Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Општина Центар информира дека во текот на вчерашниот и денешниот ден, инспекциските служби на Општината, во координација со Министерството за внатрешни работи, Државниот градежен инспекторат и стручните служби од Секторот за урбанизам, постапуваа на терен по инцидентот на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, каде е евидентирано свлечиште и оштетување на јавна површина и инфраструктура во непосредна близина на ...
Дваесет и осумгодишен жител на кумановско село бил приведен откако физички ја нападнал својата мајка. Како што информираат од СВР Куманово, на 25 мај 2026 година во 20:50 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Н.Ј. (28) по пријава за семејно насилство. Од полицијата велат дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Дваесет и осумгодишен жител на кумановско село бил приведен откако ...
Изолирана појава на нестабилност утре и нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер в четврток на повеќе места, прогнозира Управата за хистрометеоролошки работи. -Локално утре и во четврток процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 километри на час) и услови за појава на град, соопшти УХМР. Според прогнозата на Управата, преодно стабилизирање на времето ќе ...
Изолирана појава на нестабилност утре и нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер в четврток на повеќе места, прогнозира Управата за хистрометеоролошки работи. -Локално утре и во четврток процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 километри на час) и услови за појава на град, соопшти УХМР. Според прогнозата на Управата, преодно стабилизирање на времето ќе ...
Во скопските општини каде што масовно се празнува верскиот празник Курбан Бајрам, ЈП Комунална хигиена-Скопје и годинава ќе постави специјални контејнери во коишто граѓаните ќе можат да го одложат органскиот отпад (остатоците од курбанот). Садовите ќе бидат поставени во текот на денешниот ден по 14:00 часот. ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира до верниците органскиот отпад да го одлагаат исклучиво во поставените садови, затоа што неговото ...
Училишниот двор на ООУ „Гоце Делчев“ во општина Аеродром ќе добие ново детско игралиште, сподели денеска градоначалникот Дејан Митески. „Со особена радост сакам да споделам дека во училишниот двор на ООУ „Гоце Делчев“ се гради ново детско забавно игралиште – место каде што детската смеа, играта и безгрижното детство ќе добијат уште поубав дом. Она што е особено интересно и вредно за почит е што игралиштето го градат волонтери, ученици од САД ...
Млада девојка била ограбена од машко лице кое и физички ја нападнало во скопски Аеродром. - На 24.05.2026 во 21:08 часот во СВР Скопје, 22-годишна девојка пријави дека околу 21:00 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, едно машко лице физички ја нападнало и ѝ одзело личен накит, а се обидел да и го одземе и паричникот, стои во вчерашниот полициски билтен. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. Млада девојка била ...
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски утрово најави нов Агроцентар во Гази Баба вреден над 50 милиони евра. „Општина Гази Баба активно учествува во реализацијата на еден од најзначајните агроинфраструктурни проекти во поновата македонска историја – современ агроцентар кој ќе претставува нов двигател на развојот на македонското земјоделство. Во економската зона во Гази Баба, долж скопската обиколница помеѓу клучките Хиподром ...
Вработен на паркинг во Карпош со тврд предмет нападнал две лица. Инцидентот следел по недоразбирање околу наплатата. - На 24.05.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје, З.Т.(53) од Скопје пријави дека на 22.05.2026 околу 21:00 часот тој и К.Ј. на паркинг простор пред маркет на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање околу наплата на паркинг, биле физички нападнати од Д.Д. (вработен за наплата на паркинг) и уште едно лице, кое употребило и ...
Наскоро пред нас уште еден продолжен викенд. Оваа недела има само три работни денови, со оглед дека 29. мај, петок е неработен ден - во пресрет на Духовден. Ова се сите неработни денови кои останаа до крајот на 2026. За сите граѓани на РСМ 3 август (понеделник) Продолжен викенд 8 септември (вторник) 12 октомври (понеделник) Продолжен викенд 23 октомври (петок) Продолжен викенд 8 декември (вторник) За граѓаните од православна вероисповед ...
Почина поранешниот министер, амбасадор и новинар Мартин Треневски, соопшти неговото семејство. Треневски беше роден во 1949 во Скопје и во текот на својата богата професионална кариера остави значаен белег во новинарството, државните институции, дипломатијата и врските со македонското иселеништво. Треневски дипломирал на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на групата англиски јазик и литература. ...
Поднесена кривична пријава и им е одреден притвор на насилници од Турција кои извршија напад врз доставувач во Скопје. - На 25.05.2026 во 01:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.А.(21), А.Ф.Е.(21), Т.А.Б.(22) и А.И.О.(24), сите од Турција, постапувајќи по пријава на 24.05.2026 околу 19:55 часот дека на подрачјето на Центар, по претходна расправија околу сообраќајот, прво со нивното возило „ауди“ ...
Откако вчера се случи големо свлечиште на земја на градилиште во скопски Центар, на спојот на улицата „Христо Смирненски“ и булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, при што беа оштетени делови од улицата и тротоарот, а падната бандера оштети и паркирано возило, на социјалната мрежа „Х“ се појавија лавина реакции. Дел од „твитерџии“ реагираат на издавањето на градежни дозволи, дел реагираат на инфраструктурата во овој дел на градот која не ...
На социјалната мрежа „Х“ беше споделена објава од еден оглас за изнајмување на стан, на која „твитерџии“ реагираа со доза сарказам и неверување. Имено, споделен е оглас во кој се наведува дека станува збор за „луксузен“ стан, кој се издава за странци. Во „твитот“ на профилот со псевдоним „Златоуста“ се вели: „Македонски луксуз за странци. Рингли, Беко и тепалка за муви“. На објавата, се надоврзаа и други профили со свои коментари. Ха ха ха. ...
Вистинска драма се случувала изминатиот викенд во Арачиново. Возач на камион со дрва не застанал на знак од полицијата, се обидел да удри во нив и службеното возило, а на крај се дал во бегство. Полицијата испукала куршуми во воздух. - На 24.05.2026 околу 12:00 часот на влезот во село Арачиново, скопско, полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило натоварено со дрва, но возачот не застанал и продолжил со движење. Потоа, ...
Малолетник е тешко повреден во сообраќајна несреќа во кичевско. На локален пат со тротинет се судрил со возило во движење. - На 24.05.2026 во 12:25 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во с.Зајас, кичевско, на локален пат за „Нова населба“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ф.Џ. (32) од с.Горно Строгомиште, кичевско и електричен тротинет, управуван од 15-годишник од село ...
Општина Чаир наскоро ќе добие подземни контејнери за комунален отпад, откако обезбеди финансиска поддршка од Бирото за регионален развој, во рамките на Програмата за урбан развој и одржлив урбан развој за 2026 година. За реализација на проектот се одобрени 1.372.571 денари и со ова Чаир е единствената урбана општина од Град Скопје што добила средства преку овој јавен повик. Предвидено е подземните контејнери да бидат поставени на улицата ...
Вицепремиерот и министер за европски прашања, Беким Сали синоќа во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека била формирана работна група која ќе се занимава со прашањето за правосудниот испит, додавајќи дека ќе се разгледа дали истиот ќе се испрати до Венецијанската комисија. „Конечниот нацрт ќе треба да биде доставен во четврток“, изјави Сали. Што се однесува до прашањето колку време ќе биде потребно за да се заврши овој процес, Сали рече ...
Пазарот на недвижности во Скопје продолжува да привлекува внимание, но не само поради продажните цени. Освен што квадратот во делови од градот веќе достигнува и над 3.000 евра по метар квадратен, високи остануваат и цените за изнајмување, при што двособен стан денес често се издава и за 550 евра месечно, во зависност од локацијата и состојбата. Според актуелните огласи, цените на становите во Скопје најчесто се движат меѓу 1.800 и ...
Вчера за период од осум часа санкционирани биле 116 мотоциклисти во Скопје. Од МВР информираа дека вчера во периодот од 10:00 до 18:00 часот од страна на полициски службеници од ОБПС при СВР Скопје и ОП СЕО била спроведена засилена акциска контрола на територија на Скопје за санкционирање на прекршоци сторени од возачи на мотоцикли. Притоа санкционирани биле 116 возачи, од кои 64 за некористење кацига, 13 за управување мотоцикл без положен ...
Ќерка на еден гувернер на Рим. По смртта на татко ѝ, осиромаши и се насели во Трајанопол во Тракија. Во времето на нечестивиот цар Антонин, Гликерија беше изведена да му принесе жртва на идолот на Диј. Таа си нацрта крст на челото, па кога царскиот намесник ја запраша каде е нејзината лампада (зашто сите носеа лампади во рацете), Гликерија го покажа крстот на челото и рече: „Ова е мојата лампада“. На нејзината молитва гром удри во идолот и ...
Општина Центар соопшти дека инспекциските служби, заедно со екипи на Министерството за внатрешни работи, извршиле увид на градилиштето кај булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, каде вчера се случи големо свлечиште на земја при градежни работи. Според информациите од Општината, при увидот биле констатирани сериозни оштетувања на јавната инфраструктура, меѓу кои коловозот, тротоарот, канализациската мрежа ...
Делови од Скопје утре ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, информираат од ЕВН Македонија. Во општина Бутел, без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Мара Маждуречка“ и „Ферид Бајрам“. Прекинот е најавен во периодот од 08:30 до 11:30 часот. Подолг прекин е планиран и во општина Центар, каде без електрична енергија ќе останат Музејот на современа уметност и дел од ...
Општина Центар соопшти дека инспекциските служби, заедно со екипи на Министерството за внатрешни работи, извршиле увид на градилиштето кај булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, каде денеска се случи големо свлечиште на земја при градежни работи. Според информациите од Општината, при увидот биле констатирани сериозни оштетувања на јавната инфраструктура, меѓу кои коловозот, тротоарот, канализациската ...
Денот носи силна и напната енергија. Photo by Rydale Clothing on Unsplash Квадратот помеѓу Марс во Бик и Плутон во Водолија лесно создава судири, тврдоглавост и борба за контрола. Луѓето реагираат побрзо и поинтензивно од вообичаено. Но тригонот помеѓу Сонцето во Близнаци и Плутон во Водолија истовремено носи способност да се види суштината на проблемот и да се најде решение. Ова е ден кога емоцијата може да ве оттурне од вистината, ако не ...
Големо свлечиште на земја денеска се случи на градилиште во скопски Центар, на спојот на улицата „Христо Смирненски“ и булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, при што беа оштетени делови од улицата и тротоарот, а падната бандера оштети и паркирано возило. Во инцидентот бил затрупан и багер кој работел на ископот, но работникот кој управувал со машината успеал навреме да излезе и не е повреден. Настанот го потврди и Министерството за ...
Утрово во 01:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.А.(21), А.Ф.Е.(21), Т.А.Б.(22) и А.И.О.(24), сите од Турција. Полицијата постапила постапувајќи по пријава дека на 24.05.2026 околу 19:55 часот на подрачјето на Центар, по претходна расправија околу сообраќајот, прво со нивното возило „ауди“ удриле во моторот на Ф.М. (20) од Скопје, додека извршувал работни задачи како доставувач, а потоа и физички го ...
Жена од Штип настрадала од експлозија на бојлер во викендица во пехчевско. Тешко е повредена. - На 24.05.2026 во 18:35 часот во ОВР Берово од Итната медицинска помош Пехчево било пријавено дека во викенд куќа во туристичката населба „Равна река“, атар на Пехчево, во сопственост на З.В. од Пехчево, при експлозија на електричен бојлер со тешки телесни повреди се здобила 42-годишната В.М. од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип, ...
Апсење вчера попладне на скопската Клиника за гинекологија. Малолетничка донесена со породилни болки, полицијата ја уапси нејзината мајка. - Вчера во 15:50 часот во ЈЗУ УК „Гинекологија и акушерство“ при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода 38-годишната С.К. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од установата во 13:40 часот дека кај нив била донесена малолетната ќерка на ...
Градското сообраќајно претпријатие „Белград“ (ГСП) се огласи по несреќата со трамвајот кој излетал од шините утрово во Белград. Трамвајот КТ4, сообраќал на линија број 5 и излетал од шините, пренесуваат српските медиуми. Вкупно 15 лица се повредени, објави Првото основно обвинителство во Белград, а според службите за итни случаи, меѓу повредените имало две деца, кои биле пренесени во болница. Како што истакнуваат, трамвајот удрил во блиска ...