Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Православните верници денес ја одбележуваат Велика Сабота – ден со посебно значење во пресрет на најголемиот христијански празник, Велигден. Според христијанското предание, тоа е денот кога Исус Христос слегол во адот, со што се заокружува периодот на неговото страдање и се навестува Воскресението. Во пресрет на празникот, кај многумина се отвора дилемата дали на овој ден е соодветно да се извршуваат секојдневни домашни обврски, како ...
Германскиот трговски синџир Lidl започна со изградба на својот прв угостителски објект – паб, кој треба да биде отворен ова лето, пренесува CNN. Пабот ќе се наоѓа во Дандоналд, предградие на Белфаст во Северна Ирска, во близина на една од постојните продавници на Лидл. Во рамки на проектот е предвидено и отворање продавница за алкохолни пијалаци, каде купувачите ќе можат да ја најдат понудата на вина, пива, сидери, жестоки пијалаци и ликери ...
Расцветаа јапонските цреши на неколку локации низ Скопје, а жителите побрзаа да се фотографираат со преубавите гранки полни цвет. Градот е обоен во розова боја, а природата е веќе разбудена. Најпрепознатливи се оние јапонски цреши на „Максим Горки“, како и во паркот „Авионче“ во скопски Аеродром. Ова цутење можеби трае само две недели, но и тоа е доволно за да скопјани почувствуваат дека пролетта е тука. Погледнете неколку фото-кадри од овој ...
Во атарот на Лазарополе повторно се појави мечка, а жителите на селото предупредуваат за внимателно однесување при евентуална средба со неа. „Не викајте по неа, не мавтајте, не ја нудете со некаква храна, не и се приближувајте и останете незаинтересирани без брзи движења или трчање, полека оддалечете се без паника“, се наведува во објавата на социјалните мрежи. „Мечето гравитира од Миревичина до Ѓурепи што не значи дека може да се појави и ...
Времето денеска ќе биде претежно облачно, претпладне во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени. Во Скопје, претпладне со услови за слаб дожд, а потоа променливо облачно со пократки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти ...
По повод празникот „Воскресение Христово-Велигден“ утре, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром. Утре во периодот од 18:00 часот па до завршувањето на манифестацијата по повод верскиот и државен празник „Воскресение Христово-Велигден“, во центарот на град Скопје по ...
Хармоничниот аспект меѓу Месечината во Водолија и Сатурн во Овен носи фокусирана, стабилна и продуктивна енергија. Photo by Ciro Palomba Ова е ден кога дисциплината не доаѓа со притисок, туку природно. Полесно е да се организира времето, да се постават приоритети и да се направи реален напредок со нешто што е важно. Ова не е енергија за импулсивни потези, туку за паметни, одговорни чекори што носат долгорочен резултат. Месечината во ...
78-годишник од Дојран пронашол граната од Првата светска војна во својата нива. Како што се наведува во полицискот билтен, вчера во Полициското одделение Нов Дојран, Д.А.(78) од Нов Дојран пријавил дека во нива во атар на Нов Дојран пронашол граната. Службено лице од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал гранатата, при што било утврдено дека се работи за неексплодирана артилериска граната 155 мм, која потекнува од Првата ...
Од МВР информираат дека во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, од кои по четворица управувале возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол, еден во спротивна насока и еден и покрај тоа што имал активна забрана. Две лица во Тетово возеле без возачка дозвола, а по еден во Кратово и Кочани. По еден возач во Куманово, Свети ...
Вработен во Општина Центар, извршувајќи службени задачи, бил физички нападнат пред влезот во Старата скопска чаршија. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 12:00 часот во СВР Скопје, М.Б.(47) од Скопје пријавил дека околу 11:00 часот пред влезот во Старата скопска чаршија во Скопје, додека извршувал службени задачи како вработен во општина Центар, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на ...
Таксист од Скопје синоќа бил физички нападнат во Центар, откако одбил да превезе повеќе лица од дозволеното. Како што се наведува во полицискиот билтен, ноќеска во 02:00 часот во СВР Скопје, Љ.Б.(54) од Скопје пријавил дека околу 01:30 часот на подрачјето на Центар, откако одбил да превезе повеќе лица од дозволеното во неговото такси возило, бил физички нападнат од едно лице, кое му го оштетило и мобилниот телефон. Се преземаат мерки за ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Агенција за обезбедување на имот и лица од Скопје и И.С.(57) од Скопје, сопственик и управител на агенцијата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“. Како што се наведува во полицискиот билтен, И.С., со неизвршување на обврските по склучување на договорот со Управата за ...
Синоќа во 22:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја привеле Е.Ј.(18) од Скопје. Како што се наведува во полицискиот билтен и според пријавеното, околу 21:00 часот на подрачјето на Карпош, по претходно договорена средба, Е.Ј. физички ја нападнала И.И.(20) од Скопје, по што повикала ѝ неколку нејзини пријателки, кои исто така физички ја нападнале И.И., при што едната од нив употребила тврд предмет. Се преземаат мерки за ...
Синоќа во 20:10 часот во СВР Тетово, Г.Д. од село Лешок пријавил дека во неговите викенд куќи во изградба забележал едно лице кое врши кражба на железни столбови. Како што се наведува во полицискиот билтен, веднаш по пријавата, полициски службеници од Полициското одделение Теарце презеле мерки и во 21:15 часот го лишиле од слобода Р.А.(38) од Тетово. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува ...
Вчера во 13:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на приватна фирма на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат А.С.(65) од Скопје. Како што се наведува во полицискиот билтен, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар излегле на местото и во разговор со нив вработениот Б.С.(28) од Скопје изјавил дека А.С. дошол во објектот да ги посети. Според пријавеното, откако вработениот се качил службено на ...
Овој викенд носи јасен премин од завршување кон нова насока. Photo by Ylanite Koppens Енергијата започнува со потреба да се расчисти, да се затворат процеси и да се ослободат блокади, особено поврзани со долгорочни цели и одговорности. Како што Месечината преминува од Јарец во Водолија, фокусот се префрла од дисциплина кон визија, од обврски кон иднина. Ова е период кога не се бара совршенство, туку зрелост: да знаете што да оставите зад ...
24-годишен скопјанец ќе одговара кирвично затоа што за време на кошаркарски натпревар фрлил монета и повредил 13-годишник. Како што се наведува во полицискиот билтен, СВР Куманово поднело кривична пријава против Б.Б.(24) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 21.02.2026 во спортска сала во Куманово, пријавениот, припадник на навивачка група, за време на кошаркарски натпревар помеѓу екипите на ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска информираше дека во пресрет на велигденските празници, обезбедиле пакети со храна за семејства во социјален ризик во Центар. „Ова не е еднократна акција – континуирано помагаме таму каде што е најпотребно, особено во празнични денови кога солидарноста значи најмногу“, истакна Герасимовски во објавата на Фејсбук. Тој додаде дека верувал дека никој не треба да биде сам за Велигден. ...
Автогол кој ретко се гледа беше постигнат на мечот меѓу Порто и Нотингем Форест кој заврши нерешено, 1-1. Порто поведе со гол на Вилијам Гомез во 11. минута, но само две минути подоцна се случи „кикс“. Фернандеш сакајќи да ја врати топката до својот голман, ја затресе сопствената мрежа за 1-1, што на крајот се покажа и како конечен резултат. Автогол кој ретко се гледа беше постигнат на мечот меѓу Порто и Нотингем Форест кој заврши ...
Пратеникот и поранешен премиер, Димитар Ковачевски од СДСМ синоќа во емисијата „Ноќно студио“ на „4ТВ“ рече дека ги испочитувал партиските процедури околу јавните настапи и ја информирал партијата дека е повикан на интервју, но оттаму не му одговориле. На прашањето дали има одобрение од Извршниот одбор на СДСМ за неговото гостување, Ковачевски во шега рече: „Па, ги информирав, но никој не ми врати назад дали може да дојдам или не. Така да, ...
Велипеток е денот на Христовите страданија. Тие започнуваат уште ноќта, во Гетсиманија. Затоа гетсиманските настани ги вбројуваме во Велипеток. Тие се случувале доцна во ноќта – по полноќ. Според европското мерење на времето – во петок. Патем, од собата на Тајната вечера до Гетсиманија, Христос продолжил со Прошталната беседа и ги поучувал апостолите (Јован 15 и 16 глава). За да биде поуката разбрана и запаметена, го посочил примерот со ...
По повод празникот „Воскресение Христово-Велигден” на утре, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром, информираат од МВР. Од таму посочуваат дека утре во периодот од 18:00 часот па до завршувањето на манифестацијата по повод верскиот и државен празник „Воскресение ...
Девет лица биле приведени по масовна тепачка со ножеви и дрвени предмети која се случила вчера на Осломешка крстосница во Кичево. Инцидентот се случил околу 01:30 часот, кога дошло до меѓусебна физичка пресметка меѓу повеќе лица, при што биле употребени ножеви и дрвени предмети. Во тепачката две лица се здобиле со расекотини и повреди. Полицијата привела деветмина учесници – млади лица од Прилеп, Битола и Кичево. Тие биле лишени од слобода ...
Сите знаеме дека Велигден е празник со непостојана дата за празнување. Денот не го менува, а датумот го менува. Може да биде во април, а и во мај. Временското растојание, од кога до кога може да се падне Велигден е определено и тоа се движи од 4 април до 8 мај, односно, најрано: три дена пред Благовец, а најдоцна: два дена по Ѓурѓовден. Што значи дека Велигден може да се падне на 35 различни датуми. Велигден е Празник над празниците. Со ...
Православните верници утре го празнуваат најголемиот празник Велигден. Со овој ден се поврзани многу обичаи и адети на македонската традиција. Старите Македонци верувале дека ноќта спроти Велигден треба да донесете вода од бунар или пуштете директно од чешмата во кујната. Со оваа вода испрскајте ги собите и особено внимателно – градината и цвеќињата. На овој начин се изгонуваат гревовите, лошите мисли и злото од домот. Дете кое се родило во ...
По повод верскиот празник Велигден, од денеска до понеделник. автобусите од јавниот превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред. Утре билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовно работно време. Билетарите кои работат во една смена ќе бидат достапни од 08:00 до 13:00 часот, додека билетарниците и центрите за персонализација кои работат во две смени ќе работат од 08:00 до 18:00 часот. Денеска и во недела дежурна ќе ...
Во светиот и Велик Петок ги славиме светите, спасителни и страшни страдања на Господ Бог и Спасителот наш Исус Христос, коишто Он заради нас доброволно ги прими: плукањето, биењето, шлаканиците, навредувањата, исмејувањето, багреницата, трската, сунѓерот, оцетот, клинците, копјето и, на крајот – Крстот и смртта, а сето тоа се изврши во петок. Затоа, богоносните отци ни заповедаа да вршиме спомен на сè она што се збидна оној Петок, со ...
Хармоничниот аспект меѓу Месечината во Јарец и Уран во Бик носи стабилни, но паметни промени. Photo by JoelValve on Unsplash Ова е ден кога може да се продолжи со нешто што веќе сте го започнале, но со нов пристап. Наместо нагли промени, ова е енергија за постепени подобрувања што носат сигурен напредок. Последната четвртина на Месечината во Јарец носи период на завршување, расчистување и финализирање. Следната недела е добра за да се ...
Почнувајќи од 8 април, Xiaomi го одбележува својот роденден на посебен начин, заедно со фановите и новите корисници ширум светот. Xiaomi Fan Festival веќе со години претставува момент на благодарност до сите кои се дел од оваа заедница, а овогодинешното славење носи исклучителни поволности кои траат од 8 април, во текот на целиот месец. Овогодинешната тема „Паметен живот создаден за тебе“ се заснова на идејата на компанијата „Human x Car x ...
Кривично ќе се гони мажот кој лани летото се шетал во центарот на Охрид со оружје. СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Ч.(57) од Охрид поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. - На 29.07.2025, по претходна пријава дека на јавно место на потегот од место викано „Чинар“ до црквата „Св.Богородица“ носел пушка, преземени ...