Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Екипата на ПСЖ и денеска официјализираше нов играч. Во прашање е досегашниот напаѓач на тимот на Ајакс, белгиецот, Мика Годтс, кој што пристигнува во трансфер од 45 милиони евра плус десет милиони во евентуални бонуси. Тој има само 21. година и еден од најперспективните млади напаѓачи во Европа. Потекнува од школата на Андрелхет, пред да се пресели во Генк, и да го направи првиот посериозен пробив. Следуваше трансферот во Ајакс, каде што ...
Рафаел Леао е се поблиску до заминување од Милан, а тоа го поткрепува и значително намалената цена што „росонерите“ ја бараат за брзиот играч. Според последните информации од „Газета Спорт“, Милан ќе се согласи да го продаде крилниот напаѓач за отштета помеѓу 40 и 45 милиони евра, што е значително различно од првичната сума што достигна до 60 милиони евра. Како што се наведува, главната причина за одлуката да се намали цената за Португалецот ...
Според последните информации на италијанските но и англиските медиуми, голманот на Астон Вила и на репрезентацијата на Аргентина, Емилијано Мартинез е на пат за Торино, каде што ќе стане член на екипата на Јувентус. „Старата дама“ веќе испратила официјална понуда го аргентинецот, која што вреди 10 милиона евра, а три од нив се бонуси. Сето ова се случува, откако пропадна трансферот на јапонецот Сузуки во ПСЖ. Тој требаше веднаш да биде ...
Јован Манев е во листата на повредени фудбалетри кај Шкендија. Стоперот на „црвено-црните“ најверојатно нема да настапи на денешниот првенствен дуел против неговиот поранешен клуб Брегалница од Штип. Болките во рамото и проблемите со повредата се појавија во финишот од дуелот со Хиберниан на кој Манев имаше лош доскок и падна директно на рамото во самиот финиш од средбата од Конференциската лига. Слична повреда имаше и Бојан Димоски но тој ...
Мозес Рајт, играчот кој доби македонски пасош дефинитивно ќе биде дел од нашиот национален тим за претквалификацискиот меч против Австрија кој се игра на 30 август во Виенa. Оваа информација ја потврди Олимпија Милано. Клубот објави дека Рајт ќе се приклучи на репрезентацијата на Македонија за августовскиот ФИБА прозорец. Рајт уживаше во одлична сезона во Каунас како главен центар на Жалгирис, помагајќи им на зелено-белите да завршат петти ...
Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во третото коло на Мастерсот во Синсинати. Германецот го победи Британецот Камерон Нори во второто коло по камбекот со резултат 2:1 (3:6, 6:3, 6:3). Натпреварот траеше два часа и 30 минути. Зверев е трет рангиран тенисер во светот, додека Нори е 35-ти на АТП листата. Британскиот тенисер го доби првиот сет по еден брејк, а потоа Зверев беше подобар во следните два сета и на тој начин излезе ...
Најдобриот македонски атлетичар и единствен претставник на нашата земја на Европското првенство во Бирминген, Дарио Ивановски го освои 46-то место. Тој делницата од 42 километри ја истрча со време од 2:22:39. Ивановски до оваа позиција дојде во конкуренција на 60 атлетичари. Десет од нив не ја завршија трката. Најдобриот македонски атлетичар и единствен претставник на нашата земја на Европското првенство во Бирминген, Дарио Ивановски го ...
Денеска од 16.30 часот се игра дербито на 3.коло во нашата елитна лига. Во Струга се среќаваат домашниот состав на Струга Трим Лум и Вардар. Ова се екипи кои во последните четири години дури трипати ја освојувале титулата, двапати стружани и еднаш Вардар. Во пресрет на дербито свој коментар има напаѓачот на стружани, Христијан Малески: „Се надевам дека ќе биде квалитетен и интересен натпревар. Вистинско дерби од кое се надеваме дека ќе го ...
Интер Мајами беше поразен од Нешвил со 4-1 во МЛС. Првата ѕвезда на тимот од Флорида, Лео Меси, беше стартер за прв пат по смртта на неговиот татко и не направи ништо – промаши пенал со Нешвил што водеше со 1-0. Тоа беше момент што многу влијаеше на конечниот исход на натпреварот. Во 23-тата минута, Аргентинецот се најде лице в лице со голманот на домашниот тим, шутираше во долниот десен агол, но голманот на противникот скокна токму таму. ...
Неверојатниот борец од Дагестан Ислам Махачев ја одбрани својата титула во UFC откако го победи Иан Гари со едногласна одлука. UFC 330, кој се одржа во Филаделфија, донесе многу интересни борби, но секако сите со нетрпение го очекуваа судирот меѓу Ислам и Гари за појасот за светски шампион, а неверојатниот Дагестанец повторно победи. Ислам успеа да победи против Гари по борба што траеше пет рунди, а на крајот судиите едногласно одлучија дека ...
Новак Ѓоковиќ го заврши учеството на Мастерсот во Синсинати по првиот натпревар, откако загуби од Тијаго Агустин Тиранте, проговори за здравствениот проблем што го мачи со години. Ѓоковиќ загуби од 14-години помладиот Аргентинец по два часа и 44 минути – 2:6, 6:4, 6:4. „Прво, му честитам на мојот противник. Искрено, ова воопшто не беше пријатен натпревар за мене. Така се чувствував. Не е прв пат, претпоставувам дека нема да биде последен, но ...
Хрватска е победник на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари до 16 години, откако во големото финале во Гевгелија славеше против Исланд со 69:67. Ова се две репрезентации против кои Македонија ги одмери силите во групната фаза. Во извонредно неизвесен и драматичен финален натпревар, хрватските кадети успеаја да ја задржат предноста во самиот финиш и да стигнат до шампионскиот пехар. На свечената церемонија во спортската сала ...
Вчера во Кавадарци во меч од 3.коло во Кавадарци, сензационално Тиквеш беше поразен од Шкендија Арачиново со голот на Марко Симоновски во 27.минута. Интересно од овој меч, што секако треба да се издвои, е тоа што тренерот Оливер Богатинов овој натпревар го започна со девет странци. Неверојатно! Дали ова е рекорд во историјата на ПМФЛ? Не паметиме некој наш клуб во ПМФЛ да го почнал мечот со толку странски фудбалери како стартери. Сепак со ...
Мала увертира за она што не очекува во новата сезона дојде од Струга. Во финалето на традиционалниот турнир што се одржува во овој град, ГРК Охрид и Вардар ги одмерија силите за пехарот, а победник од оваа пресметка излезгоа охриѓани кои славеа со 31-30. За Борис Ројевиќ ова е само втора победа во пресметките со актуелниот првак. Во првото полувреме видовме изедначена пресметка со промени на водството, со тоа што ГРК Охрид на одморот замина ...
РК Вардар после четири години се врати во Лигата на шампиони. Двократниот освојувач на титулата во ова натпреварување го чека интересна сезона, во групната фаза за противник ги доби Мелсунген, Нант и Висла Плоцк. Покрај двете титули кои ги има освоено во Лигата на шампиони, Вардар важи за тим кој има неверојатна атмосфера во СЦ „Јане Сандански“. Од ЕХФ секогаш со задоволство се навраќаат на моментите од тврдината на Вардар. Овој пат ...
Екипата на Шкендија и покрај одличниот настап, сепак, ги заврши борбите во Европа летово. Не успеа да ја мине пречката наречена, шкотски Хиберниан, во рамките од третото квалификациско коло на Лигата на Конференции, па сега ќе мора да се фокусира исклучиво на домашните предизвици, односно ПМФЛ шампионатот. „Секако дека сме разочарани и тажни што не успеавме да се пласираме во следната рунда. Сметам дека го заслуживме тоа, бидејќи бевме ...
Вистинска агонија за Новак Ѓоковиќ на стартот на Маестерсот во Синсинати. Не само поради поразот од Аргентинецот Тиранте со 1:2 во сетови, туку поради се она што му се случуваше во еден момент од овој меч. Имено тој поради замор во еден момент падна на колена, потоа повраќаше, а и извика – нозете ми откажуваат. Јасно беше дека веднаш доби лекарска помош, го продолжи мечот, но сепак се виде дека тоа не е тоа и на крајот Аргентинецот успеа да ...
Некогаш еден од најквалитетните млади фудбалери во Европа, и член на големиот Ливерпул, србинот Марко Грујиќ ќе игра во Бугарија, каде што стана нов член на тимот на Левски. Му се приклучува на тимот каде што во моментов со успех настапува нашиот репрезенаттивец Никола Серавимов. Надолната линија во кариерата на Грујиќ продолжува. По едногодишниот престој во АЕК Атина сега, тој доаѓа во Софија. Претходно, некогаш сериозно надежниот Грујиќ ...
Сензационално или не, сепак Драган Стојковиќ Пикси, има шанси да биде селектор на Ј.Кореја. Оваа информација ја потврди самиот Стојковиќ во интервју за јужнокорејскиот портал „KBS“, кој постави само еден услов пред фудбалската асоцијација на оваа земја, а тоа е долгорочен договор. „Вистина е дека сум заинтересиран да ја преземам репрезентацијата на Јужна Кореја, но тоа ме интересира само ако добијам долгорочен ангажман, а не да бидам ...
Ламине Јамал конечно им даде на своите обожаватели можност да ја видат забавата по повод неговиот 19-ти роденден, а видеоо покажува дека ѕвездата на Барселона сигурно знае како да организира незаборавна забава. Всушност, Јамал наполни 19 години на 13 јули, додека Шпанија се натпреваруваше на Светското првенство во 2026 година. Поради оваа причина, тинејџерот мораше да почека до крајот на турнирот и до неговиот одмор за да прослави како што ...
Готово е, најавите се остварија. Попладнево, Интер официјализираше уште едно потпишување во тековниот преоден рок. Новиот фудбалер на шампионот на Италија е англискиот репрезентативец Џед Спенс, кој потпиша петгодишен договор со „нераѕурите“, до јуни 2031 година. Италијанските медиуми објавуваат дека вредноста на трансферот на 26-годишниот англиски дефанзивец и поранешен член на Тотенхем е 35 милиони евра, вклучувајќи ги и дополнителните ...
Викендов стартува новата сезона во Ла Лига. Шпанија влегува во новата сезона како светски шампион, а ова ќе влијае и на првите недели од лигашкото натпреварување. Фудбалерите на репрезентациите кои стигнаа до финалето на Светското првенство мораа да одмараат, па Ла Лига им дозволи на некои тимови да го започнат редовното натпреварување подоцна. Затоа, на почетокот, натпреварите ќе се играат речиси секој ден, до 31 август, а понекогаш нема да ...
Штета. Олимпија на нашите Југослав Тренчовски, како тренер, и Димитар Митровски во самиот финиш на големото дерби во Словенија, испушти победа против вечниот ривал, тимот на Марибор. На крајот само 1:1, велиме само ако се знае дека до 85.минута составот на нашиот стратег имаше водство од 1:0 и тоа со голот на Урбанчиќ во 45+1.минута откако претходно нашиот интернационалец Митровски прекрасно асистираше. И така беше се до 85.минута кога ...
Со вечерашниот меч Алавес – Хетафе стартуваше новата сезона во Ла Лига, и веднап убедлив триумф на домашните и тоа со 3:0. Интересно, до 73.минута резултатот беше 0:0 за да Тенаља стрела за 1:0 со што се запиша како стрелец на првиот гол во сезоната 2026/27 во една од најсилните лиги во светот. И така беше 1:0 се до 90+2.минута кога Диаз зголеми на 2:0, а Родригез две минути подоцна ги постави конечните 3:0. Да кажеме и тоа дека гостите ...
Фудбалерот на Баерн Минхен, Џамал Мусиала, колабираше на теренот на крајот од пријателскиот натпревар против РБ Лајпциг. Германскиот репрезентативец, кој беше еден од стрелците за домашниот тим, ги загрижи сите на стадионот во тој момент. Падна, во еден момент дури и ја изгуби свеста, а сè изгледаше крајно драматично. За среќа, брзо се освести благодарение на експресната интервенција на медицинскиот тим на Баварците. Мусиала, очигледно, не ...
Македонската кадетска репрезентација со пораз се одјави од Европското првенство „Б“ Дивизија, откако беше совладана од Бугарија со убедливи 102-62. Токму на овој натпревар се случи – кошот на целиот шампионат. Од ФИБА имаа интересен опис на неверојатниот поен кој го постигна еден од бугарските кошаркари: Мислам дека халуцинирам. Погледнете за што станува збор… Поразот за македонската кошаркарска репрезентација на крајот значеше 14-то место ...
Попладнево се одиграа шест меча од 1.коло во новата 2026/27 сезона во ВМФЛ. Интересно беше во Ѓорче каде Македонија ЃП и Тетекс одиграа 1:1. Супер интересно беше во Охрид, каде домашниот состав со 2:1 го победи Новаци и тоа со гол за победа во 81.минута. Гостите повеќе од 70 минути играа со играч помалку. Инаку жешко беше и тоа како, во текот на целиот меч имаше “гужви“. Работнички имаше силен старт и победа над Кожув со 3:0 и тоа со ...
Не така успешно деби за Мохамед Салах во дресот на Трабзонспор во Суперлигата на Турција. „Фараонот“ влезе во ира во 58.минута, ама не успеа да му донесе победа на својот тим на гостувањето кај Касимпаша во меч кој заврши 1:1. Мега – ѕвездта имаше една голема шанса, но сепак не постигна гол на своето деби за Трабзон. За нас поинтересно беше на средбата Коњаспор – Ризеспор во ова 1.коло во елитната лига на Турција. Меч кој заврши без победник ...
Тиквеш – Шкендија Арачиново 0:1. Уф, каков шок за Тиквеш, кој и не е така моќен како што изгледаше досега. Заслужена победа на Шкендија Арачиново со голот на Марко Симоновски во 27.минута. Кавадарци е тврдина на Шкендија Арачиново ако се знае дека пред два месеци токму на овој стадион овој тим испиша историја со пласман во ПМФЛ, а и денеска испиша историја. Ова е прва прволигашка победа на овој клуб. Тиквеш разочара, по двете стартни победи ...
Македонската кошаркарска репрезентација до 16. години на 14. место го заврши тековниот Европски шампионат Б дивизија кој што патем се одржува кај нас. Во мечот за разигрување, нашите млади кошаркари одиграа очаен дуел и загубија со огромна разлика од репрезенатцијата на Бугарија. Конечниот резултат од 62-102 доволно говори за односот на силите на овој дуел, а истото го потврди и нашиот селектор. „Денеска не бевме спремни за борба, а ...