Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Синоќа во 21:25 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја привеле 65-годишната Л.Ј. од Скопје. Во полицискиот билтен се наведува дека таа била приведена по претходна пријава дека во ходник од станбена зграда на подрачјето на Кисела Вода го нарушила јавниот ред и мир и се однесувала недолично кон 52-годишниот И.К., сопственик на стан, со кого Л.Ј. требало да склучи договор за закуп на стан, но истата одбивала. По целосно ...
Вработен на ЈП Водовод и канализација тешко се повредил при вадење на цевка од ров во Трубарево. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 13:45 часот во СВР Скопје, Д.В.(53) од село Раштак, скопско, пријавил дека околу 12:45 часот во село Трубарево, скопско, додека извршувал работни задачи при вадење на цевка од ров, вработен во ЈП Вододовод и канализација Скопје се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во ЈЗУ „Св. Наум ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска информираше дека булеварот „Борис Трајковски“ се довршува и дека се работи со силно темпо. „Денес, со искрено задоволство стојам на булеварот кој со децении беше закочен, заборавен и претворен во вистинска голгота за илјадници граѓани. Булевар по кој секое поминување значеше нервоза, гужви, прашина, небезбедност, оштетени возила и изгубено време. Ветив дека во мојот мандат ќе го довршиме. ...
Вчера во 18:47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Радишанска“ во Скопје, патничко возило „фиат пунто“ удрило во 31-годишната С.М. и 27-годишната М.Ш., двете од Скопје, а возачот го напуштил местото на настанот. Во полицискиот билтен се наведува дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ш, а со телесни повреди С.М., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид ...
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска сподели дека општината е домаќин на Младинскиот шаховски фестивал „Квалитет 2026“. „Со особена чест и гордост, нашата општина ќе биде домаќин на еден од најзначајните младински шаховски настани во регионот - фестивалот „КВАЛИТЕТ 2026“, кој оваа година одбележува јубилеј 10 години посветеност на развојот на шахот и младите таленти“, истакна Стојкоски. Тој упати голема ...
На социјалните мрежи кружи фотографија од наводно од некои од учебниците за основно одделение, каде што имињата на делови од човчкото тело кои со стрелки покажуваат каде се наоѓаат, воопшто несоодветствуваат со ралноста. На левата страна се наоѓаат имиња на делови од главата, но за дел од нив стерлките покажуваат кон рацете, рамениците, нозете итн. На социјалната мрежа „Х“ веднаш се појавија реакции, од кои некои се шекуваа со доза сарказам, ...
Од Општина Аеродром денеска информираа дека завршило Општинското екишно училишно првенство во шах. „Со многу енергија, спортски дух и одлични шаховски потези, успешно заврши Општинското екипно училишно првенство во стандарден шах за учебната 2025/2026 година. Учество земаа сите 8 општински основни училишта, а младите шахисти се натпреваруваа во 7 возбудливи кола, поделени во две категории: I – V одделение и VI – IX одделение“, посочија од ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски во објава на социјалните мрежи сподели дека утре во 12 часот ги очекува граѓаните на „центарска прошетка“ кај фонтаната „Лотосов цвет“ во Градски парк. „Нашата втора центарска прошетка ја посветуваме на жените што оставиле трага во историјата и културниот развој на Скопје“, посочи Герасимовски. Тој нагласи дека ова е можност да се слушнат приказните за девојките и жените кои со својата ...
Утре во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ – Скопје, ќе се одржи четиринаесеттото издание на традиционалниот спортско-рекреативен настан насловен како „Прв до врв“, информираа од МВР. Во рамки на настанот ќе се реализира велосипедска трка со почеток во 09:45 часот, со траса на движење од пред Музеј на град Скопје по улица „Св. Кирил и Методиј“, лево по булевар „Св. Климент Охридски“, право по булевар „Мајка ...
Полицијата трага по двајца малолетници кои вчера се обиделе да предизвикаат пожар во Парк шумата Гази Баба. Случајот во полиција го пријавил граѓанин, кој со помош на уште неколку лица успеал да го изгасне дел од опожарениот летниковецот. „Денеска (15.05.2026) во 19:47 часот во СВР Скопје А.В. пријавил дека во парк шума Гази Баба од страна на две малолетни лица бил опожарен дел од летниковец. Пожарот е локализиран од страна на граѓани. Се ...
Во месец мај граѓаните ги очекуваат уште продолжени викенди - еден за сите граѓани и еден за граѓаните од православна христијанска вероисповед. Ќе празнуваат и граѓаните од муслиманска вероисповед, но нивниот празник се паѓа во среда. Веќе следниот викенд, граѓаните ќе го празнуваат Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Мтеодиј, кои се празнува на 24 мај, но бидејќи се паѓа во недела, неработен ден ќе биде понеделникот, односно ...
Во пресрет на матурските прослави кои се актуелни кон средината на месец мај, на социјалната мрежа „Х“ се појави еден необичен „твит“ кој прави паралела кон самата прослава што значела порано и што значи тоа во денешните околности. Профилот со псевдоним „Хенри Чинаски“ вели дека славењето матура и правењето на циркус од тоа е нешто што е останато од минатото, кога најголемиот дел после завршување на средното образование се осамостојувале, за ...
На социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер), профилот со псевдоним „Ракија“ постави прашање за тоа дали има некој осигуреник на Фонд за здравство да оперирал жолчка без да плати од 600 до над 1000 евра? Во одоговорите кои што ги доби, беа изнесени шокантни тврдења, каде граѓани јавно признаваат дека за да побрзо завршат работа, односно да се оперираат во јавно здравство, „фаќале врски“. „Јас се оперирав прошлата година на државно , чекав 7-8 ...
Градежните активности за поврзување на улицата „Љубљанска“ со улицата „Скупи“ се одвиваат со забрзана динамика и проектот веќе влегува во својата финална фаза, информираше градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Според Ѓорѓиевски, овој инфраструктурен зафат е од клучно значење за сообраќајната функционалност во овој дел од градот. „Наскоро, овој важен мост на реката Вардар ќе биде ставен во функција. Со неговото отворање ќе овозможиме ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави значително проширување на системот „Безбеден град“, кој во иднина ќе опфаќа многу повеќе сообраќајни прекршоци, а не само брзо возење. Според Тошковски, системот веќе активно регистрира различни видови прекршоци во сообраќајот. „И сега констатираме поголем број на прекршоци. Не е само брзо возење, туку и погрешно престројување, погрешно свртување, поминување на црвено светло“, изјави ...
Судбината на овие прекрасни маченици, женик и невеста, е чудна. Дваесет дена по венчавката беа изведени на суд заради верата во Христос пред Тиваидскиот намесник Аријан, во времето на царот Диоклецијан. Тимотеј беше чтец во црквата во неговиот роден крај. „Кој си ти?“, го праша намесникот. Тимотеј одговори: „Јас сум христијанин и чтец на Црквата Божја.“ Оној, пак, му рече: „Не ги гледаш ли до тебе приготвените справи за мачење?“ Тимотеј ...
Драматична полициска акција синоќа се одвивала во центарот на Скопје, откако 22-годишен државјанин на Холандија бил пријавен за агресивно однесување и наводно носење пиштол. Според информациите од МВР, лицето со иницијали С.С.С. било приведено околу 23:40 часот од полициски службеници од СВР Скопје, по претходна пријава дека на подрачјето на Центар го нарушувало јавниот ред и мир. Како што пренесуваат информациите, младиот Холанѓанец пред ...
Денот носи нови почетоци. Photo by Chermiti Mohamed on Unsplash Со спојот на Месечината и Меркур во Бик, мислите стануваат јасни и практични, а младата месечина во Бик отвора нов циклус поврзан со сигурност, ресурси и вредности. Ова е момент кога не треба да брзате, туку да поставите основа што ќе трае. Малите, реални чекори денес имаат долгорочно значење. Овен Фокусот е на финансии и сигурност. Време е да направите план што е реален, не ...
На 16 мај 2026, младата месечина се случува во знакот на Бик и носи една поинаква енергија од онаа на која сме навикнати последните недели. Photo by Vladislav Klapin on Unsplash Наместо брзање, драматични пресврти или емоционални екстреми, оваа месечина нè повикува да застанеме, да се заземјиме и да погледнеме што навистина ни носи сигурност. Ова не е момент за импулсивни одлуки, туку за тивко, но цврсто поставување на темели кои ќе траат. ...
Утринава во 05:40 часот во СВР Скопје, 34-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 00:50 часот во неговиот дом на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неговата 32-годишна партнерка од Скопје, која употребила и тврд предмет. Од МВР исто така информираат пак, 32-годишната жена пријавила дека околу 00:50 часот во дом на нејзиниот 34-годишен партнер, по претходна расправија, физички ја нападнал, при што употребил тврд предмет. Од таму ...
Ноќеска во 01:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ц.Ц.(33) од Скопје. Од МВР информираат дека 33-годишниот скопјанец бил уапсен постапувајќи по претходна пријава дека вчера околу 14:45 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 52-годишна мајка, по што во дворот од семејната куќа го оштетил патничкото возило. Посочија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Ноќеска во 01:30 ...
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска информираше дека била завршена реконструкцијата на улицата „Жил Верн“. „Оваа сообраќајница која не беше обновена повеќе од четири децении, конечно го доби ликот кој го заслужува- со целосно нов коловоз и безбедни тротоари во должина од 215 метри. Нејзината ревитализација беше еден од нашите главни приоритети, бидејќи значително ќе ја подобри сообраќајната безбедност и ...
Концертот на Дејвид Гета кој ќе се одржи на 8 Септември на Градскиот стадиот „Тодор Проески“, а по повод 35 години независност на Македонија, официјално е распродаден. -Продадени се 50.000 влезници во помалку од 12 часа! Повеќе од 250.000 луѓе, голем дел од нив во ист момент, се приклучија на avalonbooking.mk, што предизвика потешкотии при логирањето и купувањето влезници кај дел од корисниците, земајќи предвид дека побарувачката евидентно ...
СВР Скопје расчисти случај на уцена, при што лишен од слобода бил 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди пари од 61-годишник. Од МВР информираат дека вчера на подрачјето Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.И.(26) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело „уцена“ по член 259 од Кривичниот законик. Имено, на ...
Возач на „ауди“ од Куманово е тешко повреден откако излетал од патот и се превртел со возилото. - На 14.05.2026 околу 11:00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на автопатот Куманово - Скопје, во атар на село Агино село, кумановско, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.К.(43) од Куманово, излетало од патот и се превртело. Во несреќата, возачот Г.К. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во ...
Синоќа во 21:50 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода А.Ц.(19) од Тетово поради основано сомнение дека извршил кражба во маркет. Како што се наведува во полицискиот билтен, претходно вработена во маркет пријавила дека две лица во два наврати одзеле алкохолни пијалаци од рафтовите и побегнале. По преземени мерки тој е пронајден, лишен од слобода и задржан во полициска станица. По целосно ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи сподели дека денес ја имал една од најемотивните посети досега, каде Денот на семејството го поминал со хероите на кои најмногу им треба љубов, грижа и поддршка. „По повод Меѓународниот ден на семејството, го посетив СОС Детско село, место каде што домот е топлина, внимание, грижа и љубов за дечиња кои животот прерано ги научил да бидат силни. Се дружевме, разговаравме, ...
Седумгодишно девојче било нападнато од куче на детско игралиште. Кучето не било улично, туку со сопственик. - На 14.05.2026 во 20:30 часот во СВР Скопје, Н.Т.(38) од Скопје пријави дека околу 15:00 часот на детско игралиште на подрачјето на Карпош во Скопје, нејзината седумгодишна ќерка била нападната од куче со сопственик, информираа од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Седумгодишно девојче било нападнато од куче на ...
44-годишен гостиварец демнел малолетничка. Кривично ќе се гони. - Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Г.А.(44) од гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. Во периодот од 13.03.2026 до 24.03.2026 пријавениот следел и вознемирувал 15-годишна малолетничка преку апликација на мобилен телефон, информираа од полицијата во дневниот билтен. ...
На социјалната мрежа „Х“ беше споделена фотографија која шокираше многумина центарци, па и скопјани. Пред неколку дена во јавноста се појави информација дека на местото на паркингот до трговскиот центар „Рамстор Мол“ во центарот на Скопје, ќе се гради нова зграда. На фотографијата која што е споделена се гледа легнат овен токму на просторот на овој паркинг, кој сега веќе е заграден со метална ограда, поради извесните градежни активности. Во ...