Доколку во понеделник вечерта слушнете силни звуци од оружје во Скопје и околината не плашете се! Ќе се одбележува Денот на Армијата. Во понеделник, 17 август, понеделник, во касарната „Илинден“ во Скопје ќе се одржи почесна артилериска стрелба по повод 18 Август – Денот на Армијата. Почесната стрелба ќе започне во 19 часот, а единица од артилерискиот баталјон ќе истрела 10 плотуни од шест артилериски орудија. Претходно, во 18 часот, ќе биде ...

Полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода две лица кои биле затекнати при предизвикување пожари на отворен простор во Битола и Прилеп. - На 14.08.2026 во 21:15 часот, полициски службеници од СВР Битола на ул. „Јорго Костовски“, на место викано „Тепсија“ во Битола, го лишија од слобода Е.К. (39) од Битола, бидејќи бил затекнат како предизвикува пожар на отворен простор. Претходно, на 13.08.2026 во 23:10 часот, полициски службеници ...

Прилепчанец, кому му изгорела шталата каде чувал поголемо количество тутун, нападнал пожарникари кои дошле да го гасат огнот. Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кога пожарникарите пристигнале, човекот ги оттурнувал и ги спречувал да гасат. Се претпоставува дека бил нервозен затоа што очекувал пожарникарите побрзо да пристигнат, без да размисли дека можеби биле на некоја друга задача претходно. ...

Српскиот спортски инфлуенсер Немања Миловиќ предизвика големо внимание на социјалните мрежи со видео во кое го критикува масовното присуство на реклами за обложувалници во јавниот простор. „Како успеавме да се навикнеме дека ова е нормално?“, гласи насловот на видеото во кое Миловиќ раскажува дека по четири месеци поминати надвор од Србија, по враќањето повторно забележал колку рекламирањето на обложувалниците е присутно на билборди, улици и ...

Полицијата расчистува необичен случај во виничкото село Лески, каде 18-годишна девојка лажно пријавила дека со нож повеќепати избола непознато лице. Случајот бил пријавен на 3. август во СВР Штип, по што полицијата извршила проверки и утврдила дека наводниот напад воопшто не се случил. Од ОВР Виница против девојката е поднесена кривична пријава за „лажно пријавување“. Во полициското соопштение нема дополнителни детали за причините поради кои ...

На социјалните мрежи бурни реакции откако почнаа да се преподаваат карите за концертот на Дејвид Гета кој ќе се одржи на 8 Септември на Градскиот стадиот „Тодор Проески“, по повод 35 години независност на Македонија. Билетите беа продадени по симболична цена од 35 денари, но сега се преподаваат по многу повисоки цени „на црно“. Граѓаните на социјалните мрежи го осудуваат ваквото однесување и бараат решение за оние кои останаа без билети. - ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во југоисточните делови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а ...

Водата од водоводот во Демир Капија е забранета за пиење и подготвување храна се додека не се добијат конечните резултати од супер-анализата, извести Ј.К.П Бошава Демир Капија. „По добиените резултати од анализите на примероците земени во понеделник и вторник, од истото мерно место, добиени се различни резултати. Анализата на примерокот земен во понеделник од страна на Институтот за јавно здравје – Скопје покажува дека водата не ги исполнува ...

Бидете внимателни на можностите што се појавуваат, бидејќи нешто неочекувано може да ви отвори нов пат. Photo by Caroline Attwood on Unsplash Меркур денес се спојува со Јупитер во Лав, носејќи големи идеи, добри вести и корисни информации.Подоцна, Месечината преминува во Вага и го насочува вниманието кон односите, договорите и важните одлуки што ги носите со други луѓе. Овен Можно е да добиете вест што ќе ви даде нова мотивација. Денот е ...

Втор смртен случај од западнонилска треска е регистриран во земјава. Photo by Rapha Wilde on Unsplash На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починал 72-годишен скопјанец кај кого лабораториски била потврдена инфекција со вирусот West Nile. Пациентот бил примен во тешка општа состојба, со изразена невролошка симптоматологија и тешка форма на менингоенцефалитис – воспаление на мозокот и мозочните обвивки. И покрај ...

Викендот од 14 до 16 август носи постепено менување на енергијата. Photo by Dan Torres on Unsplash Петок е практичен и бара организација, сабота носи големи идеи, вести и можности, а со влегувањето на Месечината во Вага вниманието се префрла кон односите, договорите и потребата да се најде рамнотежа. Ова се денови во кои не треба сè да се реши веднаш. Некои работи ќе бараат дисциплина, други отворен ум, а трети искрен разговор и ...

СВР Тетово поднесе кривична пријава против две лица поради сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“, откако тримесечно бебе било оставено на улица, а потоа паднало на асфалт. Според МВР, пријави се поднесени против В.М. (42) од Прилеп и Б.С. (37) од село во општина Желино. Инцидентот се случил на 14. јуни годинава во Тетово. Како што информира полицијата, второпријавениот, кој бил под дејство на алкохол, ја ...

Малолетник е тешко повреден во сообраќајна несреќа вчера попладне на една охридска улица. - Вчера во 14:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Јабланица“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(20) од село Калишта, струшко и мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил ...

76-годишник со остар предмет се заканувал на ќерка си и внукот. Како што информираа од полицијата, вчера во 19:00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Џ.М.(76) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал во домот и се заканувал на неговата ќерка и неговиот внук, при што употребил и остар предмет. Остриот предмет бил пронајден и одземен, а по целосно документирање на случајот, ...

Денеска по полноќ, во 00:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 17-годишник од Скопје. При сообраќајна контрола на булевар „Александар Македонски“, полициските службеници сопреле патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека малолетникот го управувал возилото пред да се стекне со право за управување на возило, соопштија од МВР во дневниот билтен. За настанот е известен ...

Скопјанка била претепана од синот среде ноќ во семејниот дом во Карпош. - На 14.08.2026 во 03:00 часот во СВР Скопје, 60-годишна жена пријави дека на 13.08.2026 околу 23:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот син М.Н., информираа денеска од полицијата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Скопјанка била претепана од синот среде ноќ во семејниот дом во Карпош. - На 14.08.2026 во ...

Скопјанка пријавила дека била физички нападната додека работела како обезбедување на влез во државна институција. Според пријавеното во СВР Скопје, 42-годишната Б.П. вчера околу 15 часот била нападната од 48-годишната Е.П. од Скопје. Според пријавата, Е.П. се однесувала агресивно и кон полициски службеник кој во моментот извршувал службени дејствија. Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен ...

Полицијата вчера го лишила од слобода 37-годишниот О.С. од Скопје, по пријава за измама, физички напад и закани кон 62-годишен скопјанец. Од МВР информираат дека полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го уапсиле О.С. на 13 август во 13:45 часот. Претходно, 62-годишниот скопјанец пријавил дека О.С. во неколку наврати го измамил за сума од над 7.000 евра, ветувајќи му дека ќе посредува за царинската документација ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информираше за состојбата на лицето кое вчера беше однесено на лекар поради сомнение за изгореници на рацете. Според Ангелов, по извршениот лекарски преглед било утврдено дека повредите не се од таков карактер што бараат медицински третман, поради што лицето било пуштено на домашно лекување. „Важно! Лицето кое вчера беше однесено на доктор со изгореници на рацете, по ...

Водата од градскиот водовод во Гостивар од денеска, 14 август, може да се користи за пиење. Ова на денешната прес-конференција го истакнаа директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Според испитувањата, водата микробилошки била исправна од крајот на минатата недела, но при извршените испитувања имало повисоко ниво на хлор како резултат на ...

Вкупно 40 лица повредени во големиот пожар што го зафати Омиш и околината биле згрижени во КБЦ Сплит во текот на ноќта и денеска, соопштија лекарите на прес-конференција. Од нив, 14 се хоспитализирани, а меѓу повредените има лица со тешки изгореници и повреди настанати поради вдишување чад. Седум пациенти се на респиратор, од кои шест возрасни и едно 17-годишно лице, според првично изнесените информации на прес-конференцијата. Кај најтешко ...

Вкупно 40 лица повредени во големиот пожар што го зафати Омиш и околината биле згрижени во КБЦ Сплит во текот на ноќта и денеска, соопштија лекарите на прес-конференција. Од нив, 14 се хоспитализирани, а меѓу повредените има лица со тешки изгореници и повреди настанати поради вдишување чад. Седум пациенти се на респиратор, од кои шест возрасни и едно 17-годишно лице, според првично изнесените информации на прес-конференцијата. Кај најтешко ...

Општина Илинден воведува субвенции за првачиња, мерка наменета за помош на семејствата во пресрет на почетокот на учебната година. За таа цел, објавен е Јавен повик за доделување еднократна финансиска помош за семејствата со деца кои во учебната 2026/2027 година ќе го започнат своето основно образование. Со новововедената мерка, секое дете запишано во прво одделение ќе добие еднократна финансиска помош во износ од 3.000 денари. Родителите ...

Во просториите на Младинскиот културен центар (МКЦ) е отворен Центарот за дневен престој за лица со попреченост на возраст од 14 години и нагоре. Центарот го отворија градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски и министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски. Центарот е наменет да обезбеди сигурна и инклузивна средина во која корисниците ќе добиваат психолошка и стручна поддршка и ќе можат да учествуваат во ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека следува период на стабилно и потопло време. Посочуваат дека само во вторник, ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Најавуваат дека минималните температури ќе се движат во интервал од осум до 20 степени, а максималните од 30 до 39 степени. Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална ...

Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, вечерва спроведува трета вонредна акција за дезинсекција. Третманот ќе го опфати подрачјето на населбата и селото Драчево, со цел заштита на граѓаните и спречување на масовно размножување на комарците. Прскањето ќе се реализира во периодот од 22:00 до 24:00 часот, при што со специјализирано возило ќе се дејствува против возрасните комарци. Оваа трета вонредна интервенција се ...

Во рамки на одбележувањето на 35 години независност на Македонија, во недела,15 август, во Градскиот парк во Струмица ќе се одржи голем музички концерт на кој ќе настапат култните македонски музички состави „Меморија“, „Мизар“ и „Синтезис“. Настанот е во организација на „Авалон“ и е најавен како музичка вечер посветена на најдоброто од македонската музичка сцена. Концертот е отворен за јавноста, а посетителите ќе имаат можност бесплатно да ...

Општина Бутел спроведува голема акција за чистење и одржување на атмосферската и фекалната канализациона мрежа на својата територија. Градоначалникот Дарко Костовски и директорот на ЈП „Водовод и канализација – Скопје“, Иван Митровски, извршија увид во заедничките активности на општината и претпријатието за чистење и одржување на канализационата мрежа. Од Општина Бутел информираат дека редовното и темелно чистење ќе продолжи во наредните ...

Општина Аеродром продолжува со уредување и збогатување на јавните простори со нови содржини за спорт и рекреација. Во паркот „Патрик“ веќе е поставена првата од вкупно пет фитнес зони планирани за оваа година. Новите фитнес зони во следниот период ќе бидат поставени и во Острово, Ново Лисиче, Тодор Чангов и Долно Лисиче, со што жителите од повеќе населби ќе добијат можност за бесплатно вежбање во непосредна близина на своите домови. Зоните ...

Американската администрација најави дополнителни три милијарди долари за развој на рударски проекти со цел САД да ја намалат зависноста од Кина за критичните минерали. Од целиот пакет, најголемата инвестиција – една милијарда долари – е наменета за проект за ископ на бакар. Ваквите потези ја потврдуваат сè поголемата геополитичка и економска важност на бакарот. Додека САД и другите големи економии ги зголемуваат инвестициите во нови рудници, ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
73%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
96%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
65%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.89
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Сребро

1670.34