Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Прва глоба за напуштање, односно фрлање легло со мали мачиња е изречена од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Сторителот е казнет со 550 евра во денарска противвредност, информираат од АХВ за МИА. Случајот бил пријавен од совесен граѓанин, кој до ЈП „Лајка“ доставил видео снимки и фотографии од напуштањето на леглото со мали мачиња во парк во близина на трговски центар во Скопје. По пријавата, официјален ветеринар од АХВ вчера ...
Жена од прилепско пријавила физички напад од страна на невенчаниот сопруг и неговиот брат. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 15:15 часот во ОВР Прилеп, 35-годишна жена од прилепско село пријавила дека во домот била физички нападната од невенчаниот сопруг Д.П. и неговиот брат А.П.. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок. Жена од прилепско пријавила физички напад од страна на невенчаниот сопруг и ...
73-годишен скопјанец се онесвестил и паднал додека се движел пеш на кејот на реката Треска, кај Матка. Случајот бил пријавен вчера во 12:50 часот во СВР Скопје. - На Б.К., додека се движел пеш, му се слошило, по што паднал, а потоа бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, информираа од МВР. Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје. 73-годишен скопјанец се онесвестил и паднал додека се движел пеш на ...
Во близина на селото Моране во Општина Студеничани во тек е интензивна акција за гаснење на шумскиот пожар, информира Центарот за управување со кризи. Во интервенцијата се вклучени три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, кои од воздух дејствуваат на деловите каде што поради непристапниот терен гаснењето од земја е отежнато или претставува ризик за екипите. Теренските екипи работат во координација со сите надлежни и вклучени служби, ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро ги демантира пласираните дезинформации во јавноста дека водата од скопскиот водоснабдителен сиистем е небезнедена за пиење поради наводно присуство на бактерија Escherichia coli. „Како одговорна институција ја информираме јевноста дека АХВ до овој момент нема добиено известување од скопското јавно комунално претпријатије за незадоволителен резултат од лабораториско тестирање на водата за ...
Вчера во 06:40 часот во Полициската станица Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Н.(43) од Скопје. Како што се наведува во полицискиот билтен, 43-годишниот скопјанец бил уапсен постапувајќи по претходна пријава дека во домот агресивно се однесувал, со остар предмет оштетил дел од покуќнината и упатувал закани кон неговиот 79-годишен татко. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. ...
55-годишен тетовец доби кривична пријава поради измама на сограѓани, од кои земал 15.000 евра. Како што се наведува во полицискиот билтен, СВР Тетово поднело кривична пријава против Л.Е.(55) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во текот на 2025 година, пријавениот со лажно прикажување на факти земал пари во износ од 15.000 евра од две лица од тетовско, односно ги измамил дека ќе им го среди ...
Не е точно дека е пронајдено Ешерихија коли во водата која го снабдува Скопје. Скопјани да бидат спокојни. Ова пред малку на прес конференција го сподели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој пред новинарите се напи чаша вода од чешма. - Ќе има одговорност за сите кои шират паника и хистерија, што според мене е еднакво на тероризам. До МВР ќе бидат доставени сите профили на социјалните мрежи кои шират лажни вести, порача Ѓорѓиевски кој нагласи ...
Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас за да ги провери информациите за енормно загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче. Од Обвинителството соопштија дека надлежен јавен обвинител ќе ги координира активностите на Државниот инспекторат за животна средина и надлежните инспекциски служби со цел да се извршат проверки во однос на потеклото на депонијата, како и можните ...
Министерството за здравство ја информира јавноста дека досега нема ниту еден регистриран, ниту хоспитализиран пациент, чија здравствена состојби се поврзува со консумирање загадена вода во Скопје. Ова го потврди директорот на Инфективната клиника, д-р Фадил Цана на денешната прес-конференција во Министерство за здравство, како и одговорните лица од Институт за јавно здравје и Центар за јавно здравје-Скопје, кои исто така, информираа дека ...
Скопјанец „дивеел“ во домот вчера изутрината. Се заканувал и на својот 79-годишен татко. - Вчера во 06:40 часот во Полициската станица Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Н.(43) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот агресивно се однесувал, со остар предмет оштетил дел од покуќнината и упатувал закани кон неговиот 79-годишен татко, информираа од МВР во дневниот билтен. По целосно ...
59-годишен скопјанец е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера на улицата „Борка Талески“ во Скопје. Според информациите од МВР, М.Г. управувал мопед со скопски регистарски ознаки кога паднал на коловозот. Во несреќата се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во приватна болница во Скопје. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје. 59-годишен скопјанец е тешко повреден во сообраќајна несреќа ...
Вчера во СВР Скопје 36-годишна жена пријавила дека 15-годишен малолетник, кој од претходно се познавал со нејзината малолетна ќерка, објавил слики со експлицитна содржина на социјални мрежи од нејзината ќерка, се наведува во полицискиот билтен. Со малолетникот бил извршен службен разговор во полициска станица во присуство на родител и адвокат. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Вчера во СВР Скопје ...
Синоќа во 20:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.Ѓ.(43) и Р.Ѓ.(42) од една страна и А.С.(32) и С.З.(34) од друга страна, сите од Скопје, се наведува во полицискиот билтен. Според пријавеното, причина за физичката пресметка било тоа што претходно А.С. физички ја нападнал малолетната ќерка на Н.Ѓ. и Р.Ѓ.. По целосно документирање на случајот ќе ...
19-годишник од Тетово е пријавен за исчезнат, откако неговата 64-годишна баба пријавила дека се оддалечил од домот. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера во 16:30 часот во СВР Тетово. З.А. пријавила дека нејзиниот внук С.А. (19) го напуштил домот на 10 август и оттогаш не е пронајден. Од МВР информираат дека се преземаат мерки и активности за негово пронаоѓање. 19-годишник од Тетово е ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска се обрати на панел-сесијата по повод одбележувањето на 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор. Муцунски нагласи дека денес нашата задача е да гледаме напред и дека нашата различност треба да биде сила, а не политичка граница меѓу луѓето, а Охридскиот договор рамка за интеграција, а не причина политиката трајно да остане заробена во постконфликтна логика. Тој ...
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје во вчерашниот извештај од мониторингот на водата објави дека Секторот за санитарна контрола зел 42 примероци од водоводната мрежа на градот, од кои четири од бунарскиот потег Нерези – Лепенец и истите покаѓале дека водата е исправна за конзумирање. Мониторингот, според претпријатието, се спроведува согласно Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, а примероците ...
УХМР за наредните денови најави пороен дожд, грмежи и локално невреме. Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени, информира УХМР. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со постепен пад на температурата. УХМР за наредните денови најави пороен ...
Еден пациент почина од западнонилска треска во земјава, информираше денеска Клиниката за инфективни болести. Станува збор за 83-годишен пациент, кој, според лекарите, имал и други заболувања. Директорот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, д-р Фадил Цана информираше дека пациентите се третираат на клиниката која располага со капацитети и соодветна дијагностика. - Четворица пациенти се водат како суспектни и во тек е ...
Денеска низ светот се одбележува Меѓународниот ден на младите – ден посветен на генерацијата која претставува движечка сила на секое општество. Иако младите во различни делови од светот не секогаш се соочуваат со исти предизвици и водат исти борби, модерното време, глобализацијата и интернетот создадоа низа универзални прашања поврзани со нивното образование, вработување, општествената активност, политичкото учество и иднината. По повод овој ...
Задутре за православните верници започнува Богородичниот пост кој ќе трае до 27 август, во пресрет на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, кој се одбележува на 28 август. Во текот на овие 14 дена верниците се воздржуваат од мрсна храна и, покрај телесниот пост, се повикуваат на молитва, смирение и духовна подготовка за празникот. Постот започнува во петок кога православните христијани го слават ...
Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје од Скопје прогласија епидемија на западнонилска треска во повеќе делови од главниот град на Македонија. Епидемија е прогласена во следните делови од Скопје: Кисела Вода кај Пржино, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Илинден, Драчево, Идризово, Јурумлери и Трубарево. Здравствените власти препорачуваат граѓаните да ставаат мрежи, да се прскаат со средства и да не излегуваат кога заоѓа сонцето и ...
Во Драчево денеска се спроведува вонредна дезинсекција со цел намалување на бројноста на комарците и спречување на нивното масовно размножување. Акцијата ја реализира Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, а денешниот третман е насочен кон ларвите на комарците. Специјализирани екипи ќе третираат канали, застојани води и влажни места каде што има услови за нивно размножување. Акцијата ќе продолжи во петок, кога ќе се ...
Во текот на изминатите два дена, како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1.322 издадени платни налози, 400 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, информираат од МВР. Оттаму посочуваат дека лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 32 лица, од кои три за ...
Полицијата пронашла ловечка пушка без дозвола при претрес во дом во валандовското село Удово, при што од слобода било лишено едно лице. Како што информираат од МВР, вчера во 18:45 часот полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово го лишиле од слобода 37-годишниот И.Л. од Удово. При претресот, извршен со судска наредба, во неговиот дом била пронајдена ловечка пушка „Берета“ калибар 12 мм, за која лицето не поседувало дозвола. За ...
Општина Карпош започна со реализација на градени активности за поставување на нова атмосферска канализација на улицата „Волгоградска“ во населбата Карпош 4. Предвидено е поставување на атмосферска мрежа во должина од 60 метри, со што ќе се унапреди системот за одведување на атмосферските води и ќе се подобри функционалноста на инфраструктурата во овој дел од населбата. Активностите се реализираат со средства обезбедени во Буџетот на Општина ...
Иуте Македонија успешно ја реализираше својата прва корпоративна обврзница на домашниот пазар на капитал, обезбедувајќи го целиот износ од 3 милиони евра за рекордни четири дена. Со тоа, јавната понуда е целосно затворена, а исклучителниот интерес од инвеститорите претставува силна потврда за довербата во компанијата, нејзиниот стабилен бизнис модел и долгорочната стратегија за раст. По добиеното одобрение од Комисијата за хартии од ...
Во текот на изминатите два дена, како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1.322 издадени платни налози, 400 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, информираат од МВР. Оттаму посочуваат дека лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 32 лица, од кои три за ...
Денеска низ светот се одбележува Меѓународниот ден на младите – ден посветен на генерацијата која претставува движечка сила на секое општество. Иако младите во различни делови од светот не секогаш се соочуваат со исти предизвици и водат исти борби, модерното време, глобализацијата и интернетот создадоа низа универзални прашања поврзани со нивното образование, вработување, општествената активност, политичкото учество и иднината. По повод овој ...
Општина Центар и оваа година продолжува со поддршката за најмладите ученици и нивните семејства. Петта година по ред, сите првачиња запишани во осумте општински основни училишта ќе добијат бесплатни училишни ранчиња, обезбедени со средства од општинскиот буџет. Градоначалникот Горан Герасимовски вели дека оваа мерка веќе стана убава традиција со која Општината им посакува добредојде на децата кои за првпат седнуваат во училишните клупи. ...