Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Од локалната самоуправа на општина Карпош изразија сочувство за прераната смрт на четворицата карпошани - оперскиот уметник Ристе Велков, неговиот син и уште двајца другари - сите млади момчиња. - Општина Карпош со длабока тага ја прими веста за тешката сообраќајна несреќа на Скопската обиколница, во која животот го загубија четворица наши сограѓани. Меѓу настраданите е и истакнатиот карпошанец, оперски уметник и баритон Ристе Велков, заедно ...
Од Управата за хидрометеолошки работи за утре најавуваат променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер (над 50 km/h). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава ...
Уапсен гостиварец кој возел пијан доцна синоќа. - На 22.05.2026 во 22:45 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишија од слобода В.Б.(40) од Гостивар. Претходно, полициски службеници забележале дека тој со патничкото возило „рено“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, поминал на црвено светло на семафор, информираа од полцијата. Набргу, возилото било запрено и при контролата било утврдено ...
Ако во минатото се пдоразбираше дека со купувањето на стан, по автоматизам се добива и подрумски простор и гаража, денеска праксата е сменета. Новите инвеститоти, паркинг просторите ги продаваат посебно. „Твитерџија“ реагира дека не ретко цените на гаражите се речиси и како самиот стан, a подрумите ги промовираат како нешто екстра во понудата. - Во кој момент стана луксуз и „дополнителна услуга“ да имаш гаража и подрум во нов стан во Скопје? ...
Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Рубин Земон, преку објава на социјалните мрежи информираше дека поднесува оставка од функцијата во партијата. Во својата објава, Земон наведува дека одлуката ја донел со цел да го заштити угледот на партијата од, како што посочува, „непринципелни напади“ насочени кон него и неговото семејство. „Сакајќи да го заштитам угледот на СДСМ од непринципелните напади кон мене, а со тоа не бирајќи средства да го ...
По повод празникот „Св. Кирил и Методиј“, на ден 25 мај 2026 година (понеделник), шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието нема да работат, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје. „Со редовно работно време ќе се продолжи од 26 мај 2026 година (вторник)“, посочуваат од Јавното градско претпријатие. Оттаму ги повикуваат корисниците да ги користат електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје, кои ...
Во Стајковци, утре (недела), со почеток во 19:30 часот, ќе се одржи свечена манифестација посветена на Свети Кирил и Методиј – сесловенските просветители и основоположници на словенската писменост, духовност и култура. - Настанот ќе понуди богата културно-уметничка програма исполнета со македонска песна, традиција и духовна атмосфера, во чест на делото и значењето на светите браќа кои оставиле неизбришлива трага во историјата на словенските ...
Денес, 23 мај 2026 година, се одбележува Националниот ден на Власите, со што се навршуваат 121 година од признавањето на Власите како посебен народ со декрет на султанот Абдул Хамид Втори во 1905 година. Овој датум е значаен за влашката заедница бидејќи симболизира официјално признавање на нивниот етнички, јазичен и културен идентитет во рамки на Отоманската Империја. Воедно, се одбележуваат и 19 години откако 23 мај е прогласен за државен ...
Професорка по македонски јазик и литература во скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“ Татјана Алексиќ со емотивни зборови се прости од тројцата млади кои смртно настрадаа во сообраќајната несреќа кај скопската обиколница. Порача дека немирот ни останува на нас, живите... - Единствените две сериозни нешта во животот се болест и смрт. Сѐ друго може да се поправи, освен изгубено здравје и живот. Македонија повторно завиткана во црно, ...
Со огромна тага, неверување и емотивни пораки, гимназијата „Никола Карев“ денеска се прости од своите поранешни ученици Марко, Петар и Адам, кои загинаа во тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случи на скопската обиколница, во близина на Радишани. Во несреќата животот го загубија четири лица, а од силината на ударот возилото целосно изгорело. На местото интервенирале екипи на полицијата, противпожарната служба и Итната медицинска помош. ...
Денот носи продуктивна и стабилна енергија. Photo by Oleg Rostovtsev on Unsplash Тригонот помеѓу Месечината во Девица и Марс во Бик помага работите да се движат без хаос, со фокус и истрајност. Месечината во Девица го насочува вниманието кон детали, рутина и практични задачи, а првата четвртина бара прилагодување. Ова не е ден за големи идеи, туку за конкретна работа што носи резултат. Овен Имате енергија да завршите нешто што долго го ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2026 година, изнесувала 48.433 денари, и во однос на март 2025 година е повисока за 8.2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање за 15.6 проценти, Дејности во врска со недвижен имот за 12.2 проценти и Информации и ...
Во врска со проблемот со дивиот пешачки премин кај Бит-пазар, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска изјави дека има само една алтернатива – или преминот да биде легален во согласност со законот и да се отстрани натпатник за да се добие сообраќајно решение или натпатник да стане функционален и преминот да се затвори. Одговорајќи на новинарски прашања пред дебатата „Скопје – европски град на културата 2028: Културното наследство и ...
Во врска со проблемот со дивиот пешачки премин кај Бит-пазар, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска изјави дека има само една алтернатива – или преминот да биде легален во согласност со законот и да се отстрани натпатник за да се добие сообраќајно решение или натпатник да стане функционален и преминот да се затвори. Одговорајќи на новинарски прашања пред дебатата „Скопје – европски град на културата 2028: Културното наследство и ...
По повод празникот „Св. Кирил и Методиј“, во понеделник шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието нема да работат, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје. Од јавното претпријатие посочија дека со редовно работно време ќе се продолжи од вторник. Оттаму ги повикуваат корисниците да ги користат електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје, кои овозможуваат брз и едноставен пристап до услугите. ...
Спортскиот центар „Борис Трајковски“ денеска одбележува 18 години од своето постоење. „Место каде што се создаваа спортски успеси, се славеа победи и се градеа спомени што остануваат засекогаш. Во изминатите години бевме дом на врвни спортски настани, концерти, манифестации и илјадници моменти исполнети со енергија, заедништво и инспирација. Благодариме на сите посетители, спортисти и пријатели што се дел од нашата приказна, велат од СЦ ...
Синоќа во 22:30 часот на улица „107“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Ш.(26) од Тетово. Како што се наведува во полицискиот билтен, тој се сомничи за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик, односно дека претходно одзел електричен тротинет на Б.Б.(41) од Тетово. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. Б.Ш. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на ...
Премала земја, премногу трагедии... Македонија жали за прерано згаснатите животни на познатиот уметник Ристе Велков, неговиот син, 20-годишниот Адам Велков и уште две млади момчиња кои трагично настрадаа во сообраќајна несреќа изминатата ноќ кај скопска обиколница. Емотивни редови, тага, сеќавања, болка... - Во оваа земја тешко се живее, а лесно се умира. Па ни смртта нема ред веќе, толку млади животи покосени, уште не почнати да живеат. ...
Моторџија е тешко повреден откако излетал од пат во светиниколско. - На 21.05.2026 во 12:05 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на патот кон село Кнежје, светиноколско, Д.М.(43) од Свети Николе, управувајќи мопед со светиниколски регистарски ознаки, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Штип, информираа од полицијата. Извршен е увид од увидна екипа на СВР ...
Вчера во 09:40 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во 07:30 часот при извршен претрес во установата биле пронајдени и одземени 100 кесички со марихуана. Во полицискиот билтен се наведува дека дрогата била подигната од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава. ...
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска информираше дека било извршено второ прскање против лаври од комарци во општината. Во објавата на Фејсбук, тој посочи дека биле опфатени сите водени површини долж отворените одводни канали на Сува Река, како и вештачката акумулација во Бучинци. „Согласно елаборатот и планот, второто прскање против лаври од комарци ги опфаќа сите водени површини долж отворените одводни канали ...
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 22 мај 2026 изнесува 116,02 евра за мегават час, на МЕМО 67,02 евра за мегават час Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 22 мај 2026 просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 116,02 евра/mwh, додека на MEMO цената е 67,02 евра/mwh. Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar ...
Вчера во 12:40 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода К.Б.(36) од Тетово. Од МВР информираат дека 36-годишниот тетовец бил уапсен постапувајќи по претходна пријава дека околу 11:00 часот во семејниот дом во Тетово физички ја нападнал неговата 62-годишна мајка, а оштетил и дел од покуќнината. При преземање мерки врз К.Б. е извршено алкотестирање, при што биле измерени 1,49 промили алкохол во крвта. Вчера во 12:40 ...
Во услови кога Центар секојдневно се соочува со огромен број возила, ограничен паркинг простор и зголемен сообраќаен метеж, одржувањето на редот во паркирањето станува едно од клучните прашања за нормално функционирање на градското јадро. Со илјадници возила кои секојдневно поминуваат низ неговите улици, прашањето „каде ќе се паркирам?“ често е првата мисла на секој граѓанин, посочуваат од ЈП Паркинзи на Општина Центар. „Токму затоа, ЈП ...
Во Приштина се одржа завршната церемонија за доделување на грантовите за општините во рамките на IPA III Програмата за прекугранична соработка помеѓу Косово и Македонија за периодот 2021-2027 година. На настанот присуствуваа министерот за локална самоуправа на Република Македонија, Златко Перински, косовскиот министер за локална самоуправа, како и градоначалниците на општините кои се дел од оваа програма. Преку оваа соработка, Општина Бутел ...
По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на биолошката разновидност под мотото „Делување локално за глобално влијание“, беше потпишан трипартитен Меморандум за соработка помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и зоолошките градини во Скопје и Битола. Овој стратешки документ е клучниот чекор од денешниот настан, со кој се дефинира петгодишната рамка за воведување на европските стандарди, истакнуваат од ...
Патот кој води кон Средно Водно се наоѓа под целосна градежна реконструкција со цел подобрување на безбедноста во сообраќајот и уредување на инфраструктурата, а како што вчера на Фејсбук објави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, проектот се реализира со сериозен пристап и силна динамика бидејќи овој правец е клучна точка за илјадници граѓани. Градежните активности опфаќаат обнова на коловозот, но и решавање на долгогодишните ...
Идентификувано е и четвртото лице кое загина во тешката сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на скопската обиколница, кај клучката Мирковци. Станува збор за 20-годишниот М.Ѓ. од Скопје, кој бил во автомобилот „бмв“ заедно со Ристе Велков, неговиот син Адам Велков и уште еден 20-годишен сопатник. Според досегашните информации, несреќата се случила околу 23 часот на делницата меѓу надвозникот Визбегово и клучката Мирковци. - Од здобиените ...
Малолетник бил погоден од заталкано зрно од оружје додека тренирал во школски двор во Драчево. - На 21.05.2026 во 19:45 часот во СВР Скопје, Д.М.(37) од Скопје пријави дека за време на тренинг во двор од основно училиште на подрачјето на Драчево, неговиот син почувствувал удар во грбот, по што до него забележал зрно од огнено оружје. Малолетникот не е повреден, информираа од полицијата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. ...
52-годишна скопјанка пријавила дека на подрачјето на општина Центар, едно машко лице се самозадоволувало пред неа. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 10:00 часот во СВР Скопје, 52-годишна жена од Скопје пријавила дека на 20.05.2026 околу 14:55 часот на подрачјето на Центар во Скопје, едно машко лице се самозадоволувало пред неа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 52-годишна скопјанка пријавила дека на ...