Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предупреди дека војната меѓу Русија и Украина сè повеќе се претвора во непосредна закана за земјите што се наоѓаат на источната граница на Европската Унија. Нејзината реакција следува откако поморски дрон експлодирал во близина на нафтен терминал во романското пристаниште Констанца. „Само една недела откако дрон се урна врз станбена зграда во Галац, денес поморски дрон стигна до ...
Светското првенство во фудбал не е само сцена за најдобрите репрезентации во светот, туку и место каде се среќаваат најразлични профили на играчи – од тактички генијалци до физички „екстреми“ кои ја поместуваат границата на она што значи идеална градба за фудбалер. Мундијалот 2026 година, кој ќе се игра во САД, Канада и Мексико, носи рекорден број учесници и уште поголема разновидност во составите. Токму таа разноликост отвора простор за ...
Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Следете ги најновите содржини од домашната и светската политика во информативниот блок, во кој ќе ви презентираме и актуелности од повеќе области како здравство, економија, хроника, регионални случувања, спортски информации… Модератор на вестите е Александра Вуксановиќ. Ви благодариме на довербата. Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на ...
Младиот македонски математички гениј, Македон Димитровски, постигна уште еден историски успех потврдувајќи го својот талент во конкуренција со десетици илјади врсници од целиот свет. На престижниот натпревар „Mathematics Olympiads for Elementary and Middle Schools“ (Математички олимпијади за основни и пониски средни училишта) кој се одржува на ниво на американски училишта во САД и ширум светот, Македон донесе огромна гордост за својата земја. ...
Деловните врски на „Алкалоид“ со компаниите од Јапонија датираат од 1978 година, кога беше воспоставена соработката со корпорацијата ,,Фуџи филм“. Тогаш, со лиценца од овој партнер, беше пуштена во употреба фабриката за производство на рендген-филмови, со што „Алкалоид“ стана еден од само двата лиценцирани производители на вакви филмови во Европа. Делегација на Амбасадата на Јапонија во Скопје, предводена од Н.Е. амбасадорката Сецуко ...
Во забавниот парк „Диво острово“ во Санкт Петербург е претставена нова атракција во форма на ракетата „Орешник“ и во боите на руското знаме, објавено е на веб-страницата на паркот. Како што се наведува, посетителите на атракцијата можат да доживеат симулација на „издигнување во вселената“ и чувство „како кај космонаут-истражувач“, пренесува „Ведомости“. Според описот, кабината се крева до висина од каде што почнува да се врти, откривајќи ...
Колумбискиот претседател Густаво Петро го обвини американскиот колега Доналд Трамп дека ги поддржува луѓето поврзани со трговијата со дрога пред вториот круг на претседателските избори во Колумбија на 21 јуни, критикувајќи ја поддршката на Вашингтон за конзервативниот кандидат Абелардо де ла Есприела, пренесе Анадолу. „Франс 24“ објави дека Петро, во интервју во Претседателската палата во Богота, реагирал на неодамнешната поддршка на Трамп ...
Светот полека запаѓа во фудбалска треска бидејќи остануваат само неколку дена до почетокот на Мундијалот, кој оваа година се одржува во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико од 11 јуни до 19 јули. И додека сите репрезентации што учествуваат на претстојното најголемо шоу на светскиот фудбал се подготвуваат за најголемите предизвици, светската фудбалска управа (ФИФА) донесе посебна одлука што најверојатно нема да им се допадне на ...
Домашниот сладолед се прави едноставно, така што ги матите состојките создавајќи ја смесата, додавате овошје и го замрзнувате, а вкусот е неспоредливо подобар од сладоледот купен во продавница. Денеска ви пренесуваме 3 рецепти за најубавите домашни сладоледи: Сладолед број 1 Состојки: – слатка павлака – 500 мл – 200 црно чоколадо – 100 малини – 1 грчки јогурт Подготовка: Се мати слатката павлака, па во неа се додава растопеното темно ...
Можеби ништо подобро не го покажува фактот дека фламингата се релативно нови жители на венецијанската лагуна од тоа што во локалниот дијалект сè уште не постои посебен збор за овие птици. Сепак, овие бледорозови птици годинава се појавија во рекорден број во Венеција, пишува „Еуроњуз“. Причината за тоа е значителното подобрување на состојбата на мочуриштата, кои во минатото биле сериозно деградирани, а во последните години се предмет на ...
Општина Бутел, не можејќи на друг начин да се справи со уништувањето на урбаната опрема и на детските игралишта, проблемот ќе го решава со видеонадзор. Оттаму најавуваат дека започнале со активностите за поставување камери на јавните површини, со што очекуваат да се намалат девијантните појави. Изминатиот период сведоци сме на уништување на јавните површини, детските игралишта, спортско-рекреативните центри, како и парковите. Се обидовме да ...
Гласот на кошарката на Балканот, легендарниот коментатор Един Авдиќ ненадејно почина во средата на 47-годишна возраст. Koментарот на Авдиќ веќе подолг период не можеше да се слушне na натпреварите од АБА и НБА лигата на „Арена Спорт“, што предизвика бројни реакции и прашања кај љубителите на кошарката низ регионот. Иако официјално не беше соопштено дали Авдиќ ја прекинал соработката со телевизијата или станува збор за друга причина, ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно задрема додека траеше состанок во Белата куќа, пренесоа американските медиуми. На состанокот посветен на енергијата, тој ги затвори очите неколку моменти и се потпре на столот. Покрај американскиот претседател, на состанокот беа и секретарот за внатрешни работи Даг Бургум, секретарот за енергетика Крис Рајт и директорот на Агенцијата за заштита на животната средина, Ли Зелдин. WATCH: President ...
Ребека Јанковска емотивно, но и со доза на критика, се огласи на својот фејсбук-профил. Таа сподели личен спомен од своите тинејџерски денови кога била дел од оригиналниот проект на групата, но истовремено упати и јавно прашање до организаторите и јавноста. „За мене ’Као Какао‘ е ’Леб и сол‘. Случајно бев статист, учесник како девојка на 16 години во нивното шоу што го режираше Слободан Унковски и ’Као Какао‘ беше албум кој остави силен ...
Најголемата криптовалута во светот, биткоин, забележа значителен пад на вредноста и се спушти на нивото од околу 62.000 американски долари, што претставува пад од речиси 51 процент во однос на историскиот максимум од 126.198 долари. Ова предизвика загриженост кај инвеститорите и нов бран на нестабилност на криптопазарот. Според податоците од водечките криптоберзи, цената на биткоинот во текот на денот се намали за неколку проценти, ...
По повеќе од една година од трагедијата во дивата дискотека „Пулс“, за која мислевме дека ќе биде пресвртна точка за некаква посериозна промена во земјава, не само власта и политичарите, туку и јавноста веќе „заборави“ што се случи на 16 март 2025 година – дека во невиден пожар загинаа 63 млади луѓе, а повеќе од 200 беа потешко повредени и со доживотни трауми и последици. Судските процеси што се водат за оваа трагедија не се веќе ударна ...
Северна Македонија единствено треба да ги впише Бугарите во Уставот, за да почне преговори со ЕУ, изјави денеска бугарскиот премиер Румен Радев пред почетокот на самитот ЕУ-Западен Балкан, кој се одржува во црногорскиот град Тиват, објави „Дојче веле“. „Подготвени сме да помогнеме на секоја земја што аплицира за членство, особено на нашите браќа од Северна Македонија. Чекаме тие конечно да ја исполнат преговарачката рамка. Имаме консензус од ...
На Светското првенство, вниманието традиционално е насочено кон напаѓачите, головите и големите ѕвезди кои ги решаваат натпреварите во последната третина од теренот. Сепак, искуствата од претходните турнири покажуваат дека трофеите не се освојуваат само преку нападот, туку и поради сигурните интервенции на голманите. Во модерниот фудбал, голманите веќе не се само последна линија на одбраната. Тие станаа првите организатори на играта, ...
Македонија мора да престане да го мери успехот во високото образование според бројот на запишани студенти, факултети и издадени дипломи, а фокусот да го стави на создавање знаење, практични вештини и кадар што ќе одговори на потребите на економијата. Ова беше една од главните пораки на денешната конференција во Стопанската комора. Учесниците предупредија дека државата повеќе не смее да создава кадар кој ќе го зголемува бројот на невработени ...
Продолжувањето на А-интегрираната еколошка дозвола за „ТИТАН Усје“ повторно ги разгневи стручната јавност и еколошките друштва, ставајќи ги интересите на крупниот капитал пред интересите на граѓаните. Стручната јавност, лекарите, екологистите и сите засегнати страни добиваат само 30 дена да анализираат обемна документација која ќе одлучува за квалитетот на воздухот и здравјето на населението во следните седум години, реагира Левица. Според ...
Американската пејачка Тејлор Свифт стана најбогатата музичарка во историјата, откако нејзиното богатство достигна 2 милијарди долари, објави „Форбс“. Новата проценка е дел од листата „Иконокласт 50“, која ги издвојува највлијателните личности од светот на бизнисот, технологијата, медиумите, забавата и филантропијата. Според „Форбс“, богатството на Свифт значително пораснало благодарение на нејзината турнеја „Ерас“, која стана концертна ...
Професор во средно училиште во Кичево за време на наставата нападнал ученичка, која завршила во болница со повреди, соопшти Министерството за внатрешни работи. Против 68-годишниот професор поднесена е кривична пријава за насилство врз дете. „ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.С.(68) од кичевското село Другово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘Насилство врз дете’. Тој, при извршување работни задачи како ...
Четворица разбојници насилно влегле во угостителски објект во Куманово и украле поголем број маси и столици, соопшти Министерството за внатрешни работи. Полицијата ги најде и ги уапси, а тие го признале делото. Според информациите, меѓу разбојниците е и 17-годишник. „На 4 јуни во периодот меѓу 11:00 и 13:00 часот, полициски службеници извршиле службен разговор со четири лица од Куманово: Е.Љ. (22), В.Б. (19), Љ.А. (23) и еден 17-годишен ...
Дете со електричен тротинет се удрило во паркиран автомобил во Кичево и завршило во болница со тешки телесни повреди. „На 04.06.2026 во 11:15 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на ул. ‘Рудничка’ во Кичево, електричен тротинет, управуван од 13-годишен малолетник од Кичево, удрил во паркирано патничко возило ‘опел астра’ со кичевски регистарски ознаки, паркирано од Г.Д.(47) од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил ...
Израелските сили денес убија четворица и повредија најмалку 14 во десетина напади низ Либан и покрај напорите за спроведување на прекинот на огнот, пренесува Анадолу. Објавената статистика ги опфаќа нападите што беа евидентирани во 08:12 часот по Гринич. Во провинцијата Набатије загина едно лице и едно е повредено кога во израелски напад е погодена зграда во близина на полициската станица во градот Дуеир, при што е уништена. Тројца загинаа ...
Швајцарскиот фудбалер Брил Емболо доби виза за САД и ќе се приклучи на тимот пред Светското првенство, објави „Дејли Сан“. Емболо (29) беше вратен од аеродромот пред неколку дена и не можеше да лета за САД со остатокот од тимот поради фактот што беше обвинет и осуден за повеќекратни закани во 2023 година. По дополнителните проверки, му беше издадена виза и ќе пристигне во САД на време за почетокот на Светското првенство. Напаѓачот на Рен ...
Маж доби кривична пријава откако бил фатен како крши прозорец на легендарното вовче „Ќиро“, кое некогаш сообраќаше меѓу Скопје и Охрид, а денес е музејски експонат и еден од симболите на Кичево. “Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против А.Л.(36) од с.Пласница, општина Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘оштетување или уништување на добра под привремена ...
Џејмс Хенди, 81-годишниот актер кој јавноста го памети по улогите во блокбастерите „Топ Ган: Маверик“ и „Џуманџи“, како и по споредните улоги во десетици телевизиски серии, беше убиен во средата по напад со нож во населбата Тарзана во Лос Анџелес. Од полицијата во Лос Анџелес (LAPD) соопштија дека тој бил убиен од синот на неговата девојка, пренесува „Верајети“. „Во средата, на 3 јуни 2026 година, околу 9:30 часот наутро, патролните ...
Цените на угостителските услуги во мај годинава бележат раст од 2,6 отсто во споредба со истиот месец лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. На месечно ниво, односно во однос на април 2026 година, цените се зголемени за 0,1 отсто. Статистичките податоци покажуваат дека трендот на поскапување продолжува и во текот на целата година. Во периодот јануари – мај 2026 година, цените на угостителските услуги се ...
Вреди наголемо прави комбинации во пресрет на владината реконструкција која ја најави премиерот Христијан Мицкоски за втората половина на јуни. Пред средбата на премиерот со двајцата копретседатели на Вреди која може да се држи веќе следната недела, понудата на албанскиот дел во Владата до Мицкоски ќе зависи од тоа дали лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе оди на голема реконструкција на владиниот кабинет или, пак, на помали корекции, но и од тоа дали ...