Пет лица нападнале 41-годишник од Батинци и неговиот малолетен син, при што се здобиле со расекотини. Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа околу 20:00 часот во СВР Скопје И.М.(41) пријавил дека во двор од неговата куќа во скопското село Батинци бил физички нападнат од С.С., М.С., Н.С., А.С. и Р.С., по што Н.С. со тврд предмет скршил стакло од влезна врата, а С.С. со остар предмет им нанел расекотина на пријавителот и неговиот ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска сподели дека еден од најочекуваните проекти за жителите на Бутел, веќе влегува во својата завршна фаза - темелно уредување на коритото на реката Серава и изградба на нова пешачка патека. „Она што со години беше само ветување, денес е речиси целосно реализирано! Новата пешачка патека во должина од 1.590 метри создава целосно нов, безбеден и уреден простор за прошетка, рекреација и дружење“, ...

70-годишен скопјанец пријавил дека бил нападнат од четири лица. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, А.С. (70) од скопското село Трубарево пријавил дека околу 18:00 часот во Трубарево бил физички нападнат од Е.„Н“ и уште три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 70-годишен скопјанец пријавил дека бил нападнат од четири лица. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против С.Д.(33) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“ и против А.Д.(33) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Како што се наведува во полицискиот билтен, на 06.07.2026, првопријавената, вработена во Општинската јавна установа за деца - градинка во ...

18-годишник е тешко повреден откако вчера пред полноќ со мотоцикл се превртел на пат. - На 16.08.2026 во 23:00 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на патот Зрновци-Пониква, во близина на место викано „Компосара“, мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од Ј.Ј.(18) од село Тркање, кочанско, се превртел на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Кочани, соопштија од ...

Вчера во 11:30 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријавила дека на 14.08.2026, откако ја зела нејзината петгодишна ќерка од градинка на подрачјето на населбата Хром, таа ѝ кажала дека била удрена од негователка. Како што се наведува во полицискиот билтен, мајката пријавила дека нејзината ќерка ѝ се пожалиле дека негователката ја стиснала за ногата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Вчера во 11:30 часот во СВР Скопје, ...

Вчера во 11:00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.О.(61) од Скопје. Како што се наведува во полицискиот билтен, тој бил уапсен постапувајќи по претходна пријава дека се заканувал на неговиот 40-годишен внук и се обидел да го нападне со тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Вчера во 11:00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, ...

На Клиниката за инфективни болести во моментов се лекуваат шеснаесет пациенти од западнонилска треска. Директорот на Клиниката, Фадил Цана вели дека шестмина од нив се во критична состојба. „Овие шестмина кои се во критична состојба и се лекуваат во Одделот за интензивна нега, се на возраст над 60, но кај инфицирани пациенти со невроинвазивна форма, најмладиот пациент кој е хоспитализиран е 25-годишен. Тој е во стабилна здравствена состојба ...

Министерот за здравство Сашо Клековски, одговарајќи на новинарски прашања за епидемијата во Гостивар, рече дека Министерството ќе го објави епидемиолошкиот извештај на 20 август потенцирајќи дека фокусот од оваа епидемија е да се излезе транспарентно и јасно со научени лекции. – Првин сакам да расчистам една дезинформација што се шири. Јас кога објавив, реков дека ќе објавиме информации на 20 август, тоа е епидемиолошкиот извештај за ...

Општина Илинден информира дека е во завршна фаза од реализацијата на еден од позначајните капитални инфраструктурни проекти, изградбата на нов плочест мост и сервисната улица „500“, со кои се воспоставува нова сообраќајна врска меѓу населеното место Марино и населбата Јака. Во рамки на завршните градежни активности, започнато е поставување на првиот асфалтен слој. Сервисната улица „500“ е во должина од 260 метри, со коловоз широк 5,5 метри и ...

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски информираше дека денеска потпишале договор со министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски и секретарот на Црвениот крст на Македонија Сузана Тунева Пауновска, со кој се обезбедува грант за развивање на социјалната услуга „Помош и нега во домот“, која ќе ја реализира Црвениот крст на територијата на Општина Гази Баба. „Со оваа услуга создаваме дополнителна ...

Утре мало освежување, од четврток повторно високи температури. Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Упрвата за хидрометеолошки работи. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во среда претежно ...

Зоран Љутков, кој неодамна беше разрешен од функцијата министер за култура и туризам, доби нова функција во Владата. Поранешниот министер е назначен за национален координатор за култура, со што наместо да се врати на актерската работа во својот матичен Драмски театар, продолжува со ангажман во државната администрација. На негово место како министер за култура и туризам, во рамки на владината реконструкција, беше избран Седат Сулејмани, кој ...

Вчера во 10:30 часотво СВР Тетово, од Итна медицинска помош Тетово било пријавено дека во тетовското село.Боговиње, има повредено лице кое паднало од покрив. -Извршен бил увид на местото, при што е утврдено дека П.Б.(61) од село Брвеница, додека извршувал градежни работи на куќа сопственост на Н.А. (60) во село Боговиње, паднал од кровната конструкција, информираат од СВР Тетово. Притоа, П.Б. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен ...

Во насока на унапредување на здравствената и социјалната заштита на локално ниво, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, и потпретседателката на Здружението посветено на пациенти со рак и нивни негователи „ХЕМА-ОНКО“, Милица Кузманоска, денеска ставија потпис на Меморандум за стратешка соработка. Како што известува Општината, овој значаен документ, како примарна цел има подигнување на јавната свест за ...

На социјалната мрежа „Х“, твитерџија со псевдоним „Персивал“ ја сподели својата успешната приказна на бизнисот кој го започнал неговиот татко, а кој го продолжил тој и придонел во опстојувањето веќе 20 години. Овој твитерџија раскажува дека пред 20 години татко му, откако со години без работа и жртва на транзиција, направил еден смел чекор. „Работеше за секого за да може јас и сестра ми да завршиме факс. На крај му пукна филмот, не собра и ...

Општина Центар и оваа учебна година продолжува со мерката за обезбедување бесплатни училишни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение во осумте општински основни училишта. Мерката, која Општината ја воведе минатата година, продолжува и во учебната 2026/2027 година, со цел да се намалат социјалните разлики меѓу учениците и да се создаде училишна средина во која секое дете ќе се чувствува еднакво и прифатено. Градоначалникот на ...

Вчера во 15:40 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишиле до слобода Б.С.(67) од Битола. Од МВР информираат дека тој се сомничи дека околу 12:35 часот предизвикал пожар на улицата „4 Ноември“ во Битола, при што била зафатена сува трева и дрвени палети во неговото поранешно стовариште. Пожарот бил изгаснат од екипа на територијланта противпожарна екипа од Битола, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Битола и по целосно ...

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски по повод 18 Август, Денот кога се формира македонската Армија, се поклони пред борците кои ги положија своите животи за слободна и независна Македонија. -Со воени почести положивме венци со свежо цвеќе на партизанските гробишта и на вечните почивалишта на загинатиот претседател Борис Трајковски, поранешниот претседател Киро Глигоров и на генералот Михаило Апостолски. Нивната жртва и нивното дело се ...

Изминатиот викенд, поточно во саботата, на 15 август 2026 година, околу 20:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Н.(59) од Скопје. Тој бил приведен по претходна пријава дека истиот ден, околу 16:30 часот, во својот дом физички ги нападнал неговата 58-годишна сопруга и нејзината 78-годишна мајка. Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Изминатиот ...

ЈП Паркинзи на Општина Центар информираат дека минатата недела со користење на специјалните возила „пајак“, санкционирале 122 нерегулирано паркирани возила кои биле оставени на места наменети за лица со попреченост, резидентни паркиралишта и други резервирани зони, со што се нарушуваше редот и функционирањето на паркирањето во општината. „ЈП ПОЦ и Општина Центар ќе продолжат континуирано да ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до возачите ...

Септемвриската пензија која ќе биде исплатена во октомври ќе биде повисока. Властите најавуваат дека ова зголемување треба да донесе олеснување за највозрасната категорија граѓани. Покачувањето овојпат треба да биде процентуално и да зависи од висината на месечните примања. По неколкуте линеарни покачувања во изминатиот период, кога пензиите се зголемуваа за ист износ, следното усогласување треба да се пресметува процентуално. Тоа значи дека ...

Жители на Маџир Маало во Општина Центар алармираат за сериозна нехигиена во населбата, иако живеат на само неколку стотини метри од најстрогиот центар на Скопје. Тие бараат итна реакција од Град Скопје и Општина Центар, посочувајќи дека проблемот трае со месеци. „Живееме во центарот на градот во услови кои не доликуваат на централна градска населба“, велат жителите во реакцијата испратена до Скопје Инфо. Фотографиите што ги споделија ја ...

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопштија дека во изминатото деноноќие во земјава биле регистрирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, a три се ставени под контрола. Од ЦУК додаваат дека 18 пожари се целосно изгаснати. Активни пожари има на подрачјето на општина Студеничани, каде што гори мешана шума на потегот од селото Моране кон селата Вртекица и Рамни Габер. Пожар избувнал и кај Видуш, Драгов Дол и ...

Тешка сообраќајна несреќа синоќа се случила во скопското село Ласкарци, при што, според првичните информации, три лица се здобиле со тешки повреди. Инцидентот се случил откако автомобил, под се уште неразјаснети околности, излетал од главниот пат и завршил на спореден пат во селото. На местото на настанот веднаш пристигнале екипи на Итната медицинска помош и полицијата, а повредените биле преземени за понатамошно медицинско згрижување. ...

Од ЕВН и од ЈП Водовод и канализација информираа за прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода на територијата на Скопје во текот на денешниот ден. Поради планирани технички интервенции од страна на ЕВН Македонија, без електрична енергија ќе останат: - во периодот од 06.00 до 13.00 часот, корисниците од населба Белви, како и објектите на мотел Белви и Чеза Комерц; - во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците што се ...

Двајца мажи се соочуваат со кривична пријава откако при изведување градежни работи во Тетово бил оштетен оптички кабел во сопственост на Министерството за внатрешни работи. СВР Тетово поднело кривична пријава против В.К. (53) од Тетово и Ј.А. (27) од селото Цветово, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уништување или оштетување на јавни инсталации“. Според МВР, на 28 март 2026 година, првопријавениот, како ...

На територијата на државата во текот на изминатото деноноќие се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи. Од нив, шест пожари се активни, еден е ставен под контрола, додека 22 се целосно изгаснати. Активни пожари има во општините Студеничани, Македонски Брод, Велес и Зелениково, Јегуновце и Сарај, Крушево и Крива Паланка. Најголем дел од активните пожари зафатиле шума, ниска вегетација и ...

Оваа недела носи промени во расположението, односите и секојдневните обврски. Photo by The Now Time on Unsplash Некои знаци ќе почувствуваат потреба да забават и да се посветат на себе, додека други ќе добијат нова енергија за работа, љубов и важни одлуки. Погледнете што му носат ѕвездите на вашиот хороскопски знак во следните денови. ОВЕН Оваа недела ќе почувствувате потреба да забавите, да се повлечете од непотребните обврски и да ја ...

Следната недела не е еднакво поволна за сите знаци. Некои ќе мора да забават и да расчистат со обврски, но Близнаците, Лавот и Стрелецот имаат особено добра поддршка од планетарните аспекти. Photo by Lauren Richmond on Unsplash Причината е комбинацијата од Венера, Јупитер, Меркур и Сонцето, која носи повеќе можности за љубов, контакти, креативност и професионален напредок. Лав – најмногу внимание и можности Лавот е првиот знак што се ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.03
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
56%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.34
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34