Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Никола Јокиќ и Лука Дончиќ во ист дрес? НБА инсајдерот Ентони Ирвин презентираше интересна теорија според која Лос Анџелес Лејкерс би можеле да се обидат да спојат две европски суперѕвезди во 2028 година. За време на гостувањето во подкастот „Лејкерс Лаунџ Мејлбег“, Ирвин зборуваше за иднината на Јокиќ во Денвер Нагетс, а како една од причините зошто српскиот центар би можел да почне да размислува за заминување, ги наведе потезите на ...
Напаѓачот на англискиот второлигаш Вест Бромвич, Ауне Хегебо, доби контроверзна суспензија од два натпревари поради „успешна измама на судија“ за време на победата на неговиот тим од 2-1 над Норич Сити во саботата. Во 75 минута Хегебо го отвори резултатот откако постигна гол од непосредна близина. Сепак, снимките покажаа дека норвешкиот напаѓач го реализираше центаршутот на Џими-Џеј Морган со рака, а судијата Тим Робинсон и покрај протестите ...
По првата недела од подготовките, тренерот на МЗТ Скопје, Васко Атанасов, веќе може да ја даде првичната оценка и проценка на тоа што навивачите можат да очекуваат од новата сезона. „Подготовките се одвиваат според планот. Тимот е заедно, сите се здрави и работиме добро на адаптацијата и вклопувањето во нашиот систем. Успеавме да ангажираме играчи за кои сметаме дека добро ќе се вклопат во нашите идеи за игра. Сезонава имаме ростер кој е ...
За денеска се закажани два меча од 4.коло во новата 2026/27 сезона во ПМФЛ. Скопје на теренот на тренинг центарот на Фудбалската федерација на Македонија го пречекува Тиквеш, а во Штип, под светлоста рефлекторите играат Брегалница и Башкими. Штипските “сини“ сакаат нови три бода во меч во кој се големи фаворити, кој се игра во Штип од 19 часот. Играат против Башкими кој не само што има три убедливи порази туку и негативна гол – разлика 0:12. ...
Така прави голем клуб.Претседателот на Партизан, Остоја Мијаиловиќ, објави дека двете централни трибини во Белградската арена за време на натпреварите на “црно – белите“ трајно ќе ги носат имињата на Душко Вујошевиќ и Дражен Далипагиќ. „Постојат луѓе чии имиња не се само дел од историјата на Партизан, тие ја создадоа таа историја. Затоа донесов одлука двете централни трибини на натпреварите на КК Партизан во Белградската арена трајно да ги ...
Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, отворено призна дека трансферот на 30-годишниот Родри Ернандез би бил „шлаг на тортата“ за изборот на ѕвезди на „кралевите“. Во изјава пред првиот натпревар од новата сезона во Ла Лига против Еспањол, португалскиот стратег коментираше за темата за можни нови засилувања во средниот ред и не криеше дека би бил среќен да го имал новиот играч од средниот ред на Барселона. На директно прашање дали има ...
Фудбалската федерација на Македонија во Струмица е организатор и ќе биде домаќин на развоен турнир за репрезентации до 15 години, на кој ќе настапи репрезентацијата на Македонија составена од фудбалери од генерацијата 2012 година. Турнирот е одлична можност за младите репрезентативци да стекнат меѓународно искуство и да ги одмерат силите со квалитетни селекции. Македонија ќе одигра три натпревари: 21 август, Македонија- Босна и Херцеговина, ...
Хулијан Алварез се најде во центарот на вниманието откако се појавија нови информации за неговата иднина во Атлетико Мадрид, а ситуацијата меѓу аргентинскиот напаѓач и клубот очигледно станува е сè потензична. Пред тренинг центарот на мадридскиот клуб утрово беше поставен знак за Алварез. Пораката не оставаше многу простор за толкување, а содржината беше кратка и многу јасна. Пораката гласеше: 🚨 𝗕𝗥𝗘𝗔𝗞𝗜𝗡𝗚: A sign was placed outside ...
За младинскиот репрезентативен шпиц повеќе нема дилеми. Михаил Талевски е нов фудбалер на екипата на БСК Бања Лука од Босна и Херцеговина. Робусниот голгетер кој ќе остане запаметен по двата финални голови за Вардар во Купот на Македонија пред една година против Струга Трим Љум (2:0), денеска го очекува своето деби за новиот клуб. Екипата од Бања Лука која е нов прволигаш му гостува на Сараево. „Потпишав тука на една година и сега дури добив ...
✍Марија Ковачева Навидум млади и мали, но на терените изгледаат големи и храбри. Таму годините не се важни, противничката може да биде и постара и поискусна, но борбеноста, самодовербата и желбата за победа се тие што ја прават разликата. Полека, но сигурно чекорат по патот кон остварување на своите соништа. Најважно од сѐ, не се откажуваат. Максимално се посветени на она што го одбрале и со својата упорност и труд веќе бележат врвни ...
Од денеска па до понеделник се играат сите мечеви од 4.коло во нашата елитна фудбалска лига. Познати се и судиите за овие натпревари. Во понеделник се играат двете дербија во ова коло. Игор Стојчевски е одреден да ја дели правдата на дуелот Вардар – Силекс, додека Стојаче Трпчевски ќе биде “главен“ на дербито меѓу Шкендија – Струга ТЛ кое се игра на ФФМ. Во продолжение можете да ги видите двојките и судиите за сите мечеви од 4.коло. ДВОЈКИ И ...
Амелиа Николов и Кристијан Станојковски ќе ја претставуваат Македонија на Европското првенство во Љубљана, Словенија кое ќе се одржи од 11 до 18 октомври. На најпрестижното континентално првенство ќе настапат учесници од 40 земји, а пред ЕП, Николов и Станојковски ќе поминат низ подготовки предводени од четирикратната светска шампионка Шанг Јининг од Кина. Ова ќе биде одлична можност за нашите најдобри пингпонгари да се престават на ...
Откако двапати колабираше во период од само неколку дена, германската ѕвезда од екипата на Баерн (М), Џамал Мусијала нема да биде вклучен во составот на баварците за натпреварот од Суперкупот на Германија против Борусија Дортмунд. Двата тима ќе се натпреваруваат за првиот трофеј оваа сезона во сабота. 23-годишниот фудбалер претходно на двата последни натпревари на Баерн Минхен против Лајпциг и Хајденхајм колабираше, поради што му беше ...
Со натпреварот меѓу АРсенал и Ковентри на „Емирати“, вечерва (21 ч.) и официјално почнува новата сезона во најсилното национално фудбалско натпреварување, англиската Премиер лига. Арсенал несомнено влегува во сезоната како шампион и ќе се обиде да го направи она што е исклучително тешко во Премиер лигата – да ја одбрани титулата. Во исто време, Манчестер Сити, Ливерпул и Челзи имаат нови тренери, додека Манчестер Јунајтед и Тотенхем ...
Европската ракометна федерација направи одлично видео со најневеројатните завршници на натпреварите на ЕХФ Европските првенства одржани оваа година. Во изборот се најде и драматичната завршница на мечот меѓу Романија и Македонија во кој нашите репрезентативци со голот на Костески во последните две секунди дојдоа до победа. Уживајте! Европската ракометна федерација направи одлично видео со најневеројатните завршници на натпреварите на ЕХФ ...
Овие денови во Сплит се одржува големото меѓународно финале на Плазма Спортските Игри за млади, а истото е збогатено со познати спортски легенди од различни спортови. Сите „симовци“ имаат свои идоли, а Плазма Спортските игри за млади не само што им овозможуваат на младите ѕвезди да направат фотографија со нив, туку и да одиграат натпревар. Е токму тоа уникатно искуство го имаа и нашите шахисти – Давид Атанасовски, Илијана Велева и Катија Поп ...
Ракометната федерација на Македонија, во пресрет на новата натпреварувачка сезона, изработи Прирачник за ракометните правила на македонски јазик, согласно најновите промени на Светската ракометна организација, наменет за судиите и делегатите. Со цел унифицирана примена и подобро познавање на правилата на ракометната игра, примероци од прирачникот ќе им бидат доделени на судиите и делегатите во рамки на редовните тестирања пред почетокот на ...
Екипата на Соколи од Штип продолжува со пополнување на ростерот за новата сезона. Штипјани вчера го претставија и второто американско засилување. Станува збор за Џеј Пал, крилен кошаркар висок 206 сантиметри, кој зад себе има богато NCAA искуство настапувајќи за Jacksonville State, Campbell и реномираниот San Diego State. Професионалната кариера го однесе во Грузија, Белгија и Мексико, а во сезоната 2025/26 имаше просек од 13,2 поени и 5,5 ...
Лондонски Тотенхем безмилосно ги празни своите каси ова лето. Тимот од Северен Лондон постигнаа договор со Манчестер Сити за трансферот на бразилскиот крилен напаѓач Савињо. Тотенхем се согласи да плати 87,5 милиони евра, што Сити ги бараше за овој трансфер, а сега се очекува Савињо да се појави на лекарски прегледи во Лондон. Тотенхем продолжува со преговорите со Сити и во врска со втор трансфер, а целта е Египќанецот Омар Мармуш. Се ...
Женските одбојкарски прволигашки екипи и натаму продолжуваат со ангажман на нови засилувања за следната сезона. Уште по едно ново странско засилување вчера претставија екипите на Младост УГД и Пелистер Волеј. Штипјанки се засилија со Невена Видојевиќ, искусен примач, која во Младост УГД доаѓа од Србија. Во својата досегашна кариера Видојевиќ има одиграно голем број важни натпревари и има освоено првенства, титули и медали. Во Битола, пак ...
И натаму траат подготвителните натпревари на македонските ракометни екипи пред стартот на новата сезона. Засега најавите се дека нѐ очекува уште поинтересна битка за трофејот во домашниот шампионат. Вардар, Алкалоид, Еурофарм Пелистер и ГРК Охрид се издвојуваат како четворка која е во предност пред останатите екипи, но и тие можат да приредат изненадување. Во Битола ракометот и натаму е во фокусот, а колку во градот се сака овој спорт говори ...
Белградска Црвена Звезда успеа да оствари одлична предност од 3:0 на првиот меч со Викторија Плзен во рамките на плеј-офот за Лигата на Европа. Вечерва во Белград, некогашниот европски шампион дојде до победа со головите на Иваниќ во 36′ и 53′ и голот на Катаи од пенал во 88′. Овој триумф ја носи Ц. Звезда на чекор до главната фаза од второто по ранг европско натпреварување. Од останатите дуели вечерва, унгарски Ференцварош забележа ...
Неверојатниот Швеѓанец Арманд Дуплантис победи на натпреварите во скок со стап со нов рекорд на „Атлетисима“, 12-от натпревар од Дијамантската лига оваа сезона, во Лозана. Актуелниот олимписки шампион, како и светски и европски шампион, победи со скок од 6,21 метри, шест сантиметри повисоко од неговиот претходен рекорд во Лозана. Дуплантис се обиде и да скокне 6,32 метри, што е за еден сантиметар над светскиот рекорд што го постави на 12 ...
И ослабен, македонскиот шампион Вардар го совладаа хрватски Нексе со 33:27 во последниот вечерашен меч на 3. ден од натпреварите на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид. Со оваа победа, „црвено-црните“ ќе имаат директна битка со Тримо за пласман во големото финале. Вечерва видовме еден интересен меч во кој Нексе изненади со одличната игра во првиот дел, но Вардар ги стабилизира редовите во второто полувреме и успеа комплетно да ...
Борац Бања Лука на нашите репрезентативци Херера и Шишковски зачекори кон главната фаза на натпреварите во Конференциската лига, откако вечерва обезбеди голема победа од 3:1 на гостувањтео кај Викингур. Нашиот бек Херера дури и беше асистент при постигнувањето на првиот гол за гостите. За разлика од него, Дамјан Шишковски беше на клупата за резерви. Ренџерс на Бојан Миовски славеше минимално со 1:0 на мечот со Јаблонец, но нашиот голгетер ...
Денес започнува XV Меѓународен фестивал на спортски филм – Златибор 2026, традиционален фестивал кој веќе 15 години ги собира спортот и филмот и претставува приказни од светот на спортот. Во официјалната селекција на фестивалот се најде и 17-минутниот документарен филм „Легендите на сцена“, кој ја раскажува приказната за незаборавниот ракометен спектакл што го организираше Спортското радио 90.3 фм на 29 октомври 2025 година во СЦ „Јане ...
Капитенот Вирџил ван Дајк гледа желба во соблекувалната на Ливерпул за подобра сезона од минатата во англиското фудбалско првенство. Неуспешната кампања заврши со промена на тренерот, а Мерсисајдс сега ги предводи Андони Ираола, чија цел ќе биде значително да го подобри петтото место во Премиер лигата од минатата година. „За мене како играч на Ливерпул, минатата сезона беше апсолутно неприфатлива“, рече капитенот. „Ја оставаме зад себе. ...
Барселона продолжува да бара нов централен напаѓач откако се раздели со ветеранот Роберт Левандовски, а мадридскиот весник „АС“ тврди дека напаѓачот на Бриж, Николо Тресолди, е опција за Ханси Флик. Каталонските гиганти досега безуспешно се обидуваа со Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид, а исто така ја истражуваат и ситуацијата околу капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез, со кого миланскиот тим нема намера да се раздели. 21-годишниот ...
Жоао Палиња е на пат да си замине од Минхен. Фудбалерот на германскиот шампион е блиску до трансфер во Бенфика. Според информациите од инсајдерот, Фабрицио Романо, португалскиот клуб постигнал договор со Баерн Минхен за трансферот на играчот од средниот ред за 14 милиони евра, плус 5 милиони евра. Палиња веќе се согласил со трансферот, а клубовите ќе го формализираат договорот во следните 24 часа. Палиња минатата сезона ја помина на ...
И тоа човек кој што беше дел од најголемиот успех на оваа селекција во историјата, а тоа е секако елиминационата фаза од последниот Мундијал во САД, Мексико и Канада. Умберто Бетенкор, кој што има пасош на Зеленортски острови, но и на Португалија беше помошник на досегашниот селектор Педро Леитао Брито попознат како Бубиста. Тој пак по историскиот успех замина да биде тренер во Мароко во тимот на Беркане. Прва задача на новиот селектор ...