Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
64-годишна жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа меѓу автобус и автомобил што вчера се случила во скопската општина Аеродром. Според информациите од МВР, несреќата била пријавена во полицијата во 13:40 часот, а се случила на крстосницата на булеварот „Јане Сандански“ со сервисна улица. Во несреќата учествувале автобус „МАН“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.П. (47) од село Ново Село, и „форд фокус“, исто така со скопски ...
35-годишна скопјанка синоќа ја нападнала својата сосетка. Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 23:35 часот во СВР Скопје, Б.Б.(30) од Скопје пријавила дека околу 22:50 часот, на подрачјето на општина Аеродром, била физички нападната од нејзината сосетка М.Т.(35). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 35-годишна скопјанка синоќа ја нападнала својата сосетка. Како што се наведува во полицискиот ...
И покрај позитивните движења во индустријата, рударството продолжува да биде секторот со негативни показатели. Последниот извештај на Државниот завод за статистика покажува дека индустриското производство во Македонија во јуни пораснало за 6,5 проценти во споредба со истиот период минатата година, но рударската гранка бележи пад. Според официјалните податоци, производството во секторот „Рударство и вадење камен“ е намалено за 3,8 проценти. ...
Од 4 до 8 септември, Аеродром повторно ќе биде центар на добрата храна, македонска музика и урбаната забава. Второто издание на AERO Street Food Festival пристигнува во уште поголем формат, со побогата гастрономска понуда, позвучна музичка програма и содржини наменети за посетители од сите генерации. Во текот на петте фестивалски дена, посетителите ќе можат да уживаат во разновидни специјалитети подготвени од повеќе од 15 познати ...
Младо момче загина во сообраќајна несреќа попладнево во Бутел. - Денеска (07.08.2026) во 12:12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б. (46) и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Н.М. (19) од скопско, при што возачот на мотоциклот починал на местото на настанот, информираат од МВР за ...
- Да се води политика за младите значи да престанеме да зборуваме за нив само како за иднината и да почнеме да ги третираме како активни учесници во сегашноста. Младите не сакаат институциите да ги повикуваат само на конференции или симболични настани. Тие сакаат нивните идеи да бидат слушнати, разгледани и претворени во конкретни решенија, вели министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски во интервју за Курир. ...
36-годишник од тетовско, бил лишен од слобода по пријава за семејно насилство вчера вечерта. Како што информираат од МВР, синоќа околу 23:45 часот, полициски службеници од СВР Тетово го привеле А.Ф.(36), постапувајќи по пријава од неговата 26-годишна сопруга. Таа пријавила дека околу 21:00 часот во нивниот дом тој ја избркал од домот заедно со нивните три малолетни деца, а потоа и физички ја нападнал. Осомничениот бил задржан во полициска ...
Македонскиот рапер Христијан Тасковски – Таско, на посебен и емотивен начин му оддаде почит на својот пријател и колега Владимир Блажев – Панчо од „ДНК“, кој почина по долгата здравствена борба од повредите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Имено, Таско во објава на социјалните мрежи покажа дека го истетовирал ликот на Панчо на ногата - траен спомен на нивното пријателство. Гестот на младиот рапер наиде на бројни позитивни ...
Две машки лица нападнале 28-годишник на паркинг кај тетовската клиничка болница. - На 06.08.2026 во 13:45 часот во СВР Тетово, А.И.(28) пријавил дека околу 12:30 часот на паркинг простор кај Клиничкиот центар во Тетово, по кратка расправија, бил физички нападнат од две машки лица, информираа од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Две машки лица нападнале 28-годишник на паркинг кај тетовската клиничка болница. - На ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ја потпиша одлуката за распишување предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври. Тој очекува од Државната изборна комисија, Општинската изборна комисија на Брвеница и од сите надлежни органи изборниот процес да го спроведат професионално, непристрасно и со целосно почитување на законите и процедурите. „Ги повикувам сите кандидати и политички субјекти ...
59-годишен жител на тетовско село пријавил дека бил измамен и дека останал и без товарното возило и без договорените пари. Случајот вчера бил пријавен во СВР Тетово, а како што информираат од МВР, пријавителот навел дека во април годинава се договорил со С.Б. од скопско да му продаде товарно моторно возило со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, за сума од 11.000 евра, со договор за етапно плаќање. До денот на ...
Времето утре ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе биде засилен, прогнозираат од УХМР. Во попладневните часови утре се очекува локален развој на нестабилност, проследен со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Во Скопје ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од ...
Општина Кисела Вода, во соработка со Кинотека на Македонија, овој викенд организира бесплатни филмски проекции на отворено во Амфитеатарот на Домот на културата во Драчево. На програмата се две познати македонски остварувања во режија на Дарко Митревски. Утре (сабота), од 20 часот, ќе се прикажува филмот „Бал-Кан-Кан“. Публиката ќе има можност да ја погледне оваа комедија со актерските остварувања на Владо Јовановски, Тони Михајловски, ...
Љубителите на македонскиот филм викендов ќе можат бесплатно да уживаат во кино на отворено во Драчево. Во соработка со Кинотеката на Македонија, во Амфитеатарот на Домот на културата ќе бидат прикажани две познати домашни филмски остварувања во режија на Дарко Митревски. Утре (сабота), со почеток во 20 часот, на програмата е комедијата „Бал-Кан-Кан“, со актерските остварувања на Раде Шербеџија, Ерол Кадиќ и Салаетин Билал. Во недела, 9 ...
По година и половина помината зад решетките на „Лајка“, кучето Чоко конечно го дочека својот среќен крај – нов дом и семејство. Од јавното претпријатие велат дека секое вдомување е емотивен момент, но кога дом добива куче кое со години чекало зад решетки, чувството е уште посилно. „Дојде кај нас како куче кое било злоставувано. Нашиот тим го негуваше и во него го разбуди кучето кое отсекогаш требало да биде – среќно, игриво и незапирливо. Но ...
„Добро утро од Полихроно. 7:20 'нема' место на плажа“ - гласеше една интересна објава на социјалните мрежи на туристка која се наоѓа во Грција. Имено, во Фејсбук групата „Грчка инфо“ беше споделена ваква објава, каде српска туристка го долови моментот од раните утрински часови на плажите во Полихроно, на кои веќе биле поставени пешкири и столчиња и чадори, иако не можеше да се забележат голем број на луѓе. Објавата привлече голем број ...
Апелациониот суд во Скопје ја уважи жалбата на ОЈО Кавадарци и ја зголеми затворската казна за Илија Панов (44) од 16 на 20 години. Тој беше прогласен за виновен за убиството на неговата вонбрачна партнерка Сузана Серенакова (52), извршено во јануари 2025 година во Кавадарци. Панов и обвинителството се жалеа на првичната пресуда, но Апелација одлучи казната да биде повисока. Според обвинението, Серенакова била убиена во нејзиниот дом, а како ...
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска информираше дека уште една современа фитнес зона е ставена во функција во ООУ „Мирче Ацев“. Тој посочи дека поставувањето на новата фитнес зона била дел од проектот што Општината го реализира со поддршка на Министерството за транспорт и врски. „Ова е една од трите нови фитнес зони со кои создаваме подобри услови за спорт, рекреација и здрав развој на нашите деца и младите. ...
Познатиот инфлуенсер Стефан Спировски на социјалните мрежи сподели видео објава, во кое го раскажа своето искуство за патување со електричен автомобил „Тесла“ од Скопје до Белград. Во видеото тој објаснува дека од Скопје до Белград, за пат од 435 километри му биле потребни две застанувања за да ги наполни батериите на возилото. Првиот пат застанал на Алексинац, каде имало постари полначи кои полнеле доста бавно и каде поради летната сезона, ...
Овој викенд започнува со брза ментална енергија и желба за промени. Photo by Daniel Hering on Unsplash Месечината во Близнаци ги отвора разговорите, новите идеи и ненадејните сознанија, па многумина ќе почувствуваат дека конечно гледаат решение таму каде што досега имало дилема. Во недела атмосферата се менува. Меркур го напушта Рак и влегува во Лав, носејќи повеќе самодоверба, креативност и желба јасно да го кажеме она што го мислиме. Во ...
Министерството за здравство соопшти дека е известено од компанијата – носител на одобрението за ставање во промет на лекот Фостер, што се наоѓа на Позитивната листа на лекови, дека се направени промени во интерес на пациентите што го користат овој лек. „Почнувајќи од овој месец, осигурениците повторно ќе можат да го подигнат лекот од аптеките без доплата, односно само со плаќање на законски утврдената партиципација за услугата по рецепт. Тоа ...
34-годишен скопјанец бил лишен од слобода откако, управувајќи автомобил под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода на улицата „Пролет“ во Скопје. Како што информира МВР, настанот се случил вчера околу 15:10 часот, кога автомобил „матиз“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.А.Л. (34), се судрил со автомобил „хонда“, кој го управувал 20-годишниот Д.П. од Скопје. Во незгодата била причинета материјална штета. При увидот, ...
„Hair Grow“ е препарат за надворешна употреба, наменет за нега на скалпот, намалување на опаѓањето и поддршка на природниот раст на косата. Со редовна и правилна употреба, производот има цел косата постепено да стане погуста, поцврста и подобро да ги покрие претходно проретчените делови. Формулата содржи екстракт од полско коњско опавче (Equisetum arvense), алое вера, екстракт од коприва (Urtica dioica), екстракт од рузмарин, пантенол, ...
Загрижувачки е трендот на сѐ помалиот број на првачиња во македонските училишта. Министерката за образование и наука Весна Јаневска вчера го потврди овој поразителен факт посочувајќи дека во учебната 2026/2027 година се очекува да има најмалку 3.000 првачиња помалку во споредба со минатата година. И таа оцени дека трендот на намалување на бројот на ученици е загрижувачки. Одделенскиот наставник Илчо Јовески кој долги години е во образовната ...
Уапсен е возачот кој завчера во Скопје со “фиат пунто” удри жена пешак и избега од местото на настанот. Станува збор за 19-годишник. Како што информираа од МВР, уапсен е Н.Н.(19) од Скопје затоа што завчера (05.08.2026) во 21:20 часот на крстосница од ул.„Борис Сарафов“ и ул.„Крсто Раковски“ во Скопје, со патничко возило „фиат пунто” удрил во 48-годишната А.С.К. од Скопје и го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни ...
Православните христијани денеска, 7-ми август, го празнуваат успението на Света Ана, мајката на Пресвета Богородица Марија. Света Ана била ќерка на свештеникот Метан. Мајка на Пресвета Богородица. Денес се празнува нејзиното успение, но нејзиниот главен празник е на 9 септември, под кој датум се напишани и службата и житието. Ана беше од коленото Левиево, ќерка на Матан свештеникот. По долг и богоугоден живот се упокои во длабока старост.Со ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува ...
Месечината денес влегува во Близнаци и носи повеќе љубопитност, движење и потреба за нови информации. Photo by resa cahya on Unsplash Нејзиниот спој со Уран носи изненадувања, свежи идеи и храброст да промените нешто што долго време стоело во место. Денот е одличен за разговори, учење, кратки патувања и брзи одлуки што можат да отворат нови можности. Овен Ќе бидете полни со идеи и желба за акција. Можно е ненадеен разговор да ви отвори нова ...
Младата ракометна репрезентација на Македонија до 18 години го продолжува успешниот настап на Европското првенство во Белград. Македонските кадети ја забележаа третата победа на турнирот, откако во натпреварот за пласман од 9. до 16. место ги совладаа Фарските Острови со 34-32. Избраниците на селекторот Горан Кузмановски одиграа сигурно прво полувреме и уште од почетокот го презедоа резултатското водство. Во неколку наврати имаа предност од ...
Од 6 август Венера влегува во Вага – знакот со кој таа природно владее. Photo by Edward Cisneros on Unsplash Во астрологијата ова се смета за една од најхармоничните позиции на планетата на љубовта, убавината и вредностите. Во следните недели вниманието природно ќе се насочи кон односите, партнерствата, блискоста и начинот на кој се поврзуваме со другите. Овој транзит не зборува само за романтична љубов. Тој нè потсетува дека секој однос ...