71-годишник од Охрид е тешко повреден откако со мопед паднал на коловоз. - На 13.04.2026 во 14:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на крстосницата од бул.„Туристичка“ со ул.„АСНОМ“ во Охрид, 71-годишниот Р.Г., управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Р.Г., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид, информираа од полцијата за ...

Општина Карпош е првата локална самоуправа во Македонија, која во соработка со Асоцијацијата на советници за развој на кариера (АСК), ќе започне со реализација на проектот „Кариерен избор без ограничување“, кој е насочен кон зајакнување на институционалните капацитети во основните училишта на своја територија. Од Општината, во објава на Фејсбук, посочија дека целта на оваа иницијатива е системско интегрирање на родово-сензитивното кариерно ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило. Од МВР информираат дека петмина (тројца во Гостивар и по еден во Прилеп и кратовско) од нив управувале возило без возачка дозвола, четворица возеле под дејство на алкохол (двајца во Прилеп и по еден во Демир Хисар и Охрид) и еден возач во Кавадарци со впишана активна забрана за управување на ...

Културното наследство е темел на нашиот идентитет и обврска која мора достојно да ја чуваме! Денеска со директорката на Археолошкиот музеј, Магдалена Манаскова, потпишавме Меморандум за стратешка соработка, информираше градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска. „Овој документ поставува цврсти рамки за заштита, истражување и промоција на културно-историскиот потенцијал во општината. Партнерството предвидува ...

Општина Чаир денеска со почеток во 11:30 часот ќе го означи почетокот на реконструкцијата на улицата „Самарџии“ и уште пет помали краци и улици во Старата чаршија, проект кој има за цел да го врати сјајот на еден од најавтентичните урбани простори во Скопје. Како што соопштуваат од локалната самоуправа, на настанот се очекува обраќање на градоначалникот Изет Меџити, кој ќе ги презентира клучните аспекти на проектот и значењето на ...

Германецот Фин Ватчов кој живее во Македонија воодушевен од прославата на Велигден во Бигорскиот манастир. Несомнено, некои други многу повеќе се импресионирани од религиозните обреди и традиционалните обичаи на Македонија, отколку самите Македонци понекогаш. Таков е случајот со младиот Германец кој веќе три години живее во Македонија и ги истражува сите нејзини делови. За големиот христијански празник Велигден, Фин беше дел од прославата во ...

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски утрово информираше дека интезивно се работи на улиците во општината. „Целосно реконструирани се две улици во населба Радишани, а на првиот крак на улицата Боро Менков поставен е и завршен слој на асфалт“, истакна Костовски во објава на Фејсбук. Тој најави дека наскоро ќе продолжат со реконструкција и асфалтирње и на останатите улици кои се опфатени со градежната офанзива. „Градежната офанзива ...

Во време кога технологијата се развива побрзо од кога било, сè почесто се соочуваме со нова реалност – создаваме форми на сопственост кои не можеме физички да ги допреме, но сепак имаат реална вредност. Дигиталниот имот стана дел од секојдневието на секој од нас. Секој профил што го отвораме, секоја мобилна апликација што ја користиме, секоја банкарска сметка или онлајн нарачка – сето тоа претставува дел од нашиот дигитален идентитет и, ...

Општина Илинден информираше дека деновиве успешно ја завршиле реконструкцијата на вториот дел од улицата „11“ во населеното место Кадино. Станува збор за значајна делница со должина од околу 500 метри и широчина од 5,5 метри, која доби целосно нов коловоз, со што значително се подобрува квалитетот на сообраќај. Покрај обновата на коловозот, изграден е и тротоар со широчина од 1,5 метри, што овозможува побезбедно и покомфорно движење за ...

Утре, со почеток во 12 часот, на улицата Македонија во Скопје, ќе се одржи настанот „Центарски улици 4 – Светски ден на уметноста“. Настанот ќе ја претвори улицата во жива сцена на отворено со учество на улични живи статуи од продукцијата Театроск, ликовни уметници (студенти од Универзитетот АУЕ – ФОН) кои ќе создаваат дела во живо, улични шоуа, DJ и музички настапи. Главната цел е да се создаде простор за млади уметници со цел да ја ...

Општина Карпош утрово информираше дека преку дигиталната платформа мЗаедница на Општина Карпош, граѓаните можат да пријавуваат проблеми и потреби од локален карактер. Платформата овозможува директен и брз контакт со кој се зголемува комуникацијата и довербата на граѓаните со администрацијата. „Со мобилната апликација можете да пријавите проблем, да споделите фотографии и да ја следите реакцијата од надлежните служби.Преземете ја апликацијата ...

Изминатиот продолжен викенд скопјанец на својата тераса пронашол заталкано зрно од огнено оружје. - На 12.04.2026 во 12:57 часот во СВР Скопје Е.Џ.(42) од Скопје, пријави дека на подрачјето на Бит Пазар на подот од терасата во домот пронашла заталкано зрно од огнено оружје, информираа од полцијата во дневниот билтен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Изминатиот продолжен викенд скопјанец на својата тераса пронашол заталкано ...

Сообраќаен инцидент во Охрид - возач удрил во пешак па побегнал од местото на несреќата, но подоцна полицијата го пронашла и уапсила. - Вчера во 16:05 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Кленоец“ во Охрид, патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 52-годишниот З.Ј. од село Горно Лакочереј, охридско, удрило во пешакот 55-годишниот А.Н. од село Свиништа, охридско и го напуштило местото на настанот, ...

Загрепската полиција уапсила 25-годишна државјанка на Македонија, дел од група од тројца измамници кои, претставувајќи се како лекари, измамиле 87-годишна жена и ѝ зеле 40.000 евра, пренесе Јутарњи лист. Според полицијата, измамниците ја контактирале жената и ѝ кажале дека нејзината ќерка е во болница и ѝ е потребна итна операција. Еден од нив се претставил како лекар, а потоа жена глумела дека е нејзината ќерка, за да ја убедат да ги ...

Првиот петок по Велигден се вика Источен Петок Балаклија. Тој спаѓа во Светлата недела поради што некои го викаат и Светол Петок, а поради тоа што во светлата недела се блажи, може да се сретне и како Благ Петок. Со овој празник, посветен на Пресвета Богородица, и се оддава признание на мајката Божја, поради тоа што непосредно по Велигден нема друг празник поврзан со нејзиното име. Во некои места празникот е познат под името Богородица ...

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, го осуди oбидот да се опожари синагогата во Скопје, оценувајќи го како „апсолутно неприфатлив“. „Нема место за вакви дела во Македонија“, порача Муцунски, додавајќи дека во тек е истрага и дека сторителите ќе сносат одговорност. The arson attack on the Jewish Community building and synagogue in Skopje - on Easter - is utterly unacceptable and strongly condemned. There is no place for such ...

Денеска верниците го одбележуваат Воскресение Христово – трет ден Велигден или ден уште познат како Светол вторник. По Страдалната седмица доаѓа денот на воскресението – ден што носи нов почеток, надеж и вечен живот. Христовото воскресение е потврда на сите негови зборови и ветувања. Како што вели апостол Павле – ако Христос не воскреснеше, залудна ќе беше верата и надежта на луѓето. Но, токму воскресението ја отвора вратата кон една нова ...

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе донесе одлука за новите цени на нафтените деривати. Согласно последната одлука од минатата недела, актуелните цени изнесуваат: моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 се продава за 83,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 85,50 денари за литар, дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 98,00 денари за литар, маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) за 100,00 денари за литар, додека мазутот М-1 НС ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта во јужните и во западните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степени. Во Скопје, претпладне сончево, а попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до ...

Овој ден носи силен ментален пресврт. Photo by TRAVEL BLOG Секстилот меѓу Меркур во Риби и Уран во Бик носи ненадејни идеи, увиди и решенија што можат да се појават од никаде. Ова е момент кога вреди да се обрне внимание на мислите, разговорите и интуитивните сигнали, бидејќи токму тие можат да водат кон нешто важно. Со влегувањето на Меркур во Овен, енергијата се менува од размислување кон акција. Ова е период кога идеите повеќе не ...

Уапсен охриѓанец за брутално насилство врз поранешната сопруга. - На 13.04.2026 полициски службеници го лишија од слобода Д.С. (33) од охридско, постапувајќи по пријава од неговата 24-годишна сопруга со која се во бракоразводна постапка, дека ноќта 12/13.04.2026 и го одзел насилно мобилниот телефон, по што физички ја нападнал и ја принудил да влезе во неговото возило, каде исто така ја нападнал и и нанел повреди, информираа од МВР. По ...

Две лица од демиркаписко киднапирале 21-годишно момче и му се заканувале со пиштол и остар предмет. - Вчера во 16:45 и 18:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода Б.М.(37) и Ќ.С.(30), двајцата од село Корешница, демиркаписко, постапувајќи по претходна пријава дека тие со патничко возило „мерцедес“ со демиркаписки регистарски ознаки, противправно лишиле од слобода 21-годишник од Неготино, му се заканувале со пиштол ...

35-годишник од тетовско село е тешко повреден откако со скутер паднал во нива. - На 12.04.2026 околу 20:00 часот, во СВР Тетово е пријавено дека во Клиничка болница Тетово бил примен С.М. (35) од село Порој, кој имал тешки телесни повреди. Според пријавеното, тој додека управувал скутер во нива во близина на Тетово, изгубил контрола и паднал, соопштија од полицијата. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово. 35-годишник од тетовско ...

Неколку лица завршила во кумановската болница по пожар на возило. - На 12.04.2026 во 23:25 часот во СВР Куманово е пријавено дека на улицата „Тоде Мендол" во Куманово настанал пожар во паркирано возило „смарт брабус" со швајцарски регистарски ознаки. Неколку лица кои вдишале дим биле пренесени во Ургентен центар-Куманово за укажување на лекарска помош, известија од МВР во полицискиот билтен. Пожарот бил изгаснат од Територијалната ...

Скопјанец се заканувал со остри предмети при вршење семејно насилство во скопско, ноќта по Велигден. При инцидентот повредени се неговите син и ќерка. - На 13.04.2026 во 00:40 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Н.Д.(45) од Скопје, поради тоа што на 12.04.2026 во домот физички ја нападнал неговата 41-годишна сопруга, искршил дел од покуќнината, а потоа и со остри предмети упатувал закани. Потоа, според ...

Уапсен маж од Хрватска на подрачјето на Центар затоа што ги нападнал партнерката и нејзината сестра. Тој, пак, во полиција пријавил дека бил жртва на напад со остар предмет од неговата партнерка од Украина. - На 13.04.2026 во 04:10 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Н.К.(40) од Хрватска, поради тоа што во домот на подрачјето на Центар физички ја нападнал неговата партнерка О.К.(37) од Украина и нејзината сестра, ...

Малолетник е тешко повреден откако во него удрило возило чиј возач побегнал од местото на несреќата. - На 12.04.2026 во 20:10 часот, во ОВР Гостивар е пријавено дека во Медицинскиот центар - Гостивар бил донесен малолетник од с. Балиндол со тешки телесни повреди. Според пријавеното, околу 16:00 часот во близина на училиштето во селото, малолетникот бил удрен од возило кое го напуштило местото на настанот, информираа од тетовската полиција. ...

Велигденските празнувања масовни во скопски Бутел. Градоначалникот на општината, Дарко Костовски, упати честика со желби за бериќет, радости и љубов, споделувајќи видео од честувањето во Божјиот храм „Свети Јован“ во Бутел. - Во Бутел беше посебно убав, петстотини млади луѓе се потрудија да додадат убавина на велелепниот храм св. Јован во Бутел, сподели Костовски. Велигденските празнувања масовни во скопски Бутел. Градоначалникот на ...

Последен ден од продолжениот празничен викенд. Утре стартува новата работна недела за вработените и учениците! „Твитерџија“ со интересна констатација... Ќе се согласите ли? - Понеделник. Последен ден од изумот "продолжен викенд". Тие во Грција грчевито се спремаат да тргнат, гужва ќе е на граница. Тие во Охрид се чудат дали да фатат преку Битола. Тие што не отидоа никаде, ќе се изнаспијат. Од утре, бош-муабети: Орбан-морбан, Трамп-мамп, ...

Во чест на големиот христијански празник поезија на македонската авторка Десанка Николова! СЕКОЈ СВОЕ РАСПЕТИЕ И ВОСКРЕСЕНИЕ ИМА Од раѓање до умирање, човек неколку пати преживува распетие и воскресение и ко на Тајна вечера, некогаш, од близок предаден бил, на милост и немилост, оставен сам. Ама ете навикнува човек, учи дека каменот одблиску доаѓа, па и едното око на другото некогаш не му верува, ама така посилен се станува. Има и такви, ни ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.27
65%
1014
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
1.5
90%
1013
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
1.45
93%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
0.47
65%
1014
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
5.75
57%
1011
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
1.39
92%
1013
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
0.89
67%
1015
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.85
69%
1015
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.89
60%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
1.34
66%
1010
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
1.34
55%
1013
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
1.41
67%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Цинк

0.00

Сребро

2186.28

Бакар

13.01

Рутениум

48965.59

Калај

53.60

Иридиум

253540.09

Платина

55170.68

Алуминиум

3.54

Кобалт

45.39

Паладиум

40767.15

Злато

135639.33

Родиум

257205.97