Шпанска „Марка“ ја откри неверојатната драма зад сцената и позадината на неуспехот на Реал да го ангажира капитенот на шпанската репрезентација и еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот, Родри Ернандез. И покрај фактот што ѕвездата на Манчестер Сити уште од мали нозе фантазираше за белиот дрес на кралскиот клуб, Барселона ја искористи неодлучноста на ривалот и зграпчи спектакуларно засилување! Според пишувањето на овој угледен ...

Џејми Варди би можел да направи еден од најинтересните трансфери во својата кариера пред својот 40-ти роденден, бидејќи Сао Паоло е сериозно заинтересиран за легендарниот англиски напаѓач. Бразилскиот гигант воспостави првични контакти во врска со потенцијалното доаѓање на Варди, кој моментално е слободен агент откако му истече договорот со Кремонезе. Формалните преговори сè уште не се започнати, но раководството на Сао Паоло детално ја ...

Ракометната федерација на Македонија ќе има свој претставник на претстојните Медитерански игри, кои ќе се одржат во Италија во периодот од 20 август до 3 септември. Македонија ќе настапи со женска младинска селекција, составена од комбинација на младинки и кадетки, односно ракометарки од генерациите У18 и У20. Поради краткиот временски период за формирање на составот, селекцијата беше комплетирана во најбрз можен рок, со репрезентативки кои ...

Албанија! Анес Меличи (20), како што пренесува “Инфоспорт“ може лесно да се случи да игра за А-репрезентацијата на Албанија. Младиот дефанзивец, кој е стандарден во Шкендија и во младинската селекција на Македонија до 21.година имал понуда од Фудбалската федерација на Албанија да игра за А-селекцијата на таа земја. Иако дека момчето кое е родено во Скопје, а ја мина школата на Шкендија игра редовно во младинските селекции на Македонија, ...

Ракометната екипа на Вардар во својот прв официјален меч од новата сезона успеа во првото коло од Регионалната лига да обезбеди победа против тимот на Војводина со конечни 36:30. Во интересен и динамичен меч, Вардар на полувреме имаше предност од 20:15 и се виде дека има резултатска и играчка контрола врз натпреварот. Во продолжението на мечот, „црвено – црните“ само ја контролираа ситуацијата и обезбедија победа со шест голови предност. Во ...

Барселона ги доведе Ентони Гордон и Карим Адејеми во претходниот дел од преодниот рок, а Родри и Жоао Кансело веќе се тука. Но, покрај тие звучни засилувања, Деко и неговите соработници некако тивко го доведоа и 18-годишниот Џеси Бисиву, кој пристигна од Клуб Бриж за бројка од речиси девет милиони евра. Тој е 18-годишник кој игра на левото крило, но може да игра и на десното крило доколку е потребно. Неговото доаѓање во Барселона изненади ...

Сплит во следните неколку денови ќе биде во центарот на вниманието. Во овој хрватски град од денеска до 22 август ќе се одржи меѓународното финале во рамките на Плазма Спортските игри за млади. Најголемата спортско-аматерска манифестација за деца и млади во Европа ја одбележува својата јубилејна 30. сезона од своето постоење. Во текот на трите децении на Игрите учествувале повеќе од 3.869.000 деца и млади. Македонија за првпат оваа година е ...

И тоа како е интересно на фудбалскиот пазар во Европа. Откако, секако поради СП 2026, клубовите во Премиерлигата како да беа тивки, сега и тоа како покажуваат кој е главен. Па така информација од Островот дека Арсенал има план, и тоа пеколен план. Ако се знае дека Виктор Осимен е “скапа играчка“, и тоа со цена од повеќе од 100 милиони евра, Арсенал има намера прво на Барса да и го продаде Виктор Ѓокереш, а да го донесе другиот Виктор, оној ...

Од она што може да се види на официјалниот сајт на Фудбалската федерација на Македонија, во недела (23 август) нема да има прволигашки фудбал. Познат е распоредот на натпреварите за 4.коло и тоа две во петок, една во сабота и две во понеделник. Интересно е тоа што понеделник (24 август), ќе има две дерби средби во Скопје, едната на Арената каде ќе играат Вардар и Силекс, а втората на тренинг центарот на ФФМ каде се среќаваат Шкендија и ...

Бил најдобар, голгетер, фудбалер со високи дострели и минато во добри клубови. Но, Герсон Родригес ја отпеа последната песна во Вардар и неговата авантура во Скопје завршува брзо и неславно. Фудбалерот од Луксембург направи нов скандал за време на карантинот на екипата во Охрид каде си повикал женско друштво по што беше исклучен од тимот, исфрлен од екипата и од трибините го следеше поразот на Вардар од Струга во неделата. По средбата, ...

Убаво фудбалско попладне вчера во Струга. Имено се играше дербито на 3.коло меѓу некогашниот против актуелниот шампион, Струга Трим Лум против Вардар. Победија домашните со голот на Христијан Малески, а велиме убаво фудбалско попладне и поради самиот амбиент на трибините, на кои имаше доста гледачи. Струга и Струга ТЛ уште еднаш се покажаа како добри домаќини, како верни фанови на своите љубимци во дресовите на струшкиот прволигаш. И кога е ...

И тоа како успешно деби на Ќендрим Исмаили во дресот на Струга Трим Лум, со оглед на тоа дека беше дел од големата победа над актуелниот шампион Вардар. Ќендрим Исмаили се приклучи на тимот на стружани на 10 август, а вчера против Вардар дебитираше како стартер. Токму тренерот Бледи Шкемби му даде таква можност, бидејќи добро ги познава квалитетите на Исмаили, кого го тренираше во Тирана. Врз основа на она што го покажа на зелениот терен 86 ...

Иако мина една недела откако доби отказ во Вардар, досегашниот тренер на нашиот најтрифеен клуб, Кристијан Фабијани дури сега се огласи со цел да си каже како му било убаво во овој клуб. Колку за потсетување, Вардар под водство на Фабиани имаше очаен настап во Европа, а во меч од 2.коло дома против Шкендија, неговиот тим беше буквално прегазен. Да не говориме дека под негово водство тимот беше очајно физички подготвен: „Драго семејство на ...

Нема дилеми дека кога ќе се победи шампионот во еден дерби натпревар, тогаш стратегот на победничкиот тим е и тренер на колото, Во овој случај тоа е Бледи Шкемби од Струга ТЛ. Неговиот тим одигра како што треба вчера против Вардар. Не атакуваше по секоја цена на противничкиот гол, добро знаеше дека Вардар има проблеми со физичката подготовка. И така и беше, Струга ТЛ одигра најдобро кога се “кршеше“ резултатот и успеа да победи. Секако дека ...

Некои луѓе се луѓе во вистинска смисла на зборот. Некои луѓе и натаму ги истакнуваат вистинските вредности во овој свет во кој владее од се по малку само ретко и човечност. А Вања Драгоевиќ, покажа со еден неверојатен гест дека е голем човек. Зборуваме за Вања Драгоевиќ. И за неговото, би рекле, извонредно внимание и убави манири. За домашното воспитување. Не помина ниту еден месец откако го напушти Партизан. Во дресот на неговиот нов клуб, ...

15-годишен талент испиша историја на шпанскиот фудбал овој викенд. Марк Сантос стана најмладиот играч што некогаш дебитираше за Леванте во Ла Лига, правејќи го тоа на импресивна возраст од 15 години и 288 дена. Со тоа, тој дури го надмина и чудото од Барселона, Ламин Јамал. Историското деби за младиот талент, дел од академијата на клубот, се случи во првото коло од првенството против Еспањол. Под водство на португалскиот тренер Луис Кастро, ...

Фудбалерот на Серија А, Џаел Трепи, е префрлен со хеликоптер во болница и сместен на интензивна нега откако речиси се удави во базен, објави „Ла Република“. Инцидентот се случил во вила на островот Сардинија каде што 20-годишната ѕвезда на Каљари била на одмор по победата над Арецо во Купот на Италија. Се вели дека Трепи е слаб пливач и паднал во длабокиот дел од базенот, а „Л’Унионе Сарда“ објави дека младиот Французин ја изгубил свеста ...

Селекцијата на Шкотска и официјално има нов селектор, тоа е Белгиецот Себастијан Покољоли (39). Тој доаѓа на местото на Стив Кларк, по чие водство Шкотите и немаа којзнае каков настап на последното Светско првенство. За нас оваа вест е интересна зошто на 3-ти октомври во меч од рамките на Б Лигата на Нации, селекцијата на Шкотска гостува во Скопје. Инаку Покоњоли досега во својата тренерска кариера ја водел екипита на Унион Сен Жил, како и ...

Македонските бои ќе ги бранат спортисти во индивидуални и екипни дисциплини, со поддршка од претседателката на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, која ќе присуствува на свеченото отворање на Игрите. Натпреварите ќе се пренесуваат во живо на МРТ 3, а случувањата од Таранто ќе може да се следат и преку социјалните мрежи на МОК Македонија е подготвена за ново големо спортско претставување на меѓународната сцена. Денеска официјално беше ...

Христијан Малески уште еднаш покажа дека е напаѓач од репрезентативен калибар. Јасно е, кога ќе го одлучиш дербито со гол со кој ќе го урнеш шампинот, а лани си бил втор најдобар стрелец во Лигата, тогаш од тебе се очекува да бидеш носител на играта на Струга ТЛ. Вчера така и беше. Малески го совлада Талески на најубав можен начин од таа позиција во која беше и на својот тим му донесе голем триумф. Токму затоа според „СпортСпорт“ напаѓачот ...

Селекторот на женската репрезентација на Македонија до 20 години, Деан Стојанов, одлучи кои 14 девојки ќе го понесат товарот во БВА Зонските квалификации за пласман во Европското првенство 2027, кои од 19 до 23 август ќе се играат во Мостар, БиХ. Тринеделните подготовки и трите тренинг контроли со А националниот тим овозможија на селекторот и стручниот штаб да го изберат тимот на кој ќе му ја дадат довербата во пресрет на историската шанса ...

Се ближи денот кога Новак Ѓоковиќ ќе стави крај на кариерата. Најдобриот тенисер на сите времиња, во интервју за „Каталонски спорт“ објави кога ќе ја заврши својата импресивна кариера. Освојувачот на рекордни 24 гренд слем титули и 40 мастерси ги освои своите најголеми трофеи во 2024 година во Париз, кога го освои олимпиското злато. Ѓоковиќ истакна дека ова е круната на неговата кариера. На прашањето дали натпреварувањето на следните ...

Ракометната федерација на Македонија изминатиот викенд беше домаќин на две репрезентативни селекции од Египет – сениорската Б селекција и репрезентацијата до 20 години, кои престојуваат во Македонија во рамки на своите подготовки. За време на престојот, египетските селекции одиграа пријателски натпревари со македонски клубови. Сениорската Б селекција одигра контролен натпревар против РК Алкалоид, додека репрезентацијата до 20 години одигра ...

Уште едно европско кошаркарско првенство успешно заврши во Македонија, оставајќи зад себе одлични оценки за организацијата, условите и целокупната реализација на шампионатот. Кошаркарската федерација на Македонија беше домаќин и организатор на Европското првенство за мажи до 16 години – Дивизија Б, кое се одржа во Скопје и Гевгелија и на кое настапија најдобрите млади кошаркари од повеќе европски земји. Покрај квалитетната кошарка и ...

Македонските екипи стартуваат со натпреварите во рамките на регионалната лига. Вардар е првиот тим кој ќе ја отвори дебитанската сезона во ова натпреварување. Актуелниот македонски првак ќе ги одмери силите со Војводина, меч кој се игра во салата „Билјанини извори“ во Охрид со почеток во 17:30 часот. Причината поради која „црвено-црните“ наместо во Скопје ќе играат во Охрид е учеството на новиот меѓународен турнир, чиј домаќин е токму ...

Тенисерката број еден во светот, Арина Сабаленка, потврди дека ќе се натпреварува во мешани двојки со Новак Ѓоковиќ на Отвореното првенство на САД. Двајцата се пријавија за турнирот, кој ќе се игра повторно оваа година според изменетите правила. Сабаленка ќе биде партнерка на Ѓоковиќ наместо Олга Даниловиќ, со која играше минатата година. Потврдата дојде по победата на белоруската тенисерка во второто коло во Синсинати против Гибсон, додека ...

Од лошо во полошо во таборот на македонскиот првак. Заминува Дарко Велковски. Репрезентативниот стопер, ден по поразот од Струга Трим Лум, најави заминување од Вардар, со тоа што кариерата ќе ја продолжи во Бахреин. Стоперот прави трансфер во екипата на Ал Халдие, тим кој е вицепрвак на својата земја и кој го предводи тренерот Горан Томиќ. Голем удар за актуелниот првак на земјава, кој се соочува со тектонски нарушувања, скандали, а еве сега ...

Вториот тим на Еурофарм Пелистер доби ново засилување. Станува збор за младинскиот репрезентативец, Марин Крстевски. Средниот бек во редовите на битолскиот тим доаѓа од Мулти Есенс. Еурофарм Пелистер 2 во новата сезона ќе биде предводен од Бранислав Ангеловски. Марин Крстевски беше кадетски и јуниорски репрезентативец на Македонија и настапи на Европското првенство М20 што летово се играше во Романија. Тој беше еден од најистакнатите ...

Дали е ова вест на годината? Селекторот на на египетската фудбалска репрезентација, Хосам Хасан, “паднал во несвест“ додека неговите жени се тепале. Хаосот го спречила полицијата која морала да дојде на местото на настанот и ги привела двете актерки од овој инцидент. После тоа, Хасан паднал во несвест поради стрес. Наводно не можел да поверува што видел, па ја изгубил свеста. Првите информации велат дека тој моментално е во стабилна ...

Џенаро Гатузо им се извини на навивачите на Лацио по поразот од 2:0 од второлигашот Мантова на Олимпико, со кој клубот неочекувано беше елиминиран во првото коло од Купот на Италија. Гатузо ја презеде целосната одговорност за испаѓањето и рече дека тимот мора мирно да се сврти кон работата пред почетокот на сезоната во Серија А. Ова е најновиот во низата неуспеси за Гатузо. На крајот од сезоната 2024/25, тој го напушти Хајдук откако не ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.0
78%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.85
92%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
64%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.34
70%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
1.79
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87