30 часот. Битолачани ниту во сон не помислуваат да се враќаат во втора лига, па токму затоа во градот неколку дена сериозно се „билда“ атмосферата околу овој меч. Популарните ...
Она што се очекуваше тоа и се случи кога е во прашање екипата на Ливерпул. Арне Слот повеќе не е менаџер на клубот од Енфилд, и тоа е одлуката која што е конечна. И покрај актуелниот договор на Слот, тој нема повеќе да го води тимот, таква е одлуката на менаџментот на овој премиерлигаш. Лошата резултатска сезона, петтото место на табелата и едвај обезбедениот пласман во Лигата на Шампионите очигледно беа пресудни тој повеќе да не е дел од ...
Селекцијата на Франција се собра во Клерфонтен пред Светското првенство, кое започнува во Канада, САД и Мексико на 11 јуни. Жил Кунде (27) привлече внимание за време на собирот во кампот на репрезентацијата со својот избор на модна линина. Дефанзивецот на Барселона во минатото беше коментиран од фудбалските фанови и експерти. Л’Екип објави видео од пристигнувањето на Кунде, а некои од коментарите под видеото се: „Изгледа како земјоделец“, ...
Македонскиот спорт бележи историски резултат. Нашата најдобра џиу-џицу натпреварувачката Катерина Ацевска и официјално се искачи на првото место на светската ранг-листа во сениорска конкуренција, во категоријата над 70 килограми. Позади неа останаа 70 борци во таа категорија од 30 различни држави. „Овој резултат доаѓа по 15 години напорна работа и посветеност, многу вложување и многу откажување. Многу пролеана пот и крв, многу тренинг ...
Фудбалскиот тренер на Арсенал, Микел Артета, пред финалето на Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен, кое се игра денеска со почеток во 18 часот, изјави дека неговиот тим има можност да напише нова страница во историјата со освојување на првата титула европски шампион. „Подготовката беше многу добра и позитивна. Тука сме затоа што заслужуваме да бидеме. Утре ќе се обидеме да го заслужиме и овој трофеј“, рече Артета . Шпанскиот стручњак ...
Вардар спогодбено ги раскина договорите со чуварот на мрежата Ведран Ќосевски и со офанзивецот Михаил Талевски. И двајцата фудбалери си заминуваат од таборот на „црвено-црните“ како слободни агенти, потврдија од клубот. Ќосевски во редовите на Вардар пристигна од Струга, а во својата кариера настапуваше и за ирански Естегал, како и за босанските Вележ од Мостар и Железничар. Талевски дојде минатото лето од Пелистер и беше херој на тимот, ги ...
Најдобриот тим во Европа против најдобриот тим во најсилната лиога во светот. ПСЖ против Арсенал, тоа е 71. финале во најелитното клупско натпреварување и тоа вечерва од 18 часот на велелепната “Пушкаш Арена“ во Будимпешта. Еден против друг Луис Енрике против Микел Артета, двајцата шпански стратези во едно вакво мега – финале. Шампионите од минатото финале влегуваат во натпреварот со амбиција да го одбранат својот трофеј и да освојат втора ...