САД и Иран разменија напади рано утрово по локално време, неколку дена откако издадоа контрадикторни пораки за статусот на разговорите за прекин на огнот, објави Си-ен-ен. Во меѓувреме, во Либан, борбите меѓу израелските сили и Хезболах, поддржан од Иран, се интензивираа и покрај прекинот на огнот договорен од израелската и либанската влада. САД пресретнаа бран ракети и беспилотни летала лансирани од Иран кон Ормутскиот Теснец и во регионот ...

Црногорскиот бизнисмен Ацо Ѓукановиќ, брат на поранешниот црногорски премиер и претседател Мило Ѓукановиќ, ја напуштил територијата на Црна Гора, потврдено е за РТВ Подгорица од безбедносниот сектор. Против Ѓукановиќ црногорското обвинителство води најмалку два активни кривични предмети, кои се формирани по претресот на неговиот станбен простор во Подгорица и куќата во Никшиќ, потсетува РТВ Подгорица. Управата на полицијата пред неколку ...

Непалски водич, кој бил пронајден како ползи надолу по Монт Еверест шест дена откако последен пат бил виден жив, изјави за Би-би-си дека преживеал така што „џвакал мраз“ и изел неколку чоколади што ги нашол во џебот. Дава Шерпа тврди дека не бил „исчезнат“ за време на спуштањето, туку дека бил принуден да „остане зад другите“, откако останал без кислород. Се претпоставувало дека загинал на планината, а неговото семејство во непалската ...

Иранските фудбалери добиле визи за влез во Соединетите Американски Држави, каде треба да настапат на претстојното Светско првенство, изјави официјален претставник на Белата куќа за Ројтерс во петокот, само 10 дена пред нивниот прв натпревар во Лос Анџелес, поради конфликт меѓу двете земји. Амбасадорот на Иран во Мексико, Аболфазл Пасандидех, изјави доцна во четвртокот дека тимот сè уште не ги добил своите американски визи, но дека тие биле ...

Дали некогаш сте слушнале за јајца ГЛП? ГЛП е кратенка за glucagon-like peptide-1, хормон кој природно се лачи по јадење и учествува во регулирањето на шеќерот во крвта, апетитот, ситоста и празнењето на желудникот. На пошироката јавност ѝ стана познат благодарение на лековите како што се оземпик и вегови кои дејствуваат така што го имитираат ефектот на тој хормон. На социјалните мрежи деновиве кружи рецепт за појадок наречен GLP-1 eggs ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град, соопшти Управата за хидрометеролошки работи. Минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 18 степени, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, а во ...

Пратеникот од редовите на СДСМ и поранешен вицепремиер за економски прашања, Фатмир Битиќи, вечерва во гостувањето на телевизијата „21“ рече дека во двете години во кои со државата владее актуелната власт, нема ниту една спроведена политика за справување со економската криза. „За жал, не гледам владини политики за справување со кризата, ниту за помош на економијата. Пуштено е стихијно да си тече, а тоа не се вика политика. Затоа некој може ...

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска во Градскиот парк во Скопје ја прослави 24-годишнината од своето основањe. Лидерот на партијата, Али Ахмети, одржа говор пред присутните, во кој ги спомена успесите на партијата. Тој, меѓу другото, ги повика албанските политички партии да направат „пакт“ со кој во иднина победникот на изборите во албанскиот блок да ги претставува Албанците во владата. „Почнавме од нула, со 1%, 2% од Албанците ...

Летото 2026 година носи видлива промена на темпото на животот. По месеци во кои многумина минуваа низ чувствителни внатрешни процеси, се занимаваа со семејни односи, прашања за сигурност, емоции и стари стравови, крајот на јуни отвора поинаква атмосфера, пишува „Атма“. Јупитер го напушта Ракот и влегува во Лавот, па вниманието постепено се префрла кон похрабар настап, појасно изразување, создавање, љубов и одлуки што бараат поголемо лично ...

Компанијата „Лего“ официјално го претстави својот најголем сет досега – реплика на прочуената црвка Саграда Фамилија, составена од 12.060 коцки. Сетот припаѓа на Архитектура серијата и е посветен на 100-годишнината од смртта на архитектот Антони Гауди, кој почина во 1926 година, пренесува „Хајп бист“. Датум на излегување и цена Новиот сет ќе биде достапен од 1 ноември 2026 година, по препорачана цена од 749,99 евра. Првично ќе биде достапен ...

Агата Кристи е „мајката“ на познатите детективи Херкул Поаро и Мис Марпл. Нејзините книги се преведени на 103 јазици и се продадени во повеќе од две милијарди примероци. Оваа жена е заслужено една од најобјавуваните писатели во историјата на човештвото. Таа е автор на мудри изреки, од кои најпозната е: „За слободата вреди да се бориш“, а ова се нејзините инспиративни и мудри мисли. Никогаш не претпоставувајте дека подобро разбирате што им ...

Јапонските власти се борат со несаканите ефекти од рекордниот туристички бум, а еден од најпрометните квартови во Токио, Шибуја, зазема построг став кон растечкиот проблем – отпадот. Посетителите фатени како фрлаат отпад во прометниот кварт Шибуја во главниот град ќе бидат казнети веднаш. Тоа е само еден начин на кој властите се справуваат со преполните улици, пиењето алкохол на јавни места и притисоците од прекумерен туризам. Овој потег е ...

Пејачката Дуа Липа и актерот Калум Тарнер официјално го започнаа свадбениот викенд во Палермо, Италија. На ексклузивното собирање присуствуваа бројни познати лица од светот на музиката и филмот, додека младенците им обезбедија на своите гости единствена атмосфера во срцето на Сицилија, пишуваат странските медиуми. Првиот дел од прославата се одржа во историскиот Палацо Валгуарнера Ганги, каде што младенците организираа коктел за добредојде ...

По 18 години години низ судските лавиринти, случајот „Изгрев“ конечно ќе има завршница — правосилна ослободителна пресуда за обвинетите. На јавната седница во Апелација, во средата, Вишото јавно обвинителство побара да биде одбиена жалбата на првостепената ослободителна пресуда, која ја поднесе Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), објави „Фокус“. -Ова значи дека „Изгрев“ заврши, чекаме само писмена ...

Денес на седница на Советот на Општина Тетово беа донесени две значајни одлуки кои директно ќе придонесат за подобрување на условите за живот и развој во градот, објави советникот од ВМРО-ДПМНЕ во општината, Ангел Карапетров, на социјалните мрежи. „Првата одлука се однесува на еднократна финансиска поддршка за секое прваче во износ од 6.150 денари, мерка со која се овозможува полесен и поддржан почеток на новата учебна година за најмладите ...

Во Судот за прекршоци во Подгорица дошло до инцидент и за малку бил избегнат физички судир меѓу поранешниот премиер Дритан Абазовиќ и бизнисменот Ранко Убовиќ, кој со глава тргнал кон лидерот на Граѓанското движење УРА, пишува „Вијести“. Потежок инцидент, односно судир и физичка пресметка, според адвокатот на Абазовиќ, Зоран Пиперовиќ, спречил полицаец задолжен за безбедност во судот, кој го оттурнал Убовиќ, а потоа го предупредил на ...

Емотивна приказна за хитот „Сите мои слики“, сподели пејачката на култната македонска рок-група „Ареа“, Ружица Милошеска Брчиоска. Ружица покажа колку ја почитува уметноста и врската со своите обожаватели и колеги уметници. Таа неодамна сподели емотивна објава на социјалните мрежи, откривајќи го прекрасниот гест кој пристигнал на нејзина адреса од уметницата Анжелика Колева. Станува збор за уникатно уметничко дело, рачно насликана плоча ...

Италијанскиот тенисер Матео Арналди се повлече непосредно пред полуфиналето на грен слем турнирот Ролан Гарос против неговиот сонародник Флавио Коболи во петок поради здравствени проблеми. Коболи ќе игра против Александер Зверев за титулата во недела. Германецот претходно го елиминираше Јакуб Меншик од Чешка. Причината за откажувањето на вториот полуфинален меч е ненадејна вирусна инфекција на Арналди, кој моментно е рангиран на 104 место во ...

Францускиот претседател Емануел Макрон, кој учествува на самитот Европска Унија – Западен Балкан во Тиват, денешниот ден го започна со џогирање. Макрон трчаше покрај морето во црногорскиот приморски град, каде подоцна учествуваше на средбата на европските и регионалните лидери, објави францускиот портал Бурсорама. Подгорички медиуми објавија фотографија и кратка видеоснимка на која се гледа Макрон како џогира во придружба на своето ...

Во новиот натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство денеска најдобрата македонска фудбалска женска репрезентација триумфираше над Андора во Ла Вела со 1:0. Стрелец на единствениот погодок за триумф на нашата селекција беше Павлина Николовска во 86 минута од мечот. Тоа беше втората победа за македонската репрезентација во групата 3 каде по пет кола се наоѓа на третото место со шест бодови. На врвот е Унгарија со 13 бодови, ...

Откако Владимир Путин во Санкт Петербург изјави дека не гледа никаква смисла во средба со Володимир Зеленски, следуваше одговор од украинскиот претседател. Зеленски на Телеграм порача дека таквиот став значи дека Русија „повторно избира војна“, а реакцијата на Путин ја нарече „слаба“. „Не сака да признае дека војната му се допаѓа само нему“ „Тој едноставно не сака да ја заврши војната“, додаде Зеленски, тврдејќи дека Путин „не сака ништо да ...

„Мерката за оддалеченост од 500 метри предвидена во новиот предлог-закон за игри на среќа не е обична просторна регулација, туку директен налог за ставање клуч на врата и затворање на легалната индустрија“, рече претседателот на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ), Васко Илијевски, во емисијата „Студио 10“ на ТВ „24“, тврдејќи дека ваквото законско решение ќе предизвика „верижен економски удар, банкрот на ...

Како што се приближува почетокот на Светското првенство во фудбал 2026, организацијата одлучи ја објави листата на песни за официјалниот албум на турнирот. Глобалната стратегија и платформа за забава на ФИФА го откри официјалниот албум за СП во фудбал 2026 наречен Global Rhythms: The Official 2026 FIFA World Cup Album”, кој опфаќа 18 песни и е најобемниот музички проект со повеќе песни создаден за Светско првенство, пишува „Билборд“. Албумот ...

Како што се приближува почетокот на Светското фудбалско првенство, се повеќе се зборува за екстремни временски услови во САД, Канада и Мексико. Високите температури би можеле да влијаат на бројни национални тимови, првенствено од Европа, а според информациите што доаѓаат од САД, Норвешка била принудена да ги скрати тренинзите поради екстремна топлина и влажност. Скандинавците тешко се прилагодуваат на условите што ги очекуваат за време на ...

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, преку објава на социјалните мрежи предупредува дека објект во кој е најавена голема забава вечерва не е безбеден и дека лани, додека на чело на општината беше тој, била изречена забрана за користење на покривот на објектот. Тогаш, вели Јакимовски, општината наложила и да се срушат скалите кои водат кон просторот на покривот. „Денес истиот тој кров е распродаден за журка. Кој дозволил? ...

Со посебен повод, актерот Горан Стојановски, познатиот инспектор Томе од популарната серија „Преспав“ по долго време се појави во јавноста. Горан ја сечеше роденденската торта на Народен театар Охрид. кој наполни 15 години. На забавата, беа присутни повеќе актери како и министерот за култура, Зоран Љутков. Театарот прослави јубилеј со двојна премиера на претставата „Оркестар Титаник“ од бугарскиот драмски автор Христо Бојчев, во режија на ...

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во моментов не гледа смисла во средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, одговарајќи на неговото претходно отворено писмо, објави АП. Говорејќи на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, Путин рече дека претходните директни средби не донеле конкретни резултати. „Досегашното искуство покажува дека таквите средби служат за купување време. Нам ни се потребни договори, а не ...

Шпанскиот кошаркарски стручњак Жоан Пењароја го продолжи договорот со Партизан до 2028 година. Многумина со скептицизам гледаа кон аквизацијата на Пењароја, особено по заминувањето на Жељко Обрадовиќ, но шпанскиот тренер успеа да ги стабилиза „црно-белите“. Поранешниот тренер на Барселона ја купи довербата на оние кои не му веруваа кога пристигна, а клубот одлучи да ги награди добрите резултати и да го „заклучи“ Шпанецот на клупата. Дубаи го ...

Доколку ги погледнеме поединечните светски фудбалски првенства од првото во 1930 година во Уругвај до последното во 2022 година во Катар, најдобар стрелец е сè уште легендарниот француски напаѓач Жист Фонтен со 13 гола од СП во Шведска во 1958 година, а збирно најдобар е Германецот Мирослав Клозе. Жист Фонтен е сè уште крал на голгетерите на поединечните Мундијали. Францускиот напаѓач постигна 13 гола на Светското првенство во Шведска во ...

По една деценија когнитивно и функционално влошување, 80-годишна пациентка со напредната форма на Алцхајмерова болест покажала извонредни знаци на подобрување, пишува „Њујорк пост“. Била потребна само една доза од експериментален халуциноген за повторно да почне да зборува повеќе отколку што зборувала со години, а тоа е само дел од листата на забележани подобрувања. Псилоцибинот, психоделичната состојка што се наоѓа во таканаречените ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
33%
1014
weather icon

Белград

29ᴼ / 28ᴼ
3.13
44%
1012
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.78
49%
1011
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.52
40%
1015
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.21
35%
1013
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
0.45
49%
1011
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
4.02
45%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.54
40%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.4
38%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
3.13
44%
1012
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
2.24
49%
1011
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.17
64%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Злато

135639.33

Кобалт

45.39

Калај

53.60

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Паладиум

40767.15

Платина

55170.68

Сребро

2186.28

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Бакар

13.01

Алуминиум

3.54