Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Скопје ЗОО има посебна причина за радост. Го добија првото јајце од фламинга. Од Скопската зоолошка градина информираа дека фламингата пристигнале во Зоолошка градина Скопје во 2020 година, кога било отворено нивното живеалиште - малата зелена лагуна создадена според нивните потреби. „Тогаш тие беа млади единки, а кај овој вид половата зрелост и природната подготвеност за размножување доаѓаат подоцна, по неколку години. Затоа ова прво јајце ...
Вакцина против хантавирус може да се развие, но ако се имплементира според сите стандарди и ги помине сите потребни тестови, тој процес би можел да трае неколку години, изјави епидемиологот на Руската академија на науките и заменик-претседател на Руската академија за образование Генадиј Онишченко. „Подготвени сме да произведеме вакцина. И тоа не е толку научен предизвик колку технолошки. Може да се направи на ист начин како што направивме со ...
Global Engineer Girls North Macedonia беше дел од средбата на Global Engineer Girls (GEG) во Истанбул, каде идните жени-инженери од Турција, Косово, Саудиска Арабија, Шпанија, Брегот на Слоновата Коска, Мозамбик и Обединетото Кралство се собраа на настан посветен на важноста на глобалната солидарност, женското лидерство, меѓукултурната размена и заедничката визија за создавање инклузивна иднина во инженерството и технологијата. Домаќин на ...
Денеска 31-годишна жена е убиена од нејзиниот 34-годишен сопруг во Битола. Убиецот бил лишен од слобода. Тој се сомничи дека утрово околу 06:40 часот со нож ја нападнал неговата сопруга А.В.(31) од Битола, со која не живееле заедно, а која од здобиените повреди починала на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Од СВР Битола потврдија дека се работи за семејно насилство, а повеќе податоци ќе објават во текот на денот. ...
Општина Аеродром од понеделник започнува голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад на целата територија на општината, што ќе трае до средината на јули. Од Општината преку социјалните мрежи посочија дека акцијата е продолжение на успешната есенска акција и има за цел почиста и поуредна животна средина за сите. „Во соработка со ЈП за Комунални дејности на Општина Аеродром, на повеќе локации ќе бидат поставени специјални садови ...
Министерството за внатрешни работи утрово информираше дека лишени од слобода биле крадците што украдоа велосипед пред теретана во Скопје. Од МВР посочија дека одземеното е вратено на сопственикот, а двајцата 22-годишници од Сарај ќе добијат кривична пријава. „На 13.05.2026 полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Е.Х. (22) и М.И. (22) од с.Сарај, скопско, постапувајќи по пријава од А.С. на 12.05.2026 дека пред теретана во ...
Најголемиот дел од преставките доставени до Народниот правобранител во делот на повредата на правата на граѓаните се во областа на правосудството, реферираше во годишниот Извештај за 2025 година народниот правобранител Фатмир Сељами пред пратеници на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Сељами посочи дека најголем дел од претставките во делот на праводсудството се однесуваат на непочитување на законските ...
Деветтоодделенецот кој завчера беше прободен со нож во основното училиште „22 Ноември“ во Ченто е стабилизиран, но сѐ уште се наоѓа во критична здравствена состојба и е под постојан лекарски надзор. Од Ургентниот центар информираат дека во лекувањето се вклучени хирурзи од повеќе оддели и се преземаат сите неопходни мерки за подобрување на неговата состојба. За малолетникот кој го извршил нападот, од Обвинителството соопштија дека постапува ...
Iute Group, дигитална банкарска групација која работи во Југоисточна Европа, во првиот квартал од 2026 година ги зголеми вкупните приходи за 13% на годишно ниво, достигнувајќи 32,5 милиони евра и нето добивка од 2,6 милиони евра. Учеството на новите бизнис линии на Iute Group продолжи да расте и во текот на овој квартал. Приходите од посредување во осигурување пораснаа за 71.4% на годишно ниво и учествуваа со 5,6% во вкупните приходи на ...
Што се крие зад мистериозниот број што деновиве се појави низ Скопје? Телефонски број со пораката „Најстрашниот звук по сообраќајна несреќа? Јави се и слушни“ предизвикува бројни реакции на социјалните мрежи. Кој стои зад оваа порака? И зошто на повикот никој не одговара? Познатиот водител и инфлуенер Богдан Илиевски познат како „Бетмен Велит“ со порака: - Не јавувај се на бројот. Особено не додека возиш автомобил, во кој си го видел ...
Свети Јеремија се празнува како еден од поголемите пролетни празници, а обичаите и верувањата поврзани со него се во функција на магиска заштита од змии, гуштери и други влекачи. Во песните што се исполнуваат со овие обичаи Јеремија е претставен како митски јунак. Тоа пак, од друга страна, значи дека иако во основата на овој празник е споменот на светиот пророк од Стариот завет - Јеремија, обичаите и верувањата водат потекло од најдалечното ...
Што се крие зад мистериозниот број што деновиве се појави низ Скопје? Телефонски број со пораката „Најстрашниот звук по сообраќајна несреќа? Јави се и слушни“ предизвикува бројни реакции на социјалните мрежи. Кој стои зад оваа порака? И зошто на повикот никој не одговара? Познатиот водител и инфлуенер Богдан Илиевски познат како „Бетмен Велит“ со порака: - Не јавувај се на бројот. Особено не додека возиш автомобил, во кој си го видел ...
Вчера и завчера пријавени два случаи на напади врз полицајци на должност. Полицајци биле нападнати на Бит Пазар и во Кисела Вода. - На 12.05.2026 во 16:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.Љ.(43), Х.Л.(39) и малолетник, сите од Скопје, затоа што физички нападнале полициски службеници додека извршувале службени дејствија на подрачјето на Бит Пазар. По целосно документирање на случајот ќе следува ...
Познати се сите детали околу влезниците за големиот музички спектакл David Guetta – The Monolith Show, кој на 8 септември ќе се одржи во арената „Тодор Проески“ во Скопје, во рамки на прославата по повод 35 години независност на Македонија. Од Avalon Production информираа дека влезниците ќе бидат пуштени во продажба во петок, 15 мај, и ќе можат да се набават исклучиво преку платформата avalonbooking.mk. Како што соопштија организаторите, ...
Со официјален настан одржан вечерва, SPAR го отвори својот прв INTERSPAR маркет во Македонија, лоциран во комплексот Retail Fresh Store на бул. Македонско-косовска бригада 11/1, со што официјално го означи влезот на македонскиот малопродажен пазар. На настанот присуствуваа претставници на институциите, амбасадори, членови на бизнис заедницата, партнери, медиуми и гости, како и претставници на SPAR International и менаџментот на SPAR ...
Денот носи јасност и заокружување на еден важен циклус. Photo by Look Studio on Unsplash Со спојот на Сонцето и Меркур во Бик, нешто што започнавте пред неколку недели сега покажува конкретни резултати. Ова е момент на реализација, не на брзање. Истовремено, Месечината влегува во Бик и го забавува темпото, потсетувајќи дека стабилноста и присутноста се поважни од брзината. Искористете го тоа што веќе сте го изградиле. Овен Гледате резултати ...
Паркингот покрај трговскиот центар „Рамстор мол“ на улицата „Свети Кирил и Методиј“ во Центар ќе биде затворен поради почеток на изградба на нов деловно-станбен објект. Од „Рамстор Македонија“ информираа дека проектот предвидува изградба на нов објект, како и три подземни нивоа наменети за паркинг простор. „Во согласност со планираните развојни активности на нашата компанија, започнуваме со реализација на проект за изградба на нов ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) потврди дека животното кое синоќа беше заловено во скопската населба Козле е волк. Потврдата доаѓа по вонредниот надзор што АХВ го спроведе во Зоолошката градина во Скопје, каде што беше згрижено животното по неговото заловување. „Врз основа на искуството во работата со диви животни и спроведениот стручен преглед на физичката градба на заловеното животно и неговото однесување, како и проверка на ...
Вториот ден од Самитот на Македонија2025, што се одржува под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување на лидерство“, е посветен на значењето на лидерството во услови на кризи и притисоци, улогата на компаниите и институциите во задржување на талентите, како и влијанието на вештачката интелигенција во образованието, пазарот на труд и иднината на работните места. Посебен акцент е ставен на довербата и потребата од заедничка акција ...
Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г. Волфганг Маиер, учествуваше на панел-дискусијата „Лидерство во предизвикувачки времиња: Одлуки со економско влијание“, во рамки на овогодишниот Самит Macedonia2025, кој се одржа во Скопје под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“. Дискусијата искреира инспиративен разговор за современо лидерство, култура и моќта на различностите во една компанија. Г. Маиер ја ...
Тешко повреден полицаец на Водно откако со службениот мотоцикл сакал да избегне лисица што излегла на патот. - На 12.05.2026 во 12:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локален пат на Водно, полицискиот службеник М.Т.(32) од Радишани, скопско, управувајќи мотоцикл „хонда“, сопственост на МВР, обидувајќи се да избегне лисица што излегла на патот, изгубил контрола и паднал. Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во ...
Скопјанка настрадала откако паднала во шахта на еден од најфренкентните булевари во Скопје - Партизанска. Била примена на болничко лекување. - На 12.05.2026 во 16:15 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ - Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена С.Д.(47) од Скопје. Според пријавеното, таа се здобила со повредите при пад во шахта на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, ...
86-годишен Косовец уапсен на скопскиот аеродром. Во куферот полицијата му пронашла муниција. - На 12.05.2026 во 13:05 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го лишија од слобода В.К.(86) од Косово, затоа што при гранична контрола, во неговиот куфер била пронајдена и одземена пиштолска муниција, информираа денеска од полицијата. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. 86-годишен ...
Куче или волк прошета вчера низ скопско Козле? Скопјани од вчера се во неизвесност, откако на интернет се појавија секакви тврдења. За да се расчистат сите дилеми околу потеклото и видот на животното, АХВ најави итни чекори на терен: -Официјални ветеринари од Агенцијата во текот на денешниот ден ќе спроведат вонреден инспекциски надзор во Скопската зоолошка градина, каде што животното беше транспортирано и згрижено синоќа. Главна цел на овој ...
Градоначалничката на Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска денес изврши увид во градежните активности на улицата „Пушкинова“, каде што започна изградба на нов паркинг простор. На површина од 437 квадратни метри ќе се постави партерно уредување со павер елементи. Во склоп на градежните работи соодветно се решава и атмосферската канализација преку сливник кој ќе се приклучи кон постојната мрежа. Паркингот на улицата „Пушкинова“ е еден од ...
Две момчиња лежерно украле велосипед кој бил оставен пред фитнес клуб во скопската населба Аеродром. Кражбата била снимена од граѓани, а видеото е објавено на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции. На снимката се гледа како двајцата млади без брзање го земаат велосипедот и си заминуваат, додека присутните го коментираат инцидентот во живо. Иако лицата на осомничените не се гледаат јасно, граѓаните коментираат дека оние што ги ...
Локација каде што традицијата и наследството се во совршен спој со урбаното живеење и современиот дизајн, каде што езерскиот хоризонт се спојува со сонцето, а околината тоне во раскошно зеленило - тоа е новиот комплекс „Горица резиденс“ во Охрид. Ова не е само место за живеење, туку доживување што ги обединува природата, историјата и луксузот во една инспиративна целина, обезбедувајќи дополнителен поттик за домашната економија и регионалниот ...
Деновиве во општина Аеродром се спроведува редовна пролетна дератизација на ниво на целата територија на општината, со цел заштита на јавното здравје и превенција од појава и ширење болести што ги пренесуваат глодачите. „Во рамките на акцијата се опфатени околу 3.000 шахти, во кои се поставуваат вкупно 9.000 мамци, а активностите ги опфаќаат и сите основни училишта и детски градинки на територија на општина Аеродром. Дератизацијата ја врши ...
Службите на Општина Центар спроведуваат интензивна пролетна акција за косење трева со цел да се обезбедат чисти, уредени и прегледни зелени површини на подрачјето на целата општина, известуваат од Центар. Екипите на ПОЦ денови косеа во Капиштец, Дебар Маало, Пролет, спроти Веро, парк Франкофонија, кај „Агромеханика“, Градски ѕид, Водно, и општинските училишта. Денеска службите се на терен на Кале, а во наредните денови активностите ...
Загрижен жител на Кисела Вода утрово објави фотографија од локација каде се шетаат над десет улични кучиња. Ова следи како предупредување до минувачите да бидат претпазливи. Во Фејсбук групата „Ѕид на Кисела Вода“ каде се споделуваат актуелните проблеми и случување во општината од страна на жителите, утрово беше споделена фотографија од кучиња во блзиина на автобуска постојка. „Бидете внимателни“ - се алармира со оваа фотографија. Изминатиов ...