Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Хезболах го отфрли планот за прекин на огнот договорен од либанската и израелската влада со посредство на САД, објави Би-би-си. САД вчера објавија дека Либан и Израел се согласиле на примирје, под услов Хезболах, група поддржана од Иран, да прекине со огнот и да ги повлече своите борци од Јужен Либан по границата со Израел. Водачот на либанската шиитска група, Наим Касем, ги нарече разговорите срамота, отфрлајќи ја најавата на Вашингтон како ...
Жестока реакција пристигна од таборот на Шкендија по одлуката на дисциплинските органи на Фудбалската федерација на Македонија да изречат висока парична казна на тетовскиот клуб по инцидентите во финалето на Купот на Македонија. Клубот е санкциониран со вкупно 105.000 евра поради повеќе прекршоци регистрирани на натпреварот, меѓу кои употреба на пиротехника од страна на навивачите, националистички скандирања, истакнување спорен транспарент ...
На денешен ден, 4 јуни, една од најфасцинантните и најконтроверзните фигури во историјата на Холивуд, Анџелина Џоли, го слави својот 51. роденден. Нејзината кариера започна во раните деведесетти години, под силно влијание на нејзиниот татко, славниот актер Џон Војт, иако таа брзо изгради сопствен, автентичен и независен пат во индустријата. Првите сериозни успеси ги доживеа со биографските ТВ-филмови „Џорџ Волас“ и особено „Џиа“ од 1998 ...
„Јас не сметам дека ние треба да се откажеме од било што од нашата историја во рамки на Историската или било која друга комисија. Ние треба да се задржиме на ставот што го имаме за нашата историја. Никој не може да го менува македонското гледање на историја. Никој не може да го пипне нашиот идентитет, затоа што тоа е наш идентитет. Никој не може да забрани ние да бидеме Македонци. Не може пак да стават вето затоа што тоа не е дел од ...
Европската унија ќе испрати дополнителни 100 милиони евра финансиска поддршка за либанската армија, која работи во рамки на кревко примирје, објави шефицата за надворешна политика на Европа, Каја Калас. Таа посочи дека новиот договор за примирје меѓу Израел и Либан нуди можност за спречување на целосен воен конфликт, но призна дека континуираниот оган покажува дека примирјето е нестабилно. „Смртта на мировникот на УНИФИЛ и континуираните ...
Фудбалерите на АП Брера го освоија трофејот во Купот на Македонија во конкуренција на младинци. Во финалето во одличен натпревар АП Брера беше поуспешна од Шкупи и тоа по изведување на удари од 11 метри. По 90 минути игра двата тима постигнаа по два гола. Шкупи поведе со голот на Судејс Чајани уште во втората минута и тоа по прецизно изведен пенал. Пет минути пред крајот на првото полувреме АП Брера успеа да го израмни резултатот, а стрелец ...
Славната актерка Аница Добра, која ги освои срцата на публиката во регионот уште пред неколку децении, на 3 јуни го прослави својот 63. роденден. Добра, низ годините помина низ различни фази во својот живот и кариера, а ја паметиме по улогите кои секогаш носеа посебна енергија, шарм и топлина. Својата огромна популарност ја обезбеди со култниот филм „Како пропадна рокенролот“ од 1989 година. Никој не остана рамнодушен и по нејзините улоги во ...
За време на протестот против планираните реформи во дел од белгискиот образовен сектор, во Брисел денеска се судрија демонстрантите и полицијата, па собирот стана тензичен и насилен, пренесува Ројтерс. Полицијата употреби солзавец против демонстрантите во центарот на Брисел, кој беше затрупан со отпадоци и вандализирани велосипеди и улични знаци. Некои излози беа искршени. Бриселската полиција им препорача на граѓаните да го избегнуваат ...
Првпат од осамостојувањето Македонија е избрана да биде дел од едно од водечките тела на Обединетите нации (ОН) – Економскиот и социјалниот совет (ЕКОСОК). Според премиерот Христијан Мицкоски, ова е огромен успех за државата и македонската дипломатија. Земјава ќе биде дел на ЕКОСОК во периодот од 2027 до 2029 година. -Во Обединетите нации во Њујорк, нашата држава беше избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на ОН – ЕКОСОК, за ...
На повеќе локации низ Куманово утре ќе има привремени прекини во снабдувањето со електрична енергија, јавува Регионалниот центар за управување со кризи. Во период од 08:30 до 14:30 часот утре прекини ќе има во ООУ „Христијан Карпош“ во населбата Перо Чичо, како и на улиците „Иво Андриќ“, „Радоје Димиќ“, „Веселин Маслеша“, „Будимир Димковски“, „Милентие Поповиќ“, и „Благој Пецкалија“. Во истиот период без струја ќе останат и корисниците од ...
Легендарната ракометарка на Кометал Ѓорче Петров, Андријана Будимир најверојатно нема да ја предводи Војводина во новата сезона, иако успешно ја оствари главната задача и го врати клубот во најсилното српско женско ракометно првенство. Според пишувањата на српскиот весник „Дневник“, соработката меѓу Будимир и новосадскиот клуб завршила по крајот на сезоната, а раководството веќе започнало потрага по нов тренер. Будимир презеде тимот во ...
Британската пејачка Дуа Липа (30) и актерот Калум Тарнер (36) се венчаа во тајност, а денови по интимната церемонија одржана во лондонската општина Олд Мерилебон, сè уште се зборува за деталите за нивната венчавка. Двојката внимателно го избрала секој детаљ, од облеката до цвеќето, а букетот на невестата привлече посебно внимание. Дуа Липа носеше бел костум со шешир, а во рацете имаше букет од исландски афион. View this post on Instagram A ...
Франција и Германија повикуваат на нов процес на „структурирана постепена интеграција“ за земјите-кандидати за членство во ЕУ со земјите од Западен Балкан, пренесува Еуроњуз од Самитот во Тиват. Иницијативата има за цел да им овозможи на кандидатите порано да добијат придобивки од поблиска интеграција во блокот, истовремено задржувајќи го постојниот пристап базиран на заслуги за пристапување. Двете земји потпишаа заеднички документ во кој ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) идната недела ќе ги објави имињата на компаниите кај кои биле утврдени неправилности при декларирањето на млечни производи, најави директорот на институцијата, Оливер Миланов. Според него, станува збор за вкупно десет оператори со храна, од кои две се увозни компании, а осум се домашни производители. Кај нив биле откриени отстапувања меѓу декларираниот и реалниот состав на производите, при што ...
Португалскиот стратег Жозе Мурињо додека во јавноста на големо се поврзува со Реал Мадрид, поднесе тужба против Турција до Европскиот суд за човекови права поради санкциите што му беа изречени за време на неговиот ангажман во Фенербахче. Според информациите од турските медиуми, Судот во Стразбур ја прифатил апликацијата и веќе побарал официјален став од турските власти, кои во наредните шест месеци треба да достават одговор на наводите на ...
Обвинителите од Унгарија ги повлекоа обвиненијата против либералниот градоначалник на Будимпешта, Гергељ Карачони, кој имаше своја улога во организирањето на ЛГБТК+ маршот за права во 2025 година, пренесува Ројтерс. Десетици илјади демонстранти маршираа низ Будимпешта во јуни 2025 година и покрај полициската забрана, претворајќи ја Парадата на гордоста во масовен антивладин протест и една од најголемите опозициски манифестации против ...
Малата принцеза Лилибет, ќерка на принцот Хари и Меган Маркл, денеска го слави петтиот роденден. Иако војводата и војвотката од Сасекс се познати по тоа што строго ја чуваат приватноста на своите деца од медиумското внимание, тие одлучиле да го одбележат овој посебен настан на прекрасен начин. Тие споделија со јавноста две досега невидени фотографии од приватниот семеен албум, и на тој начин ја продолжија традицијата што војвотката ја ...
Српскиот ракометар Илија Абутовиќ по две поминати сезони во Еурофарм Пелистер си замина од Битола и кариерата ќе ја продолжи во српскиот шампион, екипата на Партизан каде ќе соработува со Раул Гонзалез. Абутовиќ со емотивна порака на социјалните мрежи се прости од Битола и Македонија, истакнувајќи дека нашата земја засекогаш ќе му биде во срце. „Благодарам Пелистер и Битола на овие две години. Благодарам за новите искуства, новите познанства ...
Славната холивудска актерка Шерон Стоун имала тешко детство исполнето со физичко насилство, за кое пишуваше во автобиографијата „Убавината да се живее двапати“, но и често зборува во јавноста. Сега, Стоун отворено зборуваше за својот однос со татко ѝ во новата епизода од подкастот „Лицето кое веруваше во мене“, водена од дописникот на „Си-би-ес“, Дејвид Бегно. Актерката раскажа дека татко ѝ често ја казнувал со ремен, а понекогаш дури и ја ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави засилени контроли и нови мерки за подобрување на безбедноста во сообраќајот, откако статистиката за изминатиот месец покажала загрижувачки број жртви на македонските патишта. Гостувајќи во емисијата „Топ Тема“ на „Телма“, Тошковски истакна дека од вкупно 12 луѓе кои загинале во сообраќајни несреќи во текот на минатиот месец, дури петмина биле мотоциклисти. – За тројца од загинатите сум ...
Претседателот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) и бивш претседател на Република Српска, Милорад Додик, рече дека Подгорица направила грешка со забраната за влез на српските граѓани, оценувајќи го тој потег како „непотребен и нималку добар“, јавува Радио-телевизијата на Република Српска (РТРС). Коментирајќи дека 87 српски државјани се вратени од аеродромот во црногорскиот град Тиват, Додик од Санкт Петербург, каде што учествува ...
Физичка пресметка меѓу двајца турски државјани се случила вчера во Прифатниот центар за азиланти во скопското село Визбегово, соопшти полицијата. „На 03.06.2026 во 13:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Визбегово, во Прифатен центар за баратели на азил, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Џ.Б.(27) и А.С.(26), двајцата од Турција. По целосното документирање на случајот, ќе следува ...
Во просторот „КОМБО“, на 6 јуни, од 12 до 19 часот, ќе бидат достапни околу 1.000 книги кои посетителите ќе можат бесплатно да ги земат и да им дадат нов живот на своите полици. За Дијана, нејзиниот син Дамјан пишува дека била жена која многумина ја препознавале по насмевката, топлиот збор и подготвеноста секогаш да помогне, без разлика дали станува збор за пријател, непознат човек или напуштено животно. „Дијана, жената која безброј луѓе ја ...
Европската фудбалска асоцијација донесе одлука да го отстрани азербејџанскиот клуб Туран од квалификациите за Конференциската лига кои требаше да ги игра ова лето. Иако Туран минатата сезона заврши на третата позиција во националниот шампионат и обезбеди место во квалификациите за европското натпреварување, клубот нема да добие можност да настапи на меѓународната сцена. Од таборот на Туран најавија дека нема да се помират со одлуката и ќе ...
Некој ги погледнал најголемите крузери во светот и решил дека тие едноставно не се доволно амбициозни, затоа што проектот „Фридом шип“ би можел целосно да ги надмине сите досегашни рекорди. Овој крузер, замислен како првиот вистински пловечки град во светот и долг околу 1,6 километри, е дизајниран да превезува до 80.000 жители, посетители и членови на екипажот, додека непрекинато плови околу светот. Метропола на море? Наместо класичен ...
Вработена во здравствена установа во центарот на Скопје пријавила дека таа и нејзина колешка биле навредувани од нивната претпоставена, која наводно и им упатувала закани, а во еден момент морало да интервенира и обезбедувањето на болницата, соопшти МВР. „На 03.06.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје, М.К.(49) од Скопје пријави дека на 27.05.2026 околу 13:40 часот на нејзиното работно место во здравствена установа на подрачјето на Центар, во ...
Патнички авион „Боинг 787“, управуван од авиокомпанијата „Луфтханза“, доживеа колапс во предниот дел додека беше паркиран на излезната порта на аеродромот во Франкфурт, пишува Дојче веле. Од „Луфтханза“ соопштија дека во инцидентот биле повредени неколку вработени. Патниците сè уште не биле качени во авионот кој требало да лета за Лос Анџелес. Following a gear collapse at the gate in Frankfurt, Lufthansa 787-9 D-ABPQ has been significantly ...
Македонскиот голман Столе Димитриевски денеска ја продолжи соработката со Валенсија до 2028 година, нешто што беше и очекувано по одличниот финиш на сезоната на голот на шпанскиот гигант. Димитриевски даде и интервју за клупскиот сајт на шпанскиот тим во кое меѓу другото и ја избра за него најдобрата одбрана. „Одбраната против Атлетик беше навистина добра, но морам да признаам дека најдобра беше онаа против Жирона. Ја гледав повеќепати и ...
По негативните критики за докментарниот филм „Слушни ме“, Слаткаристика се огласи со говор и ја раскажа својата приказна. Говорот го даде вчера пред присутните за време на доделување на наградите „Лазаров“ и го искористи моментот на сцената за да испрати порака на поддршка до сите оние кои се борат за своето место под сонцето. Говорот го објави пејачката Тамара Волческа, а Слаткар го сподели. „Не можат да ве убедат дека местото за кое сте ...
Денеска во Собранието се одржа јавна расправа на која се утврдуваше предлог-листа за нов член на државната Комисија за спречување и заштита од дискриминација. На јавниот оглас се пријавија вкупно 11 кандидати, од кои осуммина ги исполнија условите. Кандидати кои го поминаа првичниот процес на селекција беа: Миле Стојановски, Јасна Оровчанец-Арангеловиќ, Исмаил Синани, Усеин Елезоски, Кадрије Мустафа, Жаклина Дамческа, Кристина ...