Вардар ќе игра против ГРК Охрид во финалето на традиционалниот Струшки ракометен турнир, откако славеше против Бутел (36-23). Избраниците на Иван Чушиќ без многу мака славеа над градскиот ривал Бутел предводен од вардаровата легенда Стојанче Стоилов. Победникот беше решен уште во првото полувреме (21-13). Домаќинот Струга го освои второто место во својата група откако славеше во пресметката со Дубочица од Србија со минимални 28-27. Стружани ...
Бранителот на трофејот ГРК Охрид и актуелниот македонски шампион и освојувач на Купот, Вардар 1961, вечерва ќе се борат за победничкиот пехар на 54. издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга. Финалната пресметка е закажана за 20:30 часот и ќе биде кулминација на четиридневните возбудувања на традиционалниот турнир. Охрид ќе се обиде да го одбрани трофејот освоен минатата година, додека Вардар 1961 ќе атакува на уште една титула ...
Мала увертира за она што не очекува во новата сезона дојде од Струга. Во финалето на традиционалниот турнир што се одржува во овој град, ГРК Охрид и Вардар ги одмерија силите за пехарот, а победник од оваа пресметка излезгоа охриѓани кои славеа со 31-30. За Борис Ројевиќ ова е само втора победа во пресметките со актуелниот првак. Во првото полувреме видовме изедначена пресметка со промени на водството, со тоа што ГРК Охрид на одморот замина ...

