По одигрувањето на последниот натпревар од сезоната, ракометарките на Ѓорче Петров ЖРК беа крунисани со шампионскиот трофеј и златните медали, како потврда за одличната сезона и заслуженото прво место во домашниот шампионат. Медалите на шампионскиот тим ги додели Силвана Карбеска, координатор на женската Супер лига, додека шампионскиот пехар го врачи генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија, Влатко Тасевски. Ракометната ...

Според пишувањата на дел од медиумите во Босна и Херцеговина, најдобриот стрелец во составот на шампионот Вардар, Азер Омерагиќ, би можел да се пресели во редовите Сараево. Тимот каде минатата сезона веќе настапуваа двајца македонски интернационалци, Елези и Ристовски, би можел да добие уште едно засилување од нашата земја. Сараевчани се надеваат дека до договор може да дојде. Според пишувањата на дел од медиумите во Босна и Херцеговина, ...

Коњичкиот спорт во Македонија зема се поголем замав и секако, аналогно на тоа почнува да дава и адекватни резултати. И во обете конкуренции каде што имаме се повеќе натпреварувачи од најразлични конкуренции. Па така, на огромно наше задоволство денеска 14. годишната Матеа Димовска од КК „Анималс“ – Скопје, успеа на Светскиот куп кој што се одржува во во Грција, во силната конкуренција од 34 натпреаврувачки од целиот свет да го освои ...

Македонската фудбалска репрезентација утревечер (20:30 часот) во Сараево, ќе ја има првата контрола против селекцијата на БиХ, од двете закажани во период од неколку дена. На вечерната прес-конференција пред утрешниот меч во Сараево, селекторот на нашиот национален тим ги искажа своите очекувања од утрешната пресметка. „Имаме наши амбиции. Секако, ќе биде важен и резултатот и играта. Се надевам дека ќе се преставиме во добро издание и ние и ...

Ракометарите на Е. Пелистер славеа на последниот меч сезонава против Алкалоид со 31:26 и успеаја да го освојат второто место на табелата во домашниот шампионат. Сега веќе екс-шампионот успеа да го добие дербито кое значеше пласман на второто место, иако има идентичен број на бодови со Охрид, но поради подобриот меѓусебен дуел битолчани обезбедија виза за Европската лига на ЕХФ. Филип Кузмановски со седум гола беше најефикасен и најзаслужен ...

Македонските куглари Стефанија Алексовска и Дарко Јовановски испишаа историја со својот настап на светското првенство за играчи до 23 години, освојувајќи го сребрениот медал во натпреварите во дисциплината тандем микс. На шампионатот кој се одржа во Австрија, Алексаовска и Јовановски прикажаа одлични борби и демонстрирајќи квалитет, борбеност и ментална сила во клучните моменти дојдоа до второто место на подиумот. Во првото коло тие беа ...

Шампионот на Македонија, екипата на Вардар, денеска и официјално го објави пристигнувањето на новото засилување за следната сезона. Станува збор за Герсон Родригез Кореа Леал, кој во Скопје доаѓа од Тајланд каде ја помина сезоната во дресот на Канханабури. Претходно го носеше дресот на Динамо Киев, а е репрезентативец на селекцијата на Луксембург. Родригез сега треба да ги помине лекарските прегледи пред да стави потпис на договорот со ...

Винченцо Италијано досегашниот тренер на тимот на Болоња, и официјално си замина од клубот. Поточно, клубот официјално му се заблагодари за соработката по две години минати таму. „ФК Болоња 1909 објавува дека е постигнат меѓусебен договор со Винченцо Италијано за раскинување на неговиот договор. Италијано го информира клубот дека смета дека неговото време во Болоња е завршено по две сезони обележани со одлични резултати. Клубот сака да му се ...

Туку што започнаа подготовките на репрезентацијата на Бразил за претстојниот Мундијал, а вече нивниот кампус го тресе сериозен скандал. Ветеранот Нејмар беше сврстен во составот на селекторот Карло Анчелоти, и покрај фактот што е далеку од најдобрите свои денови. Тој пак, откако пристигна со хеликоптер на подготовките, пројавил повреда на листот, за која што е потребен специфичен третман од времетраење од околу три недели. Ова е сериозен шок ...

Касим Роџерс Мато, сега веќе поранешниот играч на Вардар, а сега член на актуелниот вице шампион на Шкотска, тимот на Хартс, сите во Македонија го помнат по добро. По тоа што најпрво одигра добро во тимот не Брера, па потоа, пристигна во Вардар и „екслодираше“. Постигна еден „куп“ голови во домашниот шампионат, во Европа, каде Вардар мина и едно коло од квалификациите, беше и е сеуште со статус на репрезентативец на Уганда. Со својот ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, би можел да влезе во историјата на НБА откако објави дека планира да присуствува на Големото финале. Трамп потврди дека добил покана од сопственикот на Њујорк Никс, Џејмс Долан, и дека сериозно размислува да оди во познатата „Медисон Сквер Гарден“. „Мислам дека ќе одам на еден од натпреварите. Многу луѓе ме поканија, а Џим Долан е еден од нив“ рече Трамп. Никси први обезбедија место во финалето на НБА и ...

Прекрасна атмосфера, насмевки и фер-плеј игра – Велес ги исполни сите очекувања. Ова е шестиот град во кој се одржа „Денот на спортот“, како дел од Плазма Спортските игри за млади. Големиот спортски настан се одржа во Гимназијата „Кочо Рацин“, а присуствуваа над 700 дечиња. Поттикнувањето на спортскиот начин на живот, инклузијата, толеранцијата и другарството меѓу децата и младите е главната мисија на најголемиот спортско-аматерски настан во ...

Градот Радовиш викендов ќе биде центар на македонскиот спорт и забава. Во сабота, на 30 мај, ќе се одржи јубилејното 50-то издание на меѓународниот боречки турнир „Македонски бисер“, настан кој ветува незаборавно искуство за сите генерации. Забава за сите генерации во Fan Zone Програмата започнува во 13:30 часот со отворање на богатата Fan Zone на платото пред спортската сала „25 Мај“. Посетителите ќе можат да уживаат во DJ сет на Зоки ...

Вчера Новак Ѓоковиќ имаше посебна поддршка на Ролан Гарос .Младиот грчки тенисер Рафаел Пагонис навиваше за него од трибините. Момчето има 13 години и неколку пати тренираше со Ѓоковиќ во Атина. Последен пат беа на теренот заедно пред еден месец, кога Србинот се подготвуваше за сезоната на земјена подлога. Новак објасни дека им дал целосна поддршка на семејството Пагонис и рекол дека можат да го прашаат за секаков совет. И ова не е прв пат ...

Македонскиот национален состав до 21. година денеска ги продолжува подготовките за дуелот против Бугарија на гостински терен. Истиот се игра во Софија, на стадионот Бистрица на 30 мај со почеток од 18:00 часот, а на него Македонија ќе настапи релативно ослабена. Во последен момент настапот го откажаа двата играчи на Шкендија, Анес Мелиќи и Нуман Ајетовиќ. Мелиќи има повреда на препоните и ќе оди на операција, а Ајетовиќ исто така нема да ...

Првиот тениески рекет на светот, италијанецот Јаник Синер, сензационално е елиминиран на Ролан Гарос, легендарниот Гренд Слем турнир кој што е во тек во моментов. Синер неичекувано загуби од аргентинецот Хуан Мануел Серундол со конечен резултат, 3:6, 2:6, 7:5, 6:1, 6:1, и го остави во шок тенискиот свет затоа што се најавуваше негов атак на титулата. Фаворитот имаше речиси добиен меч со водство од 5:1 во третиот сет, а потоа неочекувано ...

Искусниот дефанзивец Влатко Дробаров и официјално ја завршува својата веројатно најуспешна авантура во фудбалската кариера, а тоа е престојот во бугарскиот тим Черно Море. Сега веќе 33. годишниот поранешен младински репрезентативец на Македонија имаше одлични настапи во тимот од Варна, но ете на се има крај па и на неговиот престој таму. Сепак, со оглед на минутажата која што Дробаров ја имаше во последните неколку сезони, а истата беше ...

Репрезентацијата на Босна денеска ја имаше официјалната прес конференција пред утрешниот дуел со Македонија во Сараево на стадионот Кошево со почеток од 20:30 часот. Селекторот Сергеј Барбарез имаше полна уста пофалби за нашиот национален тим кој што го опиша како сериозен, квалитетен и со намера да одигра добар меч. „Мора да сте сериозни во пристапот. Не треба да се бавите со ранкинг било чив. Не сакам никого да омаловажам затоа што тоа не ...

Крајот на месец мај го означува почетокот на новото поглавје во актуелната кошаркарска сезона – младинската репрезентативна кошарка. Согласно со тоа, дефинирани се и стручните штабови на повеќе наши младински национални селекции кои ова лето ќе ја претставуваат Македонија на европската сцена. Македонската кошарка ќе има свои претставници на четири младински Европски првенства во машка и женска конкуренција. Покрај сениорската репрезентација, ...

Македонските репрезентативци отпатуваа за Сараево каде утре (20.30 ч) на “Кошево“ ќе одиграат пријателска средба со селекцијата на БиХ. Без капитенот Енис Барди, кој откажа поради повреда, но со Елиф Елмас, Бојан Миовски, Столе Димитриевски, Џани Алиоски и другите, селекторот Гоце Седлоски ќе се обиде да дојде до добар резултат на оваа контрола против силната чета на селекторот Сергеј Барбарез, на која ова ќе им биде претпоследна проверка ...

Вечерва и официјално завршува сезоната 2025/26 во ракометната Суперлига. И завршува со стил, со дерби во Битола и тоа меѓу Пелистер и Алкалоид. Оваа средба ќе има далеку поголемо резултатско значење за битолчани, кои со победа ќе завршат како втори и тоа пред Охрид, со оглед на тоа дека имаат подобар меѓусебен скор. Ова е од големо значење со оглед на тоа дека веројатно второто место ќе носи директен пласман во ЕХФ Европската Лига. Се ...

А, кој рече дека Барселона нема пари за мега – трансфери ова лето? Имено раководството и тоа како работо да му овозможи мега – тим на Ханси Флик, како би тој следната сезона ја освои Лигата на Шампионите. Па, така откако се е договорено со репрезентативецот на Англија, Ентони Гордон, тој доаѓа денеска на лекарски прегледи, по се изгледа ќе се реши и трансферот на Хулијан Алварез, еден од најдобрите напаѓачи во светот. Аргентинецот веќе ...

Македонската фудбалска репрезентација до 19. години имаше очаен настап денеска во Струмица, откако доживеа пораз од 0:4 против соодветната селекција на Словенија. Ова беше инаку втора средба на овие две селекции откако на првата загубивме со 1:3. Овојпат не се ни заканивме кон противничкиот гол, а од друга страна противникот ја покажа сета сила на оваа надежна очигледно генерација. Ако на првиот меч нашите млади репрезентативци, и покажаа ...

По скоро тринеделните подготовки, македонската машка одбојкарска репрезентација денеска ќе го одигра првиот пријателски натпревар во очекување на почетокот на Европската лига. Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски денеска од 17:30 часот во спортскиот центар „Верде“ во Подгорица ќе имаат можност да го одиграат првиот контролен меч со селекцијата на Црна Гора. За момците на Миленкоски денешниот и вториот пријателски меч закажан за утре со ...

Да се знае кој е кој. Шпанскиот фудбал продолжува да ги диктира правилата на економскиот врв во Европа. Според новиот извештај на „Фудбал Бенчмарк“ за пазарната вредност на големите европски клубови, Реал Мадрид повторно е највредниот клуб на континентот со рекордна проценка од 7,725 милијарди евра. Во исто време, Барселона ја врати својата втора позиција откако вредноста на клубот скокна за 33% на 5,918 милијарди евра. Никогаш порано два ...

Македонската кошаркарска федерација со особено задоволство ја информира јавноста дека денес официјално е обновен спонзорскиот договор со Клиниката „Жан Митрев“, со што продолжува успешната и исклучително значајна соработка започната во изминатиот период. Во текот на изминатата една година, нашите национални селекции – како сениорски, така и младински, во машка и женска конкуренција – имаа на располагање врвна здравствена грижа, професионална ...

Преговорите за продажба на Севиља добија драматичен пресврт откако долгоочекуваниот договор со конзорциумот предводен од Серхио Рамос пропадна. Причината за тоа била драстично изменетата понуда од купувачите, опишана од продавачите како „најлошата што некогаш сме ја добиле“. Според клупски извори, новата понуда имаше за цел да ја купи Севиља за само 100 милиони евра, што е целосно спротивно на претходно договорените услови. Во јануари оваа ...

Минатите денови, од Милан се појавија две приказни за хаос. Едната вклучува физичка пресметка помеѓу Златан Ибрахимовиќ и Макс Алегри, кои морале да бидат разделени од поранешниот спортски директор Игли Таре, а другата е шокантно тврдење дека клубот се надевал на неуспех во Лигата на шампионите. Иако веќе некое време се шпекулира за големи тензии помеѓу сега веќе екс-тренерот Алегри и специјалниот советник на Ибрахимовиќ, весникот „Кориере ...

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Еван Гесан, влезе во историјата на европскиот фудбал откако постигна уникатен двоен трофеј оваа сезона. 24-годишниот напаѓач стана првиот играч кој освои два различни европски трофеи во истата сезона. Ова се случи откако Кристал Палас го победи Рајо Ваљекано со 1-0 во финалето на Конференциската лига во Лајпциг. Само неколку дена претходно, неговиот поранешен клуб Астон Вила триумфираше во ...

Мега – ѕвездата на Реал Мадрид и селекцијата на Брзил, Винисиус Жуниор, има само пофалниз зборови за чудото од Барселона и Шпанија, Ламине Јамал. Во изјава за „Казе ТВ“, напаѓачот на Реал Мадрид не го криеше своето восхитување, признавајќи го огромниот талент на својот ривал од каталонскиот гигант. Винисиус не се двоумеше да ја именува Шпанија како еден од главните кандидати за трофејот. Според него, тимот има сериозни предности што го ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.6
74%
1019
weather icon

Белград

17ᴼ / 13ᴼ
2.68
70%
1016
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
1.42
78%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.56
80%
1019
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.65
76%
1016
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 12ᴼ
1.06
86%
1016
weather icon

Атина

22ᴼ / 18ᴼ
2.24
57%
1016
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.85
67%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.96
62%
1018
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 15ᴼ
1.34
89%
1014
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
2.68
76%
1013
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 13ᴼ
1.81
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.54

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Паладиум

40767.15

Платина

55170.68

Калај

53.60

Бакар

13.01

Иридиум

253540.09

Сребро

2186.28

Злато

135639.33

Кобалт

45.39