Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Лишен од слобода радовишанец, осомничен дека предизивикал пожар на планината Плачковица. Од МВР информираат дека вчера во 16:00 часот, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Радовиш го лишиле од слобода З.К.(64) од Радовиш поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Тој бил затекнат во близина на местото каде што настанал пожар на планината Плачковица во близина на Радовиш, при што била зафатена шума и една ...
Синоќа околу 23:30 часот на автопатот А1, кај место викано „Клучка Смоквица“, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ – Полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица и Полициска станица за граничен надзор Михајлово ги лишиле од слобода С.Б.(61) и Х.С.(53), двајцата од Косово. Од МВР информираат дека при контрола во возило „шкода рапид“ со косовски национални ознаки, кое го управувал С.Б., а ...
Турски државјанин, преку граничен премин Меѓународен Аеродром Скопје, се обидел во државава нелегално да внесе 116 забни импланти кои подлежат на посебни дозволи за увоз, извести Царинската управа. Во намерата е спречен од царински службеници кои при контрола на личниот багаж ги открија непријавените импланти, чија вредност изнесува еден милион денари. Против осомничениот е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“. ...
Вчера полициски службеници од ОКР Кисела Вода, ОКР Ѓорче Петров и ОКР Центар – Бит Пазар при СВР Скопје, лишиле од слобода две лица кои биле барани по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворски казни, информираа од МВР. Лицето Н.Ј. (44) од Скопје било барано за издржување казна затвор во траење од три години и шест месеци за сторено кривично дело „обид за убиство“, казниво по член 123 став 1 во врска со член 19 од ...
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, присуствуваше на едукативно-креативната работилница во ООУ „Киро Глигоров“, каде пензионерките од „Активот на жени“ ги учеа седмодделенците за велигденските обичаи, фарбањето на јајца и подготовките за големиот празник, како дел од часот по домаќинство. „Бев сведок на прекрасна атмосфера каде младите учеа од повозрасните за нашата богата традиција, во пресрет на Велигден. Радоста и ...
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски синоќа во објава на Фејсбук сподели дека на плоштадот „Филип Втори“ и на скверот „Коцка“ во Автокоманда, поставиле бесплатни WIFI-зони достапни за сите граѓани. „Со ова овозможуваме полесен и побрз пристап до интернет, комуникација без ограничувања, користење на дигитални услуги, учење, работа и информирање – директно од јавен простор“, истакна Стефковски. Тој додаде дека за младите, ова ...
„Поради поплавите што се случија во струмичкиот регион пред одреден период, на нашиот пријател, познаник и колега по мака и труд, Никола Колев, се одзвавме да му помогнеме во рамки на нашите можности“, пишува на „Фејсбук“ сточарот Александар Мачевски. Никола во поплавата загубил дел од своето стадо овци, па заедно со Зоран Чучуковски, исто така сточар од Пехчево, па неговите колеги покажале, како што велат, „дека и во Малешевијата сè уште ...
На светиот и велики четврток, светите Отци, коишто добро го уредија превземеното од светите Апостоли, од светите и божествени Евангелија, ни предадоа денес да празнуваме четири настани: светото миење на нозете на учениците, Тајната Вечера т.е. нам предавањето на страшните тајни, чудесната молитва и самото издавање. Бидејќи јудејската пасха мораше да биде направена во петок, а бидејќи приличеше вистината да биде во согласност со праобразот, ...
Со влегувањето на Марс во Овен започнува период со многу енергија, иницијатива и движење напред. Photo by Anna Stampfli on Unsplash Марс е планета што природно владее со Овен, па неговата енергија тука е силна, директна и храбра. Во следните недели многу луѓе ќе почувствуваат поголема мотивација, желба за акција и потреба да започнат нешто ново. Ова е период кога не се чека, туку се делува. Оваа енергија носи храброст, но и импулсивност, па ...
Утре е Велики Четврток - еден од базичните настани за Црквата. За православните христијани ова е средината на Страдалната седмица, седмица која е полна со важни настани за спасението на човекот во пресрет на Христовото Воскресение. Во четвртокот од таа последна недела на Христовиот живот на земјата беше востановена животоносната тајна на Црквата тајната на Евхаристијата. Таа тајна е востановена во горната соба од една ерусалимска куќа, кога ...
Во текот на вчерашниот ден, во СВР Скопје биле пријавени три одделни случаи на физички напади на подрачјето на Шуто Оризари. С.М. (48) од Скопје пријавил дека на 4 април кај спортско игралиште неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Истиот ден, околу 14:00 часот, Р.С. (45) од Скопје пријавил дека бил физички нападнат од едно лице на истото подрачје. Подоцна, во 23:00 часот, С.И. (45) од Скопје пријавил дека околу 19:00 ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, по четири на подрачјата на СВР Скопје и СВР Тетово, по двајца на подрачјата на СВР Куманово, СВР Велес, СВР Охрид и СВР Битола и по еден во СВР Штип и СВР Струмица, информираа денеска од МВР. Од таму посочија дека четири лица биле лишени од слобода во Скопје, а три во Тетово (еден малолетник) ...
Кај 69-годишник од Кавадарци пронајден пиштол откако се заканувал на маж кој работел во село Ваташа. - На 07.04.2026 во 12:10 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци извршија службен разговор со Д.Г.(69) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека во село Ваташа, кавадаречко, му се заканувал на Ѓ.А.(31) од Кавадарци, кој во селото извршувал работни задачи за градежна фирма од Кавадарци. Кај Д.Г. бил пронајден и одземен пиштол ...
Македонското вино сè поубедливо го освојува глобалниот вински простор, а најновата потврда доаѓа од Јапонија. Винарската визба „Тиквеш“ освои девет престижни награди на 13. издание на меѓународниот вински натпревар SAKURA – Japan Women’s Wine Awards, еден од највлијателните вински настани во Азија. Меѓу деветте признанија се две Гран-при награди, како и два двојни златни медали, четири златни и еден сребрен медал, што претставува јасен ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска посочи дека започнала реконструкцијата на детското игралиште „Дрвен“ во Дебар Маало. „Го обновуваме едно од најпознатите детски игралишта во Центар – „Дрвен“. Старите и дотраени реквизити и урбана опрема ги заменуваме со нови, современи и безбедни содржини, а ќе изградиме и нов летниковец за одмор и дружење“, истакна Герасимовски во објава на Фејсбук, додавајќи дека создаваат ...
Малолетник од Франција е тешко повреден откако со велосипед удрил во паркирано возило на улица во Охрид. - На 07.04.2026 во 15:15 часот во СВР Охрид е пријавно дека на бул.„Туристичка“ во Охрид, 17-годишен малолетник од Франција, управувајќи велосипед, удрил во запрено патничко возило „сузуки“ со охридски регистарски ознаки, претходно управувано од И.Д.(41) од Охрид, информираат од полицијата во дневниот билтен и додаваат дека во несреќата ...
Полицијата денеска, рано изутринава, лишија од слобода 16-годишник од Куманово. Според пријавеното, вчера околу 22:00 часот на спортско игралиште во близина на спортската сала во Куманово, тој се сретнал со М.Ѓ.(23) од Куманово наводно за да расчистат претходно недоразбирање, а биле присутни уште неколку други лица. - Лицето М.Ѓ. притоа извадил пиштол и нож, по што бил физички нападнат од малолетникот и бил пренесен во болницата во Куманово ...
Тешка кражба среде бел ден во џамија во тетовско. Бил украден сеф со пари од донации. - На 07.04.2026 во 14:45 часот во СВР Тетово е пријавено дека во периодот од 04.04 до 06.04.2026 во џамија во село Сараќино, тетовско, со употреба на тврд предмет е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени парични средства од доброволните донации, соопштија од тетовската полиција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од МВР. ...
56-годишник од Гостивар возел без возачка дозвола и учествувал во сообраќајка со полициско „пежо“. - На 07.04.2026 во 15:15 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Б.А.(56) од Гостивар. По претходно случена сообраќајна незгода помеѓу службено полициско возило „пежо“ и патничко возило „мерцедес“ со гостиварски ознаки, управувано од Б.А., биле извршени проверки и било констатирано дека Б.А. ...
Од Царинската управа информираа дека на граничниот премин Богородица, царинските службеници, спречиле обид за криумчарење на златен накит. Накитот бил во вредност од 581.900 денари, за којшто сторителот се обидел да избегне плаќање давачки во износ од 207.738 денари. „Златниот накит е запленет, а против сторителот на кривичното дело од страна на Одделението за истраги е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“, ...
Од утрово се асфалтира новопроектираната улица 2 во населба Железара – уште еден значаен чекор напред за подобрување на инфраструктурата во нашата општина, истакна во објава на Фејсбук, градоначалникот Бобан Стефковски. „Паралелно со изградбата на улицата, реализиравме и комплетна фекална канализација и нова водоводна мрежа – решенија кои директно го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните“, додава тој. Вкупната вредност на проектот ...
ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП Гупацијата - дванаесетта година е дел од хуманитарната иницијатива “Подај рака“ на Општина Илинден, која општината ја спроведува во соработка со Црвениот крст. Во пресрет на христијанскиот празник Велигден, компанијата донира пакети со храна и хигиенски средства за 37 семејства од оваа општина, кои живеат во социјален ризик. Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт заедно ...
СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против Д.С.(27) од село Владевци, општина Василево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Од МВР информираат дека на 06.04.2026 во село Владевци, при преземање на службени дејствија, полициски службеници од СВР Струмица забележале ...
СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против Д.С.(27) од село Владевци, општина Василево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Од МВР информираат дека на 06.04.2026 во село Владевци, при преземање на службени дејствија, полициски службеници од СВР Струмица забележале ...
По долги години чекање и административни пречки, денес со гордост објавувам: започнува реконструкцијата и модернизацијата на Универзалната сала – еден од најзначајните културни симболи на Скопје и на Македонија, објави министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Тој информираше дека постапката за избор на изведувач за Универзалната сала успешно е заокружена, откако Државната комисија за жалби по јавни набавки ја одби како неоснована ...
Грција планира да им забрани на децата под 15 години пристап до социјалните медиуми, а се очекува премиерот Киријакос Мицотакис да ја објави одлуката денеска, соопшти владата. Овој потег се приклучува на растечкиот број европски земји кои сакаат да го ограничат пристапот до онлајн платформи за малолетници, објави Ројтерс. Словенија, Обединетото Кралство, Австрија и Шпанија исто така работат на слични забрани. Тие го следат примерот на ...
Марихуана и дробилка одземени од дом во Штип во кој престојувал млад Турчин. - Вчера во 14:50 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВРШтип го лишија од слобода М.С.(23) од Република Турција со привремен престој во Штип. Претходно, со судска наредба, извршен е претрес во домот во домот во кој привремено престојува Н.К.(21) од Турција, исто така, со привремен престој во Штип, а во кој бил ...
Во текот на месецот март, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 14 086 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, извести ЈП Комунална хигиена-Скопје. „Отстранети се и 2315 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад одожени на јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад – 540 кубни метри се подигнати во општината ...
Јавното сообраќајно претпријатие - ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека денеска жичницата на Водно нема да биде во функција поради засилен ветер. Од таму посочија дека јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно. „Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено ...
Инстант лозот „Мега милионер“ на Државна лотарија ја нуди најголемата парична добивка од инстант лотаријата – 10.000.000 денари. Со оваа рекордна премија, „Мега милионер“ се издвојува како најатрактивниот инстант лоз во историјата на Државна лотарија. Првиот среќен добитник на оваа премија доаѓа од Битола. Добитниот лоз е купен во продажното место „Димпо“ – локација препознатлива по многу среќни добивки од игрите на среќа на Државна ...