Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
И тоа каква “бомба“ лансираат медиумите на Островот, пред се “Гардијан“. Имено откако Диего Симеоне искочи со изјава дека сагата со Алварез е завршена, и дека тој останува во Атлетико Мадрид, доцна попладнево нова информација. Познато е дека Аргентинскиот напаѓач сака да се пресели во Барселона, но Атлетико Мадрид би сакал да го продаде на Арсенал отколку директно да го засили својот голем ривал од Ла Лига, пишува „Гардијан“. Се очекува ...
Сега е готово. Сега е официјално. Родри е нов играч на Барселона. Каталонскиот гигант го потврди доаѓањето на шпанскиот играч од средниот ред од Манчестер Сити со официјално соопштение на социјалните мрежи, со што се заклучи еден од најголемите трансфери ова лето. Барселона и Манчестер Сити потоа постигнаа конечен договор по неколкудневни преговори за време на кои каталонскиот клуб ја зголеми понудата неколку пати. „Господарот на просторот ...
Македонскиот младински репрезентативец Васил Ташовски, е во центарот на вниманието во соседна Србија откако за својот тим Младост Лучани изминатиот викенд го постигна победничкиот гол на гостувањето кај Земун. Ташовски кој што од скоро е дел од националниот тим на Македонија доби сениорска шанса во Лучани и фантастично ја искористува во моментов. „Беше тежок и неизвесен натпревар. Мило ми е што мојот гол се покажа како одлучувачки, но немаше ...
И навистина не знае за доста. Љупчо Дориев продолжува да блеска во шампионатот на Узбекиста. Нов меч, нов гол на македонскиот интернационалец во дресот на Согдиана, и тоа 13-ти со што и натаму суверено е најдобар стрелец во елитната лига во Узбекистан. Поплднево во меч од 18.коло, Дориев стрелаше во 38.минута за 1:0 за Согдиана, на крајот овој натпревар заврши со победа на тимот на Македонецот со 2:1 со што и дефинитивно избега од опасната ...
Српските медиуму јавуваат дека по децении фудбалска и тренерска кариера надвор од Србија, Виктор Треневски се враќа онаму каде што ја доживеа реално својата најголема афирмација. Во Белград. Овојпат тој пристигнува како нов тренер на екипата на Бежанија, која што се обидува да се врати повторно на старите патеки и да стигне до највисокото фудбалско натпреварување кај нашиот северен сосед. Треневски има богато играчко, а сега и тренерско ...
Досегашниот голман на тимот на Тотенхем, Гиљермо Викарио и официјално е претставен како нов чувар на мрежата на тимот на Јувентус. Во објавата од Торино се вели дека Викарио на крајот од позајмицата може да стане и пермантен член на „Старата дама“ за сума од 8+2 милиони. Јувентус претходно се обиде со Зајон Сузуки односно Емилијано Мартинез да го затвори голманското место, но на крајот сепакм го врати Викарио дома. Досегашниот голман на ...
Екипата на Шкендија од Тетово објави дека следното коло, четврто по ред во новиот ПМФЛ шампионат, ќе го одигра пред публика. Поточно, мина суспензијата која што Шкендија ја доби по инцидентите од минатогодишното финале во Купот на Македонија. Па така, сега тетовци, повторно на комплексот Петар Милошевски во Скопје, и повторно во вечерен термин од 19:00 часот, но овојпат со присуство на публика ќе ја пречекаат екипата на Струга Трим Лум. Во ...
На 20 август, со почеток во 21 часот, на сцената на Долни Сарај во Охрид, свечено ќе биде затворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето”. За завршницата на фестивалот публиката ќе има можност да го проследи мјузиклот „Како какао”, по текст на Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски и со музика на Влатко Стефановски. Со завршниот настан, Охрид ќе стави точка на уште едно богато фестивалско лето исполнето со уметност, музика, ...
Од ФК Пелистер предмалку информираа дека следниот меч од ВМФЛ конкуренцијата кој што битолчани како домаќини требаше да го одиграа на свој терен на стадионот Петар Милошевски, ќе биде одигран во Кавадарци. Причината поради која што Брера наместо во Битола ќе гостува во Кавадарци е состојбата на теренот на „Петар Милошевски“ односно поради санацијата на истиот. СпортСпорт напиша и објави какви последици теренот во Битола имаше поради ...
Една од најочекуваните трансфер саги ова лето, онаа на Родри од Манчестер Сити во Барселона. Играчот од средниот ред, кој пристигна вчера во каталонската престолнина, ги започна медицинските тестови утрово во осум часот по локално време во медицинскиот центар на клубот „Суит Еспортива Жоан Гампер“. Играчот од средниот ред беше пречекан од група навивачи на влезот во базата на Барселона. Се очекува успешно да ги помине медицинските тестови до ...
Најновото засилување на тимот на Милан, Диего Мореира денеска пристигна во Милано, каде што откако ќе ги мине лекарските прегледи ќе може да го потпише договорот со легендарниот клуб од Сан Сиро. Мореира пристигнува од Стразбур во голем трансфер вреден околу 50 милиони евра. Белгискиот интернационалец игра и повеќе од добро во изминатите сезони, па ваквиот развој на настаните воопшто не изненадува. Тој е сериозно засилување за Милан на ...
Тимот на Борусија Дортмунд продолжува летово да се засилува летово, а последно ново лице кое што пристигнува во Германија е досегашниот играч на ПСВ Ајндховен, Џои Верман. Договорот на Холанѓанецот со Борусија Дортмунд е важечки е до 2031 година, а Верман ќе го носи дресот со број 25. Неофицијалните информации се дека, трансферот е вреден 22 милиони евра. Верман е повремен репрезентативец на Холандија за која што селекција има одиграно 23 ...
Главниот оперативен директор на ФИФА, Кевин Ламур, беше отпуштен откако јавно го критикуваше планот на претседателот Џани Инфантино да го продаде Светското првенство на приватни инвеститори. Ламур, кој помина помалку од две години на функцијата, беше информиран за неговото заминување заедно со другите вработени во чадор организацијата на светскиот фудбал преку е-пошта. ФИФА потврди дека неговиот работен однос завршил на 17 август 2026 ...
Малцинските сопственици на Челзи, Тод Боли и Марк Волтерс, се во преговори со своите партнери во конзорциумот на клубот, Клирлејк, за продажба на своите акции. Мнозинскиот сопственик на Челзи, Клирлејк Капитал, поседува 61,5% од клубот, додека Тод Боли и Марк Волтер поседуваат по 12,8%. Сепак, двајцата водеа разговори за продажба на своите акции на Клирлејк, предводен од Бехдад Егбали и Хозе Фелисијано. Боли беше лицето на конзорциумот што ...
Македонскиот интернационалец и репрезенативец Никола Серафимов денеска од 21:00 часот со својот тим Левски Софија, го игра првиот од двата дуели од плеј офот за пласман во групната фаза од Лигата на Шампионите. Стоперот денеска пред преполните трибини во Софија ќе се обиде заедно со своите соиграчи да создаде домашна предност пред реваншот во Атина, и да си ја отвори уште повеќе вратата кој групната фаза од најелитното фудбалско клупско ...
Најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер, сè уште не е сигурен дека ќе игра на Отвореното првенство на САД. Бранителот на титулата има здравствени проблеми, има проблем со коленото, веќе некое време се лекува во Торино. Во неделата го прослави својот 25-ти роденден, а во понеделник се врати во Торино за да ги продолжи терапиите. Тој исто така одработи тренинг насочен кон тестирање на состојбата на коленото. Понеделник и вторник ќе бидат ...
РК Вардар подготви серијал посветен на своите фанови, кои со години ги бодрат „црвено-црните“ на секој натпревар. Во прва епизода гостин е Александар Узуновски – Узун, долгогодишен навивач кој се истакнува со својата редовност, поддршка и емоција со која го бодри Вардар на натпреварите. „Ни претставува чест како клуб, овој серијал да го започнеме токму со него и неговите сеќавања поврзани со Вардар. Вардар е наш заеднички, клуб кој заедно ...
Австрија ќе биде засилена со неколку важни кошаркари за дуелот со Македонија на 30 август во Виена. Селекторот Арамис Наглиќ го објави списокот од 13 играчи, предводен од најдобриот стрелец во квалификациите за СП 2027, Богиќ Вујошевиќ, кој просечно постигнуваше 19,8 поени. Во составот се враќа и Рашан Мбемба, кој по речиси четири години повторно ќе биде дел од националниот тим. На списокот се и Ерол Ершек, Даниел Фридрих, Јакоб Лор, Даниел ...
Поранешниот англиски репрезентативец и напаѓач на Ливерпул, Питер Крауч, даде многу песимистичко предвидување за својот поранешен клуб пред новата сезона. Крауч верува дека „црвените“ немаат доволно квалитетен тим за да се борат за титулата, па дури и се сомнева во нивната способност да освојат место во Лигата на шампионите. Во новата епизода од подкастот „That Peter Crouch Podcast“, поранешниот напаѓач истакна дека заминувањата на важни ...
Челзи бара 100 милиони фунти за португалскиот крилен напаѓач Педро Нето, според неколку извори, вклучувајќи ги Би-Би-Си, Дејли Меил и новинарот Бен Џејкобс. 26-годишникот веќе ги договорил личните услови со Ал-Хилал, а саудискиот клуб започнал разговори со Лондончани, но сè уште не дал официјална понуда. Манчестер Сити исто така е сериозно заинтересиран за него. Според Дејли Меил, Лондончани ја базирале оваа неочекувано висока цена на ...
Според ESPN Brasil, Барселона го именуваше Рафиња за свој капитен за сезоната 2026/2027. Крилниот напаѓач ги наследува Роналд Араухо и Марк-Андре тер Штеген, кои беа позајмени на Ливерпул и Ајакс, соодветно, и беа прв и втор капитен минатата сезона. Френки де Јонг, кој беше трет капитен во претходната сезона и се чинеше логичен наследник, на крајот нема да ја преземе улогата на прв капитен оваа сезона. Холанѓанецот ќе мора да се задоволи со ...
Од денеска до 22 август во Охрид ќе се одржи јубилејното 5. издание на Меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“. Бранител на пехарот е ГРК Охрид. На стартот имаше интересна пресметка, Вардар ќе ги одмери силите против Олимпијакос во рамките на групата Б. Македонскиот првак ќе игра уште против Нексе и Тримо Требње. Во групата А е ГРК Охрид, домаќинот денеска игра против селекцијата на Египет до 20 години, додека првиот ден ќе го ...
Нејмар стана првиот фудбалер во бразилското првенство врз кого беше применето новото правило со кое се обидуваат да спречат одолговлекување на натпреварите поради укажување лекарска помош на голманите. Капитенот на Сантос мораше во неделната победа од 3:0 против Васко да Гама да го напушти теренот на една минута, иако не беше повреден, исклучен или заменет. Необичната ситуација се случи во средината на првото полувреме на „Сао Жануарио“. ...
Напаѓачот на Баерн, Хари Кејн, изјави дека би бил воодушевен ако ја освои Златната топка. Тој додаде дека е исклучително задоволен од минатата сезона. Англичанецот, исто така, коментираше за ситуацијата со неговиот договор, велејќи дека наскоро ќе разговара со раководството на Баварците. „Многу сум горд на сезоната што ја играв. Од индивидуална гледна точка, Златната топка е најголемата награда што може да ја добие еден играч, но одлуката не ...
Оперативниот директор на ФИФА, Кевин Ламур, инаку еден од најблиските соработници на претседателот на кровната фудбалска институција во светот, си замина од функцијата односно си поднесе оставка. Потегот се случува по серијата скндалозни одлуки и потези на Инфантино, со кои што не се согласува речиси никој, и полека но сигурно сите кои што беа блиски соработници со него, си заминуваат. Портпаролот на ФИФА во изјава за „Атлетик“ изјави: „ФИФА ...
Екипата на МЗТ Скопје Аеродром, вечерва во домашни услови во салата Јане Сандански и официјално ги стартуваше подготовките за слендата натпреварувачка сезона. Тоа секако значи само едно, а тоа е атак на највисок пласман во сите три конкуренции. Суперлига, АБА2 лигата и ФИБА Еврокупот. Титулата во домашниот шампионат, нормално е приоритет, а не смее да се заборави ниту АБА 2 натпреварувањето. Тренерот Васко Атанасов го одржа првиот тренинг со ...
За сума од 19.5 милиони евра, досегашниот дефанзивец на тимот на Болоња, колумбискиот репрезентативец Џон Лукуми, стана нов член на екипата на Јувентус. Откако ги мина лекарските прегледи, Лукуми потпиша договор кој што е со времетраење до 2030 година. „Фудбалскиот клуб Јувентус објавува дека е постигнат договор со Болоња ФК 1909 за дефинитивно стекнување на правата за регистрација на играчот Џон Ханер Лукуми Бонија за сума од 19,5 милиони ...
Екипата на Динамо Загреб е на сред битка за нов влез во Лигата на Шампионите. Утре на легендарниот Максимир го дочекува тимот на Викинг од Норвешка, а денеска пак промовираше сериозно засилување во името на рускиот интернационалец, Кирил Кравцов. Играчот за врска има 24 години и при промоцијата даде интересна изјава во која го спомена и македонскиот интернационалец и репрезентативец Аријан Адеми. „Исклучително сум горд што станав играч на ...
Некогашниот играч на Партизан и Војводина, Алмами Мореира, има со што да се гордее. Неговиот син, Диего Мореира станува играч на Милан во трансфер вреден околу 50 милиони евра. Репрезенаттивецот на Белгија кој што го промени спортскиот пасош откако во младинските категории настапуваше за Португалија, досега беше дел од тимот ан Стразбур во Франција, а беше член и на Челзи и Бенфика. Левиот бек е еден од најперспективните играчи на неговата ...
Во единствениот меч од денешката Примера програма екипата на Депортиво Ла Коруња на домашен терен не успеа да ја искористи предноста на својата публика и одигра 1:1, со тимот на Елче. Домаќинот дојде во водство во 21. минута со голот на ветеранот, Аубумејанг и таа предност ја имаше се до 76. минута. Тогаш на сцена стапи Марк Агуадо кој што изедначи за гостите и ја анулираше негативата. До крајот Ла Коруња не успеа повторно да реализира и да ...