Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Пејачката Кеси Вентура (39), поранешна девојка на музичкиот могул Шон Диди Комбс, ги напушти САД и, според нејзината судска изјава, не планира да се врати. Таа информација е откриена во изјавата поднесена како дел од новата тужба против Диди, додека тој отслужува затворска казна, пишува „ЛАДбајбл“. „Немам намера да се вратам во САД“ Во судската изјава од 1 мај оваа година, Кеси Вентура, родена во Конектикат, навела: „Живеам надвор од САД. ...
Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна во официјална посета на Црна Гора, само една недела откако во Париз го прими црногорскиот премиер Милојко Спајиќ и во пресрет на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват. На аеродромот го пречека претседателот Јаков Милатовиќ. Посетата има историско значење, бидејќи ова е првпат претседател на Франција официјално да престојува во Црна Гора. Во Подгорица и Цетиње посетата се толкува како силна ...
Руската тенисерка Мира Андреева се пласираше во своето прво гренд-слем финале, откако денеска во Париз ја совлада Украинката Мартa Костјук со убедливи 2:0 во сетови (6:1, 6:3). Осмата носителка на светската ВТА листа до најголемиот успех во кариерата стигна по доминантен настап против ривалката која сезонава играше во одлична форма и имаше серија од 17 победи на земјена подлога пред овој дуел. Со овој триумф, 19-годишната Русинка ѝ се ...
Довчерашниот вицепремиер задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, кој со месеци не одеше на владини седници, а земаше плата, ќе биде испратен во Брисел како специјален владин претставник, најави денеска копретседателот на Вреди и градоначалник на Чаир, Изет Меџити. Фетаи пред неколку дена поднесе оставка на вицепремиерската функција, откако повеќе од два месеца не доаѓаше на владините седници, а во меѓувреме објавуваше слики од патување во ...
Австралија планира да воведе нов данок за социјалните мрежи кои користат вести, со цел да финансира медиуми, а компанијата „Мета“ веднаш упати критики, оценувајќи го предлог-законот како „крајно неправеден“, пренесува Ал Џазира. „Нашиот став е јасен: Овој закон е лошо осмислен, крајно неправеден и нема да успее да обезбеди разновидна и одржлива новинска индустрија“, соопшти „Мета“, матичната компанија на Фејсбук, Инстаграм и Ватсап, чија ...
Граѓани кои живеат во зградите во близина на детската улица „Тоше Проески“ во Ново Лисиче се жалат на прегласната музика, која секојдневно свири до доцните вечерни часови. Како што велат, повеќепати пријавувале во Општина Аеродром за решавање на проблемот со гласната музика, но ова само накусо се решава и потоа повторно ечи оставајќи ги граѓаните секоја вечер без сон. На 10 мај пријавив прегласна музика на детската улица. Веднаш потоа ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде итно предупредување за нестабилна воздушна маса која во моментов предизвикува сериозни наелектризирања и врнежи во неколку региони низ земјава. Според официјалните податоци од метеоролозите, во Прилепско и во целиот Пелагониски регион е регистриран пороен дожд, проследен со чести грмежи и значително засилен ветер. Паралелно со ова, нестабилното време со поројни врнежи, силен ветер и ...
Македонскиот голман Столе Димитриевски денеска го продолжи договорот со Валенсија до 2028 година, а веднаш потоа даде и интервју за клупскиот сајт. Димитриевски не го криеше задоволството од продолжувањето на соработката. „Многу сум среќен и горд што можам да објавам дека го продолжив договорот со Валенсија за уште две години. Немав никакви дилеми околу тоа. Отсекогаш сакав да останам тука и бев целосно фокусиран на тоа, бидејќи сум ...
Хазарос Сурмејан, македонски балетски уметник и кореограф, кој остави значаен белег во македонската и светската балетска уметност, почина на 83 години. Веста за неговата смрт ја споделија од Националната опера и балет на официјалниот фејсбук-профил. Хазарос Сурмејан (1943, Скопје – 2026, Торонто) изгради извонредна балетска кариера која траеше повеќе од пет децении. Своето образование и творечки пат ги започна во Македонија, а првиот ...
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) по сопствена иницијатива отвори предмет во врска со наодите содржани во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР), кои се однесуваат на работењето на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Одлуката е донесена денес на колегиум на Комисијата, во рамките на нивните надлежности утврдени со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. „Предметот е отворен поради ...
Кина денес ги повика Соединетите Американски Држави (САД) „да престанат да поттикнуваат идеолошки судири“ и „да престанат да се мешаат во внатрешните работи на Кина“ откако Вашингтон излезе со соопштение по повод годишнината од задушувањето на протестите на плоштадот Тјенанмен, јавува Анадолу. „Ја повикуваме американската страна да дејствува во согласност со заложбата за почитување на Кина и кинескиот народ, да престане да поттикнува ...
Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Следете ги најновите содржини од домашната и светската политика во информативниот блок, во кој ќе ви презентираме и актуелности од повеќе области како здравство, економија, хроника, регионални случувања, спортски информации… Модератор на вестите е Ана Јанева. Ви благодариме на довербата. Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. ...
Полската тенисерка Маја Хвалинска е едно од најпријатните изненадувања на овогодинешниот Ролан Гарос. Со неверојатниот настап во Париз, 24-годишната тенисерка не само што обезбеди историски резултат во кариерата, туку и заработка каква што досега можеше само да сонува. Хвалинска успеа да се пласира во полуфиналето на гренд слем турнирот на париската земјена подлога, а нејзината приказна веќе се смета за една од најубавите спортски бајки на ...
Славниот режисер Квентин Тарантино воопшто не е обожавател на најголемиот дел од филмските остварувања кои Холивуд ги продуцира во последно време. Пишувајќи за престижното списание „Sight & Sound“, оскаровецот откри дека денес му е „речиси невозможно“ да изгледа некој нов филм, а притоа веднаш да не почне детално да му ги наоѓа маните. „Мани, неверни сцени, додворување на публиката, погрешно избрани актери или едноставно чисти глупости ...
Француско-иранската авторка, уметница и филмска режисерка Марџан Сатрапи, која стекна меѓународна слава со графичкиот роман и филмот „Персеполис“, почина на 56-годишна возраст, потврдија луѓе блиски до уметницата, пренесува „Ле Монд“. – Марџан Сатрапи почина од тага нешто повеќе од една година по смртта на Матијас Рипа, нејзиниот сопруг и љубовта на нејзиниот живот – се вели во соопштението. Сатрапи, гласен критичар на теократската влада на ...
Дванаесет жртви загинаа утринава во пожар кој избувна во нелегален старски дом во Шри Ланка, а осум други се повредени, објави „Асошијетед прес“. Пожарот избувнал во текот на ноќта во домот кој се наоѓа во градот Ангуруватота. Полицијата соопшти дека се спасени 51 човек, а во објектот биле сместени и старци со ментални нарушувања. Директорот на домот е уапсен под сомнение за предизвикување смрт од небрежност и е задржан во притвор една ...
Беровската полиција поднесе кривична пријава против тројца дрвокрадци откако со трактор се обиделе да прегазат шумари при нелегална сеча на дрвја. „Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против У.А.(26), Е.Џ.(25) и М.Г.(21), сите од с.Црник, општина Пехчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘загрозување на сигурноста’. На 06.05.2026 на место викано ‘Турски гробишта’, ...
Четвртото издание на меѓународниот фестивал на деветтата уметност „Стрип трип“ ќе се одржи од 5 до 7 јуни 2026 година во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Фестивалот годинава носи тридневна програма со изложби, промоции, панели, работилници, цртачки сесии, берза на стрипови, друштвени игри, подкаст во живо и музичка програма. Главен гостин на „Стрип трип“ 2026 е Бобан Пешов, италијански илустратор со потекло од Македонија, ...
Претстојното Светско првенство би можело да се соочи со сериозен организациски предизвик поради временските услови, а постои реална опасност дел од натпреварите да бидат прекинувани и одложувани со часови. Причината лежи во строгите безбедносни протоколи што важат во САД каде што ќе се играат најмногу натпревари. Според локалните правила, секој меч мора веднаш да биде прекинат доколку се регистрира гром во радиус од 13 километри од ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски искрено кажа дека на повраќање го тера одлуката на обвинителката Катерина Коларевиќ по едногодишна истрага да го затвори случајот со злоупотреба на мазутот поради немање докази за обвинение, а на македонскиот народ ќе му се згадело од страшните докази што ги имало за овој случај. – Кога имате состанок со истражители што ви велат: „Министре, ова што се случува во овој предмет е во најмала мера ...
Со претставата „Мачкина глава“ на Драмски театар Скопје на 5 јуни свечено ќе биде отворен драмскиот сегмент на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“. Претставата ќе биде изведена во Центар за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп, во 20 часот. Јубилејниот 60. МТФ „Војдан Чернодрински“, годинава под мотото „Храбриот нов театар“, ќе отвори дијалог за кризата на човекот во општеството и кризата на општеството во човекот, повикувајќи на театар што има став, ...
Во жестока дебата помеѓу владејачката Вреди и опозицискиот Европскиот фронт, Комитетот за меѓуетнички односи одлучи законот за правична застапеност да се носи со т.н. „мал Бадентер“, односно со мнозинство од присутните пратеници и мнозинство од присутните пратеници од немнозинските заедници. Не помина предлогот на опозициските Европски фронт, Алијанса за Албанците, Албанска лига, како и пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи законот да се гласа со ...
Комесарот на НБА, Адам Силвер, изјави дека очекува НБА Европа да започне од сезоната 2027/2028, објави ESPN. „Многу сме блиску до планот што го зацртавме. Oчекуваме НБА Европа да започне во сезоната 2027/2028. На вистинскиот пат сме. Конечните понуди од заинтересираните франшизи треба да ни бидат доставени кон крајот на јуни. Видовме рекорден интерес и сме многу возбудени поради можноста за соработка со ФИБА“, рече Силвер на ...
Русија размислува да ја намали старосната граница за работа на 12 години поради недостигот од работна сила предизвикан од војната во Украина, објави „Телеграф“. Предлогот го изнесе комесарката за правата на децата во Москва, Олга Јарославскаја, која смета дека младите треба да имаат можност да работат за време на летниот распуст, тврдејќи дека речиси сите деца сакаат да работат во лето. Јарославскаја оцени дека враќањето на детски работни ...
Неколку лица загинаа денеска, во пад на мал авион во близина на спортскиот аеродром Медулин во Хрватска, а околностите на несреќата сè уште се утврдуваат, објавија хрватските медиуми. Според пилотот Нијаз Делиќ, авионот од непознати причини се свртел спирално за време на приближувањето кон аеродромот и се урнал во областа во близина на депонијата Каштијун. Авионот се урнал во областа Кампанож, информира „Јутарњи.хр“. Пилотот Делиќ вели дека ...
Кошаркарскиот свет и спортската јавност на Балканот се простуваат од легендарниот коментатор Един Авдиќ, кој почина вчера на 47-годишна возраст. Веста за смртта на човекот кој кај генерации ја всади љубовта кон кошарката предизвика емотивни пораки од целиот регион. Авдиќ беше препознатлив по своето огромно познавање на кошарката, поради што многумина го нарекуваа „Един енциклопедија“. Од Авдиќ се прости и европската кошаркарска организација ...
Најтрофејниот европски кошаркарски тренер Жељко Обрадовиќ во разговор за шпанските медиуми откри дел од своите размислувања за иднината, но не даде конкретен одговор дали повторно ќе седне на тренерската клупа. Иако во јавноста сѐ погласно се шпекулира за неговото можно враќање во кошарката, легендарниот стратег истакна дека во моментов не размислува за конкретен ангажман и дека конечната одлука ќе ја донесе по завршувањето на националните ...
Тамара Тодевска деновиве е во центарот на вниманието на јавноста со својата нова песна „Drama Queen“. Покрај тоа што песната доби бројни пофалби на социјалните мрежи, најгласната и најемотивната поддршка ја доби токму од сестра ѝ, Тијана Дапчевиќ. Тијана преку социјалните мрежи сподели емотивна порака, не криејќи ја гордоста од огромниот труд што Тамара и нејзиниот тим го вложиле во овој проект. „Баш сум горда на мојата Тамара! Ова го ...
Тетоважата „88“ што ја има републичкиот јавен обвинител Ненад Савески на домалиот прст на десната рака, е поврзана со личен момент меѓу него и неговата сопруга, а не некаков нацистички симбол. Ова вчера го објаснуваше Савески на брифинг, откако дел од новинарите забележаа дека таква тетоважа се поврзува со нацистички симбол. – Ова е моја лична приватна работа, поврзана со мојот приватен живот, со момент поврзан со мојата сопруга — нема ...
Министерството за образование и наука ќе го финансира спроведувањето на 14 заеднички научно-истражувачки проекти на Македонија и Австрија во областа со голем развоен потенцијал, паметно земјоделство и храна, информациски и комуникациски технологии, електро и машинска индустрија, одржливи материјали и паметни згради, енергија на иднината и туризам. Финансиската поддржка изнесува 10.000 евра или по 600.000 денари за проект. Добитниците се ...